Според информациите од Обвинителството, станува збор за фирми кои во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и немале објавено ценовник за рекламирањето Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утрово влегло во три фирми кои биле сопственици на портали и одзело документација за да го провери рекламирањето на политичките партии во текот на кампањата за предвремените парламентарни ...

Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина Аеродром. Се работи за фирмата Нар Инвестмент ДОЕЛ Скопје на кја сопственик е Ивица Коневски, а управител на компанијата е Илија Конески. Телма стапи во контакт со Конески . Тој рече дека не може да зборува бидејќи е многу потресен, но посочи дека изведувач е Компанија Јакимовски ДООЕЛ. Тој очекува истрагата да покаже ...

Еден градежен работник го загуби животот, а тројца се здобија со тешки повреди откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во скопската општина Кисела Вода. Според доктор Драган Панов, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје, настраданите се на возраст меѓу 35 и 45 години, додека загинатиот работник имал 34 години. Тој посочи дека на местото на несреќата интервенирале четири амбулантни возила. Од Министерство за внатрешни ...

Телевизија Словенија оваа година нема да го емитува музичкото натпреварување Евровизија, туку во термините предвидени за полуфиналните вечери и финалето ќе прикажува специјален програмски циклус со наслов „Гласови на Палестина“. Според објавените информации, програмата ќе се емитува од 10 до 20 мај и ќе вклучува документарни филмови, дебатни емисии и аналитички содржини, кои ќе ги осветлат личните приказни на луѓето, како и поширокиот ...

Познати музичари, меѓу кои Massive Attack, Kneecap, Brian Eno, Sigur Rós, Nadine Shah и многу други, потпишаа отворено писмо со кое повикуваат на бојкот на претстојниот Евровизиски натпревар во знак на протест против учеството на Израел. Активните групи „Без музика за геноцид“ и „Палестинската кампања за академски и културен бојкот на Израел“ повикуваат на бојкот на овогодинешниот многу поделен Евровизиски натпревар. Повеќе од 1.000 уметници, ...

Телевизија Словенија донесе одлука наместо изборот за „Песна на Евровизија“, од кој претходно се повлекоа поради учеството на Израел, на гледачите да им понуди посебен тематски програмски сет под наслов „Гласови на Палестина“. Програмата ќе се емитува во периодот меѓу 10 и 20 мај, пренесува „РТВСло“. Телевизија Словенија ќе им понуди на гледачите специјална тематска програма „Гласовите на Палестина“ помеѓу 10 и 20 мај. Преку филмови, ...

Смилево на 1 и 2 мај ќе биде домаќин на културниот настан „Смилевски конгрес 2026“, кој ја отвора темата за заедницата како креативен чин во услови на расцепканост и наметнат индивидуализам. Во програмата се вклучени музички настапи на „Чалгија саунд систем“ и „Brass Brothers“, како и уметнички инсталации сместени во куќата на Даме Груев. Организаторите најавуваат враќање на културата во заедничкиот простор преку непосреден контакт со ...

„Микрокосмоси полни неба“ е насловот на изложбата на авторот Виктор Јаневски, што ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во кафе „Тафталиџе“ во Скопје. Природните појави и феномени го привлекувале вниманието на човекот, од самите негови почетоци, па сѐ до денес, побудувајќи чувства на фасцинираност, возвишеност, па дури и страв. Циклусот „Небесогорие“ на младиот уметник Виктор Јаневски, составен од минијатури, како главна тематика во себе ги ...

Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил со реакција на социјалните мрежи за предложените измени на законите за минерални суровини и концесии, оценувајќи дека со нив се создаваат услови за неконтролирана експлоатација на природните ресурси од страна на странски компании, на штета на животната средина, економијата и граѓаните. ВМРО-вците решија по скратена постапка да го овторат патот кон немилосрдна експлоатација нашата земја, ...

Програмскиот совет на Македонска радио-телевизија соопшти дека за нов генерален директор е избран Зоран Ристоски, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Советот информираат дека во постапката биле разгледани вкупно шест кандидатури, а изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа. Гласањето, како што наведуваат, се одвивало анонимно, при што програмите биле ...

Пишува Никола Петров Иницијативата Глобал Харвест Инишијатив или „Глобална жетва“, основана од агро-компаниите „ДуПонт“, „Монсанто“, „Арчер Даниелс Мидленд“ и „Џон Дир“ официјално се претставува како платформа за наоѓање „начини за одржливо удвојување на земјоделското производство за да се задоволи брзорастечката глобална побарувачка“, како што предвидуваат Обединетите нации. Дали „Глобална жетва“ се стреми да ги нахрани луѓето или уште ...

Став на Мелпомени Корнети, поранешен заменик министер за култура (2002-2006) и поранешен амбасадор на Република Македонија во Турција Македонската Радио телевизија е ЈАВЕН СЕРВИС и по тоа е различна од сите други електронски медиуми во државата. Не случајно е (беше) посебно утврдена и процедурата за избор на нејзин генерален директор. Јавен сервис е инстиуционален модел, што го имаат сите држави, членки на Европска Унија, здружени во ...

Локалниот огранок на политичката партија Левица од општина Кисела Вода изнесе обвинувања за, како што велат, сериозни неправилности во организацијата на училишните екскурзии во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, повикувајќи на поголема транспарентност и фер постапки при изборот на туристички агенции. Во нивното соопштение се наведува дека родители реагирале на нетранспарентен избор на туристичка агенција, при што, според нив, со години наназад иста ...

Пратеничката група на Левица ќе пристапи кон филибастер во собраниската Комисија за економија со цел да го забави носењето на, како што ги оцени, „штетните“ измени на законите за концесии и јавно-приватно партнерство, како и за минерални суровини. Ова на прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група, Борислав Крмов. Крмов истакна дека целта на ваквиот потег е да се алармира јавноста за, како што рече, сериозните последици ...

Пратениците од Левица поднесоа вкупно 1.000 амандмани на новите Предлог-закони предложени од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека станува збор за решенија кои се во корист на рударското и енергетското лоби, а на штета на јавниот интерес и приватниот имот на граѓаните. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи информираше дека амандманите ќе бидат разгледувани на Комисијата за економски ...

Утрово е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, под сомнение за сторени кривични дела поврзани со финансиски злоупотреби. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Сејдини е осомничен за проневера на повеќе од 700.000 евра, средства обезбедени од УЕФА, кои биле наменети за изградба на трибина во Охрид. Од МВР информираат дека акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот ...

Цените на нафтата на азиските пазари бележат значителен раст откако Иран објави дека нема да го отвори Ормускиот Теснец, како одговор на американската поморска блокада на иранските пристаништа, и покрај тековниот прекин на огнот. Референтната цена на американската нафта „Вест Тексас Интермедијет“ веднаш по полноќ се зголеми за 4,06 проценти, достигнувајќи 96,73 долари за барел, според податоци објавени од британскиот весник „Гардијан“. Во ...

23 април 1946 година не е обичен датум. На тој ден, патент поднесен во Фиренца засекогаш ја промени мобилноста на две тркала. Надвор од техничките детали дојде револуција во поп-културата предводена од два ума: Корадино Д’Асканио и Енрико Пјаџо. Д’Асканио замислува нешто што не постои; Пјаџо сфаќа дека изумот може да го освои светот. Неговото име? Требало да биде „Паперино“, но Пјаџо, гледајќи го неговиот облик со тесното „листче“ и ...

Шпанско-египетски тим откри фрагмент од Хомеровата „Илијада“ во мумија во Оксиринх, откривајќи како древните текстови биле повторно користени во погребните практики и фрлајќи светлина врз ширењето на грчката литература во римски Египет. Археолозите кои работат на античкиот египетски локалитет Оксиринх открија редок книжевен фрагмент скриен во мумија, откривајќи стихови од познатата „Илијада“ од античкиот грчки поет Хомер, во неочекуван ...

Во Куќата на Робевци во Охрид вечер од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Мила Добревска, со наслов „Наследена носија“, која, како што најави НУ Завод и музеј – Охрид, го пресликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во нови обележја на современото однесување. -Наследените носии не се само облеката што ја носиме, туку и начинот на кој се претставуваме и како другите нè перципираат. Изложбата и ...

Во Уметничката Галерија Куманово утре со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Помеѓу одразите“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 20 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните некоплку години во материјал инокс. „Скулптурите се изработени од метал, од инокс материјал, и навистина ни овозможуваат едно, би кажала, симболично жртвување преку телесното и негово заменување со естетско ...

На седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, се осврна на годишниот извештај за работата на Комисијата за паричен надоместок за жртви од кривично дело со насилство за 2024 година, кој наместо да покаже функционален систем на заштита, открива целосен институционален колапс. Иако целта на оваа Комисија е државата да им обезбеди поддршка на жртвите, ...

Иран остро реагираше откако САД запленија ирански товарен брод во близина на Ормускиот теснец, оценувајќи го потегот како „пиратство“ и кршење на примирјето. Според Техеран, американските сили го оневозможиле бродот и се качиле на него, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу двете земји. Како одговор, Иран изврши ограничени напади со дронови врз американски воени бродови, сигнализирајќи дека ќе возврати на вакви акции, но без поголема ...

Со сослушување на само еден сведок продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 230 беа повредени. Случајот, во кој има 35 обвинети, се соочува со забавена динамика, што предизвикува незадоволство кај семејствата на жртвите. На денешното рочиште сведочеше само Теа Ѓоргиева, додека дел од останатите сведоци не биле достапни. Таа пред судот изјави дека во моментот на пожарот се ...

Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, на собраниска седница го критикуваше постојниот систем на придонеси, оценувајќи дека истиот создава „екстремна и системска неправда“ во општеството. Во своето излагање, Исмаил посочи дека актуелниот закон предвидува максимална основица за пресметка на придонеси, што значи дека лицата со највисоки примања плаќаат придонеси само до одреден лимит, додека остатокот од нивниот приход останува ...

Македонија навлегува во длабока економска криза. Трошоците за живот растат, платите стагнираат, а едно семејство троши околу 26.000 денари месечно само за храна. Ова не е само социјален проблем туку и системски економски притисок кој веќе ги турка граѓаните кон долгови, регираат од политичката партија Левица. Синдикалната потрошувачка кошничка достигнува околу 84.000 денари, што значи дека огромен дел од населението живее со месечен дефицит ...

Катерина Климоска на својот Фејсбук профил обвини за институционална неефикасност на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, наведувајќи дека со месеци не добила одговор на барање за неплатено отсуство за истражувачки престој во Архивите на Европската Унија, поради што, била доведена во состојба на неизвесност непосредно пред заминувањето. Во 2025 година добив грант за едномесечен истражувачки престој во Архивите на Европската Унија. Со оглед на ...

На вчерашната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, при разгледување на Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2024 година, се осврна на сериозните проблеми со сегрегацијата во образованието и нефункционалноста на судскиот систем, посочувајќи на ...

Во Собрание на Република Македонија денеска на дневен ред се најде предлог-закон на Левица за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кој се предлага укинување на таканаречениот „плафон“ за придонеси. Од партијата посочуваат дека постојниот систем овозможува лицата со највисоки приходи да плаќаат придонеси само до одреден лимит, додека остатокот од нивните примања останува надвор од пресметката. Наспроти ...

Синдикатот на УПОЗ реагира на одлуката на Судско-буџетскиот совет, со која, како што наведуваат, судските службеници се ставени во нееднаква положба и директно дискриминирани. Иако сите вработени во судската власт се финансираат од ист буџет, советот одлучил дека нема средства за додатоци на плата за судските службеници во судовите, додека истовремено се обезбедуваат средства за вработените во Судскиот совет и Академијата за судии и јавни ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66