Советникот од Левица во Советот на Општина Кисела Вода, Љубиша Петровски, обвини дека општинските власти избегнуваат одговорност по трагичниот настан во кој загина работник на градилиште во општината. Според него, мнозинството во Советот ги одбило сите предлози на Левица насочени кон зголемување на безбедноста на градилиштата. Во објава на социјалните мрежи, Петровски посочи дека биле предложени мерки како зголемени контроли, проверки на ...

Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „пљачка на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува, реагираат од Левица. Истражувањето на медиумот ,,360 степени” откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков ...

Во минатото заглавена во сериозни проблеми со работата и на работ на банкрот, фабриката направи извонредно враќање во 2016 година кога пристигна нејзиниот кинески партнер, благодарение на продлабочувањето на висококвалитетната соработка помеѓу двете земји во рамките на „Појас и пат“. Денес, таа стана еден од најголемите производители на железо и челик и даватели на интегрирани услуги во светот мерено според производствениот капацитет. За ...

Советникот од Левица во Советот на Општина Куманово, Виторио Зафировски, упати серија прашања и критики околу распределбата на иницијативите за поставување фотоволтаични централи во општината, тврдејќи дека значителен дел од прифатените проекти се поврзани со бизнисменот Драган Митевски, за кого посочи дека е во кумовски однос со градоначалникот Максим Димитриевски. Во своето излагање, Зафировски наведе дека од вкупно 48 прифатени ...

Само две недели по оптимистичките најави од страна на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека во главниот град ќе пристигнат нови електрични автобуси, јавната набавка e поништена, според информациите од Министерството за траспорт и врски. Ѓорѓиевски на последната седница на Советот на Град Скоје, од говорницата со голема самодоверба го презентираше договорот со унгарската компанија Икарус, истакнувајќи дека станува збор за ...

Скопје повторно се соочува со неизвесност во модернизацијата на јавниот превоз, откако пропадна постапката за набавка на електрични автобуси. Државната комисија по жалби за јавни набавки, по службена должност, донесе решение за поништување на тендерот за набавка на електрични автобуси и полначи, информира Министерството за транспорт. Од Министерството соопштуваат дека постапката ќе биде повторно објавена во најбрз можен рок, согласно ...

Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше ВЛЕН пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта. Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони”, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што не се укинува, туку преку новиот ...

Пишува Марија Велјановска- дипломиран социолог и професорка по социологија Властите во Македонија често зборуваат за заштита на жените, но во однос на тоа прашање ретко суштински се остваруваат реални механизми за заштита од родово базирано насилство, економска сигурност и системска дискриминација. Наместо тоа, жената е искористена како алатка за политичка мобилизација во име на демо-христијанските вредности. Во македонското општество овој ...

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница, меѓу кои се и баритонот на Македонската национална опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Ристе Велков важеше за еден од водечките македонски баритони и оперски солист првенец, препознатлив по својот специфичен глас, поради што често го нарекуваа „италијански баритон со кадифена боја“. Во несреќата животот го загуби и ...

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на скопската Обиколница, помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 мај околу 23 часот, кога товарно возило, влекач „ман“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен возач од Косово, изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и преминало на ...

Координаторот на Секторот за Надворешна политика при политичката партија Левица, Емир Шкриељ, преку објава на социјалните мрежи остро ја критикуваше експанзијата на коцкарската индустрија во Македонија, оценувајќи ја како сериозен општествен и здравствен проблем. Тој предупредува дека коцкањето претставува високоадиктивно однесување со тешки последици врз поединецот и неговото семејство, притоа доведувајќи ја во прашање ефективноста на ...

Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци не доставува клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја попречат истрагата за утврдување на фактичката ...

На 26 мај (вторник), со почеток од 19:15 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Раскажани стихови:историја на една љубов “ од Марина Димитриева- Ѓорѓиевска во издание на издавачката куќа „Македоника литера“. Книгата ќе ја промовираат Нове Цветановски и Ранко Младеноски, стихови ќе чита Ева Стојчевска Книгата содржи суптилна и издржана лирика во која главни теми се љубовта и човечките доблести и ...

Реномираната манифестација за негување на изворниот мелос ќе се одржи на 22 и 23 мај на две локации – во Прилеп и во Долнени. Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи денес со почеток од 18 часот пред Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп. Втората фестивалска вечер ќе се реализира в сабота, исто така со почеток од 18 часот, на локалитетот Рудина во општина Долнени. Организаторите нагласуваат дека се подготвени и ...

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија, почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...

Со свечени настани, научни собири, изложби и богата културно-уметничка програма, почнувајќи од денеска до 24 мај, Охрид ќе ги одбележи Деновите на светите Кирил и Методиј, посветени на делото на сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост. Програмата започна денеска со свечена приредба по повод патрониот празник на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“. За следниот ден се ...

Бурни реакции во јавноста предизвика предлогот на Виолета Аврамоска од Охрид, советничка од редовите на Левица, која пред неколку дена го објави својот предлог, наместо да се увезуваат 50.000 работници, вработените од казината да се прераспоредат во фабрики. Искрено не гледам причина 10.000 вработени во коцкарниците и во обложувалниците да останат без работа. Според изјавата на министерот Александар Николоски во македонското стопанство има ...

Дваесет и петгодишна жена од скопско била приведена во средата попладне пред казнено-поправната установа „Идризово“, откако полицијата открила дрога во пакетот што го носела за осудено лице. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 15:30 часот, кога при контрола на пакетот што го донела В.А. (25) биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Дрогата веднаш била одземена, а жената приведена ...

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со екипи на СВР Скопје, извршија увид на лице место во скопското село Копаница, каде беше пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во пределот на главата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, додека надлежните институции преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот. Според информациите од истрагата, покрај ...

Со казната за Шкендија, што експресно ги изрече ФФМ, за исвиркување на македонската химна, навредливо скандирање кон ФФМ и националистички пораки уште еднаш се покажа дека непочитувањето на државни симболи, говорот на омраза и провокациите поминуваат со симболични казни. За исвиркување на македонската химна Шкендија е казнета со 5000 евра казна. „Денес над Македонија“ не е химна само на македонскиот народ, туку и на сите останати етнички ...

Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај со почеток во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. ...

Родителите на загинатите деца велат дека судскиот процес за пожарот во „Пулс“ се претвора во „циркус и хаос“, обвинувајќи дека одредени адвокати со провокативни настапи се обидуваат да ги испровоцираат семејствата и да предизвикаат нивно отстранување од судницата. „На претходното рочиште, еден родител реагираше по изјавата на адвокат кој, коментирајќи снимка од трагичната ноќ на која се гледа момче како излегува од дискотеката, рече: ‘Како ...

Момче на возраст од 18 години било нападнато од двајца врсници, кои според пријавата во полиција, подолго време го малтретирале и го вознемирувал, соопшти полицијата. „На 19.05.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека на 14.05.2026 околу 11:10 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од с.Трубарево, скопско и 17-годишник. Според пријавеното, тој подолг ...

Две лица го загубија животот, а уште тројца се повредени во експлозија на гас што предизвика пожар во станбена зграда во рускиот град Лобња, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Според информациите на надлежните служби, експлозијата се случила утрово во стан на третиот кат од повеќекатна зграда, по што избувнал пожар. Огнот бил ставен под контрола и изгаснат од противпожарните екипи, пренесува ТАСС. Во текот на интервенцијата ...

Во рамките на посетата на Претседателот на Русија Владимир Путин на Кина се одржи церемонија на потпишување на заеднички документи Лидерите Владимир Путин и Си Џинпинг потпишаа Заедничка изјава меѓу Руската Федерација и Народна Република Кина за понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешка интеракција и продлабочување на добрососедските, пријателските и соработничките односи. Во рамките на посетата на Претседателот на ...

Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да моличи. Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески ...

Следната недела имаме заеднички состанок со вицепремиерот Арбен Фетаи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Вицепремиерот за добро владеење Фетаи веќе втор месец не се појавува на работа. Опозицијата, Владата и Собранието не успеаја да го донесат ниту на седницата за пратенички прашања на 18 мај, иако претходно му беше најавено дека ќе му бидат поставени прашања и дека е задолжително да присуствува. Според објавите на неговата ...

Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари“, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално задолжување со огромни ризици и вкупни трошоци од ...

Потпретседателот на Левица и пратеник, Реџеп Исмаил со со жестока реакција му одговори на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој повторно изнесе обвинувања дека Левица била финансирана од ВМРО-ДПМНЕ. Исмаил оцени дека ваквите тврдења се контрадикторни и го критикуваше негопвиот повик за „ обединетфронт“, потсетувајќи на политичките случувања од 2016 година кога СДСМ ги разочара граѓаните со нивното владеење потоа. Филипче пак денес ...

Координаторот на Секторот Финансии при политичката партија Левица, Марјан Димитриев, преку објава на социјаните мрежи, остро реагира на новото задолжување на државата, оценувајќи дека станува збор за неповолен и скап кредит со вкупни трошоци од 25,6 проценти. Според него, и покрај владините тврдења за финансиска стабилност и поволни услови, реалноста покажува дека државата влегува во сè подлабок циклус на задолжување, при што за земени 260 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.13
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Платина

49319.25

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07