Тензиите меѓу Индија и Пакистан достигнаа нов врв, со серија на воздушни и артилериски напади, напади со дронови и цивилни жртви, што ја направи оваа ескалација најсериозна во последните децении. Пакистанската армија објави дека Индија извршила ракетни напади врз три воздухопловни бази во Пакистан, при што повеќето ракети биле пресретнати . Одговорот на Пакистан вклучуваше артилериски оган и напади со дронови врз 26 локации долж линијата на ...

Локалниот огранок на партијата Левица од Велес реагира на продолжената неактивност на институциите околу санацијата на оштетената железничка делница кај Маркова Река, која повеќе од еден месец ги остави патниците што патуваат меѓу Велес и Скопје да се соочуваат со доцнења, непријатности и несигурен превоз. Според соопштението, делницата меѓу станиците Драчево и Скопје останува во неисправна состојба уште од излевањето на Маркова Река, пред ...

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на Владата донесена на 38-та седница, со која, според нив, се овозможува легализација на фалсификувани јазични сертификати и се укинуваат стандардите за стручност во државната управа. Повод за оваа реакција е случајот со директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зоран Христовски, кој, како што обвинува Левица, поседувал фалсификуван „TOEFL“ сертификат. Според соопштението од Секторот ...

Родителите на трагично загинатите млади во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март годинава, ја одбија поканата за средба од премиерот Христијан Мицковски, оценувајќи ја како задоцнета и нечуствителна. Во официјално соопштение доставено до медиумите, родителите информираат дека телефонската покана од Кабинетот на премиерот за состанок закажан на 13 мај во Скопје не е прифатена. Како причина наведуваат дека поканата ...

Според објава на Левица – локален огранок Демир Хисар, директорот на Психијатриската болница, Жан Лозановски, назначен од партијата ЗНАМ, направил сообраќајна несреќа во ноќните часови на 6 мај 2025 година, надвор од работно време, користејќи службено возило. Според тврдењата, Лозановски по несреќата не ја пријавил штетата во МВР, туку избегал од местото на настанот. Ова тешко компромитирачко однесување фрла сенка врз целокупното раководство ...

Основниот суд Велес, предводен од судијката Лорета Тодорова, донесе пресуда со која го прогласи советникот на Левица, Игор Смилев за виновен за граѓанска клевета кон пратеникот Александар Јамалов. Пресудата П-5 број 7/24 го обврзува Смилев да му плати на Јамалов симболичен надомест од едно евро во денарска противвредност и да ја објави изреката од пресудата на свој трошок во дневен весник. Но, Смилев не само што не се извини – тој возврати ...

Во време кога државничката должност бара достоинствено чествување на најважните датуми од националната историја, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реши да покаже дека нејзиниот приоритет е сосема поинаков. Наместо да положи свежо цвеќе и да оддаде почит н– светилиште на македонската борба против фашизмот – таа се појави на прием кај ЕУ амбасадорот. Наместо таа да прима гости како вистински државник на една антифашистичка земја како ...

Локалниот огранок на партијата Левица од Демир Хисар остро реагира на последниот скандал во јавноста поврзан со директорот на Психијатриската болница, Жан Лозановски. Според нивната реакција, Лозановски на 6 мај 2025 година, во ноќните часови, вон работно време, направил сообраќајна несреќа со службено возило, при што направил материјална штета, а потоа го напуштил местото без да го пријави инцидентот во полиција – што претставува сериозно ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро реагираше на критиките од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, поради неговото присуство на парадата во Москва по повод Денот на победата. Фицо изјави дека Калас нема овластување да го критикува неговото учество, нагласувајќи дека тој е премиер на суверена држава и има право да оддаде почит на советските војници кои ја ослободија Словачка. „Како висок функционер ...

На 9 мај, симбол на крајот на Втората светска војна и победата над фашизмот, политичката партија Левица објави остра реакција до македонските власти, обвинувајќи ги за политички молк и потценување на антифашистичкото наследство врз кое е изградена македонската државност. Според партијата, владините претставници намерно го игнорираат значењето на овој историски ден, заменувајќи го со флоскули за „Денот на Европа“. Во својата јавна објава, ...

Скандал од над половина милион евра во образовниот систем. Бивша директорка на средно училиште од Куманово, шестмина вработени во Министерството за образование и наука, како и двајца бизнисмени и нивните фирми, се осомничени за организирана злоупотреба на јавни средства преку фиктивни тендери за ученички превоз – во време кога немало ученици во училиштето поради реконструкција! Според МВР, во учебната 2022/2023 и 2023/2024 година, додека ...

По укинувањето на владините антикризни мерки за замрзнати цени и маржи, граѓаните се соочуваат со нов удар врз семејниот буџет. Основните прехранбени производи за само неколку дена поскапеа од 10 до 20 проценти, а синдикалната минимална кошница скокна за над 1.000 денари. На удар се месото, млечните производи, оризот, кафето, но и средствата за хигиена и овошјето. Апсурдните цени на пазарите се веќе реалност – црешите достигнаа дури 1.359 ...

Москва ја славеше 80-годишнината од победата над фашизмот со традиционална воена парада и дипломатска порака кон светот – но фокусот на вниманието не беа само тенковите и ракетите на Црвениот плоштад, туку и државниците кои одлучија да дојдат. Меѓу нив, рускиот режим особено ги истакна српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои според Кремљ – направиле „херојски чин“. „Голем број луѓе дојдоа и покрај ...

Во земја каде што просечен граѓанин со мака врзува крај со крај, додека старците бројат за леб и лекови, Владата одлучила – време е за гозба. И тоа не било каква. На државна сметка, со наши пари, ќе се јадат лигни, шкампи, ракчиња, чаден лосос и бејби биф. Ќе се потрошат 8,3 милиони денари, односно над 135.000 евра народни пари, за министрите и функционерите да не останат гладни додека ја уриваат државата. Според објавените документи за ...

Звезданка Пешиќ активистка и асистентка на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, со остра реакција на социјалните мрежи, откако дел од јавноста се нафрли со критики врз лидерот на партијата, Димитар Апасиев, по неговата посета на Паркот на победата во Скопје по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. „Ајде малку намирете се – ни Апасиев, ни Левица не ви се плашат!“, стои во објавата која веќе предизвика бројни реакции. Пешиќ, не се ...

На 9 Мај, денот кога светот одбележува две сосема различни, но истовремено поврзани вистини – победата над фашизмот и европското помирување, македонскиот премиер Христијан Мицкоски одлучи да ни ја сервира својата верзија на приоритетите: најпрво Европа, потоа, како по инерција – и фашизмот. Со сета своја европејска реторика, Мицкоски денес ни подари статус преполн со флоскули за дијалог, солидарност и иднината, и само во втор план – со доза ...

Во екот на бранот случаи на семејно насилство што секојдневно ја потресуваат јавноста, Скопје стана сцена на нов, вознемирувачки инцидент, во кој сопругот не само што физички и психички ја загрозил својата сопруга, туку тоа го сторил пред очите на нивните две малолетни деца. Сè уште нецелосно закрепната од претходната агресија, жртвата повторно била изложена на закани и насилство — само два дена подоцна, на отворен пат. Според ...

Системот затаи: Малолетници ја рекетирале соученичката со месеци, никој не забележал ништо. Девојче од скопско основно училиште, во страв и очај, ѝ дало вкупно 25.000 евра на свои соученици, само за да го заштити својот болен помал брат од физички напад. Според шокантната пријава поднесена во СВР Скопје, двајца малолетници подолг период ја уценувале својата соученичка, ѝ се заканувале и ја принудувале да им дава пари – заканувајќи се дека „ќе ...

Васил Јованов, 21-годишниот возач кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзалната сала, денеска призна вина пред Судот. „Почитуван суде. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што го сторив, не можев ни да замислам дека ќе се случи“, рече тој. Обвинителот Марковски и родителите на Фросина, побараа највисока затворска казна. Јованов е обвинет за тешки ...

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку ...

Кина ја лансираше „Agent Hospital“ – првата болница во светот управувана целосно од вештачка интелигенција, развиена од Универзитетот Цингхуа. Оваа револуционерна болница функционира во целосно виртуелна средина и е „опремена“ со 42 AI доктори и 4 AI медицински сестри кои третираат симулирани пациенти со користење на реални медицински податоци. „Agent Hospital“ има капацитет да обработи до 10.000 случаи за само неколку дена – бројка за која ...

Денеска напладне, главниот плоштад во Скопје беше сцена на несекојдневен настан што предизвика внимание кај случајните минувачи и туристите. Непознат маж, користејќи самолеплива лента, се залепи за бандера во близина на фонтаната, оставајќи ги присутните во чудење. Настанот предизвика голем интерес, при што граѓаните застануваа, фотографираа и се обидуваа да дознаат повеќе за причините зад овој необичен потег. На директни прашања од случајни ...

Пратеникот и потпретседател на партијата Левица, Реџеп Исмаил, денеска обвини за континуирана блокада на предложената декларација за Палестина, која според него со месеци е спречувана да се најде на дневен ред на Комисијата за надворешна политика. Во својата објава на Фејсбук, Исмаил посочи дека декларацијата била поднесена уште пред шест месеци, но до денес не е разгледана. Тој директно ги обвини претседателот на Комисијата, Муса Џафери од ...

По повод Денот на победата над фашизмот, партијата Левица денеска одржа свечена комеморација на Партизанските гробишта во Бутел, каде официјална делегација положи свежо цвеќе и оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба. Во делегацијата учествуваа пратениците Амар Мециновиќ и Јована Мојсоска, како и раководителката на младинската организација на партијата „Црвена младина“, Милица Давчева. Тие ја нагласија потребата од ...

Денеска се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот – датумот кога, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, беше ставен крај на Втората светска војна на европско тло. На 9 мај 1945 година, во разурнатиот Берлин, германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург го потпишаа документот за капитулација во име на Третиот рајх. Од страна на сојузниците, ...

По повод Денот на победата над фашизмот, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, преку својата официјална Фејсбук-страница испрати порака во која остро се осврна на современите форми на фашизам, како во светски, така и во македонски контекст. Во својата објава, Јанчев потсети на учеството на македонскиот народ во Втората светска војна, нагласувајќи дека токму со таа борба е „со крв платено формирањето на македонската држава на АСНОМ“. „Но ...

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, Кина и Русија упатија заедничка изјава во која жестоко ги критикуваат Соединетите Американски Држави и нивните геополитички „игри“. Двајцата лидери, кои разговараа речиси четири часа потпишаа документ со кој обвинија дека „одредени земји“ се обидуваат да ги искриват историските факти за исходот на ...

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, делегација на Левица од општина Ѓорче Петров, предводена од советничката Дарја Мустафаоглу, денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на борците од Народноослободителната борба во реонскиот парк во Ѓорче Петров. Во своето соопштение, од локалниот огранок на партијата порачаа дека овие спомен-обележја не се само историја, туку силен потсетник на времето кога македонскиот народ, без двоумење, ...

Во духот на традицијата и со голема воена парада на Црвениот плоштад, Русија денес ја одбележа 80-тата годишнина од Победата над фашизмот во Големата Татковинска војна. Претседателот Владимир Путин, во своето обраќање пред илјадници присутни и милиони граѓани пред малите екрани, упати порака на единство, историска свест и отпор кон искривувањето на вистината за Втората светска војна. „Денес нè обединуваат чувства на радост и тага, гордост и ...

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук упати критички став кон Европската Унија и НАТО, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја ревидираат историјата и да го потиснат значењето на антифашистичката борба. Мојсоска во својот став истакна дека денешната Европа, која го чествува 9 Мај како Ден на Европа, всушност должи сè на борбата на организираната работничка класа која ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Калај

48.78