Македонските штали и трла се сè попразни, а сточарството во земјава бележи континуиран пад кој трае повеќе од една деценија. Најновите податоци покажуваат дека трендот не само што не запира, туку дополнително се продлабочува, особено кај овците и говедата, кои традиционално се основа на домашното сточарско производство. Според статистиките, само во последната година бројот на овци е намален за над 10 отсто, што претставува еден од најголемите ...

Граѓанските иницијативи Спас за Прилеп и Зелена Народна Стража предупредуваат дека активностите поврзани со минирање во близина на Прилеп претставуваат сериозна закана за водоснабдувањето и здравјето на населението. Во видео-објава на социјалните мрежи, тие тврдат дека ваквите зафати директно ги загрозуваат изворите од кои со вода се снабдуваат Прилеп и околните населени места, посочувајќи дека регионот и онака со години се соочува со ...

Политичката партија Левица реагира дека Македонија не смее да остане надвор од европските иницијативи за воведување данок на екстрапрофит за енергетските компании, оценувајќи дека ваквата мерка е особено потребна во услови на недоволна контрола врз пазарот на енергенси. Од партијата предупредуваат дека без јасна транспарентност и надзор врз цените, залихите и профитите, постои ризик кризата повторно да се прелее врз граѓаните, додека дел од ...

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 45-годишен кумановец со иницијали Р.А., поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, како вработен во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи, во ...

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е осуден на казна затвор од една година и три месеци, откако склучил спогодба со Обвинителството за кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Спогодбата била разгледана и прифатена од Основен кривичен суд Скопје, кој утврдил дека се исполнети законските услови за нејзино верификување. Од Судот информираат дека одлуката станала правосилна веднаш, со оглед дека странките немаат право ...

Блупринт групата за реформи во правосудството изрази сериозна загриженост поради одлуката на Судскиот совет да ја исклучи јавноста при одлучувањето по барање за повторување на постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права. Во својата реакција, од групата оценуваат дека ваквата практика претставува отстапување од принципите на транспарентност и отчетност. Посочуваат дека, иако дисциплинските постапки се затворени за ...

Француското национално собрание едногласно усвои закон за враќање на културните добра ограбени од поранешната колонијална империја на земјата. Пратениците во француското национално собрание во понеделник едногласно гласаа за закон со кој се олеснува враќањето на уметничките дела и артефактите ограбени од поранешните француски колонии. Францускиот Сенат го одобри нацрт-законот во јануари. Неодамнешни барања за враќање на артефакти се поднесени ...

Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина” на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма”. „Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни. Морален прерогатив ...

Комеморацијата во спомен на доајенот на современата македонска ликовна уметност, професорот Родољуб Анастасов, ќе се одржи на 20-ти април 2026 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” во Музејот на град Скопје. На комеморацијата, колегите, пријателите, семејството и почитувачите на неговото творештво ќе му оддадат почит на професор Анастасов, еден од најзначајните македонски сликари и еден од ...

На 18 април 2026 година (сабота) во парк „Авионче“ ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи на 10-дневен прекин на огнот во Либан, насочен кон запирање на нападите врз Хезболах, во услови на зголемени дипломатски напори за деескалација на конфликтот во регионот. Примирјето, кое треба да стапи на сила во 23:00 часот по македонско време, е договорено со посредство на САД и има за цел да создаде простор за пошироки мировни преговори, вклучително и оние поврзани со тензиите меѓу САД, ...

Веќе два месеци дел од пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на клучна терапија, откако три важни лекови, Палбоциклиб, Фазлодекс и Николумаб, не се достапни во здравствениот систем. Станува збор за медикаменти што се користат во современото лекување на малигни заболувања, од кои два се наменети за специфичен тип на рак на дојка, додека третиот се применува како имунотерапија кај повеќе видови карцином. Според медицинските ...

Културните работници ќе ги искористат сите расположливи механизми за да спречат евентуално укинување на Колективниот договор, а доколку сепак дојде до таква одлука, правдата ќе ја бараат и пред Европски суд за човекови права во Стразбур. Ова го изјави претседателката на Синдикатот на културните работници (СКРМ), Вера Атанасовска, по денешниот протест во Скопје. Атанасовска нагласи дека приоритет на синдикатот е да не се дозволи Уставен суд да ...

На 15 април 2026 година, член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји оствари телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Арагчи изјави дека Иран е подготвен да продолжи да бара решенија преку мирни преговори. Тој високо ги оцени напорите на Кина за поттикнување деескалација и намалување на тензиите, и изрази надеж дека Кина ќе продолжи ...

Од Левица – Сектор Култура обвинуваат дека најавената реконструкција на улиците во Старата скопска чаршија отвора сериозни дилеми дали станува збор за вистинска реставрација или за редизајн што го нарушува автентичниот изглед на просторот. Реакцијата доаѓа по најавата за почеток на градежните активности од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Од партијата посочуваат дека ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа парични казни во вкупен износ од над 19 илјади евра во денарска противвредност, во рамки на 1221 вонредни контроли спроведени пред Велигденските празници. Во акциите биле уништени повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата Дрисла биле нештетно уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од ...

Политичката партија Левица остро реагира на доделувањето на нов тендер за изградба на далекувод, обвинувајќи ја Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на, како што велат, „скандалозна пракса“ на наградување компании кои не ги исполнуваат своите обврски. Според нивната реакција, фирмата „Далековод“ од Загреб, поврзана со хрватскиот „Кончар“, добила нов милионски договор и покрај тоа што четири години не ја завршила трафостаницата ...

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на начинот на кој Собранието на Република Македонија ја спроведува постапката за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, обвинувајќи за нетранспарентност и прекршување на законските процедури. Според нивната реакција, на веб-страницата на Собранието е објавен дневен ред за седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која е предвидена јавна ...

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци денеска во 13 часот ќе биде отворена ексклузивна изложба на доајенот на македонската ликовна уметност Димитар Кондовски насловена како „Димитар Кондовски и македонските бајки“. Изложбата нè враќа во магичниот свет на македонската усна традиција, оживеан преку маестралните илустрации на Димитар Кондовски. Изложбата претставува редок увид во 82 илустрации инспирирани од ...

По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), во 18 часот. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го ...

Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“. Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот поетски израз, јазичната разновидност и современите поетски ...

Во време кога технологијата ветува контрола и безбедност, реалноста покажува спротивно – системите стануваат сè поранливи, а скандалите со протекување податоци се множат. Најновиот случај ја погоди компанијата Rockstar Games, каде хакерската група „ShinyHunters“ успеа да пробие дел од инфраструктурата и да дојде до доверливи интерни информации. Хакерите бараат откуп, заканувајќи се дека ќе ги објават податоците ако барањата не бидат ...

Додека големите сили играат шах со народите, цената повторно ја плаќа обичниот човек. Меѓународниот монетарен фонд (IMF) предупредува: светот влегува во нова економска неизвесност. Поради конфликтот околу Иран, глобалните синџири на снабдување се разнишани, а цените на енергијата и храната повторно растат. Според IMF, државите ќе мора да штедат енергија, додека милијарди луѓе се соочуваат со поскап живот и неизвесна иднина. Во сенка на ...

Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој власта го турка преку Уставниот суд, и ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од страна на министерството. Со покренување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил обвини за недоследности и нетранспарентност во најавите за изградба на новата болница во Кичево, посочувајќи дека институциите даваат различни информации за изворот на финансирање. Таа реагира откако, и покрај претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека проектот ќе се заврши за две години и ќе се реализира со средства од т.н. британски кредит, директорката на ...

Секоја година на 15 април се одбележува Светскиот ден на уметноста, ден посветен на креативноста, изразувањето и улогата што уметноста ја има во општеството. Овој датум е избран во чест на роденденот на еден од највлијателните уметници во историјата, Леонардо да Винчи, симбол на генијалност, мир и слободно изразување. Иницијативата за одбележување на овој ден е официјализирана во 2012 година од страна на УНЕСКО, со цел да се поттикне ...

Претседателот на Си Џинпинг оствари средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој престојува во официјална посета на Кина. Средбата беше фокусирана на зајакнување на билатералната соработка и актуелните глобални предизвици. Си Џинпинг во своето обраќање истакна дека светот се соочува со турбулентен период, обележан со растечка конкуренција меѓу правото и силата. Тој нагласи дека Кина и Шпанија делат заеднички вредности поврзани со принципите ...

Студентите денес во 12 часот ќе протестираат пред Народната банка, изразувајќи незадоволство од оданочувањето на заработката стекната преку програмата „Work & Travel“. Според најавата објавена на социјалните мрежи, протестот е предвидено да трае два часа. Во описот на настанот се наведува дека главната причина за протестот е законот за оданочување на студентите кои работеле во Германија и САД, при што тие реагираат на решенијата за ...

Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, обвини за сериозни незаконски постапувања во Министерството за одбрана, посочувајќи дека правата на припадниците на Армијата системски се прекршуваат, а состојбата е значително влошена. Според Насковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски сторил три клучни прекршувања на законите. Првото се однесува на недонесувањето на Планот за преземање и ...

Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ вчера распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година. На конкурсот, кој ќе трае до 1 мај годинава, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
3.25
32%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
3.47
44%
1009
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.03
42%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
34%
1011
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.99
36%
1009
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
1.34
50%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
38%
1009
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.67
41%
1010
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.4
42%
1010
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
44%
1009
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
47%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
4.51
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29