Пратеничката Јована Мојсоска обвини за, како што вели, тенденциозен пропуст во извештајот за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ доставен до Државна комисија за спречување на корупцијата, посочувајќи дека во него недостасува фирмата „БУСТ ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска. Кандидатката за нов член на Антикорупциската комисија Катерина Зајковска, според објавата, признала дека токму страницата со оваа ...

Христијан Аџиоски преку објава на социјалните мрежи, потсети на трагичната судбина на селото Баница, местото каде загина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој наведува дека денес од селото останале само урнатини и камбанаријата како „последен нем сведок“ на некогашниот македонски живот, потсетувајќи дека Баница била целосно опожарена од грчката армија во 1913 година, по што преживеаното население било принудено да го напушти својот дом и ...

Влатко Стефановски, еден од најистакнатите македонски гитаристи и автори, како и на регионалната сцена, кој неодамна ја доби престижната музичка награда Porin Special Merit Award, пред јавноста ќе ги претстави своите најнови дискографски изданија „Гитарата пее“ (Guitar Sings) и „Мускулна моморија“ (Muscle Memory). Промоцијата ќе се одржи денес, четврток, со почеток од 12.00 часот, во Холидеј Ин. На настанот ќе присуствуваат и претставници на ...

„Паметници на заборавот: нашата земја ја нема, а ние постоиме“ е насловот на изложбата од Сашо Димоски што ќе биде отворена утревечер во 20 часот во продажниот слон на Културно-информативниот центар во Скопје. Ова е негова десеттата самостојна изложба, оксиморонски насловена „Паметници на заборавот“, а се состои од два дела во кои се собрани 16 фотографии. Во фокусот на изложбата е просторот и објектите во него, како една од доминантните ...

САД и Иран во средата се приближија до можен договор за прекин на војната, откако Вашингтон доставил нов предлог кој предвидува постепено отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската блокада на иранските пристаништа. Според извор запознаен со разговорите, американскиот предлог бил претставен во меморандум од една страница, а деталните преговори за иранската нуклеарна програма би следувале во подоцнежна фаза. Сепак, изворот ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини Соединетите Американски Држави за поставување „нереални и неизводливи“ барања кон Иран, додека директните преговори меѓу двете страни и понатаму остануваат во застој. Во изјави пренесени од иранските медиуми, Пезешкијан истакнал дека Вашингтон истовремено води политика на максимален притисок врз Иран, а очекува Техеран да седне на преговарачка маса и да прифати еднострани услови. „Проблемот е ...

Од Левица-Град Скопје реагираат на, како што велат, сериозни проблеми во функционирањето на системот за наплата во ЈСП, обвинувајќи дека граѓани се казнуваат и покрај тоа што уредно плаќаат билет преку мобилен телефон. Според нив, доцнењето на потврдите за уплата, кое понекогаш трае и до половина час, создава конфузија на терен, додека контролорите, наместо да ги земат предвид техничките дефекти, изрекуваат казни. Од партијата ја критикуваат ...

Во судницата во затворот Идризово вчера владееше тешка и емотивна атмосфера, кога родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ за првпат се соочија со фотографии од местото на трагедијата. Прикажаните докази предизвикаа силни реакции, солзи и вознемиреност кај присутните. На судењето за случајот во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени, обвинителството презентираше материјали од увидот по пожарот. ...

Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, како и за невработени граѓани и нивните семејства. Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи, повика на широка поддршка од сите парламентарни партии, нагласувајќи дека уставната определба на Македонија како социјална држава подразбира еднаква ...

На средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји истакна дека ситуацијата на Блискиот Исток се наоѓа во критичен момент меѓу војна и мир. Сеопфатен прекин на огнот е итен приоритет. Мора да се избегне обновување на непријателствата, а особено е важно да се остане посветен на преговорите. На средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кинескиот министер за ...

Пратеникот и претседател на Левица, Проф. д-р Димитар Апасиев денес објави дека поднесува кривична пријава против ДКСК. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост: – Јас си стојам на Зборот. Затоа, денес поднесов кривична пријава за „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ против членовите на Прекршочната комисија при АНТИКОРУПЦИСКА, за кои надлежен стручен орган утврди дека извршиле директна дискриминација врз мене (со ускратување на ...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во вторникот околу пладне на автопатот Брегана–Загреб (А3) во Хрватска, животот го загуби возач од Македонија, кој управувал товарно возило. Според информациите од хрватската полиција, камионот најпрво излетал од коловозот, ја пробил заштитната ограда, удрил во столб за улично осветлување и потоа се запалил. Несреќата се случила во близина на Среданци, во правец кон Брегана. На местото на настанот ...

По укажувања и поплаки од жителите на селата Пагаруша и Вртекица, политичката партија Левица поднесе барања за пристап до информации од јавен карактер до надлежните институции во врска со активностите во каменоломот лоциран помеѓу овие две села. Според информациите доставени од засегнатите жители, постојат сериозни сомнежи дека во каменоломот се врши или се подготвува нелегална експлоатација, при што ископаниот материјал би се транспортирал ...

Нови обвинувања за нерегуларности ја потресуваат Државна комисија за спречување на корупцијата, откако во јавноста се појавија сомнежи дека кандидатката за член на Комисијата, Катерина Зајковска, наводно прикривала делови од финансиски извештаи поврзани со изборна кампања, во кои се споменува и поранешната функционерка Цвета Ристовска. Обвинувањата отвораат прашања за транспарентноста и интегритетот на институцијата. Државната комисија за ...

Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров реагира на, како што наведуваат, серија скандали поврзани со ООУ „Мирче Ацев“, предупредувајќи дека емитувањето музика со насилна содржина во училишна средина може да придонесе за ширење малолетничка деликвенција. Од огранокот, посочуваат дека нивните претходни забелешки не биле прифатени од општинските образовни власти, а по најновите случаи на врсничко насилство најавуваат иницирање вонредна ...

Скандалот поврзан со летот на “Аустриан ерлајнс” од јуни 2024 година добива нова правна димензија, откако Обвинителството во Виена отвори почетна истрага против двајца новинари и еден државен службеник. Тие се сомничат за откривање доверливи информации, но засега се водат како осомничени, без поднесени обвиненија и без цврсти докази за кривична одговорност. Истрагата се фокусира на тоа дали новинарите добиле чувствителни податоци од службеник ...

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа иницијатива за воведување професионална редарска служба во Скопската зоолошка градина, алармирајќи за зачестени случаи на несоодветно однесување на посетители кои, како што велат, директно ги загрозуваат животните и безбедноста. Според нив, постојното обезбедување е неефикасно и формално, поради што предлагаат системско решение со јасни овластувања, департизирано функционирање и ...

Професорката Тамара Јованов, преку социјалните мрежи остро реагираше на изјавата на премиерот поврзана со насилството врз жените, оценувајќи дека ваквото релативизирање на случаи со тешки телесни повреди испраќа опасни сигнали до јавноста и ги охрабрува насилниците. Таа предупреди дека Македонија се соочува со сериозен проблем со фемициди и семејно насилство, најчесто извршени од сопрузи или партнери, нагласувајќи дека тепањето жена не смее ...

Манчестер, 21 јуни 1856 година Сакана, Ти пишувам повторно, затоа што сум сам и затоа што е тешко да разговарам со тебе цело време во мојата глава без ти да знаеш или да слушаш или да можеш да ми возвратиш… Кусите разделби се добредојдени, затоа што кога константно сме заедно работите постануваат толку слични едни на други што не можеш да ги разликуваш една од друга. Дури и кога стоејќи рамо до рамо кулите се снижуваат, обичните и слични ...

Изложбата покажува како главниот град на Босна ја одржал културата жива во услови на тешкотиите од опсадата од 1992 до 1995 година. Во вторник во Националната галерија на Босна и Херцеговина се отвора изложбата на Миломир Ковачевиќ, на која се претставени фотографии од културниот живот за време на опсадата на Сараево. „Културата за време на војната“ прикажува фотографии направени за време на опсадата од 1992 до 1995 година, фокусирајќи се на ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Хармонија“ на кој како солист ќе настапи виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 19 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 11 во ге-мол, оп. 103 од Дмитри Шостакович. Еден од водечките виолинисти во Кина денес – Нинг Фенг, иако ...

На 7 мај (четврток), со почеток од 20:00 часот, во Кафе и филм Котур во Скопје ќе се одржи проекција на кратки анимирани филмови на македонскиот режисер Крсте Господиновски, проследена со разговор со авторот. Настанот е дел од промотивната програма за осмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој годинава ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври на повеќе локации во главниот град. Господиновски важи за автор со препознатлив ...

Институциите наложија испис од докторски студии и поништување на магистерската диплома – прашање е што ќе биде со кариерата на младиот истражувач Младиот истражувач Денис Арсовски, кој до неодамна бил запишан на докторски студии на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, се соочува со сериозен пресврт во својата академска кариера, откако надлежните институции донеле одлуки што директно влијаат врз неговиот статус. Инспекторатот ...

Активистот од „Здрава котлина“ предупредува на опасностите од законските измени за побрзо отворање рудници Рудниците, особено оние за експлоатација на метали, претставуваат сериозен и долгорочен ризик за животната средина и здравјето на граѓаните, предупредува Горан Станишљевиќ од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“. Во гостување во емисијата „Директно“ на Телма, тој изрази остар протест против најавените измени на Законот за минерални ...

На денешната собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, откако Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на “славната антикорупционерка” – Цвета Ристовска. Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, истакна сомнежи за работата на еден од пријавените кандидати за нов член на ДКСК. Имено, кандидатката Катерина Зајковска работи токму во Антикорупциска комисија во секторот за ...

Кина бележи умерен, но стабилен економски раст во првото тримесечје од 2026 година, покажуваат податоците објавени од Национално биро за статистика на Кина, со пораст на бруто-домашниот производ и засилена индустриска активност. Според официјалните податоци, бруто-домашниот производ (БДП) на Кина достигнал 33,42 трилиони јуани, што претставува годишен раст од 5 проценти, додека на квартално ниво е забележано зголемување од 1,3 проценти. По ...

Судовите во Кина донесоа значајна пресуда со која се утврдува дека компаниите не можат законски да отпуштаат вработени со цел да ги заменат со системи на вештачка интелигенција, поставувајќи преседан во заштитата на работничките права во ерата на автоматизација. Случајот кој го привлече вниманието на јавноста се однесува на технолошка компанија од Хангжу и вработен со презиме Жоу, кој работел на контрола на квалитет на содржини генерирани ...

Став на Александар Панајотов. На Земјата има 195 држави. Пет од нив отворено се водени од комунисти и себеси се нарекуваат комунистички. Потоа може да се каже дека постои и солиден број социјалдемократски држави. Не го знам точниот број, но скандинавските земји се социјалдемократски, како и Франција и Германија. Многу европски земји се социјалдемократски и ако не сте знаеле, социјалдемократијата е општество со силни програми на социјална ...

Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената затворска казна за поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Самараков, и предметот го врати на повторно судење. Самараков беше осуден на една година и шест месеци затвор за одавање службена тајна. Според одлуката на Апелациониот суд Скопје, постапката против Ангел Самараков ќе се разгледува повторно на крајот од месецов. Првостепената пресуда беше донесена од судијката ...

Комеморативен настан беше одржан во Турција во чест на 168 деца кои загинаа при напад врз основно училиште во иранскиот град Минаб, при што учесниците испратија силни симболични пораки за трагедијата и нејзините последици. За време на настанот, учениците симболично кинеа слики од американското и израелското знаме, како и фотографии од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Комеморацијата ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1029
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
70%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
59%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
88%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34