Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во 2025 година се одбележуваат 188 години од раѓањето и 128 години од смртта на браќата Андреја и Константин Петковиќ, истакнати личности од македонската книжевност и дипломатија од 19 век. Родени во Башино Село – Велес, тие се сметаат за втори близначки автори во македонската книжевност по браќата Миладинови. Уште во младоста, браќата заминале во Одеса, Русија, каде што завршиле високо образование и започнале дипломатска кариера во служба ...
Иако протестот беше најавен како повик за солидарност и правда, жителите на Скопје речиси воопшто не се приклучија. „Срам да им е на скопјаните што не дојдоа, ние еве провинцијалците ќе ве извадиме“, порачаа гневно и со тага родителите кои патуваа од Кочани до главниот град за да го кренат гласот против институционалната неказнивост и политичката негрижа. Протестот се одржа во ист ден кога Собранието ја дебатираше интерпелацијата на ...
Пратеникот од Левица, м-р Сашко Јанчев, жестоко му реплицираше на Бојан Стојановски од ДПМНЕ за лицемерието и злоупотребата на трагедијата во Кочани: „На ден на погреб доделивте 23 милиони денари за мерење рејтинг – тоа не е само некрофилија, тоа е политичка и социјална патологија“! Јанчев ја истакна и наглата промена на ставот кон државниот обвинител Коцевски: „Трагедијата во Кочани ја искористивте како алиби за да не го смените Коцевски, ...
Пратеникот Реџеп Исмаил на социјалните мрежи остро ја критикува одлуката на собраниското раководство да не им дозволи на родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ да присуствуваат на седницата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Амбасадорите како странски емисари редовно се ВИП гости во Собрание при одржување на седници, удобно сместени на балконот на салата каде се одржуваат ...
Реплика на пратеничката од Левица, Јована МОЈСОСКА кон пратеникот од ДПМНЕ – Бојан Стојановски: „Да Ве известам во моментов родителите на настраданите деца во Кочани се токму пред Собранието и во моментов токму тие бараат ОСТАВКА ОД ТОШКОВСКИ и дека тие воопшто не се задоволни од работата на Министерот, како што Вие сакате да го фалите тука. Можете и да излезете и да сослушате директно што бараат овие родители. Затоа што додека тие ...
Процедурално обраќање на пратеникот од Левица – Борослав КРМОВ: „По член 253 граѓаните на Република Македонија можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност со прописите на внатрешниот ред на Собранието. Јас барам, ако парламентарното мнозинство се чувствува толку силно, мислат дека сè што направиле е во ред, се осеќаат чесни, го бранат ревносно нивниот Министер за внатрешни работи Панче ...
Во обраќањето по Интерпелацијата за министерот Тошковски, пратеникот м-р Сашко Јанчев од Левица укажа на длабоки и системски пропусти во МВР – од прикривање на одговорноста за трагедијата во Кочани, преку непостапување во случаи со незаконска употреба на пиротехника, до отсуство на дисциплински мерки за очигледни прекршувања на Законот за јавен ред и мир и Законот за полиција. Надлежни полициски службеници не се опфатени со истрагата, се ...
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов заедно со пратеничката Јована Мососка излезе на средба со родителите и членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека. Крмов истакна дека нивната пратеничката група побарала родителите да можат да влезат во галеријата на Собранието и да ја следат собраниската седница за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, но дека собранискиот спикер Африм Гаши не дозволил такво нешто. Гаши се ...
Пред пратениците денес е ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА на Тошковски – Министерот којшто има најголема одговорност за пропустите кои довеле до она што се случи во Кочани. Интерпелацијата како алатка на опозицијата е поднесена единствено од пратениците на Левица, ама ВМРО И ГАШИ направиле распоред на говорници, каде пратениците на Левица се симнати најниску возможно на листата за да ‘бранат’ интерпелацијата. Ова не го прават ЗАЕВ И ЏАФЕРИ, ова го прават ...
Во текот на потресниот говор на таткото на едно од загинатите деца од трагедијата во Кочани, се чувствуваше не само болка, туку и длабок гнев против институциите и власта која, според него, го заташкува криминалот и не презема никакви мерки. „Ги повикувам слободно да излезат од државната институција, бидејќи вие сте узурпатори, вие не сте државата, ние сме државата! Ние сме вашите владеачи, не вие на нас. Ве плаќаме илјадници евра народни ...
Според најновиот извештај на Светската банка, Македонија бележи најнизок економски раст во регионот на Западен Балкан за 2025 година, со проектиран раст од само 2.6% . Оваа бројка е значително пониска од просечниот раст во регионот, кој се очекува да достигне 3.7% . Во споредба, Косово предничи со проектиран раст од 3.8%, Србија со 3.5%, додека просекот за Западен Балкан изнесува 3.2% . Овие податоци укажуваат на тоа дека македонската ...
Пратеникот Димитар Апасиев преку објава на Фејсбук побара институционална доблест и минимум човечност од власта. Апасиев, повикувајќи се на Деловникот на Собранието, јавно праша зошто овие мајки не би биле пуштени да ја следат интерпелацијата на министерот Тошковски – човекот што токму тие го посочуваат за селективна истрага. „Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата. Зошто ...
Додека семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со солзи и гнев го бараат своето право на вистина, правда и одговорност – премиерот и неговите министри без срам и без трошка сочувство се шетаат по светски хотели и дипломатски настани. Македонија повторно гледа како својата власт ја загубила секоја врска со реалноста, со болката на народот, со елементарната човечност. Додека Кочани брои гробови, Владата брои ...
На 28 април 2001 година, осум припадници на специјалните единици „Волци“ и „Тигри“ беа ѕверски убиени во заседа кај селото Вејце, Тетовско. Дваесет и четири години подоцна, нивните имиња сè уште не се врежани во достоинствен споменик на местото на трагедијата. Иако нивните семејства, колеги и граѓани секоја година оддаваат почит преку панихиди и комеморации, државата останува нем сведок на оваа неправда. Отсуството на обележје на самото ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по осми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат да ...
30 април е прогласен за Меѓународниот ден на џезот на 30 април, 2011 година од страна на УНЕСКО. Идејата потекнува од џез-пијанистот Херби Хенкок, кој е амбасадор на добра волја на УНЕСКО. Овој ден се одбележува со концерти, работилници, едукативни програми и јавни настапи во повеќе од 190 земји ширум светот, обединувајќи ги заедниците, училиштата, уметниците и ентузијастите ширум светот. Џезот ја слави културната разновидност, промовира мир ...
Пратениците на утрешната 46. собраниска седница ќе расправаат за интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица. Причината за иницијативата е сериозното сомневање во несовесно, непрофесионално и селективно постапување на министерот Тошковски во врска со трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица. Во текстот на интерпелацијата детално се наведува дека ...
Кога трагедијата ја парализираше Македонија, Владата вети помош, солидарност и одговорност. Денес, месец дена подоцна, гледаме дека ветувањата беа уште една цинична лага на властодршците, кои без срам ги оставија семејствата на жртвите без ниту денар, а нивните болки ги претворија во политичка математика. Паралелно со солзите на семејствата, Владата потпишувала договори вредни милиони за да си го мери сопствениот рејтинг! Во целост го ...
Неформална јавна група Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) упати јавен апел до Работната група за енергетика при Министерството за енергетика, барајќи пред финалната одлука за нова голема хидроелектрана да се разгледаат и споредат предностите и недостатоците на двата клучни проекта: изградбата на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и изградбата на пумпно-акумулациона хидроелектрана „Голем Чебрен“. Од ИНРМ потенцираат дека нивните ...
Партијата Левица денеска предложи измени на Законот за финансирање на политичките партии, со цел да се стави крај на финансирањето на партии кои немаат реална политичка поддршка, но добиваат значителни средства од државниот буџет. На прес-конференцијата, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, предупреди дека актуелниот закон овозможува постоење на таканаречени „пајтон партии“ — партии со минимално локално присуство, кои добиваат ...
Во контекст на сè поголемата потреба за одржливи енергетски решенија и развој на домашното производство на електрична енергија, Дениз Мустафаоглу дипломиран машински инженер, преку јавна објава, ја претстави својата нова анимација и идеја за создавање природен базенски резервоар западно од езерото Козјак. Проектот е во согласност со програмата на Левица за изборите 2024, каде се предлага развој на вештачки реверзибилни хидроцентрали без ...
Во пресрет на интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од страна на партијата Левица, пратеничката и Генерален Секретар на партија, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи упати жестока критика за кадровската политика што ја води министерот кој, како што вели, требало да го „рестартира системот“. Таа директно ги поврза последните именувања со партиски и фамилијарни интереси, обвинувајќи за тешки ...
Кина денес изрази длабоко сочувство поради смртоносната експлозија што го потресе пристаништето Шахид Раџаи во јужен Иран, при што загинаа најмалку 46 лица, а повеќе од 1.200 беа повредени. Пекинг упати искрено сочувство до иранската влада, до семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и до сите повредени во трагичниот настан. „Изразуваме длабока тага за жртвите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“, се наведува во ...
Портретот на младото момче од Газа, кое ги загуби двете раце во израелски воздушен напад, е прогласена за фотографија на годината на World press photo 2025 Трогателниот портрет на деветгодишниот Махмуд Аџур, младо момче од Газа, кое ги загуби двете раце во израелски воздушен напад, е прогласена за фотографија на годината на World press photo 2025. Сликата, направена од палестинскиот фотограф Самар Абу Елуф за The New York Times, го прикажува ...
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град (ЗХГ), изразува сериозна загриженост поради нефункционалноста на институциите и нивниот молк околу хаваријата во Тораница. Иако изминаа две недели од протестот организиран од ЗХГ и три недели откако побараа одговори од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), тие сè уште не добиле одговор на поставените прашања. Наместо одговори, институцијата ги игнорира нивните барања и упатува на други ...
Левица со реакција за неисполнетите ветувања на владата по трагедијата во Кочани. Пожарот во дискотеката „Пулс” ги отвори сериозните прашања за функционирањето на безбедносниот систем во земјата и одговорноста на властите. Повредените и загинатите лица ги разоткрија слабиот надзор и несоодветните закони кои дозволуваат вакви трагедии. Високите политички функционери, како што е премиерот Мицкоски, по трагедијата најавија брзи реформи, но, еве, ...
Министерството за внатрешни работи на Македонија на чело со Панче Тошковски, без никаков јавен дијалог или образложение ги зголеми таксите за престој на странци во земјата – од 190 денари на 6.150 денари за постојан престој и од 190 денари на 4.000 денари за привремен престој. Ова е повеќе од драматично поскапување – тоа е одлука која ќе ја отежне процедурата за оние кои сакаат да престојуваат во Македонија, без да им се даде соодветно ...
Митко Василевски со емоционален осврт на страдањата во системот на логорите „Јасеновац“, со посебен акцент на идеолошките жртви – комунистите. Василевски го претставува страданието, отпорот и историското обезличување на овие жртви низ призма на денешните политички парадокси и ревизии на историјата. „Системот логори ,, Јасеновац”, покрај сите ставки по националност на жртви, во кои страшно доминираат Срби, па Евреи, Роми, Хрвати, има една ...
Денес се бележат 24 години од најбруталниот масакр од заседа кога беа ПРЕДАДЕНИ 8 македонски бранители. Воено злосторство налик на најгрозоморните дела на ИСИС кое никогаш не се расчисти, а останаа само шпекулации за директна инволвираност на актуелни функционери. Сашо Гилевски, припадник на Посебната единица на СВР Битола, е еден од првите кој пристигнуваат на кобното место. Тој масакрот го опишува вака: „Истрчав, ама што да видам: Марјан, ...
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според најавата, маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје, по што ќе се продолжи пред собранието на Македонија. ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските ...