Вчера во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено беше отворен 17. Фестивал на музика од светот со исклучително топла и емотивна атмосфера. Фонтана, предводена од кларинетистот Благојче Трајковски и Гамзе, Турчинка со македонски корени приредија концерт што ја исполни салата со емоции, енергија, традиција и звук кој никого не остави рамнодушен. Настапот беше збогатен со посвети за битолчани кои оставиле трага во музиката, како ...

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Концертот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Битола. Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува ...

Градоначалникот Тони Коњановски доцна вечерва објави дека моторно масло е излеано на една од фреквентните улици во центарот на Битола - При изведување на градежни работи на приватен објект на ул. ,,Климент Охридски", од градежна машина била излеана поголема количина моторно масло. По добиената пријава, Општинската инспекција веднаш излезе на терен и ја потврди состојбата. Утврден е објекот на изведување на градежните работи и за ваквиот ...

НОВ ПОКРИВ на зградата на ООУ "Св.Климент Охридски" во Битола. Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на ООУ"Св.Климент Охридски" Битола. Мината недела заврши реконструкцијата на кровната конструкција и со оваа нова инвестиција значително се подобрија условите за реализација на воспитно-образовниот процес во училиштето. -Проектот во вредност од 80.314 евра опфати замена 1.800 м2 кровна површина. Проектот беше реализиран со ...

СВР Битола извести дека поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена ...

Јуроп Хаус денес го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари. И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта ...

Промоција на романот „Толку темно“ од Сашо Димоски во книжевниот клуб UTOPIA Во среда, 26 ноември, со почеток од 19:00 часот, книжевниот клуб UTOPIA во Битола ќе биде домаќин на промоцијата на новиот роман „Толку темно“ на драматургот и прозен автор Сашо Димоски. UTOPIA и овој пат останува верна на идејата книжевноста да се живее одблиску, како разговор, размена и заедничко искуство. Настанот е уште едно поглавје во програмата посветена на ...

На Пелистер ќе се прави велосипедска и пешачка патека од Цапарска Пресека до село Цапари, информира Националниот парк Пелистер. - Во текот на изминатиот викенд во соработка со Extreme Bike Team Bitola работевме на извидување на терен со цел обновување, пробивање и GPS маркирање на велосипедска и пешачка патека која ќе води од Цапарска пресека низ кањонот на Цапарска река, па се до с.Цапари. Станува збор за патека која е клучна за развој на ...

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА СТРУЧНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ЈАВНА РАСПРАВА П Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 - (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола изнесува 15.12 ha. Границите на планскиот опфат се ...

Ученичката Јана Китановска од Гимназија ,,Јосип Броз-Тито" - Битола, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, м-р Симона Петровска, е меѓу трите најдобри на државно ниво, на литературен конкурс, на тема ,,Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните". Настанот беше организиран по повод Европскиот ден на правдата од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Советот на Европа во Скопје. ...

Бројни православни верници од Битола на Света Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, утрово ги пречека моштите од Светата Великомаченичка Недела и се поклонуваат пред нејзините свети мошти. Моштите ќе останат трајно во храмот. Постапката за носењето на моштите започнала пред неколку години, кога со благослов на Митрополитот Петар, битолската црква „Света Недела“ ја посетил свештеникот Рафаил – Холанѓанец, кој ...

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен. Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање. Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети ...

Министерството за внатрешни работи го спречи одигрувањето на синоќешната претстава во Битолскиот народен театар, поради тоа што во Центарот за култура во Битола се одржуваше свеченост со висок безбедносен ризик, објави БНТ. Од Битолскиот театар настапија со силна критика велејќи дека " системот го киднапираше театарот". Вчера во Битола имаше низа свечености по повод одбележувањето на Денот на албанска азбука. Објаснувањето зошто не се одржа ...

Утре во црквата "Света Недела" во Битола ќе се одржи Света Божествена Литургија по повод пречекот на моштите на Светата великомаченичка Недела во истоимениот храм во Битола со почеток од 07:00 часот. Повик до сите, Возљубени во Христа браќа и сестри, заедно да се собериме и помолиме во недела, на 23 ноември, со почеток од 07:00 часот во радоста на Светата Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, каде што ќе се ...

Информација за обилните врнежи на територијата на Р.С. Македонија до 08:00 часот Општина Битола пријавува повеќе интервенции: – ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава. – ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари. – На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот. – ХМС ...

СВР Битола информира дека 23 годишна битолчанка е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера вечер на патот Битола, граничен премин Меџитлија. Според полицијата на 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со ...

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој. „Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. ...

Денес без вода за пиење се селата од Кравари до граничениот премин Меџитлија, соопшти ЈКП Водовод Битола „Во текот на денешниот ден, 21.11.2025 година, со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија. Со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот, поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено, соопштија ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Паркинзи Битола Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг пред Домот на културата, Ве информираме дека утре (сабота 22. 11. 2025 г.) заради посета на висока делегација на нашиот град паркингот нема да работи. Воедно апелираме до граѓаните кои се корисници на овај паркинг, своите потреби за паркирање да ги извршат на некоја од соседните локации. Ви благодариме на разбирањето и соработката. Со почит, ЈППЈЛП ...

Во Битола од темел се изградија две нови градинки и уредувањето е во финална фаза, а една градинка се адаптира во функционален објект и се отвори пред еден месец. Новите градинки што се очекува да се стават во функција во 2026 година, се со вкупен капацитет од 460 деца. Градинката што се отвори неодамна веќе згрижува плус 76 дечиња. Ова е начинот на кој Битола ќе го решава проблемот со згрижување на деца од предшколска возраст. Во Општина ...

УХМР објави дека во Битола до 7 часот утрово наврнаа 30 литри дожд на метар квадратен. За денес метеоролозите предупредуваат на повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До недела ќе се задржи променливо облачно време со ...

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со ...

BALKAN ZOO – музика што не ве остава рамнодушни! Вечер на Фестивалот на музика од светот полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што тие се препознатливи. Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани. Во 2021 година започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина Чориќ, со која ...

Во Општина Битола се одржа нова работна средба на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот се вршеше координација и размена на информации со јавните претпријатија и другите институции, околу вчерашните преземени активности на терен, како и за активностите на дежурните екипи во текот на ноќта. Екипите продолжуваат со континуирана работа и чистење на терен на сите критични локации со ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека вечерва е стабилна хидролошката состојбата на реките и каналите во Општина Битола. -Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите локации. Состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население. Во текот на целата вечер ќе дежураат екипи со соодветна механизација за навремена реакција доколку има потреба. ...

Македонскиот културно-информативен центар во Софија годинава повторно е дел од европската поетска сцена на 10-то јубилејно издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“, кое се реализира од 18 ноември до 15 декември 2025 година, велат од КИЦ во Софија. Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, се ...

Намален е притисокот на водата во водоснабдувањето во Битола поради интензивните врнежи од дожд кои ги заматија водотеците на Пелистер. Вода моментално се користи исклучиво од Стрежевското Езеро. „Битола пие чиста вода од Стрежевското Езеро. Притисокот во чешмите е намален бидејќи ноќеска имаше прекин на струјата во пумпна станица и на филтерница. Бидејќи од планина се слева матна вода со органски материи, ЈП Водовод ја користи само ...

Тања Царовска и НУ Камерен оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот - софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, ...

Во рамки на светските одбележувања за 150 години од раѓањето на Морис Равел, Europe House Bitola, заедно со Alliance Française – Битола, Institut Français – Скопје и Почесниот конзул на Франција во Битола, создаде концертно доживување што ги спои класичниот звук и современата електронска призма во една заедничка линија. Равел — механичкиот ум на постоењето, ум што мислеше во пулсови, структури и повторувања — одамна се смета за тивкиот татко ...

ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НУПНАУ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ РАЗГОВАРАА ЗА ЕУ ПОДДРШКАТА НА БИТОЛА Во рамките на посетата на Битола, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во општина Битола со поддршка на ЕУ преку различни програми. Посебен акцент ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
70%
1018
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.26
93%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1005
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
89%
1017
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1011
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
97%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Рутениум

45750.51

Родиум

339190.38