Глобалниот економски раст се предвидува да забави од проценетите 2,7 отсто во 2023 година на 2,4 отсто во 2024 година, се вели во извештајот на ОН за светската економска ситуација и изгледите за 2024 година. Слабеењето на глобалната трговија, високите трошоци за задолжување, зголемениот јавен долг, постојано ниските инвестиции и растечките геополитички тензии го ставаат на ризик глобалниот раст, се вели во извештајот. Растот во многу напредни ...

Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се намалува на износ од 2.000 евра почнувајќи од 01.01.2024 година. Лимитот за плаќање во кеш досега беше 3.000 ...

Пред неколку години Александар Манев го прифати предизвикот да биде на чело на „Кроација осигурување“, Друштво за неживотно осигурување во земјата. Благодарение на неговото долгогодишно деловно искуство и знаење, но и на одличната репутација и релации во деловните кругови, „Кроација осигурување“ за краток период ја подобри својата пазарна позиција и имиџ. Компанијата го зголеми бројот на клиенти, воведе иновации во работењето, ја исплати ...

Финска планира да го забрани увозот на течен природен гас (LNG) од Русија во 2025 година, објави финскиот весник Helsingin Sanomat. Весникот се повикува на локалниот министер за животна средина и климатски прашања, Каи Миканен, како извор на оваа информација. Финската влада мора да се консултира со Европската комисија (ЕК) за ова прашање и може да воведе забрана за увоз само на ограничен временски период, пренесува Комерсант. Финската државна ...

Во духот на дарувањето и празнувањето, овој Божиќ, НЛБ Банка го одбележува со неколку добротворни иницијативи кои имаат за цел да донесат топлина и радост во оваа празнична сезона. И овој пат под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, Банката издвои средства за донации на локални организации и институции, потврдувајќи ја уште еднаш својата посветеност кон заедницата и поддршка на оние кои можеби се соочуваат со предизвици во овој ...

Американците го зголемија своето онлајн купување за време на празничната сезона, трошејќи рекордни 222 милијарди долари на електроника, играчки и други предмети. Според извештајот на Adobe Analytics објавен во четвртокот, падот на трошоците помеѓу 1 ноември и 31 декември бележи зголемување од 4,9% во однос на претходната сезона на празнични пазари. Клиентите беа привлечени од длабоките попусти и опциите „купи сега, плати подоцна“, според Adobe. ...

Научниците од шкотскиот универзитет Хериот-Ват развија материјал кој може да претвори милијарди литри отпадна вода од дестилеријата за виски во зелен водород. Зелениот водород е еколошко гориво кое не произведува јаглерод диоксид за време на согорувањето. „Потребни се девет литри вода за да се произведе килограм зелен водород, а секој литар производство на виски од слад создава околу 10 литри остатоци. Нашето истражување се фокусираше на тоа ...

Количината на злато што инвеститорите го складираа во трезорите на Франкфуртската берза ќе се намали и во 2023 година, објави во четвртокот нејзиниот оператор Deutsche Boerse. На крајот на штотуку завршената година, во трезорите на Франкфуртската берза беа складирани 198,7 тони од овој благороден метал, објави Deutsche Boerse. Една година претходно во трезорот имало 231 тон злато. За споредба, на крајот на јуни 2022 година, складираните количини ...

Копнениот персонал на шпанската авиокомпанија Иберија стапи во четиридневен штрајк, поради што ќе бидат откажани стотици летови, а штрајкот ќе ги зафати аеродромите во Барселона, Аликанте, Билбао, Малага, Гран Канарија, Палма де Мајорка и островот Тенерифе. Во претходното соопштение на Iberia се вели дека протестот нема да влијае на аеродромот во главниот град Мадрид. Организатори на протестот се двата водечки шпански синдикати UGT и CCOO, кои ...

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа и се соочуваат со првата неделна загуба во последните осум недели, додека инвеститорите чекаат вести кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,5 отсто во 9:30 часот, така што е на пат да изгуби околу 0,8 отсто оваа недела. Утринава лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,53 отсто, на 7.680 поени, додека ...

Скопје, 5 јануари 2024 година: Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво*, доби награда како една од Топ 5 најбезбедни нискобуџетни авиокомпании во светот од AirlineRatings.com. Наградата на AirlineRatings Топ 5 најбезбедни нискобуџетни компании во светот им дава признание на авиокомпаниите со флота од над 50 авиони, кои имаат одлична безбедносна култура и ниски стапки на инциденти. При ...

Светските цени на бакарот би можеле да пораснат за повеќе од 75 отсто во следните две години поради прекините во понудата и поголемата побарувачка за овој метал, што е поттикнато од зголемениот интерес за обновливи извори на енергија, се вели во извештајот на истражувачката единица на Fitch Solutions, Business Monitor. Меѓународен (БМИ). Транзицијата на зелената енергија и веројатниот пад на американскиот долар во втората половина на 2024 година ...

„Гласен Текстилец“ до денеска има примено над 2.000 претставки од работници во приватниот секор за нецелосна исплата или воопшто не им е исплатен регрес за годишен одмор или познато како К-15, за минатата година. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека до нив пристигнати се жалби во кои се опафтени 1.420 работници за исплата на К-15 од 500 до 5.000 денари. -Над 50 работници имаме на кои не им исплатено, кои заминале од фирмите, а им ...

Австрија најави ригорозни контроли за балканските земји. Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер најави, со оглед на тоа што африканската чума моментално е многу активна во некои балкански земји, дека во наредните недели ќе се воведат приоритетни проверки за патниците од балканските земји, особено од Босна и Херцеговина и Србија. Имено, приоритетната инспекциска кампања се спроведува во соработка со царината и Министерството за здравство. ...

Во 2023 година Унгарија привлече инвестиции во износ од рекордни 13 милијарди евра, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Според него, светската економија се соочила со „многу сериозна криза“ бидејќи нивото на глобалните инвестиции паднало за 12,5 отсто од 2021 до 2022 година, а во првата половина на 2023 година е забележан дополнителен пад од 30 отсто, пренесува агенцијата МТИ. . Сијарто истакна дека, и ...

Вашингтон ќе додели грантови на Microchip Technology во вкупен износ од 162 милиони американски долари. Тоа ќе го направи за да го зголеми производството на чипови и микроконтролери (MCU) кои се клучни за потрошувачката и воената индустрија, објави денеска американското Министерство за трговија. Овие средства ќе и овозможат на компанијата Microchip Technologies тројно да го зголеми производството на полупроводници и микроконтролери во своите ...

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во декември порасна на 3,7 отсто од ноемвриските 3,5 отсто. Ова денеска го соопшти Францускиот национален институт за статистика и економски студии – INSEE. Инфлацијата е во пораст пред се поради побрзиот раст на цените на енергијата и услугите, се наведува на веб-страницата на организацијата. Цените на енергијата во Франција во декември пораснаа за 5,6 отсто на годишно ...

Францускиот малопродажен синџир Carrefour денеска им објави на клиентите дека повеќе нема да продава производи од PepsiCo во своите продавници во Франција поради високите цени. Во продавниците на Carrefour во Франција, полиците со производите на PepsiCo, како што е безалкохолниот пијалок Pepsi, се означени со знакот „Веќе нема да го продаваме овој бренд поради неприфатливото поскапување“, изјави портпаролот на Carrefour. Засега не е јасно дали ...

По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава. – Денеска до полноќ треба да завршиме со попис во една ...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за ...

Економската активност во еврозоната продолжи да се намалува и во декември. Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми од ноемвриските 44,2 поени на 44,4 поени, според S&P Global, но остана под границата од 50 поени што укажува на пад на активноста. Помал бил обемот на производството и бројот на работни места. И покрај тоа што индексот остана под границата од 50 поени, резултатот е најдобар во последните седум месеци. На ова влијаеше ...

Швајцарија ги укина тарифите за увезените индустриски производи за да ги намали високите потрошувачки цени, објави владата во Берн. Увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини. Царините за увоз на земјоделски производи остануваат во сила, информираат од министерството. Со тој потег државата ќе загуби околу 600 милиони швајцарски франци (645 милиони евра) годишен приход, ...

Огромното мнозинство германски компании им исплаќаат бонуси на своите вработени поради инфлацијата. 72 отсто од компаниите веќе го направиле тоа, а уште 16 отсто планираат да го сторат тоа наскоро, објави економскиот институт Ifo. Малите компании сакаат да ги мотивираат вработените со вакви неоданочени плаќања, додека големите почесто ги даваат по диктат на колективните договори, изјави Дарија Шалер од Ифо. Секоја друга компанија како причини ги ...

Во 2024 година, хрватските пензионери ќе можат бесплатно и неограничено да патуваат со воз низ нивната земја. Хрватската влада за овој пилот проект издвои два милиони евра од државниот буџет. За една година бесплатно возење потребно е да се платат 2,65 евра за таканаречена смарт картичка, пренесува хрватскиот портал Пословни. „Процедурата е многу едноставна, пензионерот треба да пополни барање, да приложи личен документ и потврда за примање ...

Економската активност во производството на Соединетите Американски Држави незначително се зголеми во декември во однос на ноември. Сепак, 14-ти месец по ред е во зоната на контракција, односно опаѓачка активност, соопшти денеска Американскиот институт за управување со набавки (ISM). Индексот на менаџери за набавка (PMI) во САД се искачи на 47,4 поени во декември од 46,7 поени во ноември, но и понатаму е под 50 поени, со што е во зоната на пад на ...

Работите изгледаат лошо за германскиот производител на автомобили Sono Motors и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори. Според германските медиуми, изгледите за склучување животоспасувачки деловни договори се многу мали. Минхенската компанија, која западна во финансиски потешкотии, минатата година веќе отпушти голем број вработени, а сега, според германските медиуми, и на преостанатите работници им се заканува отказ по објавувањето на ...

Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година. Ова го соопшти германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг. Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата. Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември. ...

Како што е наведено, вкупниот државен долг на САД во моментов изнесува 34.001 трилиони долари. Според експертите, американската влада ќе мора да потроши до една третина од буџетските приходи само за сервисирање на толку огромен јавен долг. Претходниот рекорд за американскиот национален долг беше поставен во средината на септември 2023 година, кога изнесуваше 33 трилиони долари. На официјалната веб-страница на Министерството за финансии е ...

CUPERTINO – Акциите на технолошкиот гигант Apple паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Barclays (Barclays) ги намали изгледите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на iPhone 15 на Apple. Barclays смета дека треба да очекуваме и послаба продажба на iPhone 16 на Apple и другите производи на оваа компанија, пренесува CNN (CNBC). На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на ...

Денеска Европската унија (ЕУ) воведе санкции за најголемиот светски производител на дијаманти „Алроса“ и извршниот директор на таа руска компанија, Павел Алексејевич Мариничев. Од Брисел беше соопштено дека компанијата претставува важен дел од економскиот сектор кој на Москва и обезбедува значителен приход и дека проширувањето на листата на санкции е доказ за „непоколебливата посветеност“ на Украина во војната против Русија. Средствата на Алроса ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.86
91%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Алуминиум

2.91

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37