Белград
6ᴼ /
6ᴼ
„Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето. Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. ...
Со оглед на тоа дека пандемијата е зад нас и дека животот се враќа во нормала, сè уште постои еден голем „проблем“ кој опстојува – работа на далечина. Она што започна како неопходност сега стана стандард, барем за многу компании. Далечинското работење стана лесно да се организира овие денови, благодарение на технологијата како што е веб-конференциите што беспрекорно го премостува јазот помеѓу домот и канцеларијата. Ако барате работа од далечина, ...
Регулаторната Комисија за Енергетика, како и секој понеделник, така и овој одлучува за новите цени на горивата во Македонија. Утре РКЕ треба да ги утврди новите цени на горивата. Според светските берзи во моментов барел од типот брент изнесува околу 96 долари. Последната промена се случи во петокот на 28.10, со што беа донесени овие цени кои ќе важат до утре на полноќ: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар); Моторен бензин ...
Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во своето обраќање ги образложи новите одлуки од денешната владина седница, со кои им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја. Според него, ќе се обезбеди поевтина струја од 80 евра по ...
Владата им препорача на банките да ја започнат исплатата на пензиите за октомври, на 31.10 во понеделник Со тоа што пензионерите кои земаат пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31 октомври 2022 година (понеделник). Додека пак оние кои добиваат пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01. ноември 2022 година (вторник). Владата препорачува банките на пензионерите кои примаат пензии со висина 14.001 ...
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден • 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 17 април, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан ...
„Банкарскиот систем во регионот остана отпорен и покрај предизвиците во текот на здравствената и тековната криза, поради претходно соодветно поставените регулаторни заштити и механизми“ истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на гувернерската панел –дискусија во рамки на 16-та Годишна конференција, која годинава под наслов „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа во услови на зголемена несигурност?“ ја организираше Банката на ...
Девизните резерви растат и се очекува дека нивното ниво ќе биде стабилно и на среден рок. Курсот на денарот исто така е стабилен и е закотвен за еврото. Макрофинансиската стабилност на земјава е задржана, ова се наведува за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, којашто го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ . Народната банка повторно започна со откуп на девизи на домашниот пазар. Девизните резерви од ...
Во сабота, 29 октомври 2022 година во 12:00 часот во село Шупљи камен, во близина на Куманово, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и Димитар Ковачевски, Премиер на Северна Македонија ќе го означат почетокот на работите на источниот крај на железничкиот Коридор VIII делница Куманово-Бељаковце-Крива Паланка. Транснационалната транспортна оска Исток-Запад (Коридор VIII) се протега од пристаништето Бари во Италија до ...
Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите. По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања. Тој рече дека сака да ги „победи“ спамботите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 27.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317%, кај дизелот намалување за 0,078%, кај екстра лесното масло ...
По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат ...
Европа сега има толку многу природен гас што не знае што да прави со него, па цената на самото место оваа недела накратко стана негативна, објави ТВ Си-Ен-Ен. Европските власти со месеци предупредуваат на енергетска криза во текот на претстојната зима, бидејќи Русија – некогаш најголемиот снабдувач на природен гас во регионот – ги намали испораките како одмазда за санкциите воведени од Европа поради руската инвазија на Украина, според ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,207%, кај дизелот намалување за 1,780%, кај екстра лесното масло ...
Помалку од еден час возење е потребно за да се поминат 40 километри од Благоевград до Делчево, рута која се повеќе Бугари на поминуваат со цел да се стигне до поевтини и поквалитетни производи. Последните викенди забележана е се поголема фреквентност на македонско-бугарската граница од шопинг патувањата на жителите на западните бугарски градови. Како што кажуваат тие, доаѓаат во земјава на пазарење бидејќи цените на производите се од 10 до 20 ...
НЛБ Банка во трите квартали од годината оствари позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци, Банката продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор пришто забележа раст на кредитирањето од 3,8% во однос на крајот на минатата ...
Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на ...
Скопје, 26 октомври 2022 – МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, од денеска почнува да нуди нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија. Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите. Понудата, која што Мтел им ја нуди на ...
„Мерцедес“ е последната голема компанија која реши да ја напушти Русија. Големиот производител на автомобили денеска објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции од своите индустриски и финансиски подружници на локален инвеститор. Тоа е трет голем производител на автомобили кој реши да ја напушти Русија откако таа земја влезе во војна со Украина. Пред „Мерцедес“ истото го направија и јапонскиот „Нисан“ и францускиот „Рено“. ...
Цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора во првата половина од годинава изнесува во просек 9,7 евроценти за киловат час за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 kWh, објави Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ). Како што соопшти МОНСТАТ, споредбените податоци на ЕУРОСТАТ покажуваат дека најскапиот киловат струја во регионот плаќаат граѓаните на Црна Гора. Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/KWh, Северна ...
Минатата година 85,3% од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот ...
Американскиот милијардер и основач на Tesla и SpaceX Илон Маск (Илон Маск) го посети седиштето на Twitter во Сан Франциско. Како што изјави Лесли Берланд (Лесли), маркетинг директорот на оваа компанија, посетата на Маск беше по повод склучувањето на договорот за купување на Твитер. Берланд додаде дека сите вработени во Твитер ќе се слушнат директно со Маск во петок. Недолго потоа, Маск се огласи на Твитер, каде што објави видео на кое влегува во ...
пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Трите закони за кои минатата недела остварив работна средба со Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ, се од исклучително големо значење за одржување на економската активност на стопанството во целост, кое во услови на глобална неизвесност и криза е дополнително усложнето поради нефункционалноста на системот, т.е. не донесувањето на законски решенија од интерес ...
Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните. Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. За ова, меѓу другото, ...
Околу 71 отсто од европските потрошувачи ги сменија своите навики за купување за да „ја задржат храната“ на своите маси поради кризата со трошоците за живот, објави во понеделникот Блумберг, повикувајќи се на истражување на американската компанија за истражување на пазарот ИРИ. Според извештајот, „инфлацискиот замор“ во европскиот регион доведе до т.н стратегии за справување, кои подразбираат примена на различни начини на справување со реални ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит. Малопродажната цена на ...
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската ...
АД ЕСМ на 24.10.2022 година произведе 11.335 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh. Изминатото деноноќие нема никакви забележителни промени во однос на перформансите на производствените постројки. Во функција се два блока во РЕК Битола, работи РЕК Осломеј, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ Неготино. АД ЕСМ на 24.10.2022 година ...
Утре Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата. Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 92 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените. Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ...
Жито Пром – Гевгелија ги претстави кроасаните и колачите 4U на саемот СИАЛ во Париз, еден од најпознатите светски настани од прехранбената индустрија, што се одржа од 15 до 19 октомври. Со повеќе од 7000 излагачи од 126 земји во 10 павилјони, СИАЛ е една од најголемите изложби, но и места на кои се следат и диктираат светските трендови во производството на храна и пијалаци, па учеството таму е голем предизвик: – Ова е уште еден клучен настан во ...