Корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија добиваат повеќе од само врвни телекомуникациски услуги. Новиот мобилен оператор за своите корисници овозможува и пристап до ексклузивни дигитални содржини. МТЕЛ е единствениот оператор во Македонија кој што им овозможува одредени привилегии и на своите при пејд корисници. Оттаму, корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија и интернет ќе имаат можност да користат две мобилни апликации преку своите мобилни ...

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство го најавува големиот настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“ кој ќе се случи на 12.11.2022 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје. Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија, а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste ...

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година. Од ...

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на месец октомври годинава во однос на истиот месец 2021 година трошоците на живот достигнале високи 19,8 проценти. Ова е најголемата стапка на инфлација која ја регистрираше ДЗС од почетокот на годината, но и во подолг временски период. Минатиот месец индексот на трошоците на живот во споредба со месец септември 2021 година изнесуваше 18,7 отсто. Како што објавува ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло ...

Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2022 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2022” во десет посебни категории. Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК. При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат ...

Планирани се повеќе средства за повисоки пензии, за поттикнување на приносите и производството во земјоделството, за усогласување на платите со минималната, но и за развој на економијата преку инвестиции во инфраструктурата и поддршка на приватниот сектот. Предлог-буџетот за 2023 година има за цел да одговори на тековната криза, со 250 милиони евра наменети директно за справување со истата. Но, тој и има за цел да ја стимулира економијата, за ...

Кинеската рударска компанија Tibet Summit Resources Co. Ltd. ја објави својата намера да инвестира 2,2 милијарди долари во два проекти за истражување на литиум во Аргентина. Ова се наведува во соопштението објавено од аргентинското Министерство за надворешни работи. Претседателот на компанијата Џианронг Хуанг ги сподели овие планови додека зборуваше со аргентинската амбасадорка Сабина Вака Нарвај на Меѓународната изложба за увоз на Кина во ...

Светските цени на храната останаа главно стабилни во октомври, со зголемувањето на цените на житариците повеќе од компензирани со падот на другите основни производи, покажа новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Референтниот индекс на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените за пет прехранбени производи со кои се тргува на глобално ниво, во октомври изнесуваше во просек ...

Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто за 30-те најпродавани нови автомобили. Прво имаше недостиг на автомобили поради кризата со чиповите, а сега има се помалку купувачи, па производителите на автомобили ја стимулираат побарувачката со попусти, дури и оние кои одамна не нудат попусти. Сепак, ова се однесува на големиот и конкурентен германски пазар. ...

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации кои се однесуваат на енергетската состојба во земјата. Како што истакна, во рамки на заложбите на Владата за подигнување на јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија, институциите и компаниите се многу важни во овој процес и секој ...

Додека војната ја задушува Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум. Имено, според странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по конфликтот меѓу Русија и Украина и стравот од мобилизација. Како што голем дел од светот оди во рецесија, земјата со 3,7 милиони жители што се граничи со ...

„Твитер“ во саботата ја ажурираше својата апликација во „Еп-стор“ на „Епл“ за да почне да наплаќа 8 долари за синото лого што означува верификуван профил, потег што го најави новиот шеф на компанијата, Илон Маск. Апликацијата за iPhone на оваа социјална мрежа во саботата вечерта доби ажурирање, со кое, меѓу другото, се воведува наплатата на сината птица која досега служеше за означување на проверени профили на јавни личности. Ова ќе чини 7.99 ...

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места, е наведено во соопштението од ТИРЗ. „Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври ...

Иако златото на пазарот речиси отсекогаш било синоним за стабилност, последните седум месеци цената на златото доживеа пад, што ги загрижи аналитичарите. Според анализата на Дојче банк, падот на цената на златото е и најдолг од 1869 година. Само во октомври цената на златото падна за 1,6 отсто, додека од почетокот на годината цената на овој благороден метал е намалена за 11 отсто. – Цените на златото забележаа најдолг пад од 1869 година со ...

Цените на нафтата паднаа под 95 долари на меѓународните пазари, откако зголемувањето на каматната стапка во САД го поддржа доларот и повторно ги разгоре стравувањата од глобална рецесија и послаба побарувачка за гориво. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,39 долари отколку во моментот на вчерашното затворање и изнесуваше 94,77 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,76 долари, од ...

Имајќи ја предвид потребата од обезбедување детални и сеопфатни податоци за финансиските инструменти, Народната банка на Република Северна Македонија започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од ...

Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените. Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци. Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат ...

Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна ...

Според владината одлука, мерката за субвенционирање на сметките за парно греење во Скопје ќе важи се до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Владата на денешната седница, меѓу другото, одлучи да го продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење на домаќинствата на подрачјето на Град Скопје. Според одлуката, оваа мерка ќе важи сè до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа ...

НЛБ Банка воведува нов кредитен продукт „НЛБ кредит на лице место“, прв и единствен на пазарот по своите карактеристики на уникатно и целосно дигитално клиентско искуство, достапен веќе од овој викенд во експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол. Станува збор за ненаменски инстант кредит до 300.000 денари и рок на отплата до 60 месеци, а промотивно, сите оние кои до крајот на годината ќе ја посетат експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол, ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот ...

Студентите од Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ и Технолошко – металуршкиот факултет во изминатите четири дена изразија огромен интерес и во голем број го посетуваа штандот на македонската компанија БРАКО за време на Саемот за практикантство и вработување. Младите идни инженери од различни струки се интересираа за производствените процеси кои се одвиваат во БРАКО, особено за линијата за производство на возила за одржување на хигиена во урбани ...

За време на Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес во 2022 година, Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка (ЕИБ), ја потврди поддршката на банката на ЕУ за зелената транзиција и енергетската безбедност на регионот. Под својата нова посветена структура ЕИБ Глобално, банката ја зголемува финансиската и техничката поддршка за да му помогне на регионот да напредува со Зелената агенда, да изврши диверзификација ...

Расте интересот за високо квалитетно урбано живеење во мултифункционални комплекси во Скопје, кои нудат различни содржини. На самиот старт од изградбата на третата од вкупно четири кули од комплексот „Diamond of Skopje“ што го гради „Лимак Скопје“, купувачите покажуваат голем интерес за становите, кои се со различна површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратни метри. „Лимак Скопје“ нуди можност за плаќање на 24 рати без камата, а во ...

Претседателот на СКСМ Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Комората, Виктор Мизо, се во дводневна, интензивна бизнис-активност во Германија. Денеска (4.11.2022 г.), во седиштето на Асоцијацијата на германски стопански и индустриски комори (ДИХК), Азески и Мизо ќе имаат средба со раководството на ДИХК. Во текот на денот ќе се реализираат средби и со постојните германски ...

Меморандум за разбирање меѓу Министерството за финансии на РС Македонија и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО) воспоставуваат соработка во полето на макроекономското планирање и управување. Меморандумот за соработка за спроведување на Проектот за макроекономско планирање и управување во РС Македонија денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. На средбата ...

Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели во интервју за Банкарство.мк, вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска. ...

Американскиот милијардер Илон Маск (Илон Маск) денеска ќе започне со масовни отпуштања на Твитер, објави оваа компанија во е-пошта испратена до вработените. Ројтерс, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост имале пристап до мејлот што го добиле вработените во оваа социјална мрежа. – Во обид да поставиме здрав пат за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила – пишувало во мејлот што го добиле ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
996
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.23
98%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
73%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51