Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Партијата на пензионери повторно апелира и бара од Владата веднаш да го покачи утврдениот износ за бесплатно здравствено лекување во болница за пензионерите со мали примања. “Владата мора да покаже поголема грижа за пензионерите”, истакнаа од партијата. Тие додадоа дека постојниот лимит е недоволен и не ги покрива основните потреби на оваа категорија граѓани. “Бараме итно решение кое ќе им овозможи достоинствено лекување на нашите членови”, ...

„Изминативе дваесетина години се создаде почитувана, позната и експонирана заедница од над 300 успешни, реализирани личности, кои се издигнале над индивидуалните кариери и придонеле за општото добро“, оцени претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година. Според претседателката, оваа грчко-македонска образовна соработка е уште едно камче во мозаикот на искрена ...

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Отсега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да посакате, и целосно он-лајн преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Процесот на аплицирање е брз, интуитивен и безбеден. Во моментот кога вашето барање ќе биде одобрено, вашите нови средства се достапни веднаш и без ...

Со поддршка од Владата на Република Кореја, Министерството за здравство, преку доделен грант, обезбеди осум модерни електрични возила, заедно со поставување на станици за електрично надополнување. “Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум ...

Агенцијата за електронски комуникации започна Јавна дебата за Четвртата анализа на пазарот за влез и активирање на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи. Сите заинтересирани страни можат да ги достават нивните ставови и коментари за предлог-документот најдоцна до 12 декември оваа година. „Основната цел за спроведување на четвртата анализа на овој пазар е да се дефинира пазарот и услугите кои се обезбедуваат, да се определат ...

Денес, министерот за спорт, Борко Ристовски, реализираше официјална средба со вршителот на должноста амбасадор на државата Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин. Како што соопшти Министерството за спорт, на состанокот се дискутираше за подобрување на билатералната соработка во сферата на спортот, како и за шансите за унапредување на заеднички проекти меѓу двете држави. “Двајцата соговорници разменија искуства и добри практики од спортските ...

Еврокомесарот за буџет и јавна администрација, Пјотр Серафин, изготви план за фер претставување на државите членки меѓу вработените во институциите на ЕУ. Ова доаѓа откако Европската комисија се најде под зголемен притисок да регрутира кадар од сите држави во Унијата пропорционално на нивната големина. Достапните информации укажуваат на тоа дека постои дисбаланс меѓу националниот состав на персоналот во европските институции и бројноста на ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (Вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне вцо нашата Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо ...

Постојаното покачување на пензиите е на барање на пензионерите и е правично, истакна директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов. Мемов, гостувајќи во емисијата „Трилинг“, одговори на повеќе прашања поврзани со зголемувањето и исплатата на пензиите, буџетот за претстојната 2026 година, начините за подобрување на финансиската состојба на Фондот и актуелната политичка ситуација во државата. Мемов, како што е наведено во соопштението од ПИОМ, ...

Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, ја отвора една од најрелевантните теми за ...

Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија, раководена од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Сите наставници од овие училишта учествуваа во дефинирање и на Декларацијата за пристапување и заедничко дејствување, каде се обврзаа дека во училиштата ќе се негува принципот на ненасилна и отворена комуникација, без дискриминација по ниту една основа. Водени од вербата дека училиштето е клучно место за градење ...

Рано утринава, коалициските партнери во белгиската Федерална влада дојдоа до спогодба за Буџетот на Белгија за 2026 година, изјави денес на прес-конференција белгискиот премиер Барт де Вевер. “Ми олесна. Многу сум задоволен што мојот тим не избра одолговлекување на напорите за постигнување договор”, изјави Де Вевер. Белгискиот крал Филип на почетокот на месецот ѝ даде краен рок на Владата за постигнување договор за Буџетот до Божиќ на 25 ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги одложи за 96 дена временските рамки од тендерската документација за трет мрежен оператор во земјата, на барање на единствениот учесник на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“, во сопственост на унгарскиот „Фор-ај-џи“. Според тоа, во согласност со Одлуката на АЕК, последниот датум за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој ...

Русија и Кина се подготвуваат да иницираат повеќе од 80 заеднички инвестициски потфати во вредност од приближно 200 милијарди долари, според Борис Титов, посебен претставник на рускиот претседател за врски со интернационални организации за постигнување на Целите за одржлив развој и копретседател на Руско-кинескиот комитет за пријателство, спокој и развој. Титов нагласи дека руската влада имплементира фискални бенефиции за кинеските партнери ...

Главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ, на ниво на министри задолжени за економија, кој ќе се одржи во Брисел, ќе бидат комерцијалните врски на Европската Унија со САД и со Кина. Собирот ќе започне со дискусија за моменталната состојба и изгледите на економските односи меѓу ЕУ и САД, во контекст на билатералниот трговски договор од 21 август 2025 година и мерките преземени за негова примена. Понатаму, економската соработка ...

Работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и граѓанскиот сектор изработи нова Стратегија за образование која ќе се применува од 2026 до 2032 година. Пред да биде усвоена од Владата, ќе биде ставена на увид на ...

Албумот на групата FLO „Access All Areas” на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум. Албумот „Access All Areas” е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари ...

Во организација на трите најголеми синдикати во Белгија, денес започнува серија штрајкови, кои ќе кулминираат в среда со 24-часовен генерален штрајк. Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Генералната конфедерација на либералните синдикати на Белгија (ЦГСЛБ/АЦЛВБ) ги организираат штрајковите во знак на протест против социо-економските реформи на белгиската Федерална ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, рече дека Америка сè уште не ги согледала сите предности од имплементацијата на царините, додавајќи дека оние кои се противат на тарифите “им служат на непријателски странски интереси”. “Целосната корист од царините сè уште не е пресметана, со оглед на тоа што многу купувачи на стоки и производи, со цел да избегнат плаќање царини на краток рок, ‘трупаат залихи’ купувајќи далеку ...

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот. Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се ...

Собраниската комисија надлежна за финансирање и буџет денес треба да ја продолжи дискусијата по поднесените измени и дополнувања на Предлог-буџетот за 2026 година. Од вкупно доставените околу 200 амандмани, дел од нив се дискутирани на четирите седници што се одржаа по завршувањето на главната дебата. “Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана,” изјави министерката за финансии, Гордана ...

Оперскиот пејач Игор Дурловски, како одговор на последните случувања во Кавадарци, апелираше да се воспостават јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работењето и јавните појавувања на странските артисти, како и да се формира професионално и надлежно тело кое ќе го регулира овој сектор. “Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува на навивачки ...

Грчките земјоделци повторно излегуваат на протест, најавувајќи масовни блокади на патишта и гранични премини поради доцнење и делумна неисплата на земјоделските субвенции што им следуваат од државата. Според земјоделските здруженија, дел од средствата што требало да бидат исплатени во текот на есенскиот период сè уште не се префрлени, што предизвикало големи финансиски проблеми за производителите во период кога трошоците за гориво, ѓубрива и ...

Исплатата на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември, соопштија надлежните институции. Граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата треба да ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки во наредните денови. Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес ќе ги врачи стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20-те најистакнати студенти кои ќе го продолжат своето образование на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Овие стипендии се плод на здружената акција и кооперација помеѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити Колеџ, ...

Со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Судот цени дека не се загрозува уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Јавните обвинители земаат плата којашто одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите бидејќи тие влегуваат во ...

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. -Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
51%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
52%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
57%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.8
92%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
64%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
45%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Кобалт

66.14

Цинк

3.07

Платина

60154.05

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Бакар

10.68

Сребро

2840.84