Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Илон Маск е во мисија да го блокира предлог-законот за даноци на претседателот Доналд Трамп, откако се обиде — и не успеа — да ги убеди републиканските законодавци да ги задржат вредните даночни олеснувања за електрични возила, вели лице запознаено со ситуацијата. Извршниот директор на „Тесла“ лично му се обратил на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, за да го замоли да ги спаси даночните ослободувања, изјави лицето, барајќи ...
Милијардерот, директор на „Енвидија“, Марк Стивенс, продаде повеќе од еден милион акции на производителот на чипови оваа недела, додека акциите закрепнуваат од бавниот почеток на годината. Продажбата на акции на Стивенс беше поделена на две трансакции во понеделник и вторник, според поднесеното барање до Комисијата за хартии од вредност во средата. Со продажбата се собраа речиси 150 милиони долари. Овие трансакции се дел од предложената ...
Мисијата на претседателот Доналд Трамп да ја преструктурира светската економија на радикален начин е како магнет за оние што предвидуваат пропаст на доларот, но не буди многу сомнежи кај тврдокорните верници во приматот на американската валута во глобалните финансии. Сите разговори за заканите врз улогата на доларот како светска резервна валута обично се движат помеѓу сценарија на колапс на американската финансиска доминација и тврдоглави извици ...
Нафтата го задржа падот поради знаците дека Саудиска Арабија бара уште едно големо зголемување на производството на состанокот на ОПЕК+ следниот месец, во обид да освои пазарен удел што би можел да го влоши вишокот што се очекува подоцна оваа година. Брент нафтата се тргуваше под 65 долари за барел откако изгуби 1,2 отсто во претходната сесија, додека ВТИ беше под 63 долари. Кралството сака Организацијата на земјите извознички на нафта и ...
Во едно од неговите најнови писма до акционерите, милијардерот Ворен Бафет, кој може да ги почувствува добрите можности и импресионира со своите приходи низ целиот свет, откри дека „Беркшир Хатавеј“ ги зголемува своите инвестиции во Јапонија. Пророкот од Омаха, како што е исто така наречен, експлицитно ги истакна акциите на пет јапонски гиганти: „Иточу“, „Марубени“, „Мицубиши“, „Мицуи“ и „Сумитомо“ (глобални трговци кои се занимаваат со различни ...
Уште една успешна конференција е зад нас. Овој пат „Блумберг Адрија“ собра на сцената голем дел од успешните кои споделија искуство и планови на тема „Потрошувачки трендови“. Тие кои беа дел од настанот сведочеа на плодни дискусии, за останатите ги пренесуваме клучните поенти од конференцијата: -Државата, за жал, не го следи трендот на дигитализација што одамна го наметнува приватниот сектор, смета министерот за дигитална трансформација Стефан ...
За македонскиот банкарски сектор уште еднаш се покажа дека „топ не го бие“ и во кризни времиња, па и во 2024 година прокнижи рекордни добивки, вкупно речиси 283 милиони евра, што е за 22 отсто повеќе во однос на 2023 година. Само трите најголеми банки – „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и „НЛБ Банка“ имаа речиси 192 милиона евра чиста заработка. Проверивме во нивните годишни финансиски извештаи колку заработува топ менаџментот, но ...
Во три месеци од 2025 година долгот на општините, единките корисници во нив и општинските јавни претпријатија се зголемил за три милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии за првиот квартал од годинава, најголеми должници се општинските јавни претпријатија, кои на крајот на март имале достасани а неплатени побарувања во вредност од 11,4 милиони евра. Општините на крајот на декември должеле 60,8 милиони евра, заклучно со март ...
Европската Унија и САД се движат во „вистинска насока“ во трговските преговори, иако новите американски давачки за увоз на челик и алуминиум не се корисни ако двете страни сакаат да го одржат моментумот, изјави Марош Шефчовиќ по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир. „Нашата цел е да го одржиме моментумот“, изјави комесарот за трговија на ЕУ пред новинарите денеска во Париз, каде што присуствува на конференција во ...
Македонија полека, но сигурно се трансформира во дигитално општество, а предводници во овој процес се банките, осигурителните компании и Народната банка, која во улога на регулаторно тело поттикнува развој во ова поле. До каде сме на патот на дигитализацијата, што ќе значи таа за граѓаните, а што за компаниите и кои се очекувањата од овој процес во наредните пет години беа дел од прашањата за кои разговараа учесниците на панел дискусијата ...
Македонската малопродажба се соочува со голем број предизвици, кои доаѓаат од надворешните трговски политики, но и од домашните тензии, кои беа особено видливи во последниот период. Високите цени во малопродажбата придонесоа за незадоволство кај потрошувачите, дури и до бојкот на маркетите, што на крајот резултираше со вмешување на државата, која со сопствените мерки ги ограничи маржите на маркетите. „Се случи потрес на пазарот. Ограничувањето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти, исполнувајќи го ветувањето за преземање мерки за заштита на домашните производители. Новите царини стапија на сила во 00:01 часот по време во Вашингтон, а тој тврди дека се неопходни за заштита на националната безбедност. Во наредбата, која ја потпиша вчера, се наведува дека претходните царини „не им овозможија“ на домашните индустрии ...
Брзиот развој на податочните центри што се поврзани со најголемата американска електроенергетска мрежа предизвика пораст на трошоците од 9,4 милијарди долари – трошок којшто, почнувајќи од овој месец, ќе го почувствуваат потрошувачите од Илиноис до Вашингтон на своите сметки. Вкупните трошоци пораснаа за 180 отсто, при што зголемените енергетски потреби на податочните центри се главна причина за зголемениот јаз меѓу понудата и побарувачката и ...
Во текот на изминатите 10 години, македонскиот економски раст порасна во просек за 2,3 проценти. Да не беше пандемиската 2020 година, овој раст во просек би изнесувал малку над три проценти, што може да се смета за солидна стапка на раст за малата и отворена економија на Македонија, рече Михаел Блажековиќ, тим лидер на аналитика во „Блумберг Адрија“ во денешното обраќање на конференцијата „Потрошувачки трендови“ во рамки на кое презентираше ...
Државата, за жал, не го следи трендот на дигитализација што одамна го наметнува приватниот сектор, смета министерот за дигитална трансформација. Според него, фокусот мора да се стави на вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиното имплементирање како во фирмите, така и во државните институции. „Често критикуваме за тоа што го правеле владите и државната администрација во минатото во однос на приватниот сектор. Македонија долго има свесност за ...
Германскиот кабинет денеска треба да усвои пакет даночни олеснувања за компаниите во вредност од околу 46 милијарди евра, како дел од поширокиот напор за оживување на економијата за која се предвидува дека во 2025 година ќе стагнира трета година по ред. Владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц - која ја сочинуваат неговиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите - се согласи на отписи од дури 30 отсто за компаниите што ќе ...
Германскиот кабинет денеска треба да усвои пакет даночни олеснувања за компаниите во вредност од околу 46 милијарди евра, како дел од поширокиот напор за оживување на економијата за која се предвидува дека во 2025 ќе стагнира трета година по ред. Владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц - која ја сочинуваат неговиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите - се согласи на отписи од дури 30 отсто за компаниите што ќе купат ...
Денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата на „Блумберг Адрија“ „Потрошувачки трендови“. Овој настан ќе биде поттик за размена на искуства и визии. Во време на брзи промени ваквите платформи се клучни за разбирање на насоката во која се движи пазарот – и како компаниите можат да останат чекор пред него. Конференцијата ќе ги обедини водечките имиња од светот на малопродажбата, финансиите, телекомуникациите и дигиталната трансформација. На ...
Присилната наплата и блокирањето сметки како на физички така и на правни лица во земјава функционира повеќе од 15 години, а небулозите во врска со тоа никако да се расчистат. Многу нејаснотии, многу нелогичности, многу простор за слободно толкување на законот. Фокусот на овој текст го ставам на фирмите. Недостигот од прецизност и нецелосната процена на можните ситуации во пракса од една страна оставаат можност за манипулација на исплатата на ...
„Фолксваген“ соопшти дека околу 20.000 вработени доброволно ќе ја напуштат компанијата до крајот на деценијата бидејќи производителот на автомобили ги реструктурира своите германски операции за да се справи со нееднаквата побарувачка за своите возила. Резултатот покажува дека плановите за реструктуирање на компанијата се на добар пат, им рече Гунар Килијан, раководител на одделот за човечки односи и член на одборот на „Фолксваген“, на ...
Огњен Лазиќ ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје од 1 јуни годинава, заменувајќи го досегашниот директор Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата. Лазиќ доаѓа од компанијата „Бамби“ во Србија, каде што последно ја извршуваше функцијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност. Претходно, бил и директор за финансии на истата компанија, а има и искуство во индустријата за ...
„Фолксваген“ соопшти дека околу 20.000 вработени доброволно ќе ја напуштат компанијата до крајот на деценијата бидејќи производителот на автомобили ги реструктуира своите германски операции за да се справи со нееднаквата побарувачка за своите возила. Резултатот покажува дека плановите за реструктуирање на компанијата се на добар пат, им рече Гунар Килијан, раководител на одделот за човечки односи и член на одборот на „Фолксваген“, на ...
Сите инфраструктурни проекти со проценета вредност од над пет милиони евра ќе мора да бидат одобрени од Министерството за финансии. На оваа обврска ќе подлежат сите буџетски корисници и јавни субјекти, како јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, вклучително и општините. Тие ќе имаат обврска да ги доставуваат своите иницијативи за реализација на јавни инфраструктурни проекти со проценета вредност од 5 милиони евра ...
Стапката на раст на бруто-домашниот производ на Македонија во првото тримесечје од 2025 година е три проценти во однос на истото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: градежништво и дтручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности од 7,1 проценти и информации и комуникации од 4,8 проценти. „Финалната ...
Политиката на Доналд Трамп со која што предизвика трговска војна ја втурна светската економија во пад, а САД е меѓу најтешко погодените земји, соопшти ОЕЦД. Организацијата со седиште во Париз втор пат годинава ги намали своите глобални прогнози, наведувајќи го влијанието на царинските напади на американскиот претседател. Комбинацијата од трговски бариери и неизвесност влијае на довербата и ги ограничува инвестициите, се вели во соопштението, а ...
Фјучерсите на американските берзански индекси се повлекоа по растот на S&P 500 доцна во понеделникот, додека инвеститорите чекаа вести за можни трговски разговори меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг. И покрај високата нестабилност, пазарите се опоравија од априлските најниски нивоа, при што индексот на глобални акции се приближи до рекордно високо ниво. Инвеститорите внимателно го следат развојот на трговскиот ...
Цената на нафтата порасна втор ден по ред, откако ослабениот долар ја зголеми привлечноста на суровините што се пресметуваат во таа валута, а геополитичките тензии ги ограничија шансите за зголемување на понудата од Русија и Иран. Брент нафтата се тргуваше близу 65 долари за барел во понеделникот, додека ВТИ (West Texas Intermediate) беше околу 63 долари. Индексот на доларот заврши на најниско ниво од јули 2023 година пред малку да се ...
Европската Унија се подготвува за уште една рунда трговски разговори со САД и предупреди дека може да ги забрза одмаздничките мерки доколку претседателот Доналд Трамп ги спроведе своите закани за царини, од кои последната вклучува данок од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум. Европската комисија, која се занимава со трговските прашања на ЕУ, во понеделникот соопшти дека „силно“ жали за зголемувањето на царините - во споредба со првично ...
Малото дуќанче во маалото каде што живеам работи на истото место веќе петнаесетина години и фискална сметка дава доста редовно, за разлика од порано, кога фискалниот апарат му беше повеќе за украс, мора да признаам. Но картички не прифаќа, како и голем број други мали трговци во државава. И веќе стопати сум го прашал газдата: „Па добро, комшија, кога ќе почнеш да примаш картички, аман?“ А тој стопати ми одговорил исто: „Не ми се исплати, ...
„Блекрок“ (BlackRock Inc.) планира да купи околу 10 отсто од акциите понудени во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Сркл“ (Circle Internet Group Inc.), според лица запознаени со ситуацијата, додека световите на традиционалните финансии и криптовалутите продолжуваат да ги продлабочуваат своите врски. Издавачот на стабилни коини и некои од неговите акционери, вклучувајќи го и коосновачот и извршен директор Џереми Алајр, имаат цел да соберат до ...