Во 2024 година 27 проценти од населението на ЕУ на возраст од 16 години или повеќе не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од дома. Овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал (за 10,6 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2014 година. Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6 проценти), ...

Волстрит многу зависеше од тоа дали големите технолошки компании изминатава недела ќе ги исполнат сè повисоките очекувања за заработката. Генерално, компаниите ги исполнија очекувањата. Да, берзата ја заврши неделата со пад со распродажбата во петокот, која делумно беше предизвикана од мешаните резултати од „Амазон“ (Amazon.com Inc.) по затворањето на пазарот во четвртокот, како и слабиот извештај за работни места и стравувањата за ...

Со месеци, Волстрит ја игнорираше трговската војна на Доналд Трамп и ставот на Федералните резерви „повисоки за подолг период“ - уверени дека отпорната економија ќе продолжи да ги поддржува американските пазари. Оваа недела, таа доверба почна да се распаѓа. Слабиот раст на работните места и најновата навала на царини од страна на Трамп ги потресоа инвеститорите, интензивирајќи го притисокот врз претседателот на Федералните резерви, Џером ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД репозиционираат две нуклеарни подморници за да одговорат на она што тој го нарече „многу провокативни изјави“ од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. „Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај ако овие глупави и провокативни изјави се нешто повеќе од тоа“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи во петокот. „Зборовите се многу важни ...

Претседателот Доналд Трамп доби лоши економски вести во петокот и одговори со „пукање во гласникот“. Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за трудова статистика, неколку часа откако пазарите се потресоа од извештајот кој покажа драматично забавување на вработувањето во САД. Тоа е ескалација на неговата кампања против економските институции за кои долго време се сметаше дека се над партиската политика - политика која досега првенствено беше ...

Многу од домашните компании ги објавија полугодишните извештаи за финансиското работење, па резултатите покажуваат одличен перформанс на фармацевтските „Алкалоид“ и „Реплек“, банките се традиционално добри, а добро им оди и на најголемиот нафтен дистрибутер „Макпетрол“, на познатата компанија од Прилеп „Витаминка“, а и на „Макстил“. „Македонски телеком“ ги надмина регионалните конкуренти по дивидендниот принос и по растот на цената на ...

Како што најави, американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги објави новите царини. Земјава овој пат помина подобро во однос на април, a од регионот Србија и БиХ се најпогодени. Во последен момент Кина постигна договор со САД, но Индија не, па за неа ќе се применува стапка од 25 отсто. И Европската Унија постигна договор, но тој е причина Европејците да бидат бесни на претседателката на ЕК. Главната причина за бесот е што договорот што го ...

За половина година потрошени се две третини од планираниот дефицит за цела година. Фискалниот совет на Македонија предупредува дека државата мора да се држи до фискалните правила за да може да се реализира дефицитот како што е планиран со буџетот. „Буџетскиот дефицит достигна 25,7 милијарди денари (417,9 милиони евра), што во однос на буџетираниот дефицит претставува искористеност од 62 отсто, и истиот е повисок од остварениот буџетски ...

Четири месеци откако Доналд Трамп го шокираше светот и ги потресе пазарите со откривањето на табелата полна со царински стапки во Градината со рози во Белата куќа, неговите ревизии објавени во четвртокот предизвикаа повоздржан одговор кај инвеститорите. Но, со просек од 15 отсто, светот сепак се соочува со некои од најострите американски царини од 1930-тите, приближно шест пати повисоки отколку што беа пред една година. Најновиот налет на ...

Инфлацијата во еврозоната се задржа на целното ниво на Европската централна банка (ЕЦБ), што ги поддржува аргументите на официјалните лица кои велат дека нема брзање за натамошно намалување на каматните стапки. Потрошувачките цени се зголемија за два отсто на годишно ниво во јули, исто темпо како и во претходниот месец, соопшти денеска Евростат. Економистите анкетирани од „Блумберг“ очекуваа забавување на 1,9 проценти. Основната мерка, која ...

„Мајкрософт Корп.“ стана втората компанија во светот што достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари откако објави квартални заработки што ги надминаа очекувањата на Волстрит, што доведе до пораст на акциите во четвртокот. Акциите на технолошкиот гигант скокнаа за дури 8,2 отсто во раното тргување во Њујорк, зголемувајќи ја неговата пазарна вредност на 4,1 трилион долари. „Енвидија“ ( Nvidia Corp) стана првата компанија што ја ...

Во првата половина од годината „Витаминка“ ги зголеми вкупните приходи за 12 отсто, покажуваа финансискиот извештај. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2024 година се повисоки за 12 отсто. Растот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи. Остварените единечни вкупни ...

Растот на акциите нагло опадна во пресрет на воведувањето царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, а Белата куќа побара од производителите на лекови да ги намалат цените во САД. Обврзниците беа нестабилни, но со благи подеми и падови во пресрет на податоците за работните места. Доларот го забележа својот најдобар месец во 2025 година. Индексот S&P 500 за првпат од април изгуби еден отсто добивка. Трамп испрати писма ...

„Макстил“ во првата половина од годината оствари позитивни финансиски резултати благодарение на производството кое ги надмина плановите на компанијата. Производството на дебели лимови бележи раст од 5 отсто во однос на истиот период лани, а производството на челичанските слабови во извештајниот период е намалено за 10 отсто, но бележи раст во однос на плановите на компанијата за 7 отсто. Во овој период се остварени приходи од работење во ...

Акциите на Редит (Reddit Inc.) скокнаа откако компанијата објави најпрофитабилен квартал досега и проектираше приходи за третиот квартал кои далеку ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, што укажува на зајакнување на нејзиниот бизнис со дигитално рекламирање. Компанијата во четвртокот соопшти дека очекува приходите за тековниот квартал да бидат меѓу 535 и 545 милиони долари, при што средината на тој опсег е значително над просечната ...

„Епл“ (Apple Inc.) пријави најголем квартален раст на приходи во последните три години, надминувајќи ги очекувањата на Волстрит, благодарение на зголемената побарувачка за ајфони, стабилизацијата на пазарот во Кина и значајниот пораст на приходите од услуги. Во третиот фискален квартал, кој заврши на 28 јуни, приходите на „Епл“ пораснале за 9,6 отсто и достигнале 94 милијарди долари. Тоа е далеку над проценетите 89,3 милијарди долари, ...

Канада најави дека во септември ќе ја признае палестинската држава, што палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече „историска одлука“, а американскиот претседател Доналд Трамп го дочека тоа „на нож“. Палестинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката „храбра и принципиелна“, нагласувајќи ја нејзината важност за правдата и правото на Палестинците на самоопределување, додека Трамп на својот профил на социјалните мрежи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор, пред да истече последното одложување на претходно објавените царински стапки, на први август. Македонија официјално има стапка од 15 отсто, исто како за Европската унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули. Првично објавената царинска ...

Канада најави дека во септември ќе ја признае палестинската држава, што палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече „историска одлука“, а американскиот претседател Доналд Трамп ја дочека „на нож“. Палестинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката „храбра и принципиелна“, нагласувајќи ја нејзината важност за правдата и правото на Палестинците на самоопределување, додека Трамп на својот профил на социјалните мрежи рече ...

Прекинот на работата на контролата на воздушниот сообраќај во Велика Британија што се случи вчера попладне го наруши распоредот на летање и пренасочи и откажа повеќе од 150 лета. Ова се случи во еден од најпрометните периоди од годината за патување, а конкретниот проблем со радарот сѐ уште не е познат. Прекинот на услугата резултира со откажување на 84 поаѓања и 71 пристигнување низ Велика Британија, според податоците од „Сириум“ (Cirium). ...

Прекинот на работата на контролата на воздушниот сообраќај во Велика Британија што се случи вчера попладне го наруши распоредот на летање, пренасочи и откажа повеќе од 150 летови. Ова се случи во еден од најпрометните периоди од годината за патување, а уште е непознат конкретниот проблем со радарот. Прекинот на услугата резултираше со откажување на 84 поаѓања и 71 пристигнувања низ Велика Британија, според податоците од „Сириум“ (Cirium). ...

Распоредот на летови од скопскиот аеродром се зголемува за уште пет нови дестинации. Имено, министерот за транспорт Александар Николоски денеска објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. „Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе ...

„Опен еј-ај“ се согласи да биде главен клиент за нов центар за податоци во Норвешка, првата европска локација за инфраструктурниот потфат „Старгејт“ (Stargate) на компанијата за вештачка интелигенција (ВИ). Компанијата за центри за податоци „Енскејл глобал холдингс“ (Nscale Global Holdings Ltd.) ќе го изгради објектот со финансирање од норвешкиот инвеститор „Акер“ (Aker ASA), соопштија денеска компаниите. Локацијата, која ќе биде во заедничка ...

Првото полугодие од 2025 година „Реплек“ го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22 отсто, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90 отсто во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата. Нето-приходите од продажба во сегментот фармација во периодот од јануари до јуни ...

Американскиот инвестициски гигант „Блекрок“ (BlackRock Inc.) ги извести регулаторните тела за промена на својот сопственички удел во „Баваг“ (Bawag Group AG), една од најголемите австриски банки. „Блекрок“ (BlackRock) го помина законски дефинираниот праг на сопственост во понеделник, 28 јули. Од берзанското соопштение не е јасно дали „Блекрок“ го зголемил или го намалил својот удел. Сигнал до пазарот Известувањето за значајни удели е ...

Глобалниот пазар на бакар закрепнува од најголемиот шок досега во годината на политички изненадувања, насилни ценовни флуктуации и невидена дислокација на трговијата. Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со 50 проценти царини за увоз на бакар, но ги исклучи клучните производи, вклучувајќи го и рафинираниот метал, кои се главен столб на меѓународниот синџир на снабдување. Овој потег предизвика рекорден пад на цените во САД, по ...

Во првата половина од година „Макпетрол“ оствари вкупен приход 14,48 милијарди денари што е за 0,69 отсто повеќе во однос на лани. Најголемиот трговец со нафтени деривати во земјава ја зголеми добивката пред оданочување за 4,96 отсто споредено со минатата година. Во првите шест месеци од 2025 година количествениот промет бележи раст од 3,59 отсто, стои во финансискиот извештај за периодот јануари - јуни годинава. „Друштвото го прошири ...

„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) е на пат да стане втората компанија во светот која достигнала пазарна капитализација од четири трилиони долари, откако ги објави кварталните приходи што ги надминаа очекувањата на Волстрит, што доведе до голем раст на акциите во продолженото тргување во средата. Акциите на технолошкиот гигант скокнаа и до девет проценти, над 560 долари, во доцното тргување во Њујорк, и доколку барем дел од овој раст се задржи ...

Народната банка (НБРМ) и овој пат ги задржа непроменети каматните стапки, а главната причина зошто од почетокот на годината нема намалување на трошоците за задолжување е забрзувањето на инфлацијата. Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот. Што остана по Европскиот младински олимписки фестивал? Пет дена по официјалното затварање на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој годинава се одржа во ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царина од 25 отсто за Индија почнувајќи од 1 август и сугерираше дека ќе додаде дополнителна казна поради енергетските набавки на земјата од Русија. Трамп во објава на Трут сошл во средата рече дека Индија има царини што се „меѓу највисоките во светот, и ги има најстрогите и најодвратни нетарифни трговски бариери од сите земји.“ „Исто така, тие отсекогаш купувале најголем дел од својата воена ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
2.06
79%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.6
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Родиум

336779.07