Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Неапол и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер. Николоски соопшти дека „Виз Ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана ...

Портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска на прес конференција побара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски. Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“. Кој овде лаже?, ...

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно го повика претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи од Европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. -Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување ...

Претходно исчезнатата минута од снимката на надзорните камери пред ќелијата на Џефри Епстајн — за која главната обвинителка Пем Бонди тврдеше дека не постои — сега е објавена, фрлајќи нова светлина врз настаните поврзани со неговата смрт. Џефри Епстајн беше американски финансер и осуден сексуален престапник, познат по злосторства поврзани со малолетни девојчиња, кој на 10 август 2019 година беше пронајден мртов во затворската ќелија, а неговата ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата. – По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е ...

Португалија одбележува национален ден на жалост откако најмалку 15 лица загинаа кога жичницата излета од шините и удри во зграда во Лисабон. Како што пренесува Би-би-си, осумнаесет други се повредени, а петмина се во сериозна состојба – властите соопштија синоќа дека едно дете има „полесни рани“ Извештаите на локалните медиуми сугерираат дека кабел се олабавил по трасата на железницата, предизвикувајќи таа да ја изгуби контролата – во тек е ...

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Русија ја продолжува својата војна против Украина со поддршка од Иран, Северна Кореја и Кина. „Подготвени сме да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Ова значи повеќе оружје, повеќе муниција и повеќе санкции“, изјави таа на прес-конференција. Вие ја покажавте вашата подготвеност да преговарате со Русија. Путин, пак, не покажа таква намера. Тој прави сè за да покаже дека наводно сака преговори, но ...

Денеска блесна огромниот паркинг во реонски центар Аеродром од ПСС до „Жито маркетот“. Немаше ѓубре, отстранети беа сите хаварисани возила кои со години се „печеа“ на сонцето. Паркингот свежо измиен за да ги дочека високите гости кои присуствуваа на поставувањето камен-темелник на маркетот „Лидл“, пишува Независен. Ништо немаше да биде чудно, ниту ќе пишувавме за паркингов, покрај толку значајна вест – никнување на уште еден маркет, ако сето ова ...

Беспилотни летала погодиле железничка инфраструктура во руската Ростовска област во текот на ноќта на 3 септември, предизвикувајќи доцнење на патничките услуги, тврди регионалниот гувернер Јуриј Сљусар, пренесува Кијив Индипендент. Ростовската област, која се граничи со Украина, служи како клучен логистички центар за руски воени резерви. Кијив постојано ја таргетира транспортната инфраструктура на регионот за да ги наруши синџирите на снабдување ...

За бугаескиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, непотребна провокација и правно апсурдна постапка е иницијативата за оцена на уставноста на протоколот од договорот за добрососедство со Бугарија, поднесена до уставниот суд од поранешната пратеничка, Лилјана Поповска. Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува Република Северна Македонија (РСМ) да ги исполни своите ...

Државната изборна комисија го започна јавниот увид во Избирачкиот список на 23 август, клучен процес кој гарантира дека секој граѓанин ќе може да го оствари своето право на глас. По распишувањето на изборите, Министерството за внатрешни работи ги достави податоците за граѓаните до ДИК, вклучувајќи единствен матичен број (ЕМБГ), за да се обезбеди точноста на Избирачкиот список. Јавниот увид започнува ќе трае до 11 септември, на полноќ. МВР на 12 ...

Гласачко ливче е официјален документ кој се користи за изразување на волјата на граѓаните при избор, во пресрет на локалните избори, на градоначалници и членови на општински совети. Го издава Државната изборна комисија (ДИК) и се доставува на секој гласач впишан во Избирачкиот список. Клучни карактеристики: Идентификација на изборниот субјект: Ливчето ги содржи имињата на кандидатите за градоначалник и листите на кандидати за општински совет, со ...

Инфлацијата е заедничка мака и во Северна Македонија и во Србија. Секојдневието на граѓаните се сведува на пресметување дали ќе има за храна, сметки или кирија. Но, како што пишува Авторот Љубомир Костовски во анализата специјално за ЦИВИЛ – „Инфлација за сите – профит за малкумина“, токму кризата станува можност за богатење на мал број бизнисмени блиски до власта. Владата на Христијан Мицкоски ја презема српската формула на Александар Вучиќ: ...

Разрешени три заменици министри во кабинетот на Еди Рама, а за оваа одлука се уште нема детални информации од албанската влада, пишуваат албанските медиуми. Според правниците, целосното конституирање на косовското собрание нема да се реши без политички договор, јавуваат косовските медиуми. Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Албеу: Неочекувани потези во ...

Откако пред два дена кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, одби јасно да ја демантира шпекулацијата за средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, денеска тој преку соопштение од неговата партија ги отфрли наводите на владејачката ВЛЕН. Според ВЛЕН, Османи наводно се сретнал со Груевски во Будимпешта со цел да се обезбеди поддршка за уставните измени. „Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, ...

САД спроведоа смртоносен воен напад врз наводен брод за дрога поврзан со картелот Трен де Арагва, изјави во вторникот претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен. Претседателот Доналд Трамп вели дека САД извршиле напад во „меѓународни води“ врз брод што носел дрога во јужниот дел на Карибите, при што загинале 11 „наркотерористи“. Државниот секретар Марко Рубио го опиша „смртоносниот напад“ како напад што се случил во „јужниот Кариби“ врз ...

По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници ...

Во разговор со нејзиниот колега од Њујорк Тајмс, Кетрин Бенхолд, новинарка во меѓународната редакција, таа ја објаснува пораката што Москва сака да ја пренесе во јавноста на своите граѓани првествено, а со тоа и на Западот. Истовремено не прекинувајќи со агресивната војна во Украина, „Иван напиша одлична приказна за тоа како руските власти ги преплавуваат московјаните со забава за да ги одвлечат од војната во Украина. Но, сакам да се фокусирам ...

И покрај западните санкции и политичката изолација, лидерите на БиХ, на ентитетот Република Српска и Србија, Милорад Додик и Александар Вучиќ, продолжуваат да одржуваат блиски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, пишува РСЕ на српски јазик. Иако овие средби се чести, аналитичарите веруваат дека тие служат повеќе како порака до Западот отколку што навистина носат конкретна поддршка од Москва. „Мислам дека она што го бараат е симболична ...

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките ...

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му се придружија на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг на 3 септември на голема воена парада по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна, пренесува Кијив Индипендент. Иако не присуствуваа американски официјални лица, американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на Truth Social, пишувајќи му на Си: „Големото прашање на ...

Во текот на вчерашниот ден од страна на премиерот и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено ...

Илјадници резервисти почнаа да се пријавуваат на должност додека израелската војска продолжува со својата офанзива за освојување на Газа, објави Би-би-си. Копнените сили веќе се пробиваат во периферијата на најголемата урбана област во Газа, за која војската вели дека е упориште на Хамас. Градот е исто така подложен на силно израелско воздушно и артилериско бомбардирање, а локалните болници велат дека повеќе од 50 Палестинци се убиени таму од ...

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо во Пекинг на 2 септември, каде што двајцата разговараа за војната на Русија против Украина, односите со западните земји и економските врски, објави рускиот државен медиум РИА Новости, пренесува Кијив Индипендент. Фицо отпатува во Кина за да присуствува на настаните по повод годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, со што Словачка стана ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска побара од обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и на премиерот Христијан Мицкоски за прислушување додека тој бил лидер на опозицијата, како и на новинари и на бизнисмени и други. Очекувањата на Филипче се дека треба да има објективно прикажување на фактите, како и дека документите треба да се декласифицираат па да види дали било така. – Обвинителството треба што поскоро да ...

Осомничениот уапсен за убиството на поранешниот претседател на парламентот Андриј Парубиј го призна злосторството во коментари за медиумите на 2 септември, нарекувајќи го злосторството „одмазда против украинските власти“, пренесува Кијив Индипендент. Тој истакна дека сака да биде разменет за украински воени заробеници кои се наоѓаат во Русија за да го бараат телото на неговиот син. Парубиј, 54-годишен долгогодишен политичар и истакната личност ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него и со тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и со новинари и со бизнисмени. Мицкоски во изјавата за медиумите не сакаше да зборува за детали бидејќи, како што рече, станува збор за класифицирани документи и оти очекува луѓето кои го прислушувале да се најдат зад решетки. -Не би можел да зборувам за деталите ...

Повеќе медиуми (на албански и македонски јазик) блиски до власта објавија дека наводно избила масовна тепачка во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што присутни биле и партискиот лидер Али Ахмети, како и кандидатот за општина Чаир, Бујар Османи и кандидатот за Град Скопје, Скендер Реџепи. Од МВР демантираат дека имало тепачка на состанокот на ДУИ. Во СВР Скопје ...

Новосадската полиција тврди дека во доцните вечерни часови во понеделник навечер „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование (ФСФ) со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“, пишува Н1. „Дел од толпата беа маскирани, а за време на настанот беа упатени груби навреди и пцовки ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1028
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
72%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.65
91%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
85%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
91%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
96%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1023
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Иридиум

145787.60

Платина

57093.34

Цинк

3.32

Сребро

2065.03

Никел

464385.38

Рутениум

29192.88

Паладиум

48644.08

Бакар

10.99

Алуминиум

2.89

Калај

40.69

Злато

139455.71

Кобалт

58.42