Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Европска комисија ќе предложи царини за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил. И претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта. Не станува збор за санкции, за кои е потребна едногласност, туку за трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано ...
Случајот со студентот Богдан Јовичиќ доби меѓународна димензија – Европскиот суд за човекови права во Стразбур прифати да ја разгледа петицијата поднесена од неговиот адвокат, објави белградски „Данас“. Тој весник на својата веб-страница објави дека се очекува судот многу брзо да одлучи за привремената мерка. Весникот објави дека судијата во случајот „Јовичиќ против Србија“ денеска му испратил писмо на Јовичиќ, во кое го повикува да го ...
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (АВМУ) денеска на седница усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025, за кое е отворена јавна консултација. Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk, најдоцна до утре (25 септември 2025 година, ...
Политичката ситуација во земјава, застојот во евроинтегративниот процес, падот на животниот стандард и институционалната криза што се поврзува со нефункционирањето на Бадинтеровиот механизам во Собранието, создадоа услови за појава на нови иницијативи, мали партии и независни кандидати кои сакаат да претставуваат одредени групи интереси. Поранешниот пратеник и политички аналитичар Зуди Џелили во изјава за „Фронтлајн“ смета дека ова е одраз на ...
Џими Кимел се врати во етерот и зборуваше за луѓето што го контактирале во последните шест дена, вклучувајќи ги колегите водители на доцноноќни ток-шоуа, обожавателите на емисијата и оние кои не го поддржуваат она во што тој верува, но сепак го поддржуваат неговото право да ги споделува тие верувања. Во првата емисија по враќањето, Кимел ја бранеше слободата на говорот и се осврна на своите коментари за убиството на Чарли Кирк во емотивно ...
Рајан Рут е прогласен за виновен за обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп на голф терен во Флорида во септември минатата година, пренесува Би-би-си. Поротата го прогласи 59-годишниот Рут за виновен по сите обвиненија, вклучувајќи го и обидот за атентат врз еден од главните претседателски кандидати и низа прекршоци поврзани со огнено оружје. Инцидентот се случил на 15 септември 2024 година, додека Трамп, тогашен претседателски ...
Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска објавија дека ќе поднесат иницијатива до Министерството за правда за ревидирање и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. Како што е наведено во изјавата на семејствата на убиените на 3 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на неговата платформа Truth Social изјави дека Кијив може да „ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма“, што претставува голема промена во неговиот став за руската војна во Украина. Во голем пресврт во однос на неговите претходни изјави, американскиот претседател вели дека Украина би можела да ги врати „оригиналните граници од каде што започна оваа војна“ со поддршка на Европа и ...
Кина евакуираше речиси два милиона луѓе од јужната покраина Гуангдонг, бидејќи супертајфунот Рагаса се приближува, пренесува Би-би-си. Денес се очекуваат дождови колку еден месец во градот Жухаи, додека се приближува кон „Кралот на бурите“, известува дописничка Лаура Бикер. Супертајфунот Рагаса уби најмалку 14 лица во Тајван откако се излеа езеро, предизвикувајќи силни поплави на исток – геолозите го опишуваат како „цунами од планините“ ...
На Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во текот на денот, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа говор кој предизвика тивки реакции и поделени впечатоци меѓу делегатите. Настапот беше обележан со технички проблем и отстапување од претходно подготвениот текст, што резултираше со серија критики – упатени кон миграционите политики, климатските иницијативи, европските сојузници, како и самата институција на ОН. ...
Австралискиот премиер изјави на голема конференција во САД дека траекторијата на конфликтот во Газа е длабоко загрижувачка за меѓународната заедница, објави Гардијан. Австралискиот премиер на голема конференција во САД изјави дека траекторијата на конфликтот во Газа е длабоко загрижувачка за меѓународната заедница Ентони Албанезе го предупредува Бенјамин Нетанјаху дека секој потег за проширување на израелските населби на Западниот Брег или ...
Новиот тендер кој го објави вчера Министерствотото за внатрешни работи (МВР), за како што велат, нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции, предизвика реакции кај дел од медиумите на албански јазик и кај опозициската ДУИ. – Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 ...
Времето покажа дека нема значително зголемување на бројот на пријавени кандидатури од независни листи, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ. Кондарко посочи дека споредено со минатите локални избори што се одржаа во 2021 година, разликата во бројот на поднесени листи е минимална. Во 2021 година имало 27 политички партии, 7 коалиции и 91 независна листа од група ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) Фејсбук објава на социјалните мрежи во Северна Македонија тврди дека заокружениот човек на двете фотографии е истото лице, Адолф Хојзингер – „шефот на Генералштабот на Хитлер,“ кој подоцна станал „претседател/командант на НАТО,“ и со тоа се инсинуира дека денешните НАТО/ЕУ се обележани со нацизам. Дополнително, објавата го поврзува овој наратив со Украина и ...
Францускиот лидер Емануел Макрон доживеа автентично искуство во Њујорк кога неговиот автомобил беше блокиран од сообраќајот на ОН – при што шефот на државата беше снимен како излегува да пешачи, па дури и го повикува претседателот Трамп на помош, пренесува Њујорк Пост. Бизарното видео го прикажува европскиот лидер како го моли полицаецот на њујоршката полиција да му помогне да помине во понеделникот, кратко откако заврши со контроверзниот ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна дека по цел месец од почетокот на учебната година, учениците и понатаму немаат учебници. „Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и родителите. Илјадници ученици се приморани да учат без учебници, а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени. Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат. Наместо ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ „Онкологија“: Смрт за пациентите, условна слобода за виновниците – лицето на македонското судство Две години условна казна за онкологот Мери Пешевска – ова е епилогот на скандалот „Онкологија“. Животи скратени, пациенти лекувани со физиолошки раствор наместо терапија, буџет оштетен за над 2,2 милијарди денари – а судството реши: виновните ќе останат слободни, се додека во следните пет години не направат ново дело. Дали со оваа ...
Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите и обвинителите е како да се зголеми нивниот буџет. Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се ...
Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, сѐ со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен, стои во соопштението на Здружението на судии на Република Северна Македонија. „Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз ...
Знаеме дека не ви е гајле за меѓународното право и дека сте неспособни да живеете во мир со вашите соседи. Вашиот луд национализам е желба за доминација што нема да стивне сè додека не сфатите дека ерата на империите е завршена и вашата не може да се обнови“, му рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на рускиот претставник на состанокот на Советот за безбедност на ОН. „И секој напад со беспилотни летала од страна на ...
Како да се реагира на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор над територијата на НАТО? Oдбранбената алијанса, како и Советот за безбедност на Обединетите Нации, свикаа посебни седници за ова прашање, пренесува ДВ. Во своето инаугуративно обраќање пред Советот за безбедност во Њујорк, новиот амбасадор на САД во ОН, Мајкл Валц, ја нагласи обврската за пружање помош во НАТО – вклучително и на САД: „Сакам да ја искористам оваа прва ...
Бурни, гневни и со јасна порака реакции на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој и како може да ја департизира администрацијата? : партиите кои ја партизираа администрацијата не можат да ја департизираат. Граѓаните бараат вистинска промена, револуционерна власт, но и систем што нема да ја одржува клиентелистичката пракса стара повеќе од три децении. „Народот треба да си ја земе власта“ Голем дел од коментарите ја нагласуваат недовербата во политичките ...
Околу 10 лица беа уапсени околу 9 часот наутро на аголот од Источната 46-та улица и Третата авенија во Њујорк, само два блока од седиштето на ОН во моќен чин на ненасилна граѓанска непослушност за да се прекине говорот на Трамп на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Како што пренесува Њујорк Пост, тие го блокирале сообраќајот скандирајќи „Не Трамп! Не фашистичка САД!“ И тие сè уште скандираа додека беа во лисици, покажувајќи му на светот ...
Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година, пренесоа албанските медиуми. Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, по претходниот сведок Џејмс Рубин, повтори дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор, пишуваат косовските медиуми. Во продолжение се ...
На 8 септември 1991 година нашите граѓани на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот што синоќа се одржа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот на македонската независност – 8 Септември. – Ова беше кулминација на вековниот ...
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден. Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје, Александар Трајановски, за МИА потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот ...
Вчерашните судири на Централната станица во Милано меѓу пропалестинските демонстранти и полицијата резултираа со петмина уапсени, од кои две се малолетници. Обвиненијата вклучуваат отпор кон апсење, напад врз полицаец и кривично дело штета. Како штоп пренесува Кориере де ла сера, по урбаната војна што ја опустоши Централната станица во Милано, осум демонстранти беа однесени во полициската станица во попладневните часови во понеделник, 22 ...
Властите во Молдавија приведоа 74 лица обвинети за заговор за поттикнување немири за време на парламентарните избори во земјата на 28 септември, објави локалниот медиум NewsMaker на 22 септември, пренесува Кијив Индипендент. Осомничените се обвинети за соработка со руските разузнавачки служби за организирање масовни немири за време на изборниот период. Според полициското соопштение, групата се обидела „да создаде хаос и да ја поткопа ...
Лекарите во САД наскоро ќе бидат советувани да не им го препишуваат лекот против болки Тиленол на бремени жени, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи ја спорната врска помеѓу лекот и аутизмот, пренесува Би-би-си. Трамп го објави ова во понеделник во Овалната соба заедно со министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Американскиот претседател тврдеше дека земањето парацетамол, главната состојка во Тиленол, познат во ...
Две години условна казна за онкологот Мери Пешевска – ова е епилогот на скандалот „Онкологија“. Животи скратени, пациенти лекувани со физиолошки раствор наместо терапија, буџет оштетен за над 2,2 милијарди денари – а судството реши: виновните ќе останат слободни, се додека во следните пет години не направат ново дело. Дали со оваа пресуда судството им порача на граѓаните дека смртта на десетици пациенти е без тежина, а милијардите можат да се ...