Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
ВЕСТ НА ДЕНОТ Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025 Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих ...
ЦИВИЛ го постави своето редовно ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ околу пладне денеска. Прашањето гласи: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано? За неполни два часа, прашањето предизвика големо внимание со повеќе од 110 коментари и над 120 реакции. Сумирани, најдобрите одговори ќе бидат објавени утре во рубриката ФОРУМ, каде што граѓанките и граѓаните можат да ги најдат сите прашања на денот, Граѓанскиот форум и реакциите на ...
Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на неодамнешните напади на Кремљ врз легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски како лидер, отфрлајќи ги нивните приговори како „позирање“ во коментарите за новинарите на 26 август, пренесува Кијив Индипендент. „Не е важно што велат. Сите позираат. Сé е ср*ње, во ред. Сите позираат“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа. Коментарот на Трамп дојде како одговор на рускиот министер ...
Изборниот молк е период пред денот на гласање кога на политичките партии, кандидатите, медиумите и сите други актери им е забрането да водат кампања или да објавуваат изборни пораки. Целта е гласачите да имаат време за мирно размислување и носење одлука, без притисоци и манипулации во последен момент. Во пракса тоа значи: Единствено е дозволено неутрално информирање – како тек на изборниот процес, кога гласаат лидерите и слично, без политички ...
ЦИВИЛ разобличи лажна фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали, наводно прикажувајќи млади во Запорижја со нацистичко знаме на Денот на независноста на Украина (24 август). Тврдењето е ЛАЖНО. Форензички индиции упатуваат на дигитална манипулација или постановка, а нема независни извештаи, очевидци или службени потврди. (ЛИНК до целиот извештај). Фотографијата првично беше објавена на Телеграм-каналот на RT и потоа засилена преку ...
Европската зелена партија денеска ги повика Европската Унија и Европската народна партија (ЕПП) итно да извршат притисок врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ за запирање на полициското насилство над мирните демонстранти, опозицијата и медиумите и итно да овозможи слободни и фер избори. – Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел: брутално полициско насилство, стотици апсења на мирни демонстранти и членови на опозицијата и ...
Руските сили не успеаја да ги освојат селата Запорожке и Новохеорхиевка во областа Днипропетровска, но активните борби се во тек во регионот, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на 26 август, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата доаѓа откако групата за мониторинг DeepState соопшти дека двете мали населби што се наоѓаат во близина на административните граници меѓу областите Днипропетровска, Донецка и Запорожска се окупирани од ...
ОН изјавија дека „треба да има правда“ по двојниот напад на Израел врз болница во Газа во кој загинаа најмалку 20 лица, бидејќи првичната израелска воена истрага соопшти дека нападот имал за цел „камера поставена од Хамас“. Како што пренесува Би-би-си, осудата на нападот, чии жртви беа пет новинари и четири здравствени работници, се зголемува, а британскиот премиер Кир Стармер го опиша како „целосно неоправдлив“. Подоцна во вторник, Израелските ...
Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се и односите со односите со Албанија и Косово и перцепциите за нивното влијание кои остануваат чувствителни. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, во 2024/25, јавните пораки од Тирана и Приштина често беа читани низ внатрешната конкуренција меѓу ДУИ ...
Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово. Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер. На почетокот на седницата, претседавачот констатираше присуство на 115 пратеници, што обезбеди кворум за работа. ...
Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта и извозната инфраструктура ги нарушија рафинериските и извозните операции на Русија, предизвикаа недостиг на бензин во некои региони и послужија како одговор на нападите на Москва врз гасните и енергетските капацитети на Украина, објави Ројтерс, пренесува Укринформ. Според пресметките на Ројтерс, украинските напади врз 10 постројки нарушиле најмалку 17% од капацитетот на ...
Министерството за надворешни работи на Украина остро го осуди и прогласи за ништовен актот на Владата на Руската Федерација од 22 август 2025 година, со кој окупираните пристаништа Бердјанск и Мариупол се вклучени во официјалниот список на руски пристаништа отворени за странски бродови. Кијив нагласи дека овој потег претставува уште еден обид на Москва да ја легитимира својата окупација и да воспостави незаконска контрола врз украинските ...
Милијардерот Илон Маск тивко ги стопира плановите за основање на својата нова политичка партија, велејќи им на сојузниците дека сака да се фокусира на своите компании, објави „Волстрит џурнал“ минатиот вторник, повикувајќи се на луѓе запознаени со плановите. „Ништо што го кажува @WSJ не треба да се смета за вистина“, објави Маск на Х без дополнително да коментира за извештајот Маск, најбогатиот човек во светот, ја претстави „Американската ...
Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се ...
Членката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху за МИА потврди дека денеска поднела тужба до Управниот суд во врска со упатството што го изгласа ДИК за бројот на општински советници. Оваа тужба доаѓа откако Владата ја испрати одлуката за бројот на советници до ДИК иако ова прашање е регулирано со Законот за локална самоуправа. Како резултат на тоа, во 14 општини ќе биде намален бројот на советници. Шеху првично на седница побара ...
Коалицијата ВЛЕН денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Темата која е застапена во медиумите во регионов веќе цело лето е високите цени на храната и ударот врз семејниот буџет со почетокот на новата учебна година. Тоа е и логично поради сличноста на навиките и културолошките одлики на народите кои живеат во регионот. Но, предложените владини мерки за надминување на проблемот се толку слични што ми изгледа како да се координираат министрите или барем разменуваат мислења околу нив. Закон ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија предлогот ...
Светските лидери и новинарските групи реагираа на израелскиот напад во понеделникот врз болницата Насер во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други. „Комитетот за заштита на новинарите ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари во болницата Насер во јужна Газа и ја повикува меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен за неговите ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Фудбалски младински натпревар заврши со физичка пресметка Осум дена притвор во кумановскиот затвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Оваа пресуда доаѓа по вчерашниот тежок инцидент во Штип на натпреварот на младинските екипи (генерација ...
Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих Мерц денеска по средбата со канадскиот премиер Марк Карни, јави ДПА. -Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската ...
Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина. Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик. Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ на 6 август утврди престанок на мандатот на претседателот на РС, ...
Пропагандата е форма на комуникација што користи вистинити или лажни информации за да влијае и да манипулира со мислењето, емоциите и однесувањето на луѓето. Во изборен контекст, терминот пропаганда има специфично значење и се разликува од обичното политичко рекламирање или информирање. Што е пропаганда за време на избори? Пропагандата во изборен контекст е систематско ширење на пораки со цел да се убеди или придобие јавноста за одредена ...
Академскиот пленум на Србија предупреди дека директорите на основните и средните училишта во Србија можат да сносат правна одговорност доколку се докаже дека на наставници не им се продолжуваат договорите за работа поради учество во граѓански и студентски протести. „Доколку договорот е продолжен на наставници што не учествувале во протестите, а ускратен на оние што ги поддржале студентите и учествувале во обуставата на наставата, станува збор за ...
Одамна е познато дека едно од најсилните оружја на руската воена машинерија се дезинформациите и пропагандата. Тие се покажаа како смртоносни и разорни, преминувајќи граници и култури и нанесувајќи штета на цивилното население без бомби и куршуми. Во оваа војна се користат софистицирани алатки – од слики генерирани со вештачка интелигенција, до фабрикувани содржини и лажни наративи. Често овие конструкции се препакувани во локални приказни за да ...
Ветото на полскиот претседател Карол Навроцки на законот за проширување на поддршката за украинските бегалци нема да го прекине пристапот на Украина до комуникациската мрежа Старлинк, изјави на 25 август шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки, пренесува Кијив Индипендент. Богуцки ги отфрли обвинувањата на полскиот вицепремиер Кшиштоф Гавковски дека ветото ефикасно ќе ја прекине полската поддршка за Starlink интернетот за Украина од ...
Малцинската влада на Франција би можела да биде соборена следниот месец откако три главни опозициски партии изјавија дека нема да го поддржат гласањето за доверба што премиерот Франсоа Бајру го најави за 8 септември поради неговите планови за сеопфатни намалувања на буџетот, пренесува Си-ен-ен. Екстремно десничарскиот Национален собир и Зелените изјавија дека ќе гласаат против него. Социјалистите, од чиј глас зависи во голема мера судбината на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека веднаш ќе ја отстрани функционерката на Федералните резерви, Лиса Кук, од нејзината позиција, што е голема ескалација во неговата битка против американската централна банка, пренесува Би-би-си. Тој рече дека има „доволна причина“ да се верува дека Кук дала лажни изјави за договорите за хипотеки и се повика на уставните овластувања кои, според него, му дозволуваат да ја разреши. Како одговор, Кук ...
Австралија го протера иранскиот амбасадор во Канбера откако разузнавачката агенција на земјата откри дека Иран стои зад најмалку два антисемитски напади на австралиска територија, пренесува Си-ен-ен. Австралиската безбедносно-разузнавачка организација (ASIO) го поврза Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) со два палежи минатата година, насочени кон ресторан во сопственост на Евреи во Сиднеј и синагогата Адас Израел во ...