Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Со приближувањето на денот на изборите, се зајакнува и воспалувачката меѓупартиска реторика. На досегашните доминантни наративи се надоврзаа и неколку нови, како -прислушување во АНБ, хибридни закани од странски центри на моќ и морбидната кампања со фотомонтажи– кои пред се служат за меѓусебно препукување и оцрнување на противникот, особено се кај најголемите претставници на македонското гласачко тело. Во контекст на анализата на Драган Мишев ...
НАТО мора да остане обединет и решително да одговори на руските провокации, изјави чешкиот претседател Петр Павел на 20 септември, во услови на зголемени руски нарушувања на воздушниот простор на НАТО, пренесува Кијив Индипендент. „Во овие времиња, мора да дејствуваме цврсто, а доколку се случат нарушувања, мора да одговориме соодветно, вклучително и воено. Русија многу брзо ќе сфати дека направила грешка и ги пречекорила своите граници. За ...
Се очекува Сер Кир Стармер да објави признавање на палестинската држава од страна на Велика Британија во изјава во недела попладне, пренесува Би-би-си. Премиерот во јули изјави дека Велика Британија ќе ја промени својата позиција доколку Израел не исполни неколку услови, вклучително и согласност за прекин на огнот во Појасот Газа и посветеност на долгорочен мировен процес што ќе доведе до коегзистирање на палестинска држава покрај Израел. ...
На 17 септември 1939 година, советските сили влегоа во Полска од исток, во договор со нацистичка Германија, извршувајќи го својот дел од Пактот Молотов-Рибентроп. Како и во другите кампањи и пред и потоа, Кремљ ќе следи позната шема, користејќи пропаганда за да ја маскира својата агресија и да се претстави како ослободители. Осумдесет и шест години подоцна, апсурдните лаги кажани од советската пропаганда одекнуваат до ден-денес. Објавувајќи ...
Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Полските и сојузничките авиони беа распоредени рано наутро во саботата за да се обезбеди полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади врз западна Украина во близина на границата со Полска, соопштија вооружените сили на земјата членка на НАТО, објави Франс 24. Во 03:40 часот по Гринич (05:40 по средноевропско време), речиси цела Украина беше под тревога за воздушен напад од руски ракети и беспилотни летала. ...
Повеќе од 70 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор. За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот. Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан. Паравоилните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера на прес конференцијата со британскиот премиер Кир Стармер, навести дека сака да ја врати воздухопловната база Баграм во Авганистан под контрола на САД, четири години по повлекувањето на американските трупи од земјата. Пред Стармер тој даде изјава за овој план што го споменуваше и претходно, но кој, се чини, сега доаѓа во центарот на неговото внимание. -Ја сакаме назад таа база, рече Трамп за време ...
Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“. Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за ...
Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во малтешкиот главен град Ла Валета го потпишаа Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, соопшти Советот на Европа. Во соопштението се нагласува дека Протоколот бил потпишан во рамки на неформалната Конференција на министрите за правда на земјите членки на Советот на Европа, што се одржува во Ла Валета. Покрај земјава, ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија На денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо, соопшти дека Европската комисијата денеска го усвои новиот, 19-ти пакет санкции кон Русија. Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево. Според претходните најави, ...
Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а ...
Неколку медиуми објавија дека ВМРО-ДПМНЕ е драстично пред СДСМ еден месец пред локалните избори во Македонија, покажува анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изработена за потребите на МРТ. Според резултатите, 42,6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека за СДСМ се изјасниле само 7,9%. Левица има 7,8%, а останатите партии и независни листи добиваат минимална поддршка. Кога пак се прашани која ...
Талибанската влада ги отстрани книгите напишани од жени од универзитетскиот систем на настава во Авганистан, како дел од новата забрана со која се забранува и предавањето на човекови права и сексуално вознемирување, пренесува Би-Би-Си. Околу 140 книги напишани од жени – вклучувајќи наслови како „Безбедност во хемиската лабораторија“ – беа меѓу 680 книги за кои се сметаше дека се „загрижувачки“ поради „антишеријатската и талибанската ...
Можеме да потврдиме дека Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија, информира на денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево. Според претходните најави, мерките во 19-от пакет санкции кон Русија, како реакција на руската ...
Специјалните оперативни сили на вооружените сили на Украина го нападнаа логистичкиот центар на 810-та посебна морска бригада на Руската Федерација во Курската област, објави командата на специјалните оперативни сили на Фејсбук, пренесува Укринформ. Борбената мисија беше извршена ноќта на 18 септември. Како резултат на нападот, уништени беа складишта за муниција, база за складирање на материјални ресурси и скриена локација за непријателско ...
Врвни американски водители на доцноноќни ТВ емисии, Стивен Колберт, Џон Стјуарт, Сет Мејерс и Џими Фалон, како и поранешниот водител Дејвид Летерман, се здружија зад Џими Кимел по одлуката на ABC да ја прекине неговата популарна доцноноќна емисија на неодредено време по неговите коментари за десничарскиот активист Чарли Кирк, пренесува Гардијан. Во својот воведен монолог во четврток вечерта, Стивен Колберт им се потсмеваше на раководителите ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Дали спортот е војна ? Ако е војна тогаш според логичниот след и војната е спорт. Состојби кои можат да се подведат под ваквите дефиниции можат да се најдат и во светскиот и во нашиот спорт. Но за вистинска дефиниција за местото на спортот во заедницата денес е тешко да се зборува. Спортот е дел од состојбите во општеството, неговата ментална состојба и вредностите кои се преовладувачки. На успесите на спортистите сме горди кога ...
Српските власти и руската државна корпорација „Росатом“ започнаа разговори за проектот за изградба на нуклеарна централа во Србија, изјави српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ, објави „Biznis.rs“. „Сериозно разговараме со Росатом. Не мислам дека има подобра компанија во светот за изградба на нуклеарна централа. Убеден сум дека ќе има напредок во наредните години, бидејќи ни е потребна електрична енергија. Дефинитивно ќе го направиме ...
Основното јавно обвинителство Скопје, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на ...
Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и неефикасна, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, најавувајќи ги новите пакет закони за усовршување и професионализација на државните службеници. Како што истакна Минчев по потпишувањето на Меморандумот за соработка со францускиот амбасадор Кристоф Ле ...
Доналд Трамп тврди дека му забранил на Сер Садик Кан да присуствува на настани организирани за неговата втора државна посета на Велика Британија, пренесува лондонски Телеграф. Американскиот претседател рече дека градоначалникот на Лондон „сакал да биде таму“, но лично побарал да биде тргнат настрана. Отфрлањето е најновото во вербалната војна меѓу двајцата мажи што датира од 2017 година, кога претседателот го критикуваше одговорот на ...
Хамас во четвртокот вечерта ја објави својата најсилна порака за израелските заложници во Газа, велејќи дека копнената инвазија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Газа значи дека Израел ја изгубил секоја шанса да ги извлече своите заложници од територијата – мртви или живи, пренесува Си-ен-ен. Во порака напишана на хебрејски јазик и упатена до израелската војска и раководство, военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, соопшти дека ...
Стотици илјади луѓе маршираа на улични демонстрации низ цела Франција, додека синдикатите одржаа ден на штрајк за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита намалувањата на буџетот и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги, објави Гардијан. Имаше прекини во јавниот превоз бидејќи возачите на возови, автобуси и трамваи штрајкуваа, болничкиот персонал се придружи на протестите, а девет од 10 ...
На секојдневниот граѓански форум на ЦИВИЛ, каде граѓанките и граѓаните можат да ги изразат своите мислења, вчера го поставивме прашањето: „Дали треба да се воведе задолжителен воен рок?“. Одговорите откриваат длабока поделба меѓу граѓаните, како и различни визии за тоа што би значело ова за младите и за државата. Многумина сметаат дека задолжителната служба би била корисна за младите, како начин да научат ред, дисциплина и одговорност. „Да се ...
Соединетите Американски Држави ќе помогнат да се обезбеди мир откако ќе заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано на 18 септември на Фокс њуз, пренесува Кијив Индипендент. „Кога реков „помош од воздух“, зборував за безбедноста откако ќе се реши војната. Значи, откако ќе се реши војната, ние ќе помогнеме да се обезбеди мирот. И мислам дека на крајот тоа ќе се случи“, рече Трамп за ...
Словачка и Унгарија изјавија дека нема да се потчинат на притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп да го намалат увозот на руска нафта и гас, освен ако Европската Унија не обезбеди доволно алтернативни резерви на енергија, објави Блумберг на 17 септември. Изјавите следат по неодамнешните коментари на Трамп во кои вети построги санкции кон Москва, но само откако европските сојузници целосно ќе престанат со купувањето руска нафта, ...
Се случи уште еден фемицид, а сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат или релативизираат насилство врз жените се виновни – полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството, судовите, па дури и образовниот систем. Наместо да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија, образованието директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници, истакна Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред ...
Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди, порача премиерот Христијан Мицкоски на почетокот од денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје. -Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Пред неколку дена, по ажурирањето на мојот Philips Android TV, се случи нешто неочекувано. На почетниот екран се појави нова апликација – инсталирана автоматски – „бесплатна стриминг телевизија“ (FAST), која нуди десетици канали бесплатно. Сакајќи да проверам што тоа толку дарежливо нуди ова ажурирање, кликнав на апликацијата. Она што го најдов беше вознемирувачко: меѓу дваесетина станици, две беа брендирани како CGTN – China ...