Живееме во време во кое секојдневно секој од нас е бомбардиран со информации од сите страни. Социјалните мрежи, сајтовите и интернет комуникацијата направија не само да бидеме подложни на притисокот од мас информирањето, туку и истото да влијае врз одредени ставови, тенденции и видувања кај обичниот човек. До пред само 30 години се’ се сведуваше на два три дневни весници, кои за да бидеш информиран требаше да ги купиш, радио се слушаше или дома ...

На 21 ноември 2024 година, во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола, со почеток во 18:00 часот, ќе биде отворена изложба на графики од аргентинскиот графичар Леонард Готлиб, добитник на Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола. Во ексклузивно интервју, Готлиб зборува за наградата, графиката како универзален јазик, современите еколошки теми во неговите дела и неговите совети за младите уметници. Леонард Готлиб е еден од ...

Во четврток, (24.10.2024), со почеток во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на фотографии на познатиот српски фотограф Бранислав Бркиќ, под името “Сибирска Тофаларија“. Во пространствата на големиот Сибир има многу помали области кои се тешко достапни дури и за локалното население. Тофаларијa е една од тие и се наоѓа во делот на планините Сајан западно од градот Иркутск во близина на границата со Монголија. Во областа Тофаларија ...

Навистина ми е забавно кога слушате доскорешни носители на високи јавни функции како се закануваат со дестабилизации, протести, улична правда, делење кон Европа по етнички клуч, дека некој немало да не чека, дека сакале во Европа… Уште по одвратно е кога тоа го прават ликови од СДСМ. Имено, на одредени политички субјекти со етнички предзнак, општо позната е агендата, влажните соништа и филмовите кои ги имаат. Трагично е што политичкиот субјект ...

Се одржа првото издание на гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“. Врз основа на строго определени критериуми, вчеравечер, беа наградени лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки кои покажаа исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонесоа за економскиот раст и развој на Македонија.  Престижната церемонија на доделување награди ја ...

Минатиот викенд заврши првото Отворено квиз првенство на Македонија (Macedonian Open 2024) на кое што учествуваа натпреварувачи од 10 земји на 3 континенти, од Перт и Бризбејн во Австралија, повеќе европски земји па се до Ванкувер во Канада. Целосен триумф на претставниците на Велика Британија. Минатиот викенд заврши првото Отворено Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024) на кое што учествуваа натпреварувачи од 10 земји на 3 континенти, ...

„Бизнис Лидер“ го финализираше рангирањето на најуспешни македонски компании во сите категории од повеќе индустриски сектори кои ги исполнија бараните критериуми за квалитет. Врз основа на остварениот деловен приход, добивка и број на вработени, на 16-ти октомври 2024 година во хотелот Александар Палас, најдобро рангираните компании во секоја категорија ќе бидат наградени со престижните награди „Бизнис Лидер“. Во категоријата „Производство на ...

Владата поднесе отчет за се’ она со што се соочила, и како се справила со предизвиците во изминатите сто дена нејзино владеење. Целата нација има огромни очекувања од ветувањата кои беа дадени, но и број наталожени фрустрации од „цунамито“ кое не снајде, во режија на ДУИ и СДСМ. Едноставно, се што направија е распродавање на државните и национални интереси, трошење на ангро и дегенерација на институциите и севкупниот државен систем. Ова што ...

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица ...

Во Скопје синоќа (24.09.2024 година) почина Ирена Кавкалевска, мецосопран, првенка на Македонската опера и балет. Родена на 12 февруари 1973 година, таа беше една од највпечатливите солистки на нашата Опера. Кавкалевска е добитничка на неколку награди и школувана во Македониіа, Софија, Грац, Загреб… Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а ...

После речиси 30 години спор со Грција, од кој не излеговме, туку само времено капитулиравме, и делумно ги задоволивме желбите на Грција, за возврат влегување во еден воен сојуз, на дневен ред дојде и источниот сосед Бугарија, кој не е толку заинтересиран за нашата генеза и длабоко минато, туку изјаснувањето за етничка определба на нашите дедовци и прадедовци, како и за негирање на нашето севкупно постоење и јазик. Фарса е да некому наметнуваш и ...

Управата за заштита на културното наследство има чест да Ве покани на манифестацијата: Денови на европското наследство 2024 „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“. Манифестацијата е со почеток во 13 часот во објектот Порта Македонија во Скопје. На свеченото отворање свое обраќање ќе имаат Министерот за култура, г. Зоран Љутков, Заменик министерката за европски прашања, Проф. д-р Викторија Трајков, раководителот за соработка на ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ заминува на балканска турнеја чие мото е „Танец – 75 години македонски код“. Во рамките на турнејата, „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и во Бања Лука. – Публиката во регионот секогаш знаела да ја цени извонредноста на „Танец“ и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за ...

Го прославивме и 33-от роденден на државата. Цели 79 години како самостоен ентитет, во федеративен сојуз, но изминатите 33 години и како самостојна држава. Е тоа самостојна, малку е тешко да се објасни. Тешко е, затоа што докажавме дека сме килави, мутави и неспособни да воспоставиме ред, поредок и владеење на правото, но најмногу и ред и дисциплина. Не може човек ни името да си го каже, затоа што и веќе го нема! Има лепенка, додавка. Делува ...

Познати македонски квизаџии се автори на прашањата на кои ќе се избере победникот за 2024 во Македонија Македонската квиз асоцијација (МКА) оваа година го организира првото Државно квиз првенство на Македонија кое што ќе се одржи на 15 септември, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ (во зградата на Европски универзитет) во Скопје, отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. По тој повод, од МКА ...

Како еден градежен работник стана инспирација за Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ? Проектот „На работ“ вечерва (вторник, 10 септември 2024 година), со почеток во 20 часот ќе биде претставен во НАционалната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Необезбеден градежен работник чекори на греда на објект во изградба, додека трае митингот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ пред седиштето на Делегацијата на ...

Случаите со археолошките локалитети Бањичко кале близу селото Горна Бањица, Гостиварско, како и Градиште кај селото Глишиќ (сега приградска населба на Кавадарци), а поврзани со инвестициите на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за коридорот 8, односно инвеститорот „Магма ДМ гринфилд“ за поставување фотоволтаици, на виделина ја исфрлија незавршената работа на системот за заштита на културното наследство преземена во сега веќе далечната 2005 година. ...

Во градот Варна (Бугарија), на 24. 8. 2024, во рамките на музичкиот фестивал „Чаики арт фестивал“ или во превод (Галеби арт фестивал), во „Галеријата 33“, покрај одржаната ликовна работилница, се отвори заедничка сликарско-скулпторска изложба на македонски и бугарски уметници. На изложбата со свои дела (слики, скулптури и објекти) се претставија варненскиот скулптор, доцент Николај Нинов и македонските уметници, проф. Беди Ибрахим и Атанас ...

Како одредена структура владеела можете да почувствувате најконкретно во случаи на криза или елементарна непогода. Пожарите кои се распламнаа веднаш по промената на власта (интересно, и покрај високите температури, вистинска коинциденција, нели?) потврдија дека државата изминатите години се водела катастрофално, и дека биле во континуитет занемарувани еден куп потреби. Останавме на канадерите (хидро авиони) кои се купија пред скоро 15 години. Ем ...

26/08/2024 11:23 - Cooltura

Капа долу, тивки херои! Вас никој не ве фали во јавност, ниту со име не ве знае, ама за мене лично, вие сте јунаците и хероите, срцето на оваа наша напатена Македонија! Слава ви! Оваа моја денешна колумна ја посветувам на тивките херои. Оние за кои никој јавно не зборува, оние кои се соочуваат со животно загрозувачка работа, а се потценети, слабо платени, лошо опремени, а неретко и невработени или волонтери. Зборувам за пожарникарите. Зборувам ...

Честопати, при моите јавни настапи и медиумски гостувања ме прашуваат дали сум оптимист или песимист за тоа во кој правец ќе се развива Македонија. Јас соломонски одговарам дека сум оптимист, затоа што Господ ги чува будалите. Шалата на страна, прашањето за системското оправање на државата е во одлуката дали сакаме тие кои се дел од системот, да напредуваме, или тие самите да напреднат до негде. Што сакам да кажам? Без оглед дали зборуваме за ...

Со подновен концепт и збогатена програма започнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (15-29 август, Охрид) 65 македонисти од 17 земји ќе учествуваат на 57. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а вкупно 150 македонисти (семинаристи и истражувачи на 51. Меѓународна научна конференција) ќе ја развиваат грандиозната македонистичка мисија во древниот град Охрид. Под ...

Точно два месеци од изборите, победата на опозицијата, и дебаклот на власта. Секој кој малку знае како функционира една држава свесен е дека примопредавање на власта, посебно кога се менува во целост трае и шест месеци, понекогаш и цела година. На крајот на краиштата, од соопштувањето на победникот, па до формирање на владата, треба месец, до месец и пол. Фасцинантно е што одредени ликови, па и носители на политички функции, кои до вчера беа ...

Она што многумина не се сеуште свесни е дека начинот на кој до сега се функционираше е завршен. Отпор ќе постои и тоа силен, а најмногу ќе бидат погодени оние кои во минатотот функционирале од позадина или клиентелистите бизнисмени кои беа навикнати да се договараат во четири очи со функционерите. Едноставно, начинот на кој функционираше ова оштество е доведен до состојба да или ќе се пресече со се’, и ќе има целосен ресет, или ова општество и ...

09/07/2024 12:36 - Cooltura

Впечатлив старт и иницијатива за почит на самиот почеток на мандатот на новиот министер за транспорт, Александар Николоски. Самата и ницијатива не е нова, но ниту еднаш не била иницирана и промовирана на ниво на министер и претпретседател на Влада, плус потенцирајќи ја временската рамка за реализација. Во изминатите години многу пати пишував на тема инфраструктура и сообраќај, а пред околу две години токму ова што сега се заговара ги иницирав и ...

Изминативе години постојано се зборува за неа. Обичниот човек слуша за терминот „дигитализација“, го користат и политичарите, ретко кој му објавнува на обичниот човек што тоа значи. Во реформите на новата Влада и идните министерства, она што до сега беше дел за информатичко општество и јавна админситрација, го дели делот на информатичкото општество и се посветува на дигитализацијата. Факт е дека се потрошија многу пари, дека на оваа тема ...

Навистина, од денешна гледна точка е смешно да се зборува за она што власта во заминување го зборуваше, дек ВМРО ДПМНЕ нема коалициски капацитет. Како беше она? Ќе победат, ќе имаат повеќе пратеници од СДСМ, ама нема да можат да состават Влада, ниту да се доближат до 61! Не само 61, туку 80 драги мои! И просто мнозинство, и апсолутно мнозинство, и „бадинтерово“ мнозинство, се‘ се доби на крајот! Сега што правиме!? СДСМ е во целосен нокдаун, и ...

Денес се одржа прес конфоренција по повод изложбата на Мирослав Масин, која ќе се одржи во Националната галерија на Македонија. „За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник“, рече на денешниот прес уметникот Мирослав Масин, во пресрет на изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која во среда, 15 мај 2024 година, со почеток во 20 часот ќе биде отворена ...

15/05/2024 01:47 - Cooltura

Денес е 9 мај. Некои го викаат денот на Европа, ама јас па по старо, како што е, Денот на борбата против фашизмот! Ни легна 9 мај, за мерак. Токму денес и дознавме точно и прецизно кој е исходот од изборите. Целосен потоп на владејачката СДСМ, и секако Пировa победа на ДУИ. Партија која никако не сфаќа дека односите со партиите кои се носители на владата се негуваат. По изборите во 2016та, и трошењето и газењето на СДСМ изминатите 7 години, си ...

Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Стефан Марковски, новелата „До_адната книга“ на 157 страници во издание на Современост – Скопје. Дејството во новелата е динамично, со разгранета, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
4.63
53%
1011

Белград

7ᴼ/6ᴼ
4.12
65%
1010

Софија

4ᴼ/1ᴼ
7.2
66%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
9.58
42%
1010

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.29
57%
1006

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.14
60%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
3.09
51%
1010

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
2.57
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4886

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $