Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ на почетокот гледала ...

Министрите за енергија на ЕУ утре ќе одржат вонреден состанок. Целта на состанокот е да се испитаат можностите за координиран пристап во контекст на настаните на Блискиот Исток – се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Состанокот ќе се одржи онлајн и не се очекува да бидат одобрени никакви одлуки. Минатата недела министрите за финансии на земјите од еврозоната се состанаа и онлајн. По состанокот, европскиот комесар за економски прашања ...

Противпожарната служба брои околу 18.800 припадници, што претставува зголемување за 800 лица во споредба со лани, додека воздушната флота со 85 воздушни средства е една од најголемите во Европа, посочи министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Јанис Кефалојанис во интервјуто за весникот „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на овогодишната сезона на пожари, надлежниот министер нагласи дека државниот ...

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма. Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со ...

Кинеската национална авиокомпанија ги обнови директните летови меѓу Пекинг и севернокорејскиот главен град Пјонгјанг денеска по шестгодишна пауза, кратко по обновата на патничкиот железнички сообраќај меѓу главните градови на двете земји. Летот на Ер Чајна беше пречекан од кинескиот амбасадор во Северна Кореја, Ванг Јаџун, и други дипломати, објавија кинеските државни медиуми. Патничкиот железнички сообраќај меѓу Кина и Северна Кореја беше ...

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва. Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. -Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, информира МВР. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна ...

Скандал ја тресе МРТ. На вториот канал на Македонската радио-телевизија, на детски фестивал беше емитувана песна насловена „Trojet shqiptare“(„Албански територии“), кое предизвика остри реакции во јавноста, особено дека се работи за јавниот сервис. Програмата е емитувана пред два дена (28 март) во претпладневните часови, објави Скопје1. Скандал ја тресе МРТ. На вториот канал на Македонската радио-телевизија, на детски фестивал беше емитувана ...

Поради спуштање на нов многу поладен воздух од север кон јужна и кон југоисточна Европа, над јужна Италија, а особено над Јонското Море ќе дојде до формирање на длабок секундарен циклонски систем кој значително ќе влијае на времето кај нас во Македонија од вторник навечер и во деновите потоа условувајќи нови обилни врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд, а на повисоките места и на планините над 1.000 метри ќе бидат од снег ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веруваат дека постигнале промена на режимот во Иран. Трамп на новинарите во претседателскиот авион им рече дека режимот во Иран е „десеткуван“ и „уништен“, пренесува Би-би-си. – Веќе имавме промена на режимот, ако погледнете, бидејќи еден режим е десеткуван, уништен, сите се мртви – изјави Трамп. Тој додаде дека следните по ранг припадници на иранскиот режим се „главно мртви“, а ...

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој носи хуманитарен товар од 100.000 тони нафта, пристигна на Куба – соопшти денеска Министерството за транспорт на Русија. Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас. САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „нема проблем“ со тоа што рускиот танкер за нафта крај брегот на Куба доставува помош на островот, кој се бори поради блокадата на нафтата од страна на САД. „Имаме танкер таму. Немаме проблем со тоа некој да добие танкер за нафта затоа што им е потребна… тие мора да преживеат“, им рече Трамп на новинарите во авионот „ер форс уан“ додека патуваше од Флорида кон Вашингтон. На прашањето ...

Од самиот старт до крајот на излагањето на воведните зборови од обвинителката во судницата, насилникот Стојанче Јовановски се смеел и мафтал со глава во знак на негодување, а во делот кога обвинителката кажала како настапила смртта со прекин на мозочните и другите витални функции кај Ивана и Катја по падот на бетонот пред висококатницата, тој се наведнал на клупата, покривајќи си го ликот. Во воведните зборови, обвинителката цитирала ...

Цените на нафтата и денеска го продолжија растот, а брендот Брент се очекува да достигне рекорден месечен раст, откако јеменските Хути ги започнаа своите први напади врз Израел во текот на викендот, проширувајќи ја војната меѓу САД и Израел со Иран на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ скокнаа за 2,43 долари, или 2,16%, на 115 долари за барел, откако во петокот се искачија за 4,2% повеќе. Американската „Западен Тексас“ се ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања, соопшти прес службата на Влада. Потоа, премиерот ќе има свое ...

Паричник анкета. Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие. Тоа е „паричник анкетата“. Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот ...

ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажа дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата „Република Илирида“, која се залага за федерализација на државата, ...

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место и истиот е санкциониран, соопшти МВР. „На 29.03.2026 во 18:55 часот на експресниот пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на армијата да напредува подлабоко во јужен Либан и да ја прошири, како што ја нарече, „постојната безбедносна зона“. – Целта е да се спречи заканата од Хезболах и ракетните напади од таа област – изјави Нетанјаху на состанок за безбедносната состојба. Тој нагласи дека, иако проиранската шиитска милиција претрпела сериозни удари, Хезболах сè уште располага со преостанати капацитети ...

Борби во кафез ќе се одржат во Белата куќа како дел од прославата на 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од основањето на САД. Во наредните недели на тревникот пред Белата куќа ќе биде поставена октагонална арена со ограда висока 1,83 метри, каде што на 14 јуни борци од организацијата УФЦ (Ultimate Fighting Championship) ќе демонстрираат комбинација од кик-бокс, џиу-џицу, борење и други боречки ...

Со активностите на Министерството за внатрешни работи и реакциите на граѓаните веќе покажавме дека претстојните избори ќе бидат едни од најчесните во нашата понова историја, изјави преодниот премиер на Бугарија, Андреј Ѓуров, во интервју за телевизијата „Нова“. Ѓуров истакна дека кабинетот вложува максимални напори за обезбедување фер изборен процес, нагласувајќи дека високиот одѕив би значел успех за државата. Според него, иако преодната ...

Ерик БЕРГ Суплемент број еден за анксиозност. Не е магнезиум, не е ашваганда и не е L-theanine. Тие се сосема во ред, но постои една хранлива материја што делува на анксиозноста многу поразлично од сите овие други. Може да ја наречете „витамин за нерви“ затоа што делува на многу различни невролошки состојби, особено на нервната напнатост, она чувство на немир кое едноставно не можете да го смирите, што всушност е анксиозност. Го контролира ...

Обилните снежни врнежи кои во изминатите два дена го зафатија Тузланскиот кантон предизвикаа нагло покачување на водостојот на реките, поплави, прекини во снабдувањето со електрична енергија и сериозни проблеми во сообраќајот, соопшти локалната Цивилна заштита, пренесува Аваз. Состојбата на акумулацијата Модрац е критична, каде водостојот утринава изнесуваше 199,73 метри надморска височина, што е веднаш под нивото на прелевање. Истовремено, ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков изјави дека секој меч во дресот на Македонија е можност за ново докажување. “Данска е квалитетен ривал, во првиот дел се боревме добро и да затвориме, но во вториот ни падна концентрацијата по тој примен гол. По анализата и размислувањата, имаше неочекуван пад по првиот гол, треба да се фокусираме на тие моменти, да не паѓаме кога ќе примиме гол и тоа ќе го решаваме во иднина. Следен меч е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски сателити ја фотографирале американската воздушна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија во три наврати непосредно пред иранскиот напад на 26 март, пренесуваат американските медиуми. Зеленски за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) истакна дека е „100 отсто сигурен“ дека Москва му ги доставила овие разузнавачки податоци на Техеран. Според него, рускиот образец на надзор е јасен: првата снимка ...

Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот niz светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 ...

Пакистан денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за поморски сообраќај. Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на оние ...

Додека тензиите на Блискиот Исток достигнуваат критично ниво, Иран започна сеопфатна кампања за регрутација на доброволци под назив „Џанфада“ („Жртвување на животот“), јави „Волстрит џурнал“. Потегот доаѓа во услови на сè поизразен страв кај иранските власти од можен копнен напад предводен од Соединетите Американски Држави. Граѓани низ Иран добиле текстуални пораки на мобилните телефони со повик за одбрана на татковината, при што во пораките ...

Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со -3 Mаврови Анови, -2 во Kрушево, -1 Крива Паланка, Претор, 0 Охрид, Штип, Струмица, 1 Тетово, Берово, Виница, 2 Битола, Прилеп, Демир Капија, 3 Куманово, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и во Кавадарци и 6 степени во Гевгелија. Како што соопшти УХМР, најмногу количини врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот наврнале во Охрид – 6 л/м2, 5 во ...

Министерството за одбрана на Финска денеска соопшти за веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен објави дека е почната официјална истрага. Дроновите биле забележани во југоисточниот дел на Финска, а неколку мали објекти кои летале бавно и ниско биле лоцирани над финските води. Според Министерството, еден дрон паднал северно од градот Коувола, а втор источно од него. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Цинк

0.00