Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Сподели Операта „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ од Џоакино Росини, во Националната опера и балет, на 13.12.2025 година, во 20 часот Диригент: Џанлука Мартиненги – Италија Режисер: Урсула Хорнер (Австрија) Асс.Диригент: Катерина Стојковска Асс.режисер: Дејан Прошев,Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски Сценограф: Марија Ветеровска Костимограф: Марија Пупучевска Концерт мајстор: Јане Бакевски Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ Корепетитори: ЕленаСиљаноска, ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се ...
Сподели Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската ...
Сподели Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Проф. д-р Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја ...
Сподели Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г. Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за ...
Сподели Румена Бужаровска е избрана за една од десетте добитнички на наградата Жена на годината на Harper’s Bazaar, заедно со имиња како Јосипа Лисац, костимографката Бојана Никитовиќ, режисерката Катарина Богдановиќ Кукла и уште низа истакнати жени од регионот кои ја обележаа 2025 година со своите професионални достигнувања. Декемврискиот број на Harper’s Bazaar е целосно посветен на нивните приказни. Во него читателите ќе го најдат и ...
Сподели На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на ...
Сподели “Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес”, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. “Како ...
Сподели Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година. Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор за ...
Сподели ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот ...
Сподели Пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, го образложи амандманот со кој пратениците од Левица побараа да се зголеми ставката за социјални надоместоци во Министерството за социјална политика, со цел да се зголеми или прошири опфатот на додатокот за туѓа нега и помош и конечно да бидат опфатени и лицата со полесни, но реални попречености. Овој додаток во моментов го добиваат само најтешките случаи, додека ...
Сподели На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата. На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица. Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, ...
Сподели Вчера, по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба ...
Сподели Издавачката куќа „Или-Или“ објави преводи на два романа, на еден од најзначајните и најнаградувани регионални автори, босанско- херцеговскиот писател Дарко Цвијетиќ. Се работи за романите „Шиндлеровиот лифт“ во превод на Елизабета Баковска (поддржан од Традуки) и „Зошто наземи спиеш“ во превод на Калина Буневска Исаковска. Дизајнот на кориците е на Соња Станковска. Двата романа се дел од едицијата ПРОаЗА и во продажба ќе бидат од 1 ...
Сподели По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со повторното активирање на ова тело се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите општини, со цел навремено и системски решавање на проблемите во Скопје. Градоначалниците договорија заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на ...
Сподели Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната опасност од негово понатамошно ширење, по иницијатива на Општина Центар беше одржан итен координативен состанок на кој учествуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на ЦУК, ДЗС, ДИГУ-Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, ...
Сподели Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто. „Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека ...
Сподели Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од ...
Сподели Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. Во рамки на превентивните вонредни контроли во овие ...
Сподели На денешната седница на Собранието посветено на пратенички прашања, Претседателот на Владата одговараше на прашање посветено на темата за платите на вработените во правосудството, како дел од реформите во оваа област. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на предлозите за измени на законот според кои треба средствата за правосудството да се покачат на 0,8% од БДП за судовите и 0,5% за обвинителите или тоа е ...
Сподели На 29 ноември 2025 година, со почеток од 19 часот, во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под називот „Urban Armour“ ќе се одржи модна ревија – дел од истоимениот иновативен културен проект. „Urban Armour“ или „Урбан Штит“ ја истражува синергијата помеѓу урбаната архитектура, брутализмот и индивидуалниот стил. Проектот го претвора градскиот пејзаж во инспирација за ...
Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани. Во рамки на посетата, министерот се сретна со д-р Али Емре Акгун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување. Министерот Алиу изрази особена благодарност до раководството и ...
Сподели Италијанскиот Сенат, поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџа Мелони, вчера едногласно усвои закон со кој се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик: фемицид, казниво со доживотен затвор. Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН. Новиот член 577-бис предвидува дека секој што ќе убие жена од омраза, дискриминација, контрола ...
Сподели Во книжарницата „Литература“, синоќа беше промовирана најновата книга – збирката колумни „Легија на честа“ од проф. д-р Нинослав Ивановски, еден од највлијателните лекари во македонската медицина, со долгодишно присуство во националниот општествен дискурс. Книгата содржи избор од неговите колумни објавени во „Слободен печат“ од 2015 година до денес, како и текстови од медицинското списание „Вокс медици“ и неколку нови авторски ...
Сподели Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат. Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде ...
Сподели Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата се за дејствија кои се случувале во месец февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори е вовлечен од страна на предходното раководство, непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија. Ѓорѓиевски: „Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои ...
Сподели Денеска, четврток, 27 ноември, од 19ч во кафе-бар „Љубов“ ќе се одржи промоција на стрипот „Назазан“ од Јана Марковиќ. Самиот стрип е фузија од хорор и иронија, која истражува малку потемна страна на човечката потсвест и нејзиниот удел во нашите одлуки. Преку концептот на прикажување вистини во сонови и интуиција, се разгледува како игнорирањето на истите се одликува врз животот. На настанот ќе има музика: KRONOM ( @dimitarkronom ...
Сподели По иницијатива на Симона Трповска од Охрид која го држи македонскиот и балканскиот рекорд за жени, денес во посета на нуркачкиот центар Амфора од Охрид беше светскиот рекордер во длабинско нуркање Ахмед Габр од Египет. Ахмед Габр е 42-годишен поранешен офицер од египетската армија, кој својата кариера ја продолжува во американската армија каде што го завршува курсот за борбени нуркачи и станува единствен сертифициран американски ...
Сподели -Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното здравство паузата е повеќедецениска пауза. Во Програмата за трансплантација за оваа година беше предвидена подготовка и почнување на методата кератопластика. Кога започнавме заедно со директорката на очна ...