Сподели Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. „Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е ...

Сподели Преку искрени сведоштва и инспиративни разговори, експерти, родители и јавни личности испратија единствена порака: грижата за предвремено родените бебиња не е само медицински процес – тоа е животна мисија исполнета со храброст, надеж и со безрезервна љубов. Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, ...

Сподели Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шефица на Делегацијата; Мимоза Муса, членка и Ели Панова, заменик-членка на Делегацијата, учествува на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ, што се одржа од 16 до 19 ноември 2025 година во Истанбул, Турција. Во време кога се одбележуваат 50 години од формирањето на ОБСЕ, оваа парламентарна конференција беше отворена со засилени апели за ...

Сподели Факултетот за ликовни уметности – Скопје најавува предавање и специјализирана работилница што ќе се одржи во понеделник, 24 ноември, со почеток во 13:30 часот. Настанот ќе го водат професорот Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Фонтис академијата за уметности (Fontys Academy of the Arts) од Холандија. Работилницата има за цел да ги претстави основните принципи на уметничкото истражување и да ги воведе учесниците во првите ...

Сподели Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1. „Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември“ сè е средено, значи веќе тој процес, административен ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Призма“ истакна дека во следните четири години ќе се заложи за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини. „Во моментов имаме детектирано околу 10.000 високостеблести дрвја. Нашата визија е значително да го зголемиме овој капацитет. Планираме да ги збогатиме дел од постојните паркови и зелени ...

Сподели Пратениците на СДСМ и Коалицијата денеска ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани ќе поднесат предлог до Собранието за ...

Сподели ХИВ не избира – но секој може да избере да се тестира. Во време кога терапијата за ХИВ е достапна и ефективна, најголемиот ризик е да не го знаеш својот ХИВ статус. Навременото тестирање значи здравје, контрола и мир. Во рамки на Европската есенска недела на ХИВ и СПИ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи ...

Сподели Оваа година кампањата за 16 дена активизам ја започнуваме порано, затоа што и насилството започна порано, или никогаш и не сопре. Денес повторно сме сведоци на уште едно убиство на жена, само затоа што е жена во Македонија. Ова не е „љубовна драма“. Ова не е „семејна трагедија“. Ова е фемицид. Во очи на кампањата за 16 дена активизам против родово базирано насилство потсетуваме дека жените не се безбедни – ниту дома, ниту во ...

Сподели Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на одлуката од 11.11.2025 година. Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/литар, објави РКЕ. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. ...

Сподели На сцената на МОБ ќе настапи светската оперска дива Инва Мула, заедно со нашите истакнати уметници – сопранот Дешира Амети-Крлиу, тенорот Исмет Весели и оркестарот на МОБ. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и во режија на Дејан Прошев, публиката ќе има ретка можност да ужива во програма која ги спојува бисерите на оперскиот репертоар. Светски познатата оперска дива, сопранот Инва Мула, интернационалната слава ја стекна со ...

Сподели На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен ...

Сподели 15. БМУ е двогодишното, process-based биенале, курирано од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки. Биеналето ќе се отвори на 18 ноември 2025 година (во МСУ – Скопје) и на 28 ноември 2025 година (во Музејот на Македонија и ОУ Ј.Х. Песталоци), развивајќи се низ четири поглавја што ги одразуваат промените на годишните времиња. Поглавје 1. Утрото започна вчера Куратори: Нада Прља во соработка со ...

Сподели Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешеншана седница на Советот упати сериозни критики за состојбата во правосудството, посочувајќи дека Европската комисија јасно укажува на тоа дека независноста на судството во државата е нарушена и со тоа директно е загрозена неговата независност и кредибилитет. „Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани со ...

Сподели Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ в среда (19.11.2025 год.) од 18:00 часот во просториите на новата мултимедијална читалница во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе одржи монографска презентација на архивската граѓа од архивот на Ансамблот. Ова значајно издание, што го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и ...

Сподели Од денеска, до 20 декември, е отворен јавниот повик за доделување вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Повикот се спроведува преку националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, а подигнувањето на уредите од избраните економски оператори мора да се изврши најдоцна до 31 декември, соопшти Министерството за дигитална трансформација. „Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, очекува и во новиот мандат стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи. „Политиката ја тргаме настрана и се насочуваме кон она што е најважно, интересот на граѓаните,“ рече Герасимовски во интервју за Racin.mk. Тој потсети дека уште при примопредавањето на уверенијата до советниците порачал дека изборите се завршени и дека следува период на заедничка работа ...

Сподели Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со ...

Сподели По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени. Изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина. Тоа е ...

Сподели Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“. Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во ...

Сподели Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и ...

Сподели Марибор, Словенија. Програмата се одржа од 19 до 25 октомври и претставуваше значајна можност за академска размена, интердисциплинарна работа и унапредување на Студенти од Факултетот за ликовни уметности и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје учествуваа на меѓународната зимска школа „Design Week 2025“, организирана од Машинскиот факултет при Универзитетот во знаењата во областите на дизајнот и ...

Сподели Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“ за да го изразат својот наводен „загрижен“ став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште ...

Сподели Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор. Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства. „Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна ...

Сподели По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати. Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение на максималната ...

Сподели По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, Општина Центар го организираше „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“ пред муралот на Горан Стефановски, во Дебар Маало. Посетителите имаа можност да дегустираат скопска симит-погача и други домашни специјалитети, подготвени од Активот на жени пензионерки од Центар. Во богатата програма учествуваа пензионери од Здружението на пензионери на Општина Центар, ученици од ...

Сподели Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Во оваа пригода, градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
58%
1006
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
81%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.11
91%
1015
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
36%
1003
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.58
78%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Родиум

339190.38

Цинк

3.37

Калај

49.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Платина

83354.78

Алуминиум

3.06

Бакар

12.10