Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала околу 3 часот го погоди источниот дел на Австрија. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Виена и Грац, на длабочина од околу 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Не е предизвикана материјална штета. Жителите на Австрија на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар наведуваат дека земјотресот ги разбудил, а жителите од делови на Чешка, ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и поранешниот организациски директор, Нехат Нухи кои се сомничат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама во службата“ во врска со случајот Онкологија. Додека трае истрагата Васев има забрана за напуштање на живеалиштето односно ...

Едно лице загина, а уште 20 побарале медицинска помош во битолската болница, откако се судрија автомобил со комбе кое превезувало работници. Несреќата се случи на излезот од Битола кон Демир Хисар. Пожарникари од Битола го извлекле загинатиот од возилото. Од дваесете лица кои побарале помош, ниту едно не е во критична состојба. Од Обвинителството известуваат дека јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице. ...

Според потврдени информации, на Клиниката на онкологија по претресите, уапсени се три лица меѓу кои и поранешниот директор на Клинката Нино Васев. На клиниката се уапсени едно медицинско лице и едно лице вработено во техничката служба на клиниката. Од клиниката брифираат дека најмалку уште една вработена утрово не дошла на работа и не била достапна. По приведувањето, тројцата осомничени се однесени од клиниката која е полна со пациенти. ...

Во Вишиот суд во Белград вчера започна судењето на родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“. Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од членови на семејството на убиениот. Тие се изјаснија за невини, а на рочиштето беше прочитано обвинението и беа дадени воведни зборови, а денеска обвинетите треба да ја изнесат одбраната. Покрај таткото и мајката на момчето-убиец, обвинети се и сопственикот на ...

Утринава, како што дознава „360 степени“, се вршат претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“. Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но повеќе детали не откриваат. Оттаму велат дека кога ќе имаат повеќе детали тие ќе бидат споделени. Случајот „Онкологија“ се откри откако неделникот „Фокус“ минатата година објави серија ...

Алабама го изврши првото погубување на осуденик на смрт во САД користејќи азотен гас, недокажана постапка за која адвокатите на затворениците тврдеа дека е форма на сурова и невообичаена казна забранета со американскиот Устав, објави Гардијан. Кенет Јуџин Смит (58) беше прогласен за мртов синоќа во 20.25 часот во затворот во Алабама откако вдишал чист азот преку маска за лице за да предизвика недостаток на кислород. Егзекуцијата траела околу ...

Вкупно 39 години затвор добија сите обвинети во процесот „Ласкарци“, за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“, во која загинаа 16 лица, а над 30 лица беа повредени. И судијката Диана Груевска пред изрекување на пресудата кажа дека ова судење било предизвик за неа, бидејќи се работи за комплексен процес во кој правдата мора да биде изведена. Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата сопруга Валбона добија син. “Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас со задоволство го најавуваме доаѓањето на нашето трето дете, Лав. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, додека се приклучи на Елиза и Мали Раѓањето на Лавот ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам.Со ...

ВМРО-ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната ...

Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери. Ова, како што вели извор од владејачката коалиција, е дел од политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ во пресрет на формирањето на преодната влада за организација на изборите и серијата кадровски и меѓупартиски поместувања на функциите како последица на тоа. Маричиќ, според најавите, ќе остане и заменик-претседател на Владата за европски прашања, позиција на ...

Воениот авион Илјушин ИЛ-76 превезувал 65 заробени украински војници за размена, соопшти Министерството за одбрана. Руски транспортен авион со неколку десетици украински воени заробеници се урна во регионот Белгород, кој граничи со Украина, потврди Москва. Претходно, медиумските извештаи сугерираа дека сите патници и членови на екипажот во авионот загинале. Во соопштението во средата, руското Министерство за одбрана соопшти дека товарен авион ...

Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај. Ковачевски ова го изјави денеска одговарајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата „Година на европски можности“, која се одржува во Скопје. Тој посочи дека со оставката на премиерот целата влада ќе биде во оставка, а во однос на тоа ...

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатена кон дома. Уште ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од ...

Одбиено е барањето од одбраната за замена на мерката притвор со куќен притвор за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен за „грабнување“. -Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А. Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П.Ж. , за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење ...

Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија. Висината на снежната покривка утрово во седум ...

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) утрово по 9 часот престанаа да сообраќаат по скопските улици, во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата. Автобуските постојки во поширокото централно подрачје беа невообичаено попразни во однос на другите денови, а низ булеварите можеа да се забележат само приватните автобуси кои се дел од јавниот транспорт во градот. Престанокот со работа вчеравечер го најавија од ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. „На 18.01.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачје на Ново Лисиче – Скопје починала Л.Т.(73) од Скопје“, велат од мвр. По преземени мерки и активности и извршена обдукција било констатирано дека Б.С. физички ја ...

Премиерот Димитар Ковачевски за време на празникот Богојавление Водици, најпрво го честиташе празникот, а потоа зборуваше за средбата со Заев и со Ахмети. „Ниту прва, ниту последна средба на некои кои се знаат три децении. Прво ние сме во коалиција со ДУИ. Се прават анализи во рамки на политичката коалиција со нашите коалициони партнери со кои успеавме да водиме влада во исклучително тешко време, особено во последните години, и треба европска ...

– Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. – Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок ...

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат. Тие ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите ...

Во тричасовна акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), рано утринава се спасени неколку лица кои со автомобил заглавиле на Галичица, на патниот правец кој подолго време е забранет за моторни возила. По добиената пријава на единствениот број за итни случаи 112, за случајот била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, а нивни екипи итно се упатиле на местото за да интервенираат. „Паралелно е комуницирано и со граѓаните од ...

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет. За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека ЛИЧНИТЕ КАРТИ со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат ДА ВАЖАТ и по 12 ...

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ја видел инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на промената на личните документи и дека не постои причина зошто би ја отфрлил, но на крај тоа е сепак одлука на Уставниот суд. Како што посочи тој на денешната прес-конференција по посетата на Општина Шуто Оризари, со грчките власти нема разговарано на оваа тема, бидејќи обврската ја презел претседателот на државата, и рече дека може да се донесат законски ...

Две лица се повредени во експлозија на рачна бомба која одекнала доцна синоќа во Северна Митровица, пренесуваат српските и регионалните медиуми. Заменик- директорот на полицијата за северниот дел на Косово, Ветон Елшани за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) изјавил дека едно од повредените лица е во тешка здравствена состојба и се наоѓа на лекување во болница во Северна Митровица. Сепак, и покрај тешката состојба, според ...

Осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и воедно нејзин татко Александар Ѓорчевска да оди во куќен притвор, наместо да биде во затворски притвор, ова го бара неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ. Туфегџиќ за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата. Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка ...

До ова ли дојдовте? Засрамете се! Прости им боже не знаат што прават, Ова е сквернавење на христијанството. Ова се само дел од реакциите по вчерашната маска од Исус како на крст влече пивски гајби на Вевчанскиот карневал. Покрај традиционалните маски како зетот, невестата, ѓаволот, како и секоја година кога актуелните шегите кои секоја година се во фокусот – премиер овде имаше со случувањата во М-НАВ, годинава во Вевчани вниманието го ...

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот. На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото ...

Четири лица се приведени за вчерашното пукање во тетовската блница, во кое беа ранети две лица. Се трага по уште едно лица, соопштија од СВР Тетово. „Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51