На свечената академија по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во големата сала на општина Велес, денеска беа прогласени најуспешните просветни работници од основните и средните училишта, како и најдобрите ученици. Настанот беше можност да се одбележи трудот, посветеноста и постигнувањата на наставниците и учениците кои се истакнаа во учебната 2024/2025 година. Во категоријата наставници од одделенска настава, ...

Само кражбата на дел од лимената врата на деловниот објект, барака, на улица „Страшо Пинџур“, во сопственост на државата поточно на АД за станбен и деловен простор, пријавена е во велешката полиција. Во Сектор за внатрешни работи Велес досега нема пријави од граѓани или институции за кражби на канти за смет и на цвеќе. Иако совесен Велешанец сними и јавно го објави на социјалната мрежа Фејсбук, граѓанинот којшто украде цвеќе од градска ...

Четириесет и две годишниот татко К.А нападот врз неговата ќерка , ученичка во ООУ „Блаже Конески“, од нејзин соученик го пријавил вчера, 22 мај, во 12:50 часот во Сектор за внатрешни работи Велес. „К.А.(42) од Велес пријави дека во основно училиште во Велес, во кое учи, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопшти СВР Велес. Дума.мк ја контактираше директорката на ...

По електронското јавно наддавање што го спроведе Општина Велес, скопската фирма „Луксор Оптик“ стана нов закупец на Градскиот пливачки базен во Велес за наредните пет години. Сопственикот на фирмата, Љупчо Василевски, направил прв увид во состојбата на базенот и ја оценил како катастрофална. Според неговите изјави, техничката опрема под базенот, каде што се наоѓаат пумпите за вода, е делумно украдена или уништена. Дозерите за хлорирање не ...

Нови 10 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги најновите духовити и остроумни афоризми што на уникатен начин ја отсликуваат нашата стварност. Со својата препознатлива игра на зборови и критички дух, Крлевски повторно нè тера да се насмееме – но и да се замислиме. -Успеав да се победам себеси. Веќе не сум двајца. -Жена ми не ми е по вкус, ама за вкусовите не се зборува. -Кој нема план Б, нема ни план А! -Во ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на овој викенд, сабота 24 мај и недела 25 мај, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со локална појава на грмежи. Локално процесите може да бидат застапени и во форма на невреме, прогнозира Славчо Поповски. „Локално ќе наврне значително количество на воден талог,над 30 литри на метар квадратен ...

Верољуб Додевски и Димче Тодоров, се двајцата пензионери, коишто на велешкото Здружение на пензионери му донесоа две први места во трките за мажи до и над 60 години на денеска одржаните 29 Регионални спортски Пензионерски игри. Прва е и екипата на велешките пензионери во спортската дисциплина стрелаштво, мажи, како и во поединечна конкуренција, затоашто пензионерот Зоран Џоневски го освои првото место. Велешките пензионери екипно најдобри се и ...

Верољуб Додевски и Димче Тодоров, се двајцата пензионери, коишто на велешкото Здружение на пензионери му донесоа две први места во трките за мажи до и над 60 години на денеска одржаните 58 регионални спортски Пензионерски игри. Прва е и екипата на велешките пензионери во спортската дисциплина стрелаштво, мажи, како и во поединечна конкуренција, затоашто пензионерот Зоран Џоневски го освои првото место. Велешките пензионери екипно најдобри се и ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %. Зголемување на ...

Мостот кај „Башино село“ во Велес ќе биде пуштен во целосна употреба следниот месец, поточно од 21-ви до 25-ти јуни годинава, ова денеска го соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, при увидот на работите на долниот дел од мостот. Велешани, но и сите останати учесници во сообраќајот, од крајот на следниот месец безгрижно ќе можат да поминуваат низ мостот кој на 3 јануари годинава беше целосно затворен за ...

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес ја претставуваше Македонија на реномираниот Меѓународен театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, еден од водечките културни настани на светската театарска сцена. Во рамките на фестивалската програма, на 17 мај во Националниот театар на Унгарија, беше изведена претставата „Без крв“ од италијанскиот автор Алесандро Барико, сценски адаптирана од Александар Секулов, а режирана од ...

Под влијание на нова циклонска активност со центар над Јонското Море, викендов, сабота и недела, 24 и 25 мај, во Република Македонија се очекуваат значителни временски промени. Времето ќе биде нестабилно, со обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи и повремено засилен северен ветер, особено изразен во недела, пишува Метеоаларм. Според метеопрогнозерот Славчо Поповски на одредени локации ќе има услови за појава на краткотрајно, но ...

Куќата во којашто се случи случи електричното празнење, вечерва, околу 21:00 часот се наоѓа на улица „Крали Марко“ во централното градско подрачје во Велес попознато како „Карпа Маале“. Од силината на ударот разнесен е покривот. Една голема и две помали цистерни со пожарникари се наоѓаат на улица „Архиепископ Михаил“, пред сокакот којшто води кон улицата Крали Марко. Пожарникарите интервенираат со противпожарни апарати. Освен пожарникарите и ...

Со финансиски средства на државата ќе се реконструира Инфективно одделение во Општа болница Велес. Министерството за здравство го прифатило и готовиот проект на болницата за изградба на Централна гасна станица за довод на кислород во болничките операциони сали, одделенијата за Интензивна нега и Хирушко,Интерно и Гинекологија и акушерство. Заменик министерот за здравство Јовица Андовски за Дума.мк рече дека двата проекти вредни се 75 милиони ...

На 20 мај, во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријавил дека од почетокот до 20 мај годинава на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков. Исто така, според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле ...

Резултатите од востановената практика за набавка на ученички униформи, нивното прифаќање и носење од страна на учениците како и споделеното мислење на родителите на децата, кои учат во општинското основно училиште во Росоман, се причина што општината продолжува со востановената пракса за набавка на ученички униформи и за наредната учебна година. Градоначалникот Стојан Николов соопшти дека и од годишниот општински буџет ќе се издвојат предвидени ...

Лана Басаров ученичка од прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, го освои првото место на средношколскиот ораторски натпревар кој денеска се одржа во големата сала на Општина Велес по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Младите велешани говореа под мотото „Збор со корен, глас со сила – Од длабочината до височината – ние сме гласот на она што тие го напишаа“. Ученичката Басаров која е под менторство на ...

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 19:50 часот пријавено било дека на исклучокот од експресниот пат Прилеп-Градско кон автопатот Градско-Скопје, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци. „Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес. Во ...

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини. По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група ...

Учениците од ООУ „Блаже Конески“ од различни одделенија, во континуитет освојуваат високи награди на државни натпревари, со што го потврдуваат квалитетот на наставата, посветеноста на наставниците и талентот на учениците. Поточно овој мај особено беше плоден за учениците кои се закитија со награди на државните натпревари по математика, природни науки и англиски јазик. Ученичка Ева Стоилковска го осовоила бронзениот медал на Јуниорската ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати. Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при ...

Територијата на Македонија, денес, среда, 21 мај, ќе биде зафатена од поголем фронтален влажен бран од југозапад којшто ќе предизвика поголема дестабилизација на атмосферата, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. „На многу места во Македонија ќе има развој на грмотевични конвективни облаци. појава на пороен дожд, гремежи и силен ветер во зоната на нестабилност кој ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално пак, процесите ќе бидат ...

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за мај е 63.908 денари, и бележи покачување од 1.217 денари во споредба со април. За семејствата кои живеат под кирија, во стан од 60 м2 кошничката изнесува 79.283 денари. Податоците ги објави Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), според утврдена методологија за четиричлено семејство. Сумата која треба да се издвои за храна и пијалоци изнесува повеќе од една третина од кошничката, за да се прехрани ...

Александар Димитров е пожарникар со најдолг стаж во Територијалната противпожарна единица Велес. Тој цели 36 години со посветеност и човечност им служи на граѓаните, учествувајќи во бројни интервенции, гаснејќи пожари и спасувајќи животи. На денешното одбележување на Денот на пожарникарите, Димитров во видео изјава за Дума.мк објасни дека хуманоста е водилка во неговата работа и напомена дека не постои „тежок“ пожар туку сите интервенции низ ...

Шеесет и едно годишниот А.Ѓ од Велес, ноќеска скоро три часа по полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Како што пишува во дневниот билтен велешанецот е лишен од слобода по претходна пријава дека во тоалет во угостителски објект во градот допирал 18-годишна велешанка. -А.Ѓ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

Преку ноќ исчезна канта за смет од електричен столб на улица „Алексо Демниевски Бауман“ и пред Градска библиотека „Гоце Делчев“. Крадецот вешто го отштрафил долниот дел на пластичната канта и си ја земал. На електричниот столб го оставил само горниот дел, поклопецот. Таа е само една од повеќето коишто се поставени на улиците „Алексо Демниевски Бауман“, „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“. Јавното комунално претпријатие „Дервен“ ги купува од парите на ...

Министерство за социјална политика, демографија и млади објави повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за деца на корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош родени во периодот од 2011 до 2014 година, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години. Услугата ќе се користи во текот на летниот распуст во смени по седум дена и опфаќа шест полни пансиони (ноќевање со три оброка ...

Уште пед дена фудбалски екипи, составени од четири плус еден фудбалер и со можност на резервни играчи до вкупно 10 фудбалери, можат да се пријавуваат за учество на овој традиционален турнир во Росоман. Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари додека потребни информации се добиваат на мобилниот телефонски број 077 490 684 на Тоше Арсов кој е претседател на Друштвото „Сашко Гелов Шулц“ во Росоман. Петтиот Меморијален турнир во мал фудбал ќе ...

Под влијание на фронтална долина со намален воздушен притисок, но и со поладен воздух на висина, утре, среда, и особено за викендот во Македонија на многу места ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои очекувам честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, гласи прогнозата на Славчо Поповски. „Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денара, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 не се менува и ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
88%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Родиум

255598.44