Со скршеници на ребрата од двете страни се здобил педесет и три годишниот С.С од Велес, кој вчера во 08:40 часот на регионалниот пат Велес – Штип бил учесник во сообраќајна незгода. Како што соопшти портпаролот на велешката болница пациентот поради тешките повреди бил испратен во Ургентен центар Скопје. Од Сектор за внатрешни работи Велес објаснуваат дека незгодата се случила помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со нови осум афоризми за читателите на Дума.мк. Неговите кратки и прецизни мисли, препознатливи по критичката острина и социјалната ангажираност, повторно отвораат простор за размислување. -Некои нешта немаат цена, токму затоа вредат најмногу. -Кога челните луѓе во државата имаат проблеми со очите и ушите, кога министрите во некои министерства се во хаос, кога политиката е без филтер, а политичарите ...

По силното невреме кое вчера,недела, 17 август, го зафати Лубојно, Ресенско, направи штети и поплави улици и куќи, денес следува ново невреме во повеќе делови од Македонија. Државата ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. „Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од Македонија. ...

Граделе убави и нови домови, во изминатите три децении, а живеат без основна инфраструктура. Најголем дел од жителите на велешката населба „Речани“ се движат по земјени и макадам улици, кои се полнат со вода при секој дожд, дел пијат вода наместо од градскиот водовод од сопствени бунари и дел немаат канализациона мрежа.Во оваа населба уличните светилки се бројат на прсти. Жителите на „Речани“ во вечерните и во ноќни часови потребите да ...

Од денеска се намалуваат цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15 август до 15 септември. Одлуката е донесена поради тоа што дел од трговците пред почетокот на новата учебна година ги зголемиле цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на ...

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 23:30 часот ги привеле осумнаесет годишниот С.Ѓ и еден малолетник од Неготино, како и малолетник од Демир Капија. -Имено, тие откако ги забележале полициските службеници, фрлиле цигара со зелена растителна материја, која била пронајдена и одземена. Со малолетниците бил извршен разговор во присуство на адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи ...

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, во 21:15 часот ги лишеле од слобода триесет и две годишниот Ѓ.Ш и дваесет и пет годишниот Е.У од Велес. Како што пишува во дневниот билтен најпрво во угостителски објект во градот, Ѓ.Ш му се заканувал на Ш.А (43) каде бил со Р.З (39) а потоа пред објектот настанала и меѓусебна физичка пресметка која продолжила и на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. -Таму Е.У. употребил дрвен предмет и се заканувал со ...

Министерството за образование и наука информира дека од денеска почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Во повикот објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е ...

Во сабота и недела, 16 и 17 август во нашата држава ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник, 18 август, во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. -Локално пак атмосферските процеси ќе бидат ...

Два одделни случаи на физички напади се регистрирани на 13 август во регионот на Велес и Неготино, при што полицијата интервенирала и привела две лица осомничени за насилство. Првиот случај е пријавен во СВР Велес во 12:40 часот од страна на 40-годишна жена од Велес. Таа пријавила дека на улицата „11-ти Октомври“ била физички нападната од З.Н. (42) од Велес, со кого претходно била во љубовна врска. Според пријавата, тој ја нападнал и во домот ...

Кога зборовите се силни, годините не се пречка. Само 15 години има Весна Мартинова од Кавадарци, а нејзината прва книга „Трошка надеж“ веќе ги освојува срцата на читателите. Овој понеделник, на 18 август 2025, со почеток од 19 часот, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде домаќин на промоцијата на ова топло и длабоко дело. “Трошка надеж“ е трогателна приказна за загуба, пријателство и храброст да се продолжи напред. Преку патувањето ...

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...

Општина Демир Капија, која е дел од Вардарскиот плански регион, ќе реализира неколку капитални инфраструктурни проекти со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија, добиена преку вториот јавен повик за финансирање на проекти во општините. Со овие инвестиции се очекува значително подобрување на условите за живот на граѓаните и поттикнување на понатамошен развој на општината. Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, ...

На изглед обично цвеќе со особено привлечни виолетови цветови, со сребреникави листови, во чиј средишен дел се наоѓа жолтобоен толчник, којшто врзува жолти бобинки, но во суштина станува збор за опасен и отровен плевел. Плевелот „Сребренолисен зрнец“ е веќе мапиран на две локации во Македонија, во близина на Неготино и на Кавадарци. Првото активно жариште се наоѓа веднаш до патот Неготино – Кавадарци, пред влезот во селото Марена, додека ...

„Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Сепак поради продор на малку поладен воздух од север, на висина, ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на конвективни ...

Револуционерната серија на иновативна технологија за загревање тутун без негово согорување, IQOS ILUMA i, сега е полесно достапна за полнолетните корисници во Велес преку IQOS мобилната продавница лоцирана во Peron retail park, на улицата Алексо Демниевски Бауман. Мобилната продавница работи секој ден од 9:30 до 21:30 часот, освен во недела и на државни празници. IQOS ILUMA i е досега технолошки и дизајнерски најнапредна серија која нуди ...

Спортски ветерани, поранешни фудбалери и пријатели на велешанецот Игор Ѓаковски Ѓак поттикнаа иницијатива и во недела, на 17 август ќе ја реализираат со прва спортска манифестација посветена на нивниот пријател, љубител на фудбалот, фудбалер и помагател на спортски настани за да ги зачуваат спомените затоа што „Ѓакчето“ повеќе не е меѓу нив. Ако годинава во негова чест, на Ракометното игралиште во Градски парк во Велес ќе се одржи Меморијален ...

Во последните денови во Велес е забележано зголемување на бројот на пациенти со симптоми на стомачен вирус. Матичните лекари посочуваат дека ова заболување е во текот на целата година, а најчесто се појавува кај помладата популација, особено во пролет и лето, но овојпат има и голем број на возрасни пациенти со стомачен вирус. Кај пациентите се појавува треска, покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа. Лекарите ...

Во Општина Лозово веќе дваесетина дена се изведуваат интензивни градежни активности за целосна реконструкција на локалниот пат што го поврзува селото Каратманово со експресниот пат А3. Реконструкцијата се спроведува во организација на локалната самоуправа, а градоначалникот Бошко Цветковски ја истакна важноста на проектот за жителите од овој рурален дел на општината. -Овој патен правец е од суштинско значење за Каратманово и неговото ...

Вчера вечер, околу 22:35 часот, Територијалната Противпожарна Единица Велес добила дојава за запалена сува трева во село Црквино. На терен веднаш излегло едно противпожарно возило со двајца пожарникари спасители. По пристигнувањето на лице место, екипата пристапила кон гасење на пожарот. Како што соопштија од велешката пожарна благодарение на нивната навремена и ефикасна интервенција, огнот бил брзо локализиран и не било дозволено негово ...

„Според моменталните излези на најажурните прогностички модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS) во најголемиот дел од месец август продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување и голем пад на температурите на воздухот“, гласи ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинари од пелагонискиот регион. Случајот за кој веќе испративме официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известување за разрешувањето на директорка на училиште во Демир Хисар, кога полициски службеници им пристапиле ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, рано утринава, помеѓу 02:20 и 02:50 часот, ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство. „Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, ...

Сопранот Вероника Караколева ќе одржи концерт во Ликовен салон во рамки на културната манифестација „Велешко лето“. Караколева пред љубителите на оперското пеење ќе изведе програма составена од италијански арии од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи како и хрватски, германски и македонски песни од хрватскиот композитор Јосип Хаце, од македонскиот композитор Тодор Скаловски и од германскиот композитор Франс Шуберт. На концерот Караколева ...

„Со третирањето, утре, среда 13 август, во раните утрински часови, ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,“ соопшти Општина Велес. Поточно границата на третирањето против комарци се Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се ...

„Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец. Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец. Што се ...

Споменатото лице ДБ во пренесената вест од Полициски билтен на Сектор за внатрешни работи Велес од страна на Дума.мк, попладнево, реагираше со барање во јавноста да биде пренесен и негов исказ, којшто тврдеше дека вчера, го дал, во Полициска станица Велес и го пишувало во официјалниот Записник. Дума.мк ја пренесува неговата изјава во целост: „Во веста којашто ја пренесовте за „тепачка во двор на верски објект“ спомнати се иницијали на моето ...

Дебатата со наслов „Гласот на младите: Дебата за иднината“ денеска се одржа во просториите на Јуроп Хаус на која млади Велешани, претставници на институции и граѓански организации отворија прашања за реалната моќ на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Настанот, кој се совпадна и со одбележувањето на тригодишнината од постоењето на Младинскиот центар, се одржа во присуство на претставници од Локалниот младински совет, ...

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека од вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати. Намалувањето важи за сите видови горива, а најзначајно поевтинување има кај екстралесното масло за домаќинство Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Истото намалување од 0,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Калај

50.03

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Бакар

12.06