Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Велешанка, мажена во друга општина во Македонија, поради долгогодишно психичко малтретирање и финансиско злоупотребување, по 16 години брак одлучила да се врати во домот на својата мајка и брат во Велес. Триесет и седум годишната жена е мајка на две малолетни деца. Жената на 1 јуни, годинава, со себе во Велес ги донела и своите две малолетни деца кои се на ученичка возраст. Таа за Дума.мк тврди дека веднаш поднела барање за развод и побарала ...
Во општинската зграда на Свети Николе отворена е нова канцеларија за е-услуги, со цел да им се овозможи на граѓаните полесен и побрз пристап до државните дигитални сервиси. Канцеларијата беше отворена од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општината, Дејан Владев. Министерот Андоновски информира дека канцеларијата е подготвена за кратко време и во неа ќе работат тројца вработени. Тој посочи дека сите ...
Четириесет годишниот Д.Н од Велес, вчера вечерта, десет минути пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по пријава од неговиот 64 годишен татко. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, таткото на велешанецот пријавил дека во дворот од семејниот дом, тој му се заканувал, агреснивно се однесувал и кршел предмети а потоа со употреба на остар предмет ги оштетил и гумите на патничко ...
Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази на наставата, од подготовката за час до оценувањето. Министерството за образование и наука ...
„Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре, сабота, 30 август, како и во текот на ноќта кон недела, 31 август времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре ...
Тешката сообраќајна несреќа се случила ноќеска, десет минути по полноќ, на локален пат село Горно Чичево – село. Долно Чичево, во општина Градско, кога патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од село Ногаевци, општина Градско, констатирани ...
Кандидатурата на Хеско ја објави претседателот на опозициската партија,д-р Венко Филипче, на синоќешната седница на Извршниот одбор во Скопје. „Велес има избор за промена! Нашиот кандидат за градоначалник, Маја Хеско е личност што ја обединува силата, храброста и одлучноста на сите граѓани. Време е за нова енергија, време е за работа во интерес на секој човек, секое семејство,“ соопшти партискиот лидер Филипче. Дипломираниот социолог Маја ...
„Денешното утро, четврток, 28 август, во Македонија повторно донесе исклучително ниски температури на воздухот. Најсвежо ова утро беше во Берово со измерени само 6 степени. Времето насекаде во државата е ведро и претежно тивко без некој изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова утро кои се исклучително ниски и под просекот за овој период од годината“, соопшти метеопрогнозерот Славчо ...
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство ...
Нова шампионската титула годинава освои производот прополис на „Пчеларник Дукови“ на натпревар на медопроизводители од балканските држави што се одржа во Степоевац, соседна Србија, по минатогодишната за саќе. Високото признание Дукови го донесоа во Велес, изминатиов викенд, заедно со уште два златни медали коишто ги добија за квалитет на ливадски мед и повторно за производот мед во саќе. Балканот веќе знае дека Дукови се производители на ...
Со мирис на зрело грозје, вкус на домашно вино и звуци на традиционална и современа музика, Општина Лозово со голема гордост го најавува овогодинешниот Овчеполски Гроздобер 2025, кој ќе се одржи на 6 и 7 септември. Настанот, кој полека но сигурно станува препознатлива традиција, го слави најголемото богатство на регионот – плодната земја, вредните луѓе и вековната винска култура. Дводневниот настан ќе биде исполнет со богата културна и ...
Црвен крст Велес организира хуманитарна акција за донација на училишен прибор под мотото „Донирај училишен прибор“, со цел да се помогне на ученици од социјално загрозени семејства да започнат со насмевка и достојно новата учебна година. Акцијата ќе се одржи во понеделник, на 1 септември, во периодот од 16:00 до 18:00 часот, спроти влезот на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Сите заинтересирани граѓани можат да ја покажат својата хуманост и ...
„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес, среда, 27 август до петок, 29 август, времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Tемпературите, во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ...
Осумдесет и седумте уметнички дела од кошто е составена постхумната 62 Самостојна изложба на академскиот сликар Ангел Петров изложени во Ликовен салон Велес се само дел од неговото по опус и разновидно по мотив како и техника творештво создавано низ децениите на живот во родниот Велес. Бројот на уметнички дела, се избрани суптилно и педантно, бидејќи е посветено внимание да бидат за прв пат прикажани на публиката поточно на љубителите на ...
Брзото пристигнување и навремената интервенција на велешките пожарникари вчера спречија поголем пожар над црквата „Св. Спас“ во градот. Поточно во 10:36 часот била примена дојава за запалени кабли над верскиот објект по што двајца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон пријавеното место. Како што соопштија од ТППЕ Велес пожарникарите затекнале како гори дива депонија и веднаш пристапиле кон нејзино гаснење. ...
Претседателот на Советот, Даниел Јаневски, на членовите на Совет на Општина Велес им предлага дневен ред составен од 42 точки. Дваесет и тројцата Советници се очекува да го разгледаат Кварталниот извештај на Општина Велес, да донесат одлуки за давање на времено користење на простории сопственост на општината на граѓански организации и за затворање на Депонија за земја, шут и друг отпаден градежен материјал, за потреби од доесување на ...
Денес, вторник, 26 август, од запад над Македонија ќе помине облачна воздушна маса која може да донесе сосема слаб локален дожд. Веќе од утре среда, 27 август до петок. 29 август државата ќе биде под влијание на топол бран од Африка кој ќе услови температурите да бидат значително повисоки, речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие локално ќе надминат и 35 степени. Во Скопје и ...
Поради неопходни работни активности на водоводната линија, утре, 26 август, ќе биде извршен прекин на водоснабдувањето на дел од улицата Белградска, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес. Како што соопштија од претпријатието, прекинот ќе започне во 8.00 часот наутро и ќе трае сè до завршување на градежните активности на терен. Од ЈКП „Дервен“ апелираат граѓаните од овој дел на градот да имаат разбирање. Дума.мк ...
Рано изутринава, околу 01:50 часот, полициски службеници од СВР Велес привеле 27-годишниот Д.В. од Велес, кој бил фатен како управува патничко возило под дејство на алкохол. Според информациите од СВР Велес, возилото „БМВ“ со велешки регистарски таблички било запрено при рутинска сообраќајна контрола. По извршената проверка било утврдено дека возачот управувал со возилото со 2,28 промили алкохол во крвта, што е далеку над дозволената граница. ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Обезбедени 135 крвни единици, во времетраење од шест часови и во услови на летен период поточно за време на користење на годишни одмори, повеќе е од успех, соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес. Крводарителската акција што вчера се одржа во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ имаше одличен одзив од страна на Велешани кои како и многу пати до сега се докажани хумани граѓани. -Осум граѓани се одзваа за прв пат ...
Во живописното село Нежилово, во близина на Велес, со креативна и инспиративна атмосфера, успешно се одржа 5. Меѓународна стрип колонија, традиционално организирана од Стрип центарот на Македонија – Велес. Колонијата беше дел од програмата на 22. Меѓународен стрип салон „Велес 2025“, кој заврши деновиве со богата програма и меѓународно учество. Оваа година, стрип колонијата собра уметници од три држави – Србија, Бугарија и Македонија. Од ...
Во духот на солидарноста и хуманоста, велешани уште еднаш покажаа дека се подготвени да помогнат кога е најпотребно. На вчерашната летна крводарителска акција, која се одржа во просториите на велешкиот театар беа собрани дури 135 единици крв. Во акцијата активно учествуваа и шестмина волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Велес, кои даваа логистичка поддршка и се погрижија за непречено одвивање на целиот процес. Акцијата беше реализирана ...
Осум нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. -Да се живее од љубов, не значи дека љубовта треба да се продава. -Од богатата ризница на некои политичари, полна со “мудрости”, можат да се нанижат гердани од нивните БИСЕРИ на глупоста и лагата. -Сите посакуваат промени, ама…некој друг да биде сменет. -Постојат мошне забегани политичари, кои со својата неукост и ароганција, можат да му причинат ...
Започнат е јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 20 дена, односно до 11 септември, на полноќ, во пресрет на локалните избори кои се закажани на 19 октомври,годинава. Државната изборна комисија (ДИК) го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, најдоцна на 3 октомври. Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење ...
Во текот на оваа работна недела во нашата држава времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и од ден на ден се потопло. Повремено ќе има појава на умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. До вторник, 26 август, температурите преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, пишува Метео аларм. -Од среда, 27 август, па во деновите потоа под влијание на топол бран од ...
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера попладне, во 15:25 часот пријавено било дека во атар на село Дебриште, росоманско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил нива со лозов насад и родни дрвjа, сопственост на К.Ѓ.(68) од село Дебриште. „Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави Државeн завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование за 14.7 %, дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7% и рударство и вадење камен за 12.2 %. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата ...
Секој почеток на учебната година носи возбудување, неизвесност и надежи и за децата и за родителите, па така и за наставниците. Но кога станува збор за децата со попреченост, овој процес е уште посензитивен и бара подлабока подготовка и посебен пристап. Како специјален едукатор, со години сведочам на различни ситуации од радост и напредок до страв и отпор, но најважно е да не брзаме и да не гледаме на почетокот на училишната година како на ...
Од први до 15 септември, годинава, ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Велес, соопшти Јавно комунално претпријатие „Дервен“. Се апелира до граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за негово собирање. -Во габаритен отпад спаѓа: Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи. ...