На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство. Операцијата беше ...

Четириесет и шест годишниот Е.Л од Горно Оризари, вчера вечер, во 20:20 часот бил лушен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес кои постапиле по претходна пријава. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, мажот во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор по што настанал пожар. -Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема, ...

Десет шахисти од Општина Чашка учествуваа на шаховскиот турнир што се одржа како дел од активностите за одбележување на 29 години од формирањето на општината. Турнирот се играше во повеќе рунди, а по завршувањето на сите партии, прогласени беа тројцата најуспешни натпреварувачи. Првото место го освои Љупчо Трајковски, кој со сигурна и внимателна игра ги доби сите клучни дуели. Второто место му припадна на Богдан Таневски, кој покажа стабилен ...

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре. петок 22 и сабота 23 август, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. „Особено до крајот на денешниот ден ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец, ...

Да се биде градоначалник на една од најголемите по територија и мултиетнички општини во Македонија е чест и во исто време обврска која носи голем број на предизвици. Пред осум години задолжена, со блокирана жиро сметка а денеска функционална, без долгови и со голем број на реализирани како и проекти кои се добиени и следи нивно реализирање, рече во денешното обраќање пред присутните гости на денот на Општина Чашка, градоначалникот Горан ...

Грција ќе вложи 24,6 милиони евра во целосна надградба на граничниот премин Евзони – Богородица, со цел да се олесни движењето на патници и возила и да се намали времето на чекање. Проектот, кој официјално стартува на 12 август 2025 година и треба да заврши до крајот на 2027 година, предвидува подобрување на инфраструктурата, патната мрежа и условите за пасошка и царинска контрола. Грчките власти нагласуваат дека преку Евзони годишно ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, рано утринава, во 02:35 часот лишиле од слобода малолетник кај кого пронашле и одзеле зелена растителна материја, пари во различни апоени и мобилен телефон. -Малолетникот физички нападнал полициски службеник кој му вршел преглед за што бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, адвокат за малолетници и Центарот за социјални работи Неготино, соопшти Биљана ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, ...

Со почетокот на учебната 2025/26 година, Општина Градско продолжува обезбедува бесплатни ранци и училишен прибор за првачињата како и бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение. -Нашата цел е секое дете да започне со насмевка и мотивација, а образованието да биде гордост и радост за сите нас, истакна градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков. Доделувањето на ранците и училишниот прибор ќе се изврши на првиот училишен ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, денес и утре, времето ќе биде претежно сончево, многу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час, информира метеорологот Славчо Попоски. -Температурите на воздухот насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе надминат и 35 степени. Сепак утре ...

Годинешното издание на Меѓународен Салон на стрип, вчеравечер, се одржа во Јуроп Хаус во Велес. На свеченото отворање љубителите на стрип уметноста ги поздравија домаќините и организатори Александра Иванова и Ване Трајков. На 22 издание на културната манифестација беа доделени првите три традиционални награди „Златен стрип“, наградата за Најдобар македонски стрип, за најдобро сценарио, за најдобар уметнички израз како и за прв пат три ...

Управата за водење на матични книги признава дека минатата недела два дена немало образци за издавање на Изводи на родени и на венчани во Подрачната единица во Велес но исто така информира дека состојбата била нормализирана, во понеделникот на 18 август. Шефот на кабинетот на директорот, на оваа државна институција, Ерхан Адеми, одговори на новинарското прашање на Дума.мк дали е точно тврдењето на Велешани дека изминатата недела во Подрачната ...

Во раните утрински часови од 05:00 до 07:00 часот на територијата на Општина Чашка ќе се реализира втора дезинсекција на населените места и јавните површини со авиотретман за заштита од комарци. Во третирањето ќе се користи широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретманот ќе бидат опфатени населените места: населба Чашка,низводно по река Тополка, Мелница и низводно по река Мелничка, Лисиче, Голозинци, Еловец со оризови ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август ...

Со свечена седница, културно-уметничка програма, доделување признанија и низа активности за сите генерации, Општина Чашка утре, 21 август, ќе одбележи 29 години од своето постоење. Централниот настан по повод Денот на општината ќе се одржи во 10:00 часот, во салата за манифестации на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка, каде ќе се одржи свечена седница на која ќе присуствуваат членовите на Советот на општина Чашка како и бројни гости. Свеченоста ќе ...

На Градскиот плоштад во Кавадарци вчера започна турнирот во кошарка „Street Basket“ кој беше отворен на топол и симболичен начин од страна на здружението „Кавадаречки срца“ кое ги обединува лицата со попреченост. Со ова, општината уште еднаш испрати силна порака дека спортот е место за сите – без исклучок. Турнирот се одржува два дена во организација на Општина Кавадарци, и се игра на Градскиот плоштад во вечерните часови. Вчера вечер, беа ...

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ соопшти дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од градот поради неопходни работни активности на водоводната инсталација. Поточно, без вода ќе останат корисниците на улиците Страшо Пинџур и Солунска, а прекинот ќе трае околу два часа. Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните за разбирање и најавуваат дека по завршувањето на работите, водоснабдувањето ќе биде нормализирано во најкус можен ...

Со свечено отворање во просториите на Јуроп хаус – Велес, вечерва официјално започнува 22 издание на најзначајната стрип-манифестација во земјава – Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“. Настанот годинава бележи рекордна посетеност и интерес од домашната и меѓународната стрип-сцена. На отворањето ќе се доделат награди, признанија и дипломи за најдобрите дела пристигнати на годинешниот меѓународен стрип-конкурс. Од вкупно 396 пријавени ...

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок, 22 август времето во Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека во петок претежно од западен правец. „Во петок ќе има и појава на умерена локална облачност како и услови за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите ...

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од ...

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста за состојбата со донациите и реализираната помош заклучно со 19 август 2025 година. Оваа иницијатива, која беше формирана веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година во Кочани, продолжува да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства. Еден од најважните сегменти на помошта е набавката на специјализирана компресивна облека, која е ...

Учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта на територијата на Општина Лозово и оваа учебна година ќе добиваат бесплатен дневен оброк, мерка што локалната самоуправа ја спроведува по трет пат, со цел да придонесе за подобрување на детската исхрана, образовните резултати и општата благосостојба на семејствата. Со одлука на Советот на Општина Лозово, средствата за реализација на оваа мерка се обезбедени директно од буџетот на ...

Ретроспективната изложба ќе им прикаже на љубителите на ликовната уметност 87 дела колку што години живееше академскиот сликар Ангел Петров. Тие се создадени во повеќедецениско негово творештво. Избрани се 36 пејзажи, 25 актови и 26 коњи, поточно трите мотиви што го следеле Петров низ целиот негов творечки живот. Изложбата ќе биде отворена во понеделник, на 25 август во 19:30 часот. „Во неговите пејзажи длабоко е втемелена занаетската ...

Крводарителството е еден од најголемите хуманитарни гестови што секој човек може да го направи – гест што спасува животи. Во време кога потребата од крвни единици е секогаш присутна, граѓаните повторно имаат можност да дадат свој придонес и да помогнат таму каде што е најпотребно. Црвен крст – Општинска организација Велес организира две крводарителски акции, повикувајќи ги сите хумани граѓани да се вклучат. Првата акција ќе се одржи на 22 ...

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена па не е за капење. Кај луѓето на Преображение се случуваат промени-кој преку лето поцрнел, почнува да белее. На ...

„Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од среда, 20 август, до петок, 22 август, времето во Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Температурите ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени. Во Скопје и ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и ...

Со отворање на традиционалната изложба од стрипови, годинава и јубилејна, посветена на 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал “ ВЕКОВНИЦИ“ во среда, на 20 август, во Велес ќе се одржи 22 Меѓународен стрип салон . Промотор ќе биде нејзиниот иницијатор и автор, Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија којшто е голем пријател на стрип манифестацијата. На културната манифестацја ќе бидат доделени награди ,дипломи и признанија од ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. ...

Општина Лозово и оваа година ќе обезбеди ваучери од 4000 денари за сите ученици кои оваа есен ќе започнат во прво одделение. Средствата се наменети за набавка на училишен прибор и облека, како поддршка за родителите во подготовките за новата учебна година. Одлуката е донесена едногласно од Советот на Општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски истакна дека оваа мерка е дел од заложбата за помош на семејствата и вложување во иднината на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06