Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Пожар на сува трева кој избувна во близина на игралиштето на Бабуна беше успешно изгаснат благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес и помошта од група излетници кои се затекнаа на местото. Дојавата за пожарот била примена на 27 јули во 15:27 часот, по што веднаш интервенирале едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето на терен, екипата веднаш пристапила кон гаснење на ...
Македонската стрип заедница ова лето забележа значајно меѓународно учество на два реномирани регионални настани – Интернационалниот фестивал за анимација и стрип „Супертјун“ во Шибеник, Хрватска, и Меѓународната стрип колонија „Рашка 2025“ во Јошаничка Бања, Србија. Приморскиот град Шибеник по петнаесетти пат беше домаќин на фестивалот „Супертјун“, кој понуди богата програма на повеќе градски локации – со проекции, изложби, промоции и ...
Понеделнички Дума.мк Ви ги претставува новите 7 афоризми од познатиот афористичар Никола Бошков – Коки, кој и овојпат со остро перо и прецизна мисла ја коментира нашата секојдневна реалност. -Лето е, некои брачни двојки ги носат децата на море, а некои…идното дете од море. -Некои политичари можат да се поистоветат со упатствата за употреба на лековите: за да не ви се случат некои несакани дејства и алергични реакции, најпрвин треба мошне ...
Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа недела во Македонија ќе имаме значително попријатно и посвежо време, а особено посвежо ќе биде во ноќните и во утринските часови кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека на повисоките и на планинските места температурата има услови да се спушти и под 10 степени, гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо ...
Единаесет годишното девојче и неговата мајка биле пренесени на Хирушко одделение во Општа болница Велес. По извршени прегледи и добиени резултати лекарите, специјалисти по хирушки болести одлучиле девојчето веднаш да се пренесе на Клиника за детска хирургија во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. -Кај малолетната пациентка, на 11 годишна возраст, констатирана беше тешка телесна повреда поточно скршеница на бутна коска. Поради ...
Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на новата седмица која што ни претстои, температурите во Македонија ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои што ги имавме вчера, сабота, 26 јули. Особено од вторник, 29 јули ,максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопскиот регион исто така температурата ќе биде пониска за околу 10 ...
Пред бистата на македонската хероина, наставничката Мирка Гинова и спомен обележјето посветено на загинатите Македонци, борци на Демократската армија во Грција во Граѓанската војна, денеска во Велес, се одржа комеморација. Комеморативното одбележување на 79 годишнината од погубувањето на Мирка Гинова и загинатите борци започна со интонирање на Химната на Македонија и на градот Велес. Пред присутните пратеници, претставници на Совет на ...
Најголем број на исселеници со потекло од село Мелница има во Турција, потоа во Швајцарија, па во Германија, Шведска и Соединетите американски држави и целта на културната манифестација е тие да се поттикнат да дојдат во родниот крај, да се видат со најблиските како и да се дружат меѓусебе, рече вчера вечер на свеченото отворање на III „Мелничка исселеничка средба“ Ердован Еки Етовски. Како претседател на Здружението на граѓани „ „Мак Мел“ од ...
Од понеделник, 28 јули, во Македонија, поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот за и повеќе од 10 степени, прогнозира Славчо Поповски. . „Од понеделник на многу места низ државата температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени ...
Фирмата „Реал градба“, сопственикот Тасе Илиевски (61) и вработениот Марјан Ангелов (58) виновни се за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот на езеро „Младост“ кај Велес, пресуди Основен суд Велес. Судот во пресудата исто така одлучи дека обвинетите кривичното дело го сториле со умисла и им изрече казна затвор во времетраење од по 5 години на Илиевски и Ангелов, засметувајќи го времетраењето на ...
Продолжи потрагата по 16 годишното девојче, коешто вчера попладне влезе за да се капе во водите на река Вардар, кај село Уланци, во Општина Градско и нејзиното тело беше одвлечено од водата. Од Сектор за внатрешни работи Велес само што соопштија: „На 24.07.2025 година, околу 16:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во село Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од село Уланци, додека се ...
Исчистен од трева и грмушки е просторот околу спомен обележјето на починатите Македонци и Грци, борци на ДАГ во дворот на Специјализираната болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во Општина Чашка. Пред утрешното одбележување на настанот четворица акцијаши ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаши ветерани“ рано утринава изведоа четири часовна акција за уредување на овој простор. Исто така, вчера рано утро, 10 ветерани ...
Овој петок вашиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски ви ги става на читање следниве напишани афоризми: „Секоја година ни е плодна… за плодни дискусии!“ „Откако се запослив не работам ништо. Паднат е системот.“ „Тие бизнисмени во светските метрополи, а нас не враќаат во пештерите. Има нешто труло во државата Данска!“ „Во мојата зграда сите пешачиме. Соседот од поткровјето ни ја остава отворена вратата од лифтот.“ „Доживеа бродолом уште ...
„Веќе од недела навечер и ноќта кон понеделник, 27 кон 28 јули, поради продор на значително посвежа воздушна маса од север, температурите во Македонија ќе бележат тенденција на поголемо опаѓање, за 10 степени локално и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме деновиве. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец. Сепак и покрај ова поголемо освежување, врнежи засена нема на повидок, ...
Еден лекар од Општа пракса, четири медицински сестри со средна стручна спрема, од кои две за работни места болничарки и еден лаборант техничар со средна стручна спрема ќе станат дел од медицинскиот персонал на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“. Болницата прима и едно лице за одржување на хигиена. По истекот на огласот за прием на работа, вчера, докторот на медицина полагаше стручен испит и Англиски ...
Во рамки на летната културна програма „Пулсирај со Велес“, вечерва со почеток во 21 часот, паркот кај ООУ „Васил Главинов“ ќе биде сцена на несекојдневен музички настан. Љубителите на класичната и етно музиката ќе имаат ретка можност да присуствуваат на концертот „Балканско патување“, уникатен проект инспириран од богатото балканско фолклорно наследство. Зад концертот стои гудачкиот квартет предводен од истакнатата виолинистка Пламенка ...
Новороденче на деветмесечна возраст, вчера уро, во 8:30 часот било донесено за медицинска помош на Детско одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. -Новороденчето беше примено без знаци на живот. Лекарски тим составен од специјалисти педијатар и анестезиолог веднаш пристапија кон реанимација на бебето. И покрај повеќето обиди не успешно беше бебето да се врати во живот. Подоцна од родителите бевме информирани дека за жал, детенцето, имало ...
На улица „Јордан Џурнов“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удри во ѕид од куќа, го проби и им влезе во соба на сопствениците. Возачот Е.В.(23) од Радовиш избегал од местото на сообраќајната незгода. Возачот бил пијан и немал дозвола за возење на автомобил. Нема повредени членови на семејството туку причинета е голема материјална штета. Случката е пријавена во полиција. „На 23.07.2025 година, ...
Просечната исплатена нето плата во мај, годинава, изнесувала 45.796 денари. „Тоа е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани,“ соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Според информациите на ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни ...
Општина Велес официјално одобри субвенции за 43 граѓани кои аплицираа за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на сончев термален колектор во 2025 година. Станува збор за баратели кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 2 април 2025 година. Субвенционирањето е дел од заложбите на локалната самоуправа за поддршка на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Советот на Општина Велес ...
Територијалната противпожарна единица од Велес, ноќеска 10 минути по полноќ примила дојава за избувнат пожар помеѓу селата Оморани и Теово. На терен веднаш излегло едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители. Благодарение на нивната брза и ефикасна интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување и можност за поголема материјална штета или загрозување на животната средина. Од ...
До сабота, 26 јули, територијата на Македонија уште повеќе ќе подпадне под влијание на овој екстремно топол воздушен бран кој продира од југ, односно од Африка. Во ваква ситуација, температурите сеуште ќе бидат во пораст, па така максималните дневни температури на воздухот, особено овој петок и во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието, гласи временската прогноза на метео прогнозерот Славчо Поповски. „И ...
Државата на жиро сметката на ЈПВ „Лисиче“ се очекува да префрли вкупно 10 милиони денари, финансиски средства, откако се потпишани Договори за отстранување на пифтиестата материја од површината на езерските води заедно со трската, помеѓу која што е навлезена голема количина на загадувањето, сечење на дрвјата коишто се наоѓаат во водата на акумулацијата, за чистење на речното корито на Отовичка река и за санација на испустот на брана на езеро ...
Седумдесет и едно годишен Демиркапиец лишен бил од слобода, вчера доцна попладне, во 18:00 часот под сомнение за предизвикување на два пожари во ист ден, поточно вчера, вторник, 22 јули. „ Имено, Н.М се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото ...
Општина Лозово започна со реализација на значаен инфраструктурен проект кој ќе внесе нов лик и енергија во централниот дел на населеното место Лозово. Станува збор за изградба на мал плоштад во близина на кружниот тек над пругата, како и детско игралиште со вештачка трева и безбедносна ограда, наменето за најмладите жители на општината. Како што соопшти градоначалникот на Општина Лозово овој проект претходно три години по ред бил одбиван од ...
Територијалната Противпожарна Единица Велес вчера вечер, во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково. На местото на настанот итно се упатени две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители. По пристигнување, пожарот бил затекнат во развиена фаза, поради што било побарано дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари. Интервенцијата била брза и ефикасна, со што бил спречен поголем ризик и ...
Во тек е целосна реконструкција на подрачното основно училиште во Башино Село, кое функционира како дел од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес. Училиштето, каде настава посетуваат ученици од прво до петто одделение, ќе добивјат нов, современ изглед преку инвестиција вредна над 3,5 милиони денари. Оваа реконструкција доаѓа паралелно со уредувањето на влезот во Башино Село, на потегот од фирмата „ЕНМОН“ до чешмата во центарот на селото за што се ...
Вторник е пазарен ден во Велес што вообичаено е причина за зголемен број на граѓаните на улиците на градот. Но овој вторник, во периодот од 10:00 и 12:00 часот, не беше така. Додека во истиот период температурата изнесуваше помеѓу 36 до 38 степени намален беше бројот на граѓани на отворено. Најголемиот дел од нив се движеа под сенките на дрворедите, повозрасните граѓани имаа капи на главите а со дел од нив, со кои можевме да поразговараме од ...
Досега Општина Велес немала практика да ги објавува музичките ѕвезди, учесници на „Велешка Питијада“ пред 10 септември, рече градоначалникот Марко Колев пред советниците на вчерашната седница на Советот откако опозициските советници Игор Смилев и Пандорка Лазаровска Прличкова инсистираа да знаат зошто ќе се трошат дополнителни близу 35 илјади евра откако минатата година манифестацијата чинела 5 милиони денари. Додека Смилев ја нарече ...
Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 29-годишниот кавадарчанец Р.С. откако вчера, околу 21:15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на улицата „7 Септември“ во градот. -Во незгодата учествувале две патнички возила – „фолксваген“, управуван од Р.С., и „пежо“ со кое управувал 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци. По интервенција на полицијата и извршени проверки, било утврдено дека Р.С. возел под дејство на алкохол, ...