Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Вечерва, со почеток во 19:00 часот и во понеделник, на 16 јуни со почеток во 20:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, по барање на театарската публика репризно, по шести и седми пат, ќе ја изведе претставата “Жена ми се вика Борис“ работена според текст на Рафи Шарт, а во адаптација и режија на Диме Боцев. Во урнебесната комедија играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Саше ...
Метео прогнозерот Славчо Поповски во месечната прогноза за наредниот, месец јули, годинава соопшти дека во Македонија ќе има поумерени температури на воздухот. „Тоа значи дека екстремно топли долготрајни бранови нема да има во Македонија. Сепак, нормално е да очекуваме продори на Африканска топлина, што е и вообичаено за месец јули. На метеоролошката карта може да се види дека кај нас нема некоја голема температура аномалија, иако за 0.5 ...
Во ова време на вештачка светлина и дигитална присутност, вистинското „бидување” сè повеќе исчезнува. Луѓето се чувствуваат отсечени од природата, од себе, од другите. Се јавува внатрешна празнина, немоќ да се почувствува ентузијазам, воља или инспирација. Летаргијата не е слабост на поединецот, туку крик на еден изморен колектив. Интересно е што, иако имаме пристап до сè: култура, знаење, забава, комуникација, никогаш не сме биле поуморни. И ...
Талентот, трудот и уметноста на младите балерини од Велес повторно добија меѓународно признание. Балетско студио „Анабела“ и оваа година блесна на сцената на Меѓународниот детски карневал во Херцег Нови, Црна Гора, кој од 6 до 8 јуни се одржа по 16. пат. Велешанките беа единствени претставници од Македонија и веќе шести пат го носат македонското знаме на овој престижен фестивал со ревијален карактер. На сцената во Херцег Нови, „Анабела“ се ...
Со цел подобра грижа за здравјето на жените и рана детекција на потенцијално сериозни заболувања, во Општина Градско се спроведе акција на бесплатни гинеколошки прегледи. Прегледите се одвиваа во адаптирана сала во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“, каде што беа опфатени 120 жени од Градско и околните населени места. Акцијата се реализираше во текот на десет дена, со претходно закажани термини и со поддршка од стручни медицински ...
Во просториите на Јуроп Хаус во Велес, денеска се одржа тематска работилница на тема „Улогата на граѓанското општество и локалните институции во процесот на пристапување кон ЕУ“, организирана од АДРР СОНЦЕ, Лулуди, Ромски Ресурсен Центар и Симплексис – Грција. Пред присутните граѓани и претставници на граѓански организации беа презентирани клучните аспекти од пристапниот процес кон Европската Унија, важноста на реформите и улогата што ја ...
Рациновиот Велес, деновиве, во чест на човекот што стана симбол на македонскиот идентитет и македонската интелектуална мисла домаќин е на 62 „Рацинови средби. Манифестацијата посветена на македонскиот најголем поет, револуционер, борец, филозоф, романтичар, виртуоз на пишаниот љубовен збор вчера вечер беше свечено отворена. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, ги прогласи за отворени годинешните средби порачувајќи Рациновите мугри ...
Под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, вчера на повеќе локации во Велес беше спроведена сообраќајна превентивно-едукативна активност во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Акцијата беше насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот. Главен акцент беше ставен на ...
Ревијата „СТРИП КРЕАТОР“ бр. 38, во издание на Стрип центарот на Македонија од Велес, е едно од седумте стрип списанија избрани за официјалната селекција на престижниот фестивал Supertoon, кој ќе се одржи од 21 до 25 јули во Шибеник, Хрватска. Ова издание е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам на Македонија, а влезе во конкуренција со 21 пријавено списание од Европа и пошироко. -Изборот на нашето списание на еден од ...
Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено денес и утре, најизразен во Повардарието, гласи прогнозата на Славчо Поповски. „Сепак, во попладневните часови ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Што се однесува до температурите, тие ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама преку компјутерски систем“, казниво по член 251-б став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Според информациите од МВР, пријавениот во текот на месец февруари креирал лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм, со цел да ...
Поетот Кочо Рацин и годинава беше во фокусот на научната и културната јавност, откако во рамките на 62. Рацинови средби во Велес се одржа значајна научна конференција посветена на неговото влијание врз современиот македонски јазик и книжевност. Настанот се одржа во фоајето на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, а го организираа Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Општина Велес. На конференцијата беа презентирани ...
Во непосредна близина на касарната, од утре, петок ќе започнат градежни работи кои ќе го отежнуваат сообраќајот. Работите се однесуваат на реконструкција на металната решетка од шахтата за атмосферска канализација, која се наоѓа во многу лоша состојба и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. -Поради изведбата на градежните активности, на самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а сообраќајот ...
Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија (МСП), занаетчии и компании од преработувачката индустрија. Целта е да се поттикне претприемништвото, зголеми конкурентноста и унапредат стандардите за квалитет во овие сектори. Еден од повиците се однесува на кофинансирање на трошоците за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди, при што државата ќе ...
Во духот на еднаквоста и поддршката за младите, Општина Лозово во соработка со Менаџерскиот тим на ООУ „Методи Митевски – Брицо“ организираше бесплатна забава за сите полуматуранти од општината. Настанот се одржа како дел од континуираната стратегија на општината за поддршка на учениците и нивното семејство, со цел да се овозможи заедничка дружба, убави спомени, но и да се олесни финансискиот товар врз родителите. Забавата помина во весела ...
Новите спортско-рекреативни зони во Велес наскоро ќе бидат покриени со систем за видео надзор, откако Општина Велес склучи договор за инсталација на опрема што ќе ја зголеми безбедноста и ќе помогне во заштитата на јавната инфраструктура. По спроведен јавен повик, компанијата „Видео Надзор А1“ беше избрана како најповолен понудувач за поставување на камери на четири клучни локации во градот. Станува збор за инвестиција во вредност од околу ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.“ „Осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја ...
„Политички притисок пред избори, врз мене, е поднесената кривична пријава од страна на Финансиската полиција,“ гласи оценката на Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. На прес конференција во Општината, Николов, целосно ги отфрли сите наводи во кривичната пријава. – Во однос на тоа дека сум фалсификувал документи и тоа целосно го демантирам, ниту досега, ниту отсега ќе го правам тоа. Општина Росоман ја раководам одговорно и чесно во ...
Во широка и координирана полициска акција, реализирана од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, под раководство на јавен обвинител, биле извршени претреси на неколку локации на подрачјето на Велес и околината, со цел спречување на нелегална трговија со дрога. Акцијата е дел од тековната истрага поврзана со заплената на еден килограм кокаин на 29 ноември 2024 година, за кој ...
Во рамки на регионалниот проект InnoHub, регионалното Здружение на граѓани „Ековита“, кое со години активно работи на заштита на животната средина, инсталираше хибридна сушара за еколошко сушење на земјоделски производи во Неготино. Како што информираа од здружението, се работи за напредно технолошко решение што користи комбинација од сончева и електрична енергија за ефикасно, економично и еколошки одржливо сушење на земјоделски производи. ...
„Од тоа што во моментов можам да го изјавам за јавноста, е дека, до 17 јуни, вторник, во Македонија нема да има поголема промена на времето, што значи дека останува претежно стабилното, суво, сончево и попријатно топло време. Сепак, не се исклучува можноста за сосема ретка појава на попладневен краткотраен дожд со ретки грмежи. За време на овој период, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието. Во ...
Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес денеска спровеле заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29 ноември, минатата година, за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица. „Како дел ...
На скалите на познатото велешко „Сокаче на поезијата“ и пред влезната порта на семејството Солеви, во чест на поетот Кочо Солев Рацин, вчеравечер 15 поети читаа свои стихови инспирирани жарот на љубовта кон татковината, јазикот и вистината. Поетското читање го отвори Проф д-р Васил Тоциновски за потоа да настапат писателите како и членовите на Клуб „Коста Солев Рацин“ поточно Елизабета Бандиловска, Ѓотре Ѓелев, Нада Алексоска, Јасмина ...
Општина Велес ја информира јавноста дека првото авионско третирање против комарци за 2025 година ќе се изврши утре, на 12 јуни, четврток, во раните утрински часови. Третирањето ќе опфати голем дел од градското и приградското подрачје на Велес, како и целото течение на реката Вардар во овој регион. Границите на покриеност опфаќаат: Езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош, по течението на реката Вардар – од северно од село Башино Село, низ ...
На големата сцена на Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Почетокот е во 19:00 часот и претставата е дел од официјалната фестивалска програма. Публиката на 59-тиот Македонски театарски фестивал во Прилеп ќе има можност да проследи претстава што на сцената го оживува ликот и идејата на Коста Солев Рацин – поет, борец и ...
Трајче Михов, Зоран Димов и Верољуб Додевски од Велес, Љубиша Андреиќ од Куманово и Томислав Спасовски од Скопје се петте ултрамаратонци кои вчера тргнаа на четиридневен пат до планината Лопушник во кичевскиот регион, со цел да оддадат почит на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Стартот беше означен рано наутро пред споменикот на Рацин кај велешката Гимназија „Кочо Рацин“, каде што маратонците беа испратени од претставници на Општина ...
Секоја вечер од 3-ти до 7-ми јуни, Градскиот парк во Велес беше исполнет со спортска еуфорија. Велешките спортски игри уште еднаш собраа огромен број на посетители кои распоредени на неколку спортски терени, следеа возбудливи натпревари во кошарка, одбојка, фудбал, тенис и текбол. Манифестацијата и годинава ја потврди својата репутација како една од најзначајните спортски случувања во регионот, со сè поголемо учество на меѓународни екипи и ...
Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. ...
Пред нас е период на многу попријатно време со пониски максимални дневни температури на воздухот, и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север кон Македонија. Во ваква ситуација, повремено ќе засилува ветер од северен правец, особено во сабота,14 јуни, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка ...
Во однос на минатата, 2024 година трошоците пораснале за 3,3 посто, додека цените на мало се зголемиле во просек за 1,6 проценти. Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните производи од 4,1 %, разновидни стоки и услуги за 1,5 посто, алкохолните пијалоци, производи од тутун и наркотици поскапеле за 0,8 проценти, облеката и обувките за 0,5 %, рекреација и култура за 0,4 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, ...