Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Покрај внимателно и совесно управување со ...
„Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова и на голем влажен воздушен бран поврзан токму со овој моќен циклон во недела вечер, 25 јануари и во текот на ноќта кон понеделник 26 јануари, во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На планините над 1100/1200 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе ...
За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа. Фондот за здравствено осигурување овие четири услуги ги направи достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во работна посета во Кралството Шпанија, денеска во Мадрид присуствуваше на свеченото отвoрање на 46. издание на Меѓународниот саем за туризам „ФИТУР 2026“. Саемот, кој ќе трае до 25 јануари, отворен од шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција. На отворањето присустваа и координаторот за туризам во Владата на РМ, Акан Махмут и македонскиот амбасадор во ...
Четириесет и пет годишниот З.Д од Велес е приведен вчера во 11:25 часот во Велес од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес по распишана потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес. Тој се барал за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Триесет и пет минути подоцна вториот Велешанец Џ.Н (33) го привеле во ...
Четириесет и три годишна Кавадарчанка, вчера, во 15:45 часот, пријавила дека ден претходно била измамена за сума од 29.930 денари. -Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци. Таа подоцна добила известување дека ...
Во текот на вчерашниот ден во Општина Чашка исчистени од снег се вкупно 125 км од локалната патна мрежа и улици. Во чистењето учествуваа работниците на Јавно комунално друштво „Тополка“ и во функција беше ставена механизацијата за зимско одржување која се состои од ЈЦБ скип и два трактори кои се опремени со приклучна механизација за чистење на снег. Освен двата монтажни ставен во функција е и трет распрскувач на сол и ризла којшто е како ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти Авто мото сојуз на Македонија. Во извештајот објавен во 06:00 часот пишува дека екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни ...
„По краткотрајна стабилизација и престанок на врнежите кои што не очекуваат во наредните два до три дена, особено од недела, 25 јануари попладне и вечер, како и во понеделник 26 јануари, во Македонија, под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето. Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и југоисточен ветер како и услови за локална појава на ...
Паѓаат покрупни снегулки во моментов откако утринската снежна покривка во Велес остана само на покривите на куќите во градот. Снегот на коловозите и на тротоарите на улиците се претвори во кашеста смеса додека на бетонските коловози низ сокаците и маалата целосно се стопи. Новите снежни врнежи, во предвечерјето на 21 декември, на температура од нула степени создаваат посебна глетка на која освен децата се радуваат и возрасните. Снегот го ...
Според последните информации на Центар за управување со кризи во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови. Во Општина Чашка машините се на терен, но на патниот правец Велес – Чашка сообраќајот се одвива отежнато. Патиштата во Неготино и Демир Капија се проодни, при што се врши континуирано посолување. Патниот правец кон село Раштани во Општина Велес е непрооден. Во Кавадарци и Росоман се врши интензивно ...
По неколку годишно чекање на снег во градот, утрово, конечно велешани се разбудија во снежна идила. Додека паѓаше снегот вака изгледаше Велес, во првото снежно утро во 2026 година. По слободна проценка висината на снежната покривка во Велес изнесува околу 5 см. Во моментот снег во градот не паѓа. И Градски парк под снег. Дума.мк се заблагодарува на испратените фотографии од читател кој не сакаше да се напише неговото име. Дума.мк ...
Од утрово, среда, 21 jануари, како што најавив во минатите мои метео објави од југозапад во Македонија се прошируваат пообилни врнежи кои се најмногу од снег и токму во Македонија започна формирање, зголемување и проширување на снежната покривка. Тоа е поради влијанието на циклонската активност во Медитеранот и влажниот воздушен бран кој е поврзан со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент,“ соопшти метео прогнозерот ...
Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната синдикална потрошувачка кошничка за јануари 2026 година. Таа во споредба со декемвриската е поскапа за 1.000 денари. Во јануари за неопходните потреби на едно четиричлено семејство потребни му се 66.413 денари или 921 денари повеќе од декември, минатата година. За храна и пијалаци потребни се 24.211 денари или 563 денари повеќе од месец декември. Поскапување од 208 денари има и во делот ...
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат ...
За забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи ги информира граѓаните Министерството за внатрешни работи. Тоа се случувало во изминатиов период. „Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Во Велес од вкупно пријавените 96 заболени од грип, во периодот од 12 до 18 јануари, најголем број или 64 граѓани припаѓаат во најголемата старосна група од 15 до 64 години. Потоа следат заболените 16 граѓани на возраст од 65 и повеќе години, па 14 се деца до четиригодишна возраст и 2 на возраст од пет до 14 години, соопшти ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Овие податоци на јавната здравствена организација покажуваат дека заразното ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес ја лишиле од слобода 36-годишна велешанка вчера, во 11:50 часот. „Полициските службеници постапуваа по претходна пријава против Велешанка која што пред нејзинот дом физички го нападнала нејзниот 46-годишен поранешен сопруг. Таа е приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор ...
Јавното комунално претпријатие Дервен ги информира граѓаните кои живеат на улиците „Благој Ѓорев“, „Осма Велешка бригада“ и „Костурска“ дека нивни екипи интервенираат на отстранување на дефекти во водоснабдителната мрежа. „Поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водоводна линија прекин на водоснабдувањето има на ул. Благој Ѓорев, ул. Осма Велешка бригада и дел од ул. Костурска, се до завршување на работите,“ соопштија ...
Денес е Свети Јован, Претеча и Крстител. Денот по Богојавление е посветен на Свети Јован, светец, проповедник и пророк кој е многу почитуван во нашиот народ, кој го крсти Исус Христос и одигра значајна улога во историјата на христијанството. Свети Јован ја помина својата младост во Јорданската пустина, како пустиник. Откако созреал физички и духовно, на триесетгодишна возраст, по волја Божја, тој почнал да собира голем број ученици кои ги ...
„Под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент, ноќта вторник кон среда и во среда на 21 јануари, во Македонија, од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат обилни со снег. Снег особено ќе паѓа во јужните и во западните предели каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка додека на високите и на планинските ...
Меѓу најсреќните вкупно 86 мажи кои годинава пливаа во осветениете води на река Вардар во Велес најсреќен беше дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Варналиите. Илчевски е невработен хемиски техничар со завршено средно училиште. Тој скокна во Вардар заедно со неговиот брат и тајфа составена од уште пет другари. Традиционално манифестацијата „Богојавление – Водици“, на која Митрополитот Повардарски Господин Агатангел ги ...
Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител. Во спомен на Христовото крштевање црквата ...
„Денешниот ден, 19 jануари, Богојавление Водици во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво но ладно време со сончеви периоди. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса која продира од исток и од североисток и којашто условува да имаме ниски температури со утрински мразеви и минусни температури на воздухот. Денешното утро ќе донесе температури од -10 до 0 степени а на високите и планинските места ...
Со избрани композиции од двата албуми „Носталгична љубов“ (Nostalgic Love) и “Носталгична љубов 2“ (Nostalgic Love 2) ја отвори својата вечер со велешката публика, којашто ја наполни големата сала на хотел „Романтик“ за да ги слуша звуците на кларинетот во рацете на Благојче на Ламњови, од велешкото маало Соколана и потоа преку неговиот препознатлив стил на наратор кој прво ја раскажува приказната што била мотив за создавање на македонските ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, бчера попладне, во 17:00 часот го лишиле од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. -Претходно, на регионален пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река „Бабуна“, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под ...
Министерството за одбрана по минатогодишните 296 и годинава планира вработување на нови 300 професионални војници. Во 2026-та ќе се подобруваат условите за борбена готовност и ќе се подмладува кадарот со цел Македонија да добие модерна армија, соопшти денеска во Велес министерот за одбрана Владо Мисајловски. На прашања на Дума.мк, говори ли бројката на пријавени кандидати на последниот јавен конкурс за прием на професионални војници, од ...
Петочните афоризми на сатиричарот и афористичар Атанас Крлевски се пред вас. Афористичкото перо мотивирано од секојдневните случувања на и околу обичните, мали луѓе изминатава седмица напиша 10 нови афоризми. Одвојте време да ги прочитате: „Зад мене се крева златна прашина. Зад златен човек – златна прашина!“ „Глупоста и генијалноста ги дели многу тeнок, проѕирен ѕид. За среќа, непробоен!“ „Најбрзо се навикнуваме, а најбавно се одвикнуваме од ...
Свечено, 296 нови професионални војници построени во единици на пистата, министерот за одбрана Владо Мисајловски со првите војници на македонската Армија од Генералштабот на бината додека семејствата на војниците со гостите во кордон околу армиската писта. Ваква беше глетката денеска на свечената Заклетва на новопримените професионални војници во македонската Армија, во Командата за обука и доктрини на касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во ...
Четириесет и девет годишниот С.В пронајден е мртов во својот дом во село Пепелиште, кај Неготино. Неговата смрт е пријавена во Одделение за внатрешни работи Неготино вчера утро, во 08:55 часот. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти Сектор за внатрешни работи ...