Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анализата која ја спроведе комисијата по доставени пријави од граѓани и здравствени институции. Од првиот ден се водиме од начелото на транспарентност и отчетност и токму затоа изминатиот период презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на состојбите, ...
Овој петок ги објавуваме 10-те најнови афоризми на велешанецот Атанас Крлевски, познат македонски афористичар и сатиричар. Афоризмите се создадени на теми коишто се секојдневни и се дел од животот на граѓаните. Перото на авторот ги напишало со цел да испрати пораки! „Љубовта е пасош, а довербата виза за брак.“ „Моите очи гледаат едно, а мојот грб друго.“ „Ако возрасните сме попослушни, на децата кај ќе им е крајот?“ „Оценувај, а не потценувај!“ ...
Педесет годишната М.М пријавена е за исчезната во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи Велес. Нејзината четири години помлада сестра А.М, вчера, четврток, 13 ноември, во 14:45 часот пријавила дека М.М која има здравствени проблеми се оддалечила од дома и не се вратила. -Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес. Семејството, во неколку затворени групи на Фејзбук, сподели информација и објави ...
Покрај тимот средношколци од велешката „Гимназија Кочо Рацин“ кои се натпреваруваат со проектната идеја „StreetSafe!“, во рамки на натпреварот „Милионер“ уште два тима од истото училиште успеаја да се пласираат меѓу најдобрите 50 во Македонија. Тоа се тимовите „EduLink“ и „EduVerse“, составени од млади гимназијалци кои преку своите проектни решенија носат нова визија за образование и дигитална поврзаност. Тимот средношколци зад проектната идеја ...
Велешанецот Сашко Трајковски веќе две децении е истакнат играч од прв ред – солист во Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Годинешниот работен јубилеј на Трајковски претставува потврда за неговата фолклорна посветеност и љубов кон македонската традиција. Во разговор за Дума.мк, Трајковски ги откри своите фолклорни почетоци во далечната 1990 година, како играорец во Пионерски дом „Ѓоре Органџиев“ во Велес се до 2002 ...
„Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник, 17 ноември, облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник,18 ноември, ќе започнат обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец. Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени. ...
На државното сениорско првенство во кајак – дисциплина спуст, спринт и класик, одржано на река Вардар во Скопје во неделата, натпреварувачите на Кајак кану клубот „Арка-Борец“ од Велес прикажаа врвна форма и возбудливи борби за титулите. Во индивидуалните настапи во спринт, кајакарот Љубомир Спасиќ оствари најдобро време и се закити со титулата државен шампион на Македонија, оставајќи зад себе одлична конкуренција. Второто место му припадна на ...
Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, вечерва со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе ја прикаже претставата „Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов во режија на Микица Илова. Претставата ја прикажува смешната и апсурдна природа на луѓето кога се водени од гордост и ситни интереси. Наместо љубов, сцената е исполнета со кавги, нервни напади и апсурдни ситуации – типично за хуморот на Чехов, кој со ...
Тимот средношколци на „Гимназија Кочо Рацин“ Велес кои во натпреварот „Милионер“, автори се на проектна идеа „StreetSafe!“ составен е од Кристијан Трајковски, Дора Димова, Тијана Павлова и Сара Јорданова. Тие се млади ентузијасти кои веруваат дека технологијата може да го направи нашиот Велес и останатите градови да бидат побезбедни. „Со идејата StreetSafe, создадовме концепт за иновативна платформа која им овозможува на граѓаните да пријавуваат ...
Учениците од основните и средните училишта во Велес кои во изминатата година биле дел од државни, меѓународни и олимписки натпревари беа наградени на манифестација којашто се одржа во салата на Општина Велес во рамки на одбележувањето и чествувањето на 9 Ноември – Денот на Општината. Вкупно 167 ученици, од кои 123 од основните и 44 од средните училишта, како и нивните ментори – 44 во основното и 22 во средното образование, добија признанија ...
Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река, соопштија денеска од Општина Велес. Како што објаснуваат од локалната самоуправа во наредниот период ќе продолжи соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. -Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како ...
„Од понеделник, 17 ноември, според понатамошни нови излези на прогностичките модели, следи голема промена на времето во Македонија. Нов циклон со центар над Џенова ќе услови чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер во текот на наредната седмица. Од она што во моментов можам да го кажам е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно ...
Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река, соопштија денеска од Општина Велес. Како што објаснуваат од локалната самоуправа во наредниот период ќе продолжи соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. -Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како ...
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница За граѓаните припадници на српската заедница За граѓаните припадници на ромската заедница За граѓаните припадници на влашката заедница За ...
Во салата на Општина Лозово се одржа првата Конститутивната седница на Советот, на која беа верификувани мандатите на осуммина од вкупно девет советници. Од нив, тројца се од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од СДСМ, еден од Левица, еден независен, еден од Турската партија и еден од ЗНАМ. На членот на Советот од ЗНАМ, Горанче Велков, не му беше верификуван мандатот за советник поради тоа што неговата сегашна функција како директор на ООУ „Методија Митески ...
Во салата на Општина Лозово се одржа првата Конститутивната седница на Советот, на која беа верификувани мандатите на осуммина од вкупно девет советници. Од нив, тројца се од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од СДСМ, еден од Левица, еден независен, еден од Турската партија и еден од ЗНАМ. Членот на Советот од ЗНАМ, Горанче Велков, не беше верификуван за советник поради тоа што неговата сегашна функција како директор на ООУ „Методија Митески Брицо“ не ...
Педесет и седум годишнен велешанец, четири часа по полноќ, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници на Сектор за вантрешни работи Велес. Како што пишува во дневниот билтен, велешанецот се заканувал на својата две години повозрасна невенчанка сопруга и од него биле одземени ловечка пушка „застава“, футрола, 16 паричиња муниција и ремен за пушката. -Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на ...
Во градот каде што зборот првпат прозборел со сила, а песната станала борба и светлина, повторно оживува духот на големиот Коста Солев Рацин. Велес, неговиот роден град, уште еднаш се претвора во сцена на детската имагинација, инспирација и љубов кон уметноста. Детските Рацинови средби, кои годинава го бележат своето 58. издание, започнaa денес и претставуваат синоним за креативност, поезија, едукативност и детска радост – вистински празник на ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема на моторните возила се подразбира: ...
Од Зелениково до Велес изнесуваше рутата за пловење во река Варда на членовите на ИО „Димитар Влахов“ и учесниците во „Вардарска регата“ во чест на 9 Ноември – денот на ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор. На празникот на градот, во неделата, ова беше прва есенска пловидба. Чамецот стигна до локација Мало мовче, во центар на Велес, каде учесниците во пловидбата оддадоа почит на сите загинати борци за слободен Велес пред споменикот ...
Во училниците на ООУ „Панко Брашнаров“ се разбуди зелената свест кај најмалите ученици. Под мотото дека големите промени започнуваат со мали чекори, волонтерите од Црвен крст Велес, во рамките на пилот-програмата „Зелен волонтеризам“, одржаа едукативна активност посветена на заштитата на животната средина. Едукаторите Матеја Матева и Кристина Костовска на креативен и интерактивен начин ги запознаа учениците од второ до петто одделение со ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а прептладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со ...
Педесет и шест годишен маж од село во Општина Демир Капија бил измамен за сума од 14.700 денари и пријавил во Одделение за внатрешни работи Неготино. Како што пишува во дневниот билтен, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјални мрежи објавило оглас за работа во странство по што тие во три наврати извршиле уплата на средства на фирма во Скопје, откако не добиле визи сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за ...
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето „Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“ покажа дека трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се објаснат ...
Четириесет ученици од прва и втора година при велешката гимназијата „Кочо Рацин“ денеска учествуваа на интерактивна работилница посветена на новинарството, лажните вести и вештачката интелигенција. Настанот беше организиран од Младински центар Велес и Јуроп Хаус Велес, во соработка со новинарката Стефани Манева. Преку презентации, примери и практични вежби, учениците имаа можност да научат како да препознаваат лажни вести, да проверат извори на ...
Дизајнираните порцелански производи произведени во поранешната велешка фабрика „Југопорцелан“ кои сеуште Велешани ги имаат во своите домови се со безценета вредност. Иако до вчера вечер беа без авторски потпис на дизајнерите, овие производи, сведочат за посветена работа на стотици работници коишто над половина век ги произведуваа во овој индустриски гигант на територијата на поранешната држава. Во атмосвера на воодушевување и носталгија во ...
„Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре, среда, 12 ноември, се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад денеска донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на горивата. Според одлуката, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 74,5, односно 76,5 денари по литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар и ќе се продава по 72 денари за ...
Со решение на Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за вршител на должност директор на Меѓуопштински центар за социјални работи Велес именуван е Бобан Нецинов. Нецинов е дипломиран социолог со 18 годишно работно искуство и е внатрешно решение, од вработените во институцијата. Тој првото вработување во институцијата го имаше во Дневниот центар за лица со посебни потреби, потоа работеше во уште неколку оддели на ...
Осум велешанки, членки на организацијата на жени беа дел од хуманитарната манифестација „Етно вешта жена“ во Кавадарци, каде што подготвија богата понуда од традиционални вкусни специјалитети. Меѓу нив имаше солени и благи погачи, суви благца, сукано тесто, салати и свежо овошје, кои веднаш го привлечоа вниманието на посетителите. Мирјана Трајкова претседателка на Организацијата на жени на Општина Велес за Дума.мк сподели дека сите производи ...