„Денес, петок, 21 ноември, територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силен ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Локално, за 24 часа, повторно ќе наврне големо количество на воден талог, над 30 литри дожд каде овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Поради ваквата состојба апелирам возачите да внимаваат како управуваат со ...

Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети Архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите. Тие се Господови гласници (ангел значи весник), ги пренесуваат божјите заповеди поради што ...

Општина Росоман повторно го активира Јавниот конкурс за стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026 година. Конкурсот, кој првично беше објавен на 1 август годинава, претходно беше ставен во мирување поради локалните избори. Новото активирање започна на 10 ноември 2025 година и ќе трае до 29 ноември 2025 година. Учениците и студентите се повикуваат внимателно да ги разгледаат условите наведени во конкурсот и навремено да ги ...

Пред локалната публика и македонската заедница во Сплит, Хрватска, велешкиот театар гостуваше со претставата „Синиот портокал“. Актерите Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов со својата маестрална игра, оставија силен впечаток и емотивно ангажирана порака кај присутните. -Публиката имаше можност да ужива во емотивна и ангажирана изведба која отвори важни прашања за човечките односи, довербата и границите меѓу разумот и емоцијата. ...

Чад, јак звук на тапнежи од внатрешноста а потоа и оган избил од автомобил марка „форд“ во движење, околу 10:30 часот , на улица „8-ми септември“ во Велес. Возачот навреме излегол од автомобилот и побарал помош од полиција. Пожарот бил пријавен во Територијална противпожарна единица Велес. Следела итна интервенција. „Во гаснењето на запалениот автомобил учествуваа четворица пожарникари и едно противпожарно возило. Интервенцијата траеше помалку ...

Најмалите велешани од детската градинка „Димче Мирчев“ беа во посета на Секторот за внатрешни работи Велес, каде Отсекот за превенција организираше интерактивна и забавна превентивно-едукативна активност. Преку игра и непосредно дружење со полициските службеници, децата на разбирлив и интересен начин се запознаа со значењето на полициската професија, улогата на полицијата во заштита на граѓаните, како и со основните правила за безбедно ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде ...

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Ова ги опфаќа Тему и АлиЕкспрес, најпопуларни платформи за онлајн пазарување кај нас. -Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места. Спроведувањето на измените се очекува да има директни ...

Учениците од деветто одделение од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес, денеска, беа дел од едукација посветена на превенцијата и борбата против болестите на зависност. Настанот имаше за цел да ги запознае младите со последиците и штетните влијанија од употребата на цигари, алкохол и дрога, како и да ги поттикне кон донесување здрави и безбедни животни одлуки. -Учениците покажаа голем интерес, поставуваа прашања и учествуваа во ...

Полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Велес спроведоа превентивна активност на повеќе локации во градот, посветена на темата „Последица од управување технички неисправно возило“. -Целта на активноста е подигнување на јавната свест за значењето на управување со технички исправно возило, како и важноста од редовни проверки и соодветно одржување. Според анализите, техничката ...

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство во Велес при последната контрола на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна не затвориле ниту еден од контролираните сендвичари, бурекџилници или продавници за храна. Ова за Дума.мк го тврди инспекторката д-р Марија Пачемска. Според д-р Пачемска која заедно со колегата инспектор во Велес ги ...

Четиринаесетото издание на регионалната манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ е веќе во тек. Организаторите како и учесниците се подготвуваат за едно од најдинамичните годишни собири на стрип-авторите во регионот. Пријавувањето може да се острави преку линкот кадешто можат да се најдат и повеќе информации. Томе Трајков, стрип промотер од Велес ја изразува својата благодарност за поддршката којашто ја добил и од стрип соработниците и ...

„Поради влијание на циклонската активност од Џенова, денеска, среда, 19 ноември, во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе наврнат во западните и во југозападните предели на државата каде за 24 часа очекувам ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. И во Скопје ...

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство во Велес при последната контрола на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна не затвориле ниту еден од контролираните сендвичари, бурекџилници или продавници за храна. Ова за Дума.мк го тврди инспекторката д-р Марија Пачемска. Според д-р Пачемска која заедно со колегата инспектор во Велес ги ...

Педесет и пет неексплодирани детонаторски каписли биле пронајдени во кавадаречки дом. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, шеесет годишниот Љ.К пријавила дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумската просторија пронашла предмети за кои се сомневала дека се експлозиви. -Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли, ...

Велешкиот Театар „Јордан Хаџи Констанитов – Џинот“ ја носи својата хит-претстава „Госпоѓа министерка“ во Кавадарци, каде што интересот е подеднакво голем како и на велешката сцена. Во рамките на манифестацијата „Месец на Театарот 2025“, кавадаречката публика ќе има можност да ужива во актуелната и многу барана продукција оваа сабота, на 22 ноември, со почеток од 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Претставата, работена по ...

Учениците од велешкото средно училиште „Димитрија Чуповски“, заедно со професорите и вработените, беа дел од динамична и практична евакуациска вежба што го раздвижи училишниот двор. Наместо вообичаениот школски ритам, просториите одекнаа од аларм кој го означи почетокот на сценариото – симулација на пожар и организирана евакуација. По активирањето на алармот, наставниците и учениците низ претходно утврдениот план организирано ја напуштија ...

Два авиони, вчера вечер, бea пренасочени за слетување кон приштинскиот аеородром поради силен јужен ветер кој го зафати скопскиот регион. Од Дирекцијата за заштита и спасување вчера, во 19:30 часот, информираа дека други два авиона кружеле и чекале насоки за слетување. Директорот Стојанче Ангелов информира дека ветерот кој претставувал проблем за авионите бил регистриран на поголема височина. Станува збор за летовите од Берлин и Ајндховен, со ...

„Под влијание на серија големи влажни воздушни бранови од запад коишто се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во Македонија до крајот на оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме. И во ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 е 75,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за ...

На експресниот пат Лозово – Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Штип додека управувал моторно возило марка „бетли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина. „ При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ј управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 ...

Афористичарот Никола Бошков ги напиша новите осум афоризми за читателската заедница на Дума.мк. Инспирацијата и овој пат не му одзеде многу време бидејќи повод е секојдневниот живот на малиот, обичен човек, кој доколку не забележал тогаш може да прочита: „Најтешката животна патека несомнено е онаа, што ја изодуваме без насмевка.“ „Политичарите од политичкиот врв, катадневно ни ветуваат подобра иднина, но откако сегашноста ни ја земаа.“ ...

Вниманието и концентрацијата се основа на секојдневното учење, развој на самостојност и социјална интеракција кај децата. Тие не се само вештини кои им помагаат да научат читање и математика, туку ја обликуваат нивната способност да ги следат инструкции, да решаваат проблеми и да управуваат со сопствените емоции. За родителите, развојот на овие вештини може да изгледа како предизвик, особено кога станува збор за деца со попреченост, кои можеби ...

Петнаесет сендвичарници, бурекџилници и продавници за храна, во Скопје, Битола, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Сруга, Охрид, кои се наоѓаат, во и околу, основните и средни училишта, односно таму каде учениците најчесто купуваат храна, добиле забрана за вршење на дејност од Агенцијата за храна и втеринарство. „Изречените забрани за вршење на дејност се во рамки на 445 инспекциски контроли кои АХВ ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како ...

Претставата „Синиот портокал“ на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва со почеток во 18:30 часот ќе ја гледа публика во градот Сплит, во Р. Хрватска. Актерите Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов ќе ја одиграат претставата во Градски театар на Прокуратив. Гостувањето на “Синиот портокал“ дел е од програмата на манифестацијата „15 Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во ...

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната дневна ќе достигне 19 степени, соопшти УХРМ. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на ...

Полициски службеници вчера утро, во 08:12 часот, го лишиле од слобода С.Ј.(24) од Велес затоа што возел автомобил со над дваипол пати поголема брзина од дозволената на улица, во населбата Шорка. „На 14.11.2025 во 08:12 часот на улица „Вардарска“ во Велес, при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека С.Ј.(24) од Велес управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри ...

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври, на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против ...

Ученици, наставници и вработени во ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски” Велес учествуваа во показна вежба за справување со реална ситуација на пожар во зградата на училиштето. Во симулација на повредени беа три ученици на кои им беше укажана прва помош. Вежбата што се одржа беше именувана како „Начин на однесување во кризни ситуации“. „Целта на вежбата е учениците да се запознаат со начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анализата која ја спроведе комисијата по доставени пријави од граѓани и здравствени институции. Од првиот ден се водиме од начелото на транспарентност и отчетност и токму затоа изминатиот период презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на состојбите, ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
70%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
83%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.97
83%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
91%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
55%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Платина

53106.37

Цинк

3.24

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41