Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во 85 година од животот, денеска, во 9:00 часот, во Велес, почина Никола Бошков – Коки долгогодишен медицински работник, анестетичар во Општа болница Велес и дипломец на студиската група по Македонски јазик и историјата на јужнословенска книжевност на Виша Педагошка Школа, во Скопје. Бошков целиот свој работен век го помина како анестетичар на КАРИЛ, во Општата болница во Велес, од каде што замина и во пензија. Тој како автор на поезија се ...
Велешанецот Анде Јанков, роднокраен писател, вечерва, ќе го промовира своето најново дело „Мементо Мори“ на малата сцена на велешки Театар. Книгата ќе ја промовира Софија Стојков додека извадоци ќе чита професорката и писателка Соња Карбева. Во „Мементо Мори“ авторот раскажува приказна посветена на животот на полицискиот инспектор Виктор Николов којшто, година по трагичните настани од „Тера“, ги брои неговите најлоши денови. Повторно е ...
„Територијата на Македонија до крајот на денешниот ден, четврток 19 март, ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта од север. Во исто време ќе биде и под послабо влијание на циклонски систем со центар над Јонското море. Во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно а особено во западните предели ќе има слаби врнежи кои ќе бидат од дожд во градовите и од снег на повисоките места како и на планините со надморска ...
Градоначалниците Марко Колев и Ѓорѓи Крстевски, денеска, со Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ги потпишаа грантовите којшто се наменети за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата. „Со овие договори се обезбедува реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, финансирано од страна на Министерството за социјална политика, демографија и ...
Училиштето ССОУ „Димитрија Чуповски“ беше домаќин на Регионалниот натпревар во вештини за пекар и слаткар во рамки на проектот „Иновативни млади пекари и слаткари – мајстори за специјална храна“. Учесниците во натпреварот ги покажаа своите знаења, креативност и практични вештини во подготовка на пекарски и слаткарски производи. -Ученичките Вероника Славковска и Јана Јовевска од ССОУ „Димитрија Чуповски“ освоија прво место во нивните ...
Звонко Петрушевски за 100 пати дарувана крв, годинава, прогласен е за најхуман велешанец од страна на Општинската организација на Црвен крст Велес. Во меѓувреме овој наш сограѓанин дарувал уште три пати крв и веќе има 103 крводарувања. Со навршени 63 години живот Петрушевски продолжува со крводарување бидејќи тоа е неговата животна мисија поточно да спасува човечки животи. Петрушевски е работник на Фабриката за шински возила „Колска“ кој цели ...
Директорот Жарко Спасевски на НТ „Јордан Х.К Џинот“ како продолжение на досегашната успешна соработка со режисерот Синиша Ефтимов предложил токму тој да ја потпише режијата и на претставата „Тестостерон“ на текст на полскиот автор Андреј Сарамоновиќ со која ќе биде отворен годинешниот петти Театарски фестивал „5РЕ“, наредниот петок, на 27 Март, на Голема сцена на велешки театар. Ефремов е режисер и на преставата „Госпоѓа Министерка“ со која ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ќе ...
Учениците и професорите на велешката Гимназија „Кочо Рацин“ и годинава со театарска претстава ја одбележаа годишнината од настанот што се случил во Велес на 14 март 1942 година во која ја потенцираа самосвесноста на тогашните ученици и младешката храброст и жар да се спротивстават на бугарскиот фашистички окупатор со протест против употребата на бугарскиот јазик, како официјален во наставата. Пред почетокот на претставата директорот Иле Попов ...
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против правно лице од село Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“, против управителот на правното лице, Н.Ј.(51) од истото село поради постоење основи за сомнение дека сторил кривични дела ,фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“, против Ј.Ј.(25) од Бузалково, возач во ...
Здружение на граѓани Викимедија МК одржа денеска уредувачки маратон посветен на темата „Растенијата околу нас: Велес“. Настанот претставуваше спој на практична настава, теренско истражување и дигитална едукација, со цел да се поттикне интересот кај младите за природните науки, но и за создавање слободна и достапна содржина на интернет. Во рамки на маратонот беше организирана едукативна работилница во природа, во која учествуваа ученици од ...
Обвинителството го повлече и велешки суд ја запре постапката против поранешниот Претседател на Основен суд Кавадарци Лазар Нанев за кривичното дело „несовесно работење во службата. Во соопштението за јавност на Основен суд Велес пишува: „Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Премиерното прикажување на претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов и настапот на актерите на велешки Театар „Џинот“ ќе го отворат јубилејното издание на театарскиот Фестивал „5РЕ“, посветен на доаенот на македонското глумиште и на велешанецот Петре Прличко. Фестивалот ќе трае до 8 април и ќе бидат прикажани вкупно девет театарски претстави од кои две на странски театри, од Подгорица во Црна Гора и од Врање, во Србија. Поради ...
„По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник, 17-ти март до петок претпладне 20-ти март, територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен а во западните предели од североисточен правец. Поради ...
„Полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен, објави ТВ Телма. -Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си, одговорило МВР на новинарските прашања на телевизијата. „Момчето станало жртва на 16-годишна возраст, а сега го пријавило случајот. -Однесувањето на ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов со претседателите на гранковите синдикати ги пречекаа денеска пред синдикалната зграда во Скопје сите работници кои дојдоа од внатрешноста на Македонија за да учествуваат на „Протестот за повисоки плати“. Десет автобуси и голем број на минибуси ги донесоа работниците во Скопје и се паркираа на улицата кај поранешен „Дрводекор“, до кеј на река Вардар. Таму имаше автобуси со струмички, демиркаписки, ...
Кривична пријава заработија од велешката полиција, двајца мажи поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 265 од Кривичниот законик. Сектор за внатрешни работи Велес кривична пријава поднесе до Основното јавно обвинителство Велес против В.Д.(46) од Виница и З.Н.(49) од Штип. „На 18 септември, минатата година, во ...
Во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив. Семејното насилтво било извршено вчера, попладне, во 16:30 часот. -Сопругот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес Убавка Јаневска Сподели: ...
Просторот отстапен за петочните афоризми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски ви го пренесува минатонеделното творештво на велешанецот инспириран од актуелните секојдневни случувања. Десетте нови афоризми гласат: „Можеш да бидеш прв и кога си најдобар. Ако жирито е од мајка родено.“ „Манипулаторите си наплаќаат и манипулативни трошоци.“ „Во бракот глумеше несреќна. По разводот нема публика.“ „Кога со светот би владееле жените, ...
„Според последното ажурирање на прогностичките материјали можам да изјавам пред јавноста дека од и по 17-ти март на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Во ваква ситуација можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е и појавата на утрински мразеви. Барем одсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има и на места со ...
Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“, реализиран со поддршка од Кожувчанка Компанија, а во продукција на „Продукција Триангл“ и под режисерско водство на Десанка Глигоријевиќ, успешно го заокружи своето прво големо издание. Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на ...
Стефан Малинов е ученик во прва година во Угостителска струка. Стефан беше дел од тимот ученици коишто денеска со поддршка на професор Марјан Малинов подготвија ролат од локум и сусам со декорација од желе бонбони. Подготовката на слаткиот десерт течеше вака: Ученикот Малинов го откри за јавноста традиционалниот рецепт на подготвување на десертот во кои беа употребени производи на велешката компанија „Кристал 1923“. Исто така, друга група на ...
Садниците се засадени на парцела кај фабриката за вода на ЈКП „Дервен“. Акцијата ја спроведоа младите акцијаши подржувачи на здружението „Велешки акцијаши“ кои се ученици на ООУ „Васил Главинов“, на ООУ „Блаже Конески“ и за прв пат на ООУ „Панко Брашнаров“. -Акцијата за пошумување ја изведовме за четири часа. Ги засадивме и ги полеавме со вода. Младите поддржувачи кој денеска учествуваа во акцијата за пошумување се од трите основни училишта ...
Со брза интервенција во која учествуваа шест пожарникари – спасители со едно против пожарно возило на Територијалната против пожарна единица Велес изгаснат е пожар на надворешна единица на клима на поткровљето на зграда на улица „Нада Бутникошарова“ во Велес. Зградата се наоѓа на локација спроти Градски пазар, во стариот дел на градот. Информацијата ја потврдија од Центар за управување со кризи Велес. Пријавителот, утрово во 08:40 часот, ...
ССМ организира превоз од сите градови во Македонија за „Протестот за зголемување на платите“ којшто ќе се одржи во сабота, на 14 Март, во Скопје. Во синдикалното соопштение пишува: „Информации за тоа како да стигнете на Протестот, а Ви треба организиран превоз: Секретарите и координаторите на ССМ во градовите, Ви стојат на располагање доколку имате потреба од организиран превоз за учество на Протестот за зголемување на платите кој ќе се одржи ...
Во петок, 13 март, и за време на викендот,14 и 15 март, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот континент. Токму поради ова, атмосферата нема да ни биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе се создаваат услови за развој на конвективна облачност од која очекувам појава на локален ...
Три дупки на тартан подлогата на ракометното или игралиштето за мал фудбал направиле несовесни граѓани на спортското игралиште во населбата Дворови. Таму оштетена на повеќе места е и заштитната ограда, украдени се железните затворачи на влезната врата на теренот и украдена е една сијалиците од ново поставеното осветлување. Граѓаните кои ја користат атлетската патека секојдневно денеска остро реагираа на вандализмот којшто се случува и на не ...
Во рамки на посетата, директорката на производство Олгица Стојанова на учениците од угостителска и машинска струка детално им го претстави технолошкиот процес на работа, почнувајќи од приемот и обработката на суровините, па сè до финалното производство и пакување на готовите производи на велешки „Кристал 1923“. Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со процесите на производство и пакување на масло за јадење, маргарин, како и со ...
Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“, во организација на ДОРА ИНВЕСТ, е иницијатива насочена кон унапредување на професионалните стандарди, зголемување на транспарентноста и градење поголема доверба на пазарот на недвижности. Караванот, преку директни средби со граѓани и активна соработка со локални институции и експерти, има за цел да поттикне одржлив урбан и економски развој во сите региони низ државата. На настанот во ...