Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Самохрани родители и лица во социјален ризик од Неготино вчера учеа како да изработуваат рачни производи што можат да им донесат финансиска добивка во иднина. Преку практична обука, учесниците се запознаа со техниките за изработка на украсни и мирисливи свеќи и глицерински сапуни, како и со начини за нивна промоција и продажба. Настанот го организираше регионалниот еколошки центар „Ековита“, како дел од напорите за економско јакнење на ранливите ...
Овој понеделник осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка. -Денес најбрзо растат цените и…предизборните ветувања на политичарите. -Политичарите предизборно ни ветуваат подобро утре, но за нив денес е веќе доволно добро. -На изборните листи се појавија мноштво кандидати за градоначалници и советници во општините: почуствуваа луѓето дека ...
Територивалната против пожарна единица вчера попладне, во 16:45 часот, прими дојава за запалена куќа на ул. Богдан Каракостев во Велес. Четворица пожарникари спасители со едно противпожарно возило се упатија кон локацијата на пожарот која што се наоѓаше на источната страна на градот со стрмни и тесни улици. „По пристигнување на лице место, констатирано е дека станува збор за запалено ѓубре. Поради тесните улици и непристапниот терен, екипата ...
„И неделава температурите на воздухот ќе бидат потпросечни за овој период од годината и тоа не само кај нас во Македонија, туку и во останатиот дел од регионот како и во цела југоисточна Европа. Исто така ќе имаме почести и повремено пообилни врнежи, особено во првите денови од оваа седмица а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Се ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. Затоа ...
Вкупно 67 поранешни акцијаши сега ветерани, викендов, учествуваа на традиционалната Годишна еко акција и средба организирана од ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес во Извиднички центар „Голозинци“ во Општина Чашка. Четириесет домаќини, членови на ова велешко акцијашко здружение и 27 гости од Здруженијата „Скопје“ од Скопје, „Пат на младоста“ од Штип, „Акцијаш“ од Гостивар, „Кумановски акцијаши“ од Куманово и „Битолски акцијаши“ од Битола беа учесници ...
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера утро, во Неготино го лишија од слобода С.Д.(29) од Неготино, поради основи на сомневање за сторени четири кривични дела. -Кривичните дела се „одземање на моторно возило“ по член 242 од КЗ, две кривични дела „кражба во обид“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од КЗ и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ, сите извршени на територија на Неготино. Против С.Д. се ...
Дваесет нови Издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. -Ако вашиот углед е скапоцен, тогаш не мислите дека туѓиот е за распродажба. -Му го урнаа угледот. Бил дива градба. -Не оставам впечаток, но оставам печат. -За никаде е! Сосема доволно да го користат за секаде. -Си го отсвирив своето, па сите си играат со мене. -Конечно нешто направи… будала од себе. -Ќе се спуштам на нивно ниво за да можам да им ...
По повод 71 година од своето постоење Ансамбл Керамичар од Велес утре вечер ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Трагите на традицијата во нас“. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Младински парк, со почеток во 18:00 часот и претставува вистинска културна прослава на народното богатство, традицијата и фолклорот. На концертот ќе настапат сите активни членови на ансамблот, поделени по возрасни групи, како и гостинските ансамбли КУД „Славко ...
Црногорскиот уметник Алдемар Ибрахимовиќ, вчера вечер во Ликовен салон Велес ја отвори својата прва самостојна изложба во Македонија, претставувајќи 20 дела под наслов „Урбани кулиси“. Ова е значаен културен настан кој го збогатува уметничкиот простор во земјава, овозможувајќи им на љубителите на современата ликовна уметност да се запознаат со уникатниот израз на Ибрахимовиќ. Изложените дела, создадени претежно во техника масло на платно, ја ...
Осумдесет и едно годишната Б.Ј од Велес се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило „фолсваген поло“ кое го управувал шеесет и две годишниот велешанец Ѓ.П. Пешакот бил удрен на улица „8 Септември“ а повредите и биле констатирани во Општа болница Велес. -Пациентката се здобила со скршеница на ногата и е задржана во болница на болничко лекување, соопшти д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес. Како што ...
Вакцинацијата против сезонски грип и годинава ќе ја реализираат здравствени работници на Центар за јавно здравје Велес. Освен велешани со имунизација ќе се покриваат и соседните општини Чашка, Градско и Лозово каде нема јавни здравствени установи. Оваа јавна здравствена институција ги очекува инструкциите на Министерството за здравство. Заменик министерот Јовица Андовски денеска вели дека договорот е потпишан и со него е купена количина од 80 ...
Основното општинско училиште „Панко Брашнаров“ од Велес, денеска, свечено го одбележа својот патрон празник, со богата културно-уметничка програма и силна порака од учениците – дека со љубов, знаење и другарство ја градат својата приказна. Свеченоста започна со кратко обраќање од директорката на училиштето, Сениха Брзева, која топло ги поздрави присутните гости, наставници, родители и ученици, истакнувајќи ја важноста на овој ден како потсетник ...
„Под влијание на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, од Русија, се спушта кон Македонија, денес, петок, 3 октомври, ќе биде уште поладно од вчера и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец најизразен во Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Денес снежната граница ќе се спушти и на помала ...
Македонска премиера на играно документарниот филм „Правослован“ на словенечкиот режисер Слободан Максимовиќ, вчера вечер, се одржа во „Киноверзум“ во Велес. На премиерата успеа да стигне и да присуствува режисерот Максимовиќ со сопругата Симона и покрај поместувањето на авионскиот лет од Љубљана до Скопје. Се оствари неговата желба токму во родниот град на мајка му, Левтерка, со моминско презиме Димова, да биде прикажано неговото филмско ...
Четириесет и двајца жители од Општина Градско имаа можност бесплатно да го проверат нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, како и да добијат корисни совети за превенција од најчестите заболувања кај повозрасната популација. Оваа акција, денеска, ја спроведе велешкиот Црвен крст по повод меѓународниот ден на старите лица, во просториите на Здружението на пензионери од Градско. -Прегледите беа направени од страна на лекар и тројца волонтери ...
Шеесет првачиња денеска претпладне дадоа свечена заклетва дека ќе бидат добри, вредни и успешни ученици, со што и официјално станаа дел од семејството на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ во Велес. Настанот се одржа во училишниот објект, каде што оваа учебна година наставата за прво одделение се реализира во три паралелки. Во рамки на свечената приредба, подготвена по повод одбележување на Детската недела, најмладите ученици беа ...
Дваесет и седум годишниот А.И од Велес, ноќеска, еден час пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Велешанецот бил пријавен во полиција од страна на неговата 33 годишна невенчана сопруга која пријавила дека подолг период физички ја напаѓал и малтретирал. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека велешанецот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по ...
Седумдесет и деветгодишен жител на Велес стана првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна во домашни услови, под електронски надзор. Тој е осуден на три месеци куќен затвор и наскоро ќе му биде поставена електронска алка на ногата, со што ќе започне извршувањето на санкцијата во неговиот дом. Од Управата за извршување санкции потврдија дека станува збор за пресуда донесена од Основниот суд во Велес. Барањето на осудениот за ...
Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, во 20:43 часот примила дојава за запалено електрично броило на железничка станица во скара „Чакар“. Како што информираат од велешката пожарна на лице место со едно противпожарно возило пристигнале двајца пожарникари кои затекнало како гори електрично броило. Тие веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот. -Благодарение на брзото пристигнување и навремената интервенција, пожарот е локализиран и не ...
„Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре, петок, 3 октомври. времето во Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври. Врнежите од дожд во најголем дел ќе бидат обилни, над 30 литри на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. ...
Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска, во функција ставен е бесплатниот телефонски број 0800-54321 за пријавување каква било повреда на граѓанските права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот на 19 октомври и вториот на 2 ноември круг од Локални избори 2025. „По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 ...
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, ноќеска, извршиле неколку интервенции на различни локации во Велес и околните населени места, при што лишиле од слобода повеќе лица поради поседување на дрога. Првиот случај е евидентиран во десет минути по полноќ, во селото Отовица, каде полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т. (23) и Д.С. (18), двајцата од Велес. При извршен преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од 12 октомври 2025 година Европската Унија започнува со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), со целосна имплементација до 10 април 2026 година, со што печатите во пасоши се заменуваат со биометриски евиденции на надворешните граници на Шенген. Системот EES е автоматизиран ИТ-регистар што при секој влез и излез електронски ги запишува личните податоци и биометриските ...
На социјалната мрежа Фејсбук во текот на вчерашниот ден се појави страница насловена како „Јавен превоз Велес“, преку која се нуди наводна картичка за бесплатен јавен превоз во Велес за следните шест месеци, по цена од само 145 денари. Страницата, која на прв поглед изгледа веродостојно, користи визуелни елементи како логото на Општина Велес, фотографии од автобуси на локалниот превозник „Пан промет“, како и слика од темно плава картичка на која ...
„Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во Македонија уште од денес (среда 1 октомври) од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) како и задутре, петок (3 октомври) ќе создаде услови за облачно време со обилни врнежи од дожд. Во најголем дел од државата ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека грејната сезона за 2025/2026 година официјално ќе започне на 15 октомври и ќе трае до 15 април. Доколку надворешните температури се спуштат под 12 ºС, греењето може да почне порано, од 1 октомври, а најдоцна да заврши на 30 април. Во периодот од 13 до 17 октомври се очекува краткотрајно прекинување во испораката на природен гас поради планирани ремонти на регионалните системи и гасоводот ...
Во Македонија секоја година се фрлаат над 15.000 тони храна, што претставува финансиска загуба од речиси 30 милиони евра. Ова алармантно ниво на отпад од храна го откри Банка за храна Македонија по повод Меѓународниот ден на свесност за фрлање храна. Она што особено загрижува е парадоксот: земја која се наоѓа меѓу првите пет во Европа по сиромаштија, во исто време се наоѓа меѓу водечките според количината на фрлена храна. Најчесто на отпад ...
Самостојна изложба на академскиот сликар Алдемар Ибрахимобиќ ќе биде отворена во Ликовен салон Велес, во четврток, на 2 октомври со почеток во 19:00 часот, најавија од Народен музеј Велес. Ибрахимовиќ е истакнат уметник чие творештво претставува синтеза на современи и класични ликовни изрази. Неговата работа е препознатлива по силниот личен печат, преку кој го истражува односот меѓу бојата, формата и човековата емоција. Делата што ќе бидат ...
Словенечкиот документарен филм „Праслован“, утревечер, среда 1 октомври, ќе биде премиерно прикажан во Македонија и тоа во „Киноверзум“ во Велес, со почеток во 21:00 часот. Тоа е причина за доаѓање на познатиот режисер Слободан Максимовиќ во родниот град на неговата мајка. Максимовиќ, по премиерното прикажување на своето последно филмско остварување ќе престојува во градот во кој се родила, ја живееле својата младост и работела неговата мајка, ...
Сите невработени граѓани од Велес кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд имаат можност да се приклучат на новата активна мерка „Обука на работно место кај конкретен работодавач“, која е дел од Оперативниот план за вработување за 2025 година, спроведен од Агенцијата за вработување на Мкаедонија. Оваа мерка предвидува практична обука со времетраење до три месеци кај конкретен работодавач, каде што кандидатите ќе се обучуваат согласно ...