Според информациите на Центар за управување со кризи, денешното невреме, проследено со силен ветер беше причина за интервенции на Јавно комунално претпријатие „Дервен“ за отстранување паднато дрво кај Ликовниот салон Велес додека Јавно претпријатие „Македонија пат“ интервенирало три пати на автопатот Скопје – Градско поради паднати дрвја како и еднаш на локалниот пат Велес – Градско поради одрон и паднато дрво. Во Општина Кавадарци, ТППЕ ...

Педесет и шест годишниот И.К од Кавадарци загинал вчера, околу 13:00 часот, во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки. Тој го управувал камионот што се превртел и паднал во провалија. „ Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната ...

На Меѓународните „ПЛАЗМА Спортски Игри за млади“ ќе учествуваат екипи на сите четири општински основни училишта од Велес. Некои од нив со една а повеќето и со две и три екипи во различни спортски дисциплини затоа што на вчера одржаните Државни натпревари тие постигнаа одлични резултати поточно освоија поголем број на први места дури и од екипите на училиштата во Скопје и во уште неколку поголеми градови во Македонија. -Покажаните резултати ...

Домашни фолклористи поточно ансамбли, културно уметнички друштва, оркестри и пејачки групи како и гости од странство се учесници на 21 Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2026“. Освен од Велес и од Македонија учесници се ансамбли од Мексико, Србија, Албанија, Полска, Австралија, Италија, Костарика и Бугарија. Фестивалот започнува со традиционалното Дефиле кое вечерва од 19:30 до 20:30 часот ќе помине низ улиците на Велес поточно ќе ...

Сончево и топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а на одделни места е можна и појава на краткотрајно невреме со град. Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 38 степени ...

Еден Ер трактор даде воздушна поддршка во гаснењето на денешниот пожар, кој избувнал претпладнево, на локација кај Штипско петле, на влезот во Велес за потоа да се префрли кон месноста „Саботна вода“ и да се прошири кон месностите „Трите Дола“ и „Цариер“ во правец кон село Караслари. Дирекцијата за заштита и спасување со видео ја прикажа акцијата на гаснење на пожарот од близина на село Караслари. Директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов, ...

Триесет годишниот Б.К е работникот којшто вчера, 29 јуни , околу 16:00 часот бил донесен во ЈЗУ Општа болница Велес со здобиена тешка телесна повреда на глужд на нога. Пациентот бил примен во болницата каде биле направени прегледи и снимања. -Пациентот бил примен со скршеница на левиот глужд. По извршени прегледи и рентген снимања, поставена му е имобилизација на глуждот на ногата. Потоа Б.К одби понатамошна хоспитализација и третман, соопшти ...

Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес ги информира граѓаните дека во тек се теренски активности за заштита од пожари на отворен простор. „За таа цел патролни тимови секојдневно се на терен на различни локации на подрачјето на СВР Велес. Целта на засилените контроли е да се зајакне комуникацијата и соработката со населението и да се влијае на свеста кај граѓаните за совесно и одговорно однесување, во насока на намалување на опасностите и ...

Пожарот кој што избувна на раскрсница на експресен пат Велес – Штип, автопат Велес – Градско и автопат Велес – Скопје, излезен е од контрола со ширење во повеќе правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола а во моментов е многу близу и до место викано Цариер. Дума.мк од граѓани кои се наоѓаат на местото на пожарот, на различни локации, воглавно покрај посочените експресен пат ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места ќе има услови и за краткотрајно невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, додека максималните дневни температури ...

Лекарката и Претседателка на Здружение на приватни лекари на Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова, само што во статус на социјалната мрежа Фејзбук сподели важни информации за здравјето на граѓаните на пеколни жештини. Д-р Чолакова и во телефонскиот контакт со Дума.мк рече дека почувствувала за потреба да напише и потсети дека граѓаните не треба да заборават дека на пеколни жештини треба да се однесуваат одговорно кон личното здравје. Во ...

Женскиот фудбалски клуб „Борец- Велес“ еден е од учесниците на меѓународниот фудбалски турнир што се одржа викендов во Торино, Италија, во организација на италијанскиот клуб Cit Turin LDE и со поддршка на програмата Erasmus+ Sport. ЖФК „Борец“ е единствен претставник од Македонија на оваа значајна спортска манифестација, на која учествуваат екипи од Италија, Франција, Словачка, САД и Македонија. Покрај домаќините „Cit Turin LDE“ и „ASD Borgo ...

Цената на дизелот ќе се намали за 0,5 денари по литар, додека бензините ќе поскапат за ист износ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука, просечното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 0,27 проценти. Од полноќ, литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 80 денари, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 84,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 86,5 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за ...

Ги собраа скоро сите родени бебиња, во текот на годината, на плоштадката кај фонтаната на локацијата „Авона“ со нивните мајки породени на Одделението за Гинекологија и акушерство во велешка Општа болница кои ги облекоа во маици со генерално мото „Отворив очиња – видов ден“. Ги донесоа на едно место и татковците на новороденчињата со цел да ги туркаат количките на родителската гордост во свечената поворка. И мотивираа придружба од над 100 ...

Пожарот во кафеаната „Шкорпион“ на ул: „Никола Карев“ бр.33 избил вчера вечер, околу 22:00 часот и веднаш бил пријавен во Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Велес. По примената дојава пожарникарите спасители веднаш излегле на терен. „Територијална против пожарна единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано беше дека гори делот од кујната. ...

Денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени. Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Живата во ...

Темата отвора егзистенцијално прашање и го истражува парадоксот дали и двете се вистинити истовремено. Додека сме живи изгледа дека телото ја носи душата. Но кога тагуваме, се разочаруваме, кога ќе се заљубиме, или кога сонуваме, ни станува јасно дека токму душата го носи телото низ животот. Да се запрашаме кога последен пат нашето тело било уморно, а душата не туркала напред? Велиме дека телото е куќата, а душата е домаќинот. Но кој живее во ...

Триесет и седум годишната жена го нападнала полицискиот службеник, вчера вечер, на главната улица во населба Градско, соошти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 26.06.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода М.О.Ш.(37) од Градско, затоа што на улица „Александар Македонски“ во Градско, со тврд предмет нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи. Таа била приведена во полициска ...

Триесет и едно годишниот насилник создал инцидент, вчера, доцна попладне, кога дошол пред домот и ја барал ќерката на 71 годишната велешанка. Жената ја нападнал прво пред влезната врата, која потоа ја скршил а потоа ја удрил и внатре во домот. Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР ) Велес по пријава од жената интервенирала и го лишила насилникот од слобода. Нему му бил направен и алкотест. „На 25.06.2026 во 18:55 часот, ...

Петочен термин за читателската заедница на Дума.мк која е љубител на афоризмите на Атанас Крлевски. И овој пат, наостреното афористичко перо, инспирирано од секојдневните случувања во изминатата недела создаде 10 нови афоризми. Прочитајте ги: „Ми го мисли лошото. Значи не мисли“ „Погледот е убиец за кој нема закон“ „Во тоа што не го гледам, верувам само кога сум заљубен“ „Многу умни луѓе парите ги трошат на глупости“ „Кај мене лутината е ...

Настанот „Отворив очиња – видов ден“ што за прв пат ќе се случи во недела, 28 јуни, во Велес го организира ЈЗУ Општа болница Велес како иницијатива на здравствените работници од Гинеколошко – акушерското одделение. Посветен е на родителството, на новиот живот и на најубавите моменти од создавањето на едно семејство. „Идејата за овој настан произлезе од долгогодишното професионално искуство на здравствените работници од Гинеколошко-акушерското ...

Љубителите на мотоспортот викендов ќе го насочат вниманието кон Велес, каде на 27 и 28 јуни ќе се одржат првите две трки од Државниот ендуро шампионат на Македонија. Натпреварите ќе се возат на ендуро полигонот „MX Track Motoveles“, кој традиционално е домаќин на ова значајно спортско случување. Организацијата е доверена на мотоклубот „Мото Велес“, во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес. Со овогодинешното ...

Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево. Нема некој изразен ветер ова утро, температурите забрзано растат од час во час, пишува Метео аларм. Инаку, Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 ...

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи ширење на пожар што избувнал денеска кај Долни Дуќани, покрај железничката пруга. -Во 10:37 примена е дојава за запалена сува трева покрај пругата и на терен веднаш се упати едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители. По пристигнувањето, екипата го локализираше и целосно го изгасна пожарот, со што беше спречена поголема штета и ширење на огнот кон околниот простор, соопштија од ...

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности на наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“ во рамки на кампањата „Безбедно во лето – вози одморен, вози одговорно“. Во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа на значењето на одмореноста при управување со моторно возило, посочувајќи дека заморот и намалената концентрација се меѓу најчестите причини за ...

„Територијата на Македонија за време на викендов,сабота 27 и недела 28 јуни, ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која ќе условува да имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од североисточен правец. Во попладневните часови има мали услови за сосема ретка појава на ...

Во просториите на Велешкиот музеј, каде што минатото се чува, а сега и научно се „раслојува“ до најситни детали, беа спроведени истражувачки активности на археолошки предмети во рамки на проектот „Интердисциплинарни анализи на праисториски метални артефакти од Република Северна Македонија“. Проектот е дел од Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за 2026 година. ...

По барање на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, велешките пожарникари излегле на терен и далеподдршка во справувањето со пожар што избувнал во светиниколскиот регион. -На интервенцијата беше испратено едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители од ТППЕ Велес. По пристигнувањето, тие веднаш се вклучија во акцијата за гаснење, во тесна координација со локалните екипи од Свети Николе, соопштија од ТППЕ Велес. ...

Територијата на Македонија и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, пишува Метео аларм. -Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе ...

Сообраќајниот прекршок Т.Р (38) од Велес го сторил вчера ноќ на улица „Благој Ѓорев“. Откако го сопреле полициските службеници тој нагазил на гаста и со возилото „рено“ избегал. Но набрзо бил по втор пат сопрен и тогаш покажал агресивно и омаловажувачко однесување кон полициските службеници „На 23.06.2026 во 02:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Р.(38) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53