Дванаесет ученички од основните училишта во Велес денеска учествуваа во едукативно-креативната работилница под наслов „Звуците на глината во прегратките на куќата“, која се одржа во куќата на Кочо Рацин. Настанот е дел од програмата за одбележување на Европските денови на културното наследство и претставува втор активен проект во организација на Народен музеј Велес. Работилницата имаше за цел да ги доближи децата до археологијата и музејската ...

Велешанецот Данчо Лазов е еден од вкупно 32-цата учесници на патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“, која преку моќни портрети и пораки го слави достоинството, силата и чесноста на лицата со попречености од цела Македонија. Изложбата, која во моментов е поставена во Велес, преку визуелни приказни и нуди можност на јавноста да се запознае со индивидуалните искуства и пораки на овие инспиративни луѓе. На плакатот посветен на ...

Велешанецот Марин Нацев е единствениот Велешанец којшто го достигна јубилејот на 100 дарувања на крв во 2024 година и е добитник на признанието на Општинската организација на Црвен Крст Велес. Нацев годинава кога навршува 65 години дарил крв уште еднаш и има поставено цел да ја заокружи својата хумана животна мисија со уште четири крводарувања за да ги достигне планираните 105 крводарувања. Поранешниот работник на велешката фабрика за порцелан и ...

„Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува променливо време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни како и проследени со локална појава на грмежи. Повеќе врнежи ќе имаме за време на викендот како и во почетокот на следната седмица кога во исто време од исток и од североисток кон Македонија ќе продира значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите и за повеќе од 10 степени во ...

Македонија е меѓу водечките земји во Европа со 46% од населението кои користат тутун и никотински помагала кај лица на возраст над 16 години, што значи дека секој втор граѓанин во Македонија користи тутун, оваа информација ја сподели Проф. д-р Катарина Ставриќ на денешната едукација на здравствениот персонал на медицински сестри и техничари којашто се одржа во ЈЗУ Општа болница Велес. -Цигарите имаат штетни ефекти врз здравјето на луѓето бидејќи ...

Учениците од сите средни и основни училишта од градот, како и најмалите од градинките, денеска беа дел од големиот општински спортски настан „Спорт за сите деца – од градинка до матуранти“, организиран од Сојузот на училишен спорт – Велес и поддржан од Општина Велес. Спортските игри се одржаа на неколку локации низ градот со учество на деца од Велес, Чашка и Лозово. Поточно, во периодот од 10 до 14 часот, во училишните спортски сали како и на ...

По повеќе децениска работа со ученици со попречност во ОУРЦ„ Маца Овчарова“ Велес, денеска, на неговиот 64 роденден, во пензија си замина Благој Нацков еден од најпочитуваните и најомилените наставници на учениците и почитуван колега на наставниците. Учениците кои го нарекуваат со љубов „наставник Баки“ и со нетрпение го очекуваат секој час по физичко воспитание му приредија изненадување. Наставникот доби безброј прегратки и громогласно ...

Дваесет дела од познатиот македонски истражувач и уметник Д-р Петар Намичев, вчеравечер беа изложени во автентичниот амбиент на Куќата на Касапови во Велес, како дел од изложбата со наслов „Велес на хартија – архитектонски портрети“, што се одржа во рамки на Европските денови на културно наследство 2025 година. Изложбата ја отвори директорот на Народен Музеј Велес, Ангел Коруновски кој пред присутните истакна дека оваа изложба е резултат на ...

„Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок, 26 септември, како и за време на викендот, но и во почетокот на следната седмица времето во Македонија ќе биде претежно облачно, многу посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината времето ќе биде ...

Градот Велес и оваа есен ќе пулсира во ритамот на џезот и современата музика – по четврти пат, од 25-ти до 28-ми септември 2025 година, ќе се одржи „Фестивалот на Џез, World и Современа музика“. Организатор на фестивалот е Здружението за култура, уметност и млади „Арт Генератор“, со делегирана надлежност од Општина Велес, а поддржан и од Министерството за култура и туризам на Република Македонија. Програмата на фестивалот е внимателно ...

„Уште два дена ни остануваат да уживаме во убаво стабилно, сончево и топло време преку ден. Сепак утре, среда, 24 септември, во попладневните и во вечерните часови од запад полека облачноста ќе се зголемува што ќе биде најава за поголема промена на времето која ни следува веќе од четврток, 25 септември, во попладнвните и ноќни часови кон петок, 26 септември. И во Скопје овие два дена ќе имаме сеуште стабилно, претежно сончево и топло време со ...

Велешките пожарникари вчера, во 14:05 часот примиле дојава за појава на пламен и чад во близина на село Лугунци, велешко. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон местото кадешто започнале да го гаснат пожарот на два фронта. Како што известуваат од ТППЕ Велес, поради силниот ветер и големата опфатена површина било побарано и дополнителна помош. -Четворица пожарникари колеги со уште едно противпожарно возило ...

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во координација со Шумската полиција, вчера околу 19:50 часот го привеле 54-годишниот Џ.Е. од село Бањица, под сомнение за нелегален транспорт и поседување на огревно дрво. Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи при спроведување на редовна контрола во атарот на селото Бањица, полицијата запрела трактор без регистарски ознаки, управуван од Џ.Е. При прегледот биле ...

На осмите локални избори во Велес официјално кандидирани се тројца кандидати за Градоначалник на Општина Велес додека за 23 местa во Советот на Општина Велес пријавени се 10 Листи со вкупно 230 кандидати. Државна изборна комисија ги објави податоците за кандидатурите за Градоначалник и на Листи со кандидати за членови на Совет на Општина Велес. Кандидати за градоначалник на Општина Велес се: Марко Колев на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја ...

Во Велес започна еден мал, но значаен чекор кон враќање на стрипот во фокусот на македонската културна сцена. Станува збор за проектот „Стрип креатива – стрипот може“, индивидуална иницијатива на велешанецот Томе Трајков, стрип работник и долгогодишен промотер на оваа уметност. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија, преку јавниот повик за проекти од областа на креативните индустрии, и ќе се реализира до ...

Понеделникот започнува со доза хумор и мудрост — прочитајте ги афоризмите на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. -На изборите народот одлучува кој ќе го лаже следните четири години. -Некои актуелни градоначалници, кои воопшто немаат почит и чувство кон сопствените сограѓани, и на овие нови лоални избори, одново-бесранмо бараат…нов мандат. -Вистински херои несомнено се луѓето, коишто успеваат денес да преживеат…без задолжувања и кредити. ...

„Територијата на Македонија и понатаму останува под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок). Токму ова услови денешното утро, понеделник, 22 септември, да биде ведро и сончево без никаква облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер. Денешното утро и понатаму е посвежо, но со повисоки минимални температури за разлика од изминатите утра. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени ...

Годишното време есен започнува, вечерва, 22 септември во 20:19 часот. Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од есенската рамнодневица помеѓу 22-ри и 23-ти септември и зимската краткодневница помеѓу 21-ви и 22-ри декември. За разлика пак од Јужната Хемисфера, каде есента започнува помеѓу 20-ти и 21-ви март и трае до 21-ви и 22-ри јуни. Како што е наведено, во исто време ќе започне пролетта за жителите на јужната ...

Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на изложбата беа направени во соработка со семејствата на овие жени. Изложбата ја организира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со Женската медиумска мрежа „Еднаква“. Жените во медиумската индустрија играат клучна улога уште од првите денови на македонското ...

Обвинителство поведе истрага против неготинец, кој се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот и му се заканувал, информираа денеска од Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. ...

„Според она што можам да го кажам за претстојната есен според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години. И покрај овие прогнози не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце. Особено повеќе врнежи може да ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во четвртокот вечерта, околу 20:40 часот, ги лишиле од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип. -При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. и сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација. Исто така, во ...

Проектот FIC-Fighters, финансиран од ЕУ, најавува прв граѓански дијалог кој ќе се одржи на 24ти септември во Europe House Велес под наслов “Гласови за промена: истражување на решенија за депонијата од Хемиска индустрија Велес”. Оваа интерактивна работилница претставува почеток на серија на дијалози чија цел е да го донесат локалното население во преден план при процесот на донесување на одлуки за решавање на овој еколошки проблем. Настанот во ...

„Уживајте во убавото време со многу сонце и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи. Веќе од 26 септември па во деновите ...

Педесет и девет годишниот Ј.С од Велес, вчера, во 23:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Според билтенот на СВР Велес, велешанецот бил пријавен од страна на 51 годишната К.Х која објаснила дека физички ја нападнал на нејзиното работно место а подоцна, во два наврати и во нејзиниот дом кадешто влегувал со употреба на сила. Како што информираат од СВР Велес, ...

Повеќе од 45 ученици од основните и средните училишта од Велес, денеска беа дел од еко – акција за чистење околу Автобуската станица во градот. Учениците покажаа висока еколошка свест и волонтерски дух и за само неколку часа собраа голема количина на отпад, меѓу кои најмногу пластика, хартија и лименки. -Количината на отпад што ја собравме за кратко време е доказ дека сите мораме да бидеме повнимателни и поодговорни кон животната средина. Она ...

Десет нови издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Овој петок негов мотив е „среќата“. -Секој е ковач на сопствената среќа, ама не во туѓа ковачница. -Мојата среќа како мојата комшивка. Не знаеш, кога ќе ти се насмее. -Среќата е во моите раце. Само треба да ми ги одврзат. -Среќата ме следи цел живот. Веројатно ѝ сум сомнителен тип. -Среќата е мисловна именка. Затоа со жена ми сум најсреќен. ...

„Под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кое е распространето над најголем дел од европскиот континент и целиот Балкански полуостров, како што претходно најавив и кажав, до 25 септември во Македонија останува стабилно поголем дел од државата ќе се спуштаат под 10 степени, а локално особено на повиоски и на планински места тие ќе се спуштаат под 5 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат, суво и сончево ...

Во просториите на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ – Велес, денес се одржа крводарителска акција на која активно учествуваа вработените од оваа установа. Акцијата помина успешно, при што беа собрани вкупно 23 единици крв. -Во реализацијата активно учествуваа и двајца волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст Велес. Изразуваме благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина, ...

Жителите на делови од Неготино се соочуваат со проблем со квалитетот на водата за пиење, откако Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ соопшти дека водата има мирис и вкус од непознато потекло. Веднаш е издадена забрана за нејзина употреба за пиење, а на терен се вршат вонредни проверки и анализи. Според информациите објавени на официјалната страница на претпријатието, загадувањето е забележано во неколку улици, и тоа: Индустриска, Маршал ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
83%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

53106.37

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Сребро

1837.41

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Цинк

3.24

Калај

40.11