Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Во Кичево на езерото Осломеј во организација на Македонската риболовна федерација се одржа третото коло од државната крапска лига. Настапија 15 екипи од државата. Во еден од натпреварите со висок улов, како најдобра се покажа екипата на „Елит карп тим“ од Штип со уловени 80 риби со тежина од 204.030 килограми. Втора е екипата на „Костреж“ од Богданци со 65 риби и тежина од 148.730 кг. Трета е екипата на „Мак дам“ од Куманово чии играчи ...
Небојша Илиќ, Марко Пислевски и Марјан Ѓеоргиевски е шампионскиот тим на велешките спортски риболовци на „Бабуна“ кој се пласираше за учество на најпрестижното првенство во светот. Овој велешки спортски тим го освои првото место на натпреварите во три кола на макекедонската Лига кои се одржа на езеро „Мавровица“ кај Свети Николе. Нивниот улов на риба како во килограми така и во големина на крапови беше најголем. Втората екипа на велешки ...
Највисокиот врв во Република Турција, Арарат, којшто се наоѓа на надморска висина од 5137 метри повторно освоен е од Планинарска експедиција од Македонија. Неа ја организираше Клубот за планинарски спортови „Азот“ од Велес. Покрај организаторот и водич Тодорче Ѓоргиев во планинарскиот подвиг учествуваа и велешаните Зоран Дуков како и тринаесет годишниот Матео Ѓоргиев заедно со Томислав Илиев од Струмица, Миодраг Микиќ и Тања Вељановска од ...
Поранешниот кајакар на KK „Бабуна“, сега судија во кајак на диви води, Бошко Нацев од 6 до 11 јули судеше на Светското првенство во кајак слалом на диви води во категориите у-18 и у-23. Првенството се одржа во Словенија на патеката Тацен на Сава. Добро сработеното и високиот квалитет кој го поседува Нацев беше препорака за нова покана со која тој ќе биде дел од судискиот тим на престојното Европско првенство коешто во месец август ке се одржи ...
Во спортско рекреативниот центар „Матка“ на патеката на реката Треска во близина на Скопје заврши годинешниов Илинденски кајак слалом 2022. Во К-1 победник е натпреварувачот од КК „Приштина“ Лоранд Ѓоши, соседно Косово. На второ место е кајакарот Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ од Велес, додека на третото место се пласираше Милош Јефтиќ,член на Гусар од Ниш-Србија. Одличен пласман забележаа и Борче Мирчевски од КК „Бабуна“ Велес кој беше 4 – ...
Девет први , две втори и две трети места освоија кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес на Меѓународен натпревар во дисциплина слалом во Горажде, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржа минатиот викенд додека кајакарите и кајакарките на велешкиот клуб со освоените медали доцна вчера вечер се вратија во Велес. Вкупно 13 освоени награди во Велес ги донесоа следниве кајакари: Во категорија К1 мажи – пионери прво место освои ...
Титулата „Спортист на Армијата за 2024 година“ за Љубомир Спасиќ велешкиот кајакар од ККК „Арка Борец“ од Велес и член на македонската кајакарска репрезентација, вработен во Армијата. На свеченост во Скопје пехарот на Спасиќ му го врачи министерот за спорт Борко Ристовски. Како членка на Меѓународниот совет за воени спортови (CISM), Армијата на Р.С Македонија традиционално го одбележува Денот на воените спортови со спектакуларни настани и ...
Во рамките на натпреварите во кајак на диви води на Лигата на Југоисточна Европа којшто се одржаа вчера во Чачак, соседна Србија, кајакарот јуниор Благој Гугинов го освои златниот медал исто како и во категоријата пионер кајакарот Андреј Апостолов. Тие се кајакари на ККК „Арка-Борец“од Велес кои вчера повторно имаа успешени настапи. Според кајакарот Љубомир Спасиќ, младите кајакарски надежи на Велес, биле дел од возбудливи трки и на моменти ...
Педесет натпреварувачи во пионерска и сениорска конкуренција учествуваа на годинешното Државното првенство во кајак спуст. Првенството се одржа на река Вардар во Градски парк во Велес каде екипите се натпреваруваа во машка и во женска категорија . Со освоени осум први места во индивидуални и тимски настапи ККК „ Арка – Борец“ од Велес убедливо триумфираа, втор е кајакарскиот клуб „Илинден“ од Скопје а теретото место го освоија ККК „Вила Зора“ ...
Во Аланија, Турција, на дванаесет дневни подготовки се најдобрите велосипедисти на Македонија. Во составот на сениорската репрезентација се членовите на „Мвк Велес“, браќата Кристијан и Виктор Ванчевски и Тео Врондалиев. Дарко Димовски е во составот на јуниорската репрезентација. За време на престојот во Турција ги очекуваат и по две друмски трки во обете конкуренции. Истите се во календарот на светската велосипедска федерација – УЦИ. ...
Продолжува серијата на успешни резултати на велешките велосипедисти. На патеката во должина од 90 километри која се возеше во Штиме Косово а на која настапија 80 велосипедисти од Косово, Албанија и Македонија , велосипедистите на „Мвк“ ги исполнија очекувањата. Во „Елит“ трето место освои Христијан Ванчевски. Во „У-23“ победи Тео Врондалиев, четврти е Виктор Ванчевски, додека Михаил Крстев е шести. Лазар Лазаровски Сподели: Продолжува ...
Четиринаесет здруженија на велосипедисти од цела Македонија, вчера во Неготино, одржаа основачко собрание и основаа „Асоцијација на аматерски велосипедски здруженија на Македонија“. Оваа асоцијацијата има за цел унапредување и промоција на велосипедизмот во Македонија, промоција на велосипедските патеки и настани во државава, како и меѓусебна поддршка на здруженијата за велосипедизам. Велешанецот Зоран Јаневски од „Veles Biking“ е избран за ...
Повеќе од 200 велосипедисти на различна возраст, изминатиот викенд, беа дел од турата „Со велосипед по Македонските Степи“ или #BikeHoneyland2023. Тие со возејќи активно шест часа, поминуваа по неколку населени места низ општините Велес, Градско и Лозово. Како централен дел на турата била посетата на Атиџе, хероината од филмот „Медена Земја“ во нејзиното село Бекирлија. -Турата започна во 10:00 часот во центарот на Велес, на плоштад „Срмаале“ ...
И покрај неповолните временски услови, повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители беа дел од деветтиот по ред „Outdoor festival AЗОТ МТВ Предизвик“, којшто се одржа во регионот АЗОТ во село Богомила. Претседателот на велосипедското здружение „Велес Бајкин“ кој воедно е и организатор на настанот, Зоран Јаневски, рече дека според реакцијата на учесниците оваа година фестивалот ги надминал сите очекувања. -Целокупниот настан беше ...
Изминатиот викенд се одржа јубилејната 10-та по ред Рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тоур 2023“ со којашто се одбележа првиот организиран велосипедски настан во градот. Во трката учество земаа над 250 велосипедисти и 20 планинари. Станува збор за традиционален велосипедски настан кој веќе е препознатлив бренд за рекреативниот велосипедизам како во Велес така и на територија на Македонија. За него секоја година има се поголем интерес и ...
Афирмација на спорт на планина, поврзување на луѓето со планините, освен уживање во природните убавини и нивна заштита како и заштита на животната средина се мисија којашто ја застапуваат голем број на граѓани кои членуваат во планинарските и велосипедските здруженија во Македонија. Меѓу нив е и „Велес бајкинг“. Според Зоран Јаневски, претседател на ЗГ„Велес бајкинг“ и учесник во четиричлената експедиција на планинскиот масив „Монте Роса“ на ...
Традиционалналното 10 предновогодишно искачување на велосипед на ридот „Свети Илија“ се одржа вчера од страна на 20 велосипедисти кои се членови на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“. Ним им се придружија и 10 планинари, членови на Планинарско друштво „Гемиџии“ и двајца атлетичари на Атлетски клуб „Борец“. Стартот на турата беше од плоштад „Сармаале“. Зоран Јаневски, претседател на граѓанското здружение на велешките велосипедисти за ...
Одличен натпревар, полн со неизвесноти и пресврти, одиграа вчера вечер одбојкарите на ГОК„Борец“ и ОК „Универзитет Тетово“. Првите два сета ги добија гостите со 22:25 и 17:25. Во третиот сет имаа предност од 24:21 и речиси добиен натпревар. Публиката беше разочарана од исходот и веќе станата од столчињата за да ја напушта салата,кога со неколку сервиси Димовски го „врати” „Борец“во игра и сетот го добија домаќините со 28:26. Инаку првите два ...
Одличен настап на одбојкарите на „Борец“ на гостувањето во Скопје и победа од 0:3 во натпреварот цо ОК„Јанта волеј“. Резултатот по сетови е 20:25,15:25 и 14:25. Во натпревар од десетото коло на првата одбојкарска лига, што заврши доцна вчера вечер, велешките одбојкари со максимален резултат стигнаа до трите бода. Оваа победа беше очекувана со оглед на досегашните настапи во годинешново првенство. Валентин Миланов член на Управен одбор на ГОК ...
Во натпревар од третото коло на плејофот од разигрувањето за титулата државен првак, „Борец“ на домашен терен претрпе пораз со максимален резултат 0:3. За поразот најголема вина имаат домашните играчи кои одиграа слабо. Во првиот сет велешани имаа предност од 24:19 а го изгубја со резултат 24:26. Во вториот како да беа во шок и лесно му се предадоа на проивникот со 17:25. Во третиот сет кога се очекуваше да се проба да се направи пресврт, се ...
Кадетите на ГОК „Борец“ со две победи обезбедија финале во годинешново државно првенство. Тие беа подобри во полуфиналната пресметка со екипата на „Јанта волеј“ која во Скопје ја совладаа со 3:0 а во Велес 3:1. За титулата ќе се борат со екипата на ОК „Струмица“. Ќе се игра една средба. ОК„Струмица“ домаќин е на финалниот турнир. Во борба за третото место ќе се сретнат екипите на „Пробиштип“ и „Јанта волеј“. Весна Николова председателката на ...
Вчера вечер, околу 21:10 часот, во СВР Велес пријавено било дека во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК „Борец“ од Велес и ОК „Шкендија“ од Тетово се случило нарушување на јавниот ред и мир. Дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутната публика фрлале разни предмети едни кон други. Со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК „Шкендија“. „Се работи ...
Средниот блокер на ГОК „Борец“, Христијан Андовски од 29 мај, годинава, играч е на словенечкиот одбојкарски состав „Триглав“ од Крањ. Тогаш ова момче, првотимец на велешкиот градски одбојкарски клуб и најуспешен спортист за 2021 година на Општина Велес,потпиша договор со словенечкиот клуб. Првиот интернационален трансфер на Андовски доаѓа по постигнати успеси какошто се: бројка од одиграни околу 100 натпревари во четиригодишното бранење на ...
Одбојкарскиот клуб „Виола Волеј“ организатор е и домаќин на Меѓународен турнир којшто во претстојниот викенд ќе се организира во сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес. На турнирот освен домаќините ќе учествуваат гости од Грција, Г.С „Олимпија“ од градот Лариса и ОК „Панда“ од Врање, од Србија како и шампионот на Македонија, екипата на „Јанта Волеј“. Меѓународниот турнир во одбојка ќе се одржи во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес. Иако ...
На државното младинско првенство до 20 годишна возраст на општо изненадување составот на градскиот ракометен клуб „Борец“ го освои второто место. По фази се играше во 4 групи со по 6 екипи. „Борец“ во својата група нанижа 5 победи и обезбеди учество на финалниот турнир кој се одигра во Велес. На турнирит играа победниците од четирите групи. Победник е екипата на „Кирил Лазаров-7“ која во финалето го совлада „Борец“. Трет е битолски „Пелистер“ ...
Екипата на градскиот ракометен клуб „Борец”, во недела, на 19 септември, гостува во Гевгелија каде ќе се сретне со домашниот „Партизан” во натпревар од првото коло на А -групата на првата ракометна лига. Составот од мината сезона е изменет. Во клубот се вратија ракометарите Димче Минов, Кире Димовски, Борис Ристовски, Кристијан Ристов кои настапуваа за „Вардар“ од Неготино, Лазар Стојанов од „Тиквеш“ од Кавадарци , а на ракометот му се врати ...
Велешани ја победија екипата на „Преспа“ од Ресен со 33:21 и водеа со четири гола разлика на полувреме кога резултатот изнесуваше 15 :11. Убедливата победа беше извојувана над солидниот состав на „Преспа“ по 18 минута кога гостите имаа водсво од 7:8. Потоа домашните грачи се разиграа и на полувреме резултатот беше 15:11.Во второто полувреме продолжи доминацијата на велешани. Ракометарите Јован Атанасовски, кој одигра маестрален натпревар со ...
Во Штип, во рамките од последното коло на „плејаут” на првата ракометна лига, ракометарите на „Борец“ загубија на гостински терен од домашниот „Текстилец“ со резултат 30:26. Штипјани беа подобри и резултатот е реална слика од случувањата на теренот. На крај велешани ги освоија четвртото место во разигрувањето, што според амбициите не е добро остварување. Добра работа е што поголема минутажа добија за докажување добија повеќе млади ракометари ...
Натпреварот кој беше од огромна важност за двата тима го добија велешките кошаркари со што на коло пред крај, на регуларниот дел од првенството, се најмалку трети. За да имаат можност во плеј офот да стартуваат од втората позиција, велешани во последното коло, потребно е на домашен терен да ја совладаат битолска „Хераклеа“ и истовремено во Штип, „Соколи 1933“ да загубат од екипата на „Црн Дрим“ од Струга. Васко Бојчев еден од тренерите на ...
Кошаркарите од велешкиот клуб „Борец Баскет“, во недела, на 25 февруари ќе одиграат хуманитарен натпревар против „МЗТ Скопје УБ“, преку кој ќе се вклучат во акцијата за собирање на средства за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов. -Да помогнеме кога е најпотребно, ова е нашата порака до сите љубители на кошарката. Натпреварот против „МЗТ Скопје УБ“ ќе го одиграме и сите собрани средства од влезниците кои чинат 100 денари ...