Кога се состануваат министрите за надворешни работи на ЕУ, нивната агенда често се чита како светски атлас. Има вртоглаво многу документи со изјави и мерки на кои мора да се стави потпис, и прашања за решавање од секој агол од светот - и, вообичаено, се троши многу време на преговори за 27-те членки да постигнат едногласен став. Но, неколкупати годишно, министрите се собираат на „неформални“ разговори, кои така се викаат не затоа што наместо ...

Сомнежи за несакционирани злоупотреби на јавни ресурси, наводни пораки од ВМРО-ДПМНЕ за затоплување на односите со ДУИ, кој повеќе, а кој помалку направил за Албанците... Сето ова е дел од „кампања пред кампањата“, еден месец пред нејзиниот официјален почеток. Аналитичарите и претходно предвидоа жестока и нечиста кампања, но не очекуваа дека и воведот во неа ќе биде таков - со ниски удари и подметнувања. Кандидатот за градоначалник на Чаир, ...

Три години по експлозијата на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море, германските истражители, според медиумски извештај, ги идентификувале сите членови на групата која наводно стои зад нападот. Сите наводно се Украинци. Притоа, уште на 21 август во Италија е уапсен првоосомничениот. Германското Сојузно обвинителство го уапсило на брегот на Јадранот наводниот координатор на операцијата врз основа на европска потерница. Заедничката истрага ...

Неколку недели пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, владата на САД воведе визни санкции против претседателот на Палестинците, Махмуд Абас. Американскиот Стејт департмент за новинската агенција ДПА потврди дека од санкциите се засегнати Абас и околу 80 други претставници на Палестинските автономни власти (ПА). Во нивните случаи ќе бидат поништени постојните визи и нема да бидат издадени нови. Од визните ограничувања е ...

Кога на Вања (27) првпат ѝ се расипал бојлерот, мајсторот дошол веќе наредниот ден, иако било викенд. Се покажало дека направил повеќе штета отколку корист. Лошо поврзаните жици на новиот бојлер предизвикале два кратки споја, па бојлерот на крај се запалил. Биле потребни уште неколку интервенции и неколку недели без топла вода. „Добар мајстор – злато вреди“ Случајот на Вања не е реткост. Искуството на голем број луѓе сведочи дека вистински ...

Германија засега не се согласува со планираните санкции на ЕУ против Израел. Предлогот на Европската Комисија за суспендирање на соработката во рамките на програмата за финансирање на истражувањата „Хоризонт Европа“ е мерка која веројатно нема да има какво било влијание врз политичкото носење одлуки или врз воените дејствија на Израел во Појасот Газа, изјави министерот за надворешни работи Јохан Вадефул на состанокот на ЕУ во данската ...

Моментот за драматичниот потег веројатно беше избран намерно: токму во понеделникот (25.08.2025), ден по Денот на независноста на Украина, полскиот претседател Карол Навроцки објави дека ставил вето на законот за помош на Украина предложен од владата. Законот требаше да обезбеди поддршка за украинските бегалци во Полска, како детски додаток и социјална помош, до март 2026 година. Сегашната регулатива истекува на крајот од септември. „Детскиот ...

Со седум гласа наспроти четири, судиите пресудија дека американскиот претседател Доналд Трамп немал право да воведува царини на многу земји низ целиот свет. Тие го „распарчија“ неговиот аргумент дека трговскиот дефицит или дури и шверцот со дрога претставуваат вонредна состојба против која тој може да воведува царини. Според апелацискиот суд, само Конгресот има вакво овластување. Нил Катијал е воодушевен. Тој застапува дел од тужителите, ...

Македонската јавност со забележливо љубопитство, па дури и со одреден степен на љубомора, ги следи многу честите вести од Албанија каде властите раководени од премиерот Еди Рама уриваат стотици дивоградби. И дека сето тоа се прави за да ѝ се докаже на Европската Унија дека Албанија е максимално посветена да го изоди што е можно побрзо својот пат кон ЕУ. Не е важно каде се наоѓаат тие дивоградби – дали во чудесните предели на север, во областа ...

Иако на социјалните мрежи врие од „сознанија" за корумпирани политичари, судии, обвинители, премиери, министри, пратеници, градоначалници, и директори, бројките покажуваат дека граѓаните во пракса ретко одлучуваат да пријават случаи во кои препознале коруптивни ситуации. Според податоците што организацијата Транспаренси Интернешнел Македонија ги објави во вторникот (26.08.), до нивниот Центар за правни совети отворен за пријавување на ...

„Седиме на куфери“, вели жена која се претставува како Наталија од Свјатогоривка, село на периферијата на градот Добропил во источна Украина. Руската армија напредуваше и сега е само десет километри од нејзината куќа. Украинските војници успеаја да повратат некои места, но селата околу неа сè уште се под постојано бомбардирање. Единствената причина зошто Наталија сè уште не ја напуштила Свјатогоривка е тоа што нејзините постари родители ...

Во сенка на сериозната политичка криза во Париз, германската и француската влада се состануваат овој петок на Азурниот Брег за да разговараат за економската и безбедносната политика. Таканаречениот Министерски совет, што се одржува во тврдина од 19 век во крајбрежниот град Тулон, ќе го претседаваат германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) и францускиот претседател Емануел Макрон. Ова е првиот француско-германски состанок во овој формат по ...

Вообичаено владата се состанува во кабинетот на канцеларот, но во средата (27.08.2025) својот прв состанок по летната пауза владата го одржа во Бендлерблок, седиштето на Министерството за одбрана во Берлин. Изборот на локацијата требаше да го потенцира значењето на темата – фокус на состанокот беше идното ориентирање на Бундесверот. Со оглед на заканата од Русија и новите обврски во НАТО, Германија не само што сака подобро да ги опреми своите ...

Дали Доналд Трамп ненамерно ги зближува земјите од БРИКС, лабава група на некои од најбрзо растечките економии во светот, со тоа што им наметнува повисоки царини отколку на другите земји? Најголемата членка на БРИКС, Кина, сè уште се соочува со можност за царина од 145% доколку не постигне договор со Трамп, додека Бразил и Индија добија стапка од 50% – половина од индиската казна е поради купување руска нафта по попуст. Јужноафриканската ...

Во 2011 година Германија го укина задолжителниот воен рок. Сега сојузната влада воведува „нова воена служба“ која за пример го зема шведскиот модел со пополнување прашалници и првично ќе се заснова на доброволно учество. Сепак, од 1 јули 2027 година сите мажи од генерацијата ќе бидат повикани на задолжителен медицински преглед, додека жените доброволно може да се пријават за истиот. Секој што ќе се пријави за воен рок во Бундесверот мора да ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, наиде на исмејување на социјалните мрежи откако во телевизиско интервју тврдеше дека на Втората светска војна ѝ бил ставен крај преку преговори, бранејќи ги дипломатските напори на претседателот Доналд Трамп во војната на Русија против Украина. „Втората светска војна заврши со безусловната капитулација на Германија и Јапонија, а не со преговори“, беше потоа објавено на профил на платформата Х наречен ...

Изборната понуда со кандидати за градоначалници на Скопје се збогатува. Во изборната трка влегува и реномираниот професор и декан на Градежниот факултет на УКИМ, д-р Горан Марковски. „Инфраструктурни конструкции“, „Армиранобетонски мостови“, „Трајност на бетонските конструкции“, „Санација и зајакнување на бетонските конструкции“, се само дел од предметите што ги предава на факултетот, а овојпат пред него ќе биде голем предизвик - да понуди ...

Европските лидери во ретко видена демонстрација на единство му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Вашингтон на 18 август, залагајќи се за безбедносни гаранции за Украина пред американскиот претседател Доналд Трамп. Но, вистинските предизвици допрва следат, особено кога треба да се разгледаат конкретни чекори, како што е евентуално распоредување на војници. „Подготвени се да ...

Холивудските ѕвезди од А-листата - од Џулија Робертс до Џорџ Клуни и Кејт Бланшет - ќе ги красат големите екрани во Венеција оваа година, а овогодинешниот фестивал ќе го одбележат политички набиените играни филмови и документарци. Џулија Робертс, која за прв пат ќе оди по Лидо, игра во филмот на Лука Гвадањини „По ловот“, трилер инспириран од движењето МиТу (#MeToo). Холивудската икона игра професорка по филозофија на Универзитетот Јеил која ...

Од почетокот на руската војна против Украина во февруари 2022 година, малиот јужен сосед на Украина - Република Молдавија - сè почесто се појавува во медиумските извештаи. Во пролетта 2022 година, се чинеше дека Русија наскоро би можела да ја нападне и Молдавија. Со окупирање на воена, речиси целосно незаштитена територија, Украина би била принудена да води војна на два фронта, а Русија би стоела на југоисточната граница на НАТО и Европската ...

Пред неколку недели, сојузниот министер за одбрана. Борис Писториус (СПД) во телевизиско гостување зборуваше за тоа како на Бундесверот итно му е потребен повеќе персонал. „Како тоа да функционира - без регрутација?“ праша модераторката, а министерот одговори, малку вознемирен: „Тоа е популарно прашање, на кое секогаш со задоволство одговарам.“ Писториус е свесен и дека е важно прашање. Тој е свесен и дека одговорот е незгоден. Тој е заглавен ...

Помина времето кога големите партии за најпрестижните функции пуштаа во трка познати личности докажани прво во своите професии, а потоа и во политиката. Орце Ѓорѓиевски, фаворитот за градоначалник на Скопје има шест и пол реда биографија од кои два се информацијата за неговиот претходен избор за градоначалник на скопската општина Кисела Вода. Во неговата повеќе од скромна биографија е запишано дека е роден на 05.08.1987 година во Скопје. ...

Од повторниот избор за претседател на САД, Доналд Трамп повеќепати се соочи со обвинувања дека профитира од својата функција. Навистина, Трамп и неговото семејство неодамна склучија бројни зделки – од недвижности и криптовалути до обврзници и акции. Дали постои шема што укажува на лично богатење? Во САД, Законот за етика во владата од 1978 година, донесен како одговор на скандалот „Вотергејт“, бара од претседателот, потпретседателот и други ...

Германската индустрија е во канџите на длабока криза, а автомобилската индустрија е особено силно погодена. Таму, во рок од една година, се загубени околу 51.500 работни места, што е еквивалентно на речиси седум проценти од работните места. Ова е заклучокот од анализата на консултантската фирма EY, врз основа на податоци од Сојузниот завод за статистика. Ниту еден друг сектор не затворил толку многу работни места. Пад на прометот – не само во ...

Набрзо по постигнувањето трговско примирје со Доналд Трамп, Европската Унија повторно се најде на нишан на американскиот лидер, откако тој се закани дека ќе ги казни земјите кои се обидуваат да ја ограничат моќта на големите технолошки компании. Брисел усвои моќен правен арсенал насочен кон зауздување на технолошките гиганти — главно преку Законот за дигитални пазари (DMA), кој се однесува на конкуренцијата, и Законот за дигитални услуги ...

Франсоа Бајру игра на само една карта и ја става својата политичка иднина на коцка. На прес-конференција, премиерот објави дека ќе побара гласање за доверба во парламентот на 8 септември. Станува збор за создавање јасност, рече Бајру. Затоа тој побара од претседателот да свика посебна седница на парламентот. „Потоа, по владина изјава, ќе побарам гласање за доверба“, рече Бајру. „Централното прашање ќе биде дали постои опасност за нацијата - ...

Посетата беше ненајавена од безбедносни причини, како и во пресрет на слични претходни патувања. Германскиот министер за финансии и вицепремиер, социјалдемократот Ларс Клингбајл, пристигна во Киев со специјален воз во понеделникот утрото (25.08) во 7:30 часот. На почетокот на оваа недела, германската влада сака да испрати јасни пораки за својата политика кон Украина - ќе им обезбеди целосна поддршка на Украинците кои се под притисок од Русија ...

Обединетите нации официјално прогласија глад во градот Газа, што е прв ваков случај на Блискиот Исток. На други места, вакви примери веќе се забележани. Сѐ почесто и погласно се бара кривично гонење на изгладнувањето како намерна стратегија во вооружени конфликти. „Гладот е оружје во војна, кое моментално се користи ширум светот. Тоа мора да престане, бидејќи се прекршува меѓународното хуманитарно право“, изјави неодамна за ДВ Шејна Луис, ...

„Мора да успеам човечки достоинствено“, вели Ангела Меркел. „За мене пристапот кон темата е важен“, посочува таа во документарецот на АРД „10 години од 'Ќе успееме!'“. Ова звучи како порака што поранешната канцеларка сака да ја испрати во поглед на бегалската политика на канцеларот Фридрих Мерц - за неа човековото достоинство и човечноста и натаму остануваат водечки принципи во бегалската политика. Поминати се речиси десет години откако ...

Германскиот вицеканцелар и сојузен министер за финансии Ларс Клингбајл во Украина ги разгледува можностите за германски придонес во евентуален мировен процес. „Во координација со канцеларот разменуваме мислења околу тоа како Германија на најдобар начин би можела да ја поддржи Украина во евентуален мировен процес“, изјави Клингбајл изутринава по пристигнувањето во Киев. „Се работи за украинската, но и за европската безбедност“, нагласи тој и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.75
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
89%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
89%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75