Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави најновото истражување за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во Македонија. Податоците откриваат загрижувачка состојба: милионски загуби, растечки долгови и блокирани сметки. Овие претпријатија, кои се основни за функционирање на комуналните услуги, се соочуваат со сериозни финансиски предизвици кои директно влијаат врз граѓаните и локалната економија. Загуби кои растат од ...
Едно лице е приведено за напад врз новинарската екипа на „Инфомакс“ за време на емитувањето во живо на емисијата „Тешки муабети“. Инцидентот се случил на 10 декември 2025 година, околу 23:45 часот, информира порталот „Инфомакс“. „Лицето најпрво почна да навредува и да се заканува по живот, а потоа ја скрши вратата од дворот која е со шифра, па ја скрши и влезната врата од студиото каде се обиде физички да се пресмета со присутните“, се ...
Забраната за носење шамии за девојчиња под 14 годишна возраст на училиштата во Австрија веќе го помина прелиминарното гласање. Во Комисијата за образование на австрискиот парламент, владејачките партии гласаа „за“, односно конзервативната Народна партија, Социјалдемократите и либералната НЕОС. И десно-националната Партија на слободата гласаше „за“, само Зелените беа против со задршки заради Уставот. Имајќи го ова предвид, се чини дека законот ...
Забраната за носење шамии за девојчиња под 14 годишна возраст на училиштата во Австрија веќе го помина прелиминарното гласање. Во Комисијата за образование на австрискиот парламент, владејачките партии гласаа „за“, односно конзервативната Народна партија, Социјалдемократите и либералната НЕОС. И десно-националната Партија на слободата гласаше „за“, само Зелените беа против со задршки заради Уставот. Имајќи го ова в предвид, се чини дека ...
Контроверзен буџет, ендемската корупција и политичка ароганција фатени на камера како микс за масовни протести. На први декември, бугарската генерација Z излезе на улиците на најголемите демонстрации што земјата ги видела во последните децении. Тие бараат нацрт буџетот за следната година да биде повлечен и владата да си поднесе оставка. Иако владата на протестите реагираше со донесување нов нацрт-буџет кој го одложува зголемувањето на ...
Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тој ќе биде доставен до Собранието за натамошна постапка. Со ова Владата ја продолжува постапката што претходно беше поведена, но поради законски ограничувања за време на изборниот период беше привремено стопирана. „Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот ...
„Ние не сме во војна, но не сме веќе ни во мир“, изјави Фридрих Мерц во септември годинава. Со тоа канцеларот од ЦДУ можеби доста соодветно ја опиша ситуацијата што важи за Германија. Најдоцна од моментот на руската агресија врз Украина, во политиката и безбедносните служби се зборува за хибридно војување. Хибридни напади: саботажа, шпионажа и дезинформации Овој микс од воени и разузнавачки акции, често придружени со пропаганда, ја погодува ...
Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии. Буџетот обезбедува одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг, поддршка на економијата и редовна исплата на сите обврски, информира Министерството за финансии. Приходи, расходи и буџетски дефицит Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на 374,9 милијарди денари, а расходите ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека е можно да се најдат излезни решенија за проблемот со Бугарија и евроинтеграцијата, но нагласи дека одлуката не зависи од Македонија. „Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека разговаравме за излезни решенија. Можеби некој не го гледа тоа, но мислам дека има промена во реториката на највисоките претставници на ЕУ. Не се работи само за еден ...
МВР поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за злоупотреба на службена положба и овластување. Зошто е поднесена кривичната пријава? Според Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Спасовски во 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра (5.565.927 ...
Нов закон со строги казни за платформите Од денеска, 10 декември 2025 година, на сите Австралијци под 16 години им се блокира пристапот до повеќето платформи на социјалните медиуми, бидејќи земјата воведува прва ваква забрана во светот. И покрај нивното противење, платформи како Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, Х, Јутјуб и Редит ќе имаат ограничувања според возраста, на список што постојано ќе се ажурира. Платфромите за онлајн игри и ...
По онлајн петицијата, лидерот на СДСМ Венко Филипче најави резолуција во Собранието против примање мигранти од Велика Британија, а потоа и протести доколку иницијативата не помине кај пратениците. Петицијата деновиве се очекува да биде поднесена во парламентот. Што следува ако резолуцијата не помине? „Од Собранието ќе бараме да се изгласа резолуција за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да ...
Се чини дека слоганот на Трамп „Америка на прво место“ е поблиску до реалноста од кога било, по објавувањето на важниот стратешки документ на САД кој ги опишува позициите на администрацијата за надворешна политика.„Во сè што правиме, ја ставаме Америка на прво место“, се вели во воведното писмо потпишано од претседателот Доналд Трамп во неодамна објавениот документ од 29 страници насловен „Националната безбедносна стратегија на Соединетите ...
Фон дер Лајен: „Очекуваме дела, а не зборови“ „Очекуваме Србија да покаже посветеност, со дела како и со зборови“, изјави Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Белград, на 15 октомври. Претседателката на Европската комисија беше во Србија како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан за да разговара за проширувањето на ЕУ со земјите кандидати во регионот. Тој ден, таа го покани српскиот претседател Александар Вучиќ да дојде ...
Без разлика што премиерот Христијан Мицкоски демантира, од она што може да се прочита во британските медиуми, Лондон има сериозна намера да го наплати стратешкото пријателство со Северна Македонија преку дислоцирање на мигранти. Дискусиите што се водат во Велика Британија не се туку-така покренати ниту пак се за „домашна употреба“ како што велеа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, туку се за очигледна домашна потреба богатата и развиена држава да се ...
Канцеларот Фридрих Мерц не е изненаден од новата безбедносна стратегија на САД. Според него, таа приближно одговара на она што го кажа потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција во февруари. Во тоа време, Венс ги обвини Германија и другите европски сојузници за ограничување на слободата на изразување и исклучување на партии како АфД. Овој говор предизвика нешто во мене, рече Мерц. Како резултат на тоа, ...
Дали на Европа ѝ се заканува „цивилизациско исчезнување“, особено преку доселување? Дали Русија навистина веќе не претставува закана за мирот? Дали европските држави навистина ги поткопуваат демократските процеси? И, речиси најзаканувачки: Дали целта на идната американска политика под претседателот Доналд Трамп ќе биде мешање во внатрешните работи на овие држави во Европа, како што јасно најавува новата „Национална стратегија за безбедност“ ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека во Македонија нема да се градат кампови за мигранти или да се прифаќаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за новинарите тој нагласи дека таква тема никогаш не била предмет на разговори со британските власти. „Додека сум јас премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант. Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви било ...
Целиот државен врв - премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши, заедно со пратениците и семејствата на загинатите во пожарот во Кочани,присуствуваа на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Седницата започна напладне, а единствена точка на дневниот ред беше претставката од Здружението „16 март 2025 Кочани“. Родителите на ...
2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди задолжување за раздолжување, 450 милиони евра за стоки и услуги, 875 милиони евра за здравствена заштита. Ова накусо се главните ставки во предлог државната каса за 2026 година која е на завршна расправа пред пратениците. Буџетот за наредната година тежи 6,73 милијарди евра и носи повеќе пари за плати, пензии, социјални трансфери, но и нови ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави онлајн петиција и повика на мобилизација против најавите за прием на мигранти од Велика Британија во Македонија. Тој истакна дека ова е само првиот чекор во поширок план за спречување на евентуален влез на мигранти во земјата. Повик за мобилизација и безбедност на граѓаните Филипче ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата, нагласувајќи дека безбедноста и иднината на Македонија не смеат да бидат ...
Граѓани и компании во периодот од 2020 до 2025 година имаат долг кон Град Скопје во износ од над 36 милиони евра за даноци и такси, информираат од градската управа. Сите даночни обврзници – правни и физички лица – кои не платиле данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комунална такса за фирмарина, се повикани да ги подмират своите обврски во најкраток рок. Основни извори на приходи на Град Скопје Даноците на имот ...
Мерц се споредува со ѕидар: „Темелот постои, но мора да ја обновиме куќата“ Фридрих Мерц еднаш го нарече својот претходник Олаф Шолц „водоводџија на власта“. Две години подоцна, самиот тој беше прашан од еден лозар од Вормс: „Со кој занаетчија би се споредиле?“ Инаку толку духовитиот Мерц се замисли веднаш на првото прашање: „Ѕидар, градинар?“ На крајот се одлучи за ѕидарот: „Кога велам ѕидар, тогаш тоа го мислам речиси малку сериозно – ...
Во петокот, САД ја објавија својата нова безбедносна стратегија, во која упатуваат обвинувања против Европа, додека едвај се осврнуваат на Русија, која во моментов води агресорска војна против европска земја. Првичните реакции во Европа беа доста резервирани, но политичарите сега сè повеќе реагираат со остри зборови. Експертот за надворешна политика на ЦДУ, Норберт Ретген, оцени дека новото позиционирање на американската надворешна политика ...
Секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки, што укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет, информираше Управата за јавни приходи (УЈП). Овој податок произлегол по околу 4.000 контроли за регистрирање на готвинскиот промет спроведени од страна на УЈП до крајот на ноември. Изречени биле над 2.500 глоби, а за 113 даночни обврзници - мерки за забрана за вршење дејност, ...
Кампањата против Петер Маѓар: обвиненија, дезинформации и политички цели Што сè не му припишуваат владините политичари и претставниците на Фидес: Петер Маѓар, лидерот на опозицијата, шеф на партијата Тиса и фаворит за парламентарните избори напролет (2026), наводно е роб и платеник на Брисел, агент на Украина и поддржувач на војна, кој наводно сака присилно да регрутира унгарски военоспособни мажи, корумпиран шарлатан кој ја уништува ...
Речиси со вртоглава брзина, европските министри за внатрешни работи денеска решија многу клучни елементи од реформата на азилот на ЕУ. Клучно е што стандардизираните процедури ќе важат за депортациите во иднина на ниво на цела ЕУ. Ова вклучува притвор во исчекување на депортација, забрани за повторен влез и, пред сè, построги правила за тоа како луѓето од кои се бара да ја напуштат земјата мора да соработуваат со властите низ цела ЕУ. ...
На 8 декември 2024 година падна режимот на Башар ал Асад, со што заврши повеќе од половина век автократско владеење на семејството Асад. Една година подоцна, Сирија се наоѓа на клучна раскрсница. Иако има напредок во надворешната политика и делумно во институционалните реформи, секојдневниот живот на граѓаните останува тежок, а земјата се соочува со сериозни безбедносни, економски и инфраструктурни предизвици. Безбедност и стабилност Главниот ...
По конгресот во Кавадарци, на кој Христијан Мицкоски беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја претстави стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“. Документот најавува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана држава со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ На 18. партиски конгрес, одржан на 6 декември во Кавадарци, Мицкоски доби трет мандат од ...
Македонија денес го одбележува 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски, еден од најголемите духовни и културни столбови на македонскиот народ. По тој повод низ земјата се организираат низа свечености и настани. Свечена академија и пораки за единство На свечената академија по повод државниот празник, одржана под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беше упатена порака за сплотување и обновување на општествениот ...