Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за општината Аеродром, се новите потпретседатели на СДСМ. И двајцата се избрани како предлози на лидерот Венко Филипче на вечерашнава седница на партијата. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови е и поранешниот градоначалник ...
Пишува Архимандрит Кирил Бигорски Постои еден парадокс во историјата на уметноста кој Аристотел го наслутил, но никогаш не го формулирал до крај: комедијата. Во својата најчиста форма таа е сестра на трагедијата, и двете се хранат од истиот извор: човечката ранливост во време-просторот и местоположбата на поединецот сред џунглата на општеството. Постои и еден момент во животот на секоја култура кога таа мора да се соочи со сопственото ...
Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се зголеми на најмалку 15, а 27 лица се повредени. Најмалата жртва е десет годишно девојче, а најстарата е маж на 87-годишна возраст, кој го преживеал Холукаустот. Напаѓачите пак биле татко и син. Таткото, кој имал 50 години е убиен за време на нападот, а 24-годишниот син е уапсен и хоспитализиран со тешки повреди. Нападот беше насочен кон еврејската заедница ...
Меѓу 15 загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди, во Сиднеј, Австралија е и францускиот интернационалец Ден Елкајам (27), фудбалер во македонскиот клуб од Австралија, Рокдејл Илинден. Информацијата е објавена на Фејсбук профилот на клубот, а ја потврди и потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачки видеа) На 15 се зголеми бројот на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, најмалата жртва има 10 ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за декември за долгови доспеани до 31.08.2025 година и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. На Листата на ...
Македонија2025 ги објави резултатите од својата работа во 2025 година. Организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година, Македонија2025 имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за развој. ...
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека уште поголеми од загубите се долговите на локалните јавни претпријатија, остварени лани, мерени преку нивните краткорочни обврски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои локални јавни претпријатија лани имале најголема загуба Според нивните завршни сметки, дури 126 од 128. локални јавни претпријатија имаат долгови кои вкупно изнесуваат 193,2 милиони евра. Најголеми долгови има истото ...
Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity ...
Мрежата на авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје е побогата за уште една нова дестинација од денеска, 15. декември 2025 година. Виз ер попладнево почна да лета на новата линија од Скопје до Прага со првиот лет кој од Меѓународниот Аеродром Скопје полета во 14:20 часот, додека подоцна вечерва во 19:25 часот авиокомпанијата ќе ги обнови летовите до Келн. Со заедничка прес конференција, Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Н.Е. ...
Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година, информираа од таму. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата, посочија од таму. Како ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-Е V) се намалуваат за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари по литар, на Еуросупер БС-98, 75 денари по литар, а на дизелот 66,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен дека зел поткуп од 50.000 евра за да убеди судија во Апелацискиот суд Скопје да укине притвор за осомничено лице, доби 30 дена затворски притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека притворот го добил поради опасност од ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој заврши во притвор, зел поткуп од 50.000 евра за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, објави порталот 360 степени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра Како што објави порталот Стафа бил адвокат на Пецов, а парите ги зел од неговата сестра. Поткупот бил за да Стафа издејствува кај судија од ...
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева минатата недела беше условно пуштена од затворот Идризово, каде заврши откако во 2021 година беше осудена за случајот “Рекет“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катица Јанева излезе од затвор Од Основниот кривичен суд Скопје денеска соопштија зошто е условно пуштена од затвор. -На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со ...
Одделинието за внатрешни работи (ОВР) Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П. (42) од Демир Капија, П.Ј. (50) од Неготино, против Општина Демир Капија и јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за ...
Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје едногласно на 2. декември ја одбил жалбата на Љупчо Пецов-Ѓаволот од Неготино за случајот „Синџир“, во која барал укинување на затворскиот притвор со гаранција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот Токму за оваа барање осомничениот поранешен државен правобранител Фехми Стафа, кој е негов адвокат, од неговата сестра зел поткуп од 50.000 евра, ...
Во терористички напад на припадници на еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се убиени најмалку 12, а се повредени околу 30 лица. Меѓу убиените е и еден од напаѓачите, а еден е ранет и е во критична состојба. Убиените го прославувале празникот Ханука. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачки видеа) На 15 се зголеми бројот на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, најмалата жртва има 10 години Видео: Х/news.com.au/Republic ...
Украина се откажува од членство во НАТО, што е и едно од барањата на Русија, за завршување на војната. Информацијата денеска ја соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Аспирацијата на Украина да стане дел од Алијансата е дел и од Уставот на земјата, а засега земјата не согласува и да и отстапи на Русија нејзини територии, што е исто така едно од најважните барања на Москва. Во замена за НАТО, Зеленски бара безбедносните гаранции ...
Како и што се најавуваше уште на почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, Западен Балкан и официјално не е повеќе во фокусот на САД. Тоа го покажува и најновата Стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од Трамп, во која Западен Балкан е споменат само во неколку реченици. Генерално се споменуваат односите помеѓу Србија и Косово, а според регионалните експерти новата политика на САД ќе зависи исклучиво ...
Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме јавноста дека пожарот не се случил во објектите на Макстил и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот, информираат од компанијата. -Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил ниту од неговите ...
Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, учесник во сообраќајна несреќа во која беа повредени 16-годишно момче, кое подоцна почина и 13-годишно девојче, кое беше повредено, може да инцира само надлежен орган, велат од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши. Оваа реакција следи откако родителите на 13-годишното девојче го побраа тоа со писмо од Гаши, поради загриженост дека тој ќе ја ...
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска соопштија детали за апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа Од таму информираат дека за случајот е донесена наредба за спроведување истражна постапка него за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. -Во периодот од октомври до 13.12.2025 година ...
Компанијата dm drogerie markt ги известува сите пријавени лица дека одржувањето на четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – најмасовната акција за пошумување досега, наместо на 23. ноември се одложува за 30. ноември 2025. Следејќи ги временските услови, сѐ со цел спроведување на безбедна и успешна акција, компанијата е во постојан тек со сите актуелни информации поврзани со условите на теренот за садење. ...
Македонија денеска го слави 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Истиот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23. октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе ...
Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Македонија, Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавни обвинители. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавни обвинители Доаѓа на местото на Душица Димитриеска. Кој е Бесими Роден е на 27.05.1966 година во Тетово. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина во1991 година. Правосуден испит положил во 2001 година. Во март, 2011 се здобил со стручно звање М-р од ...
Обвинителката Наташа Крстевска Цалева е нов в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Наташа Крстевска Цалева нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Доаѓа на местото на Мустафа Хајрулахи, кој поднесе оставка, а претходно беше суспендиран, откако заработи обвинение за пет кривични дела од Основното јавно обвинителство Штип. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителот Мустафа Хајрулахи поднесе оставка, Советот на јавни обвинители ја ...
Членовите на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, од Демократската партија, објавија фотографии од доситето на ФБИ за осудениот педофил Џефри Епстин, кој наводно се самоуби додека беше во затвор. На истите се појавуваат бројни познати светски влијателни личности од политиката и бизнисот, како актуелниот претседател Доналд Трамп, за кој веќе е познато дека пред неколку години се дружел со Епстин, поранешниот американски ...
Како и што најави пред извесно време Стопанска банка АД Битола, го менува иметото во Алта банка АД Битола, откако беше купена од Алта банка АД Белград, Србија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стопанска банка Битола ќе се преименува во Алта банка Од Банката преку Македонската берза информираа дека со решение од 4. декември на Извршниот одбор на Народната банка е дадена согласност за промена на името на Банката. Во тој правец е и одлуката на Собранието на ...
Легендарниот воз “Шпанец“, кој со години не вози, се враќа на пругите целосно обновен и модернизиран. Има нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор. Информацијата на Фејсбук ја сподели директорот за влеча и одржување на возните средства и член на Управен одбор на Македонски железници-транспорт, Игор Коруноски, кој објави видео од пробно возење на возот. Засега не е познато дали возот ќе влезе во редовен железнички ...
Од денеска цената на Мазутот М-1 НС е намалена за 1,089 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на мазутот сега е 32,883 денари за килограм. Цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) останува иста и тој понатаму ќе се продава за 68,50 денари за литар, иста останува и цената на бензинот Еуросупер БС-95, 75 денари за литар, како и на Еуросупер БС-98, 77 денари ...