Со новите законски прописи во Грција можете да останете и без возило доколку возите пребрзо, пренесува „Б92„. Прописи Во населени места е дозволена брзина до 30 километри на час, а на поголеми градски сообраќајници до 50 километри на час, освен ако не е поинаку означено. Надвор од населени места е дозволено возење до 130 километри на час на автопат, до 110 километри на час на брзи сообраќајници и до 90 километри на час на останати патишта. ...

Од 2. јули стартува авиолинијата Скопје-Анкара, а на истата ќе лета авиокомпанијата „АЏет“. Информацијата за телевезија Сител ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. За истата нема да има државни субвенции. За Турција од Македонија веќе лета „Туркиш ерлајнс“, која освен од Скопје, воспостави и летови до Охрид. Фото: Унсплеш Од 2. јули стартува авиолинијата Скопје-Анкара, а на истата ќе лета авиокомпанијата ...

Девојка на возраст од 26 години денеска загинала во сообраќајна несреќа која се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија. Како што објавија медиумите на албански јазик, станува збор за Е.Л. од струшкото село Ливада. Таа била сопатничка во возило кое го управувала друга жителка од селото, а кое се судрило со возило управувано од албанска државјанка од Корча. Повредени се и двете жени кои ги управувале возилата и биле пренесени ...

Откако на берзата во Њујорк, САД, почнаа да се тргуваат акциите на компанијата “SpaceX“, еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск (54), стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера “на хартија“, со малку средства надвор од уделите во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови ...

Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Таа купи 163 акции и сега поседува 0,23% од вкупниот број на акции на Гранит. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит Страшо Милковски купи нови акции на Гранит Директорот на Гранит повторно купи акции на компанијата Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје купи ...

Лани четири јавни претпријатија во Битола работеле со загуба, а шест со добивка, пренесе локалната телевизија Тера. Најголема загуба има Јавното-комунално претпријатите „Водовод“ од 53,87 милиони денари. Загубата на сите четири субјекти изнесува 130 милиони денари. Најголема добивка пак има Домот за стари лица „Сју Рајдер“ – 3,14 милиони денари. Добивката на шетте јавни субјекти е 8,18 милиони денари. Илустрација: Тера Лани четири јавни ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за јуни, а во првите десет најголеми должници се само приватни фирми, што ретко кога било случај. Интересно е и дека во Топ 10 се исклучиво фирми од Скопје и олината. Целата листа ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раст на бројот на граѓани на Листата на должници на УЈП за јуни Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за јуни, а во првите десет најголеми должници се само ...

Конзорциум предводен од македонската градежна компанија Гранит АД Скопје ќе ги гради преостанатите 10,5 километри од автопатот Скопје-Блаце. Овој автопат е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година во тек е изградбата на првата фаза. Втората фаза треба да започне летово. На истиот ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови и околу 40 објекти. Како што најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, истиот ...

На новата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за јуни има 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека ...

Не можеме ние да ревидираме историја на барање на некој друг, вели меѓу друго во интервју за државната агенција МИА, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, подвлекувајќи дека кога е во прашање евроинтеграцијата, Македонија е исклучок, па наместо помош, добива блокади. Посочува дека во политиката има усогласување, ама во историјата нема. -Значи ги политизираме историчарите. Како тоа ќе ја усогласуваме ние историјата? Се разбира ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во Турција за Бизнис форумот Македонија – Турција, имаше билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. За средбата Мицкоски информираше на Фејсбук, а на истата како што соопшти била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. -На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна ...

Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на 2. јули треба да се јави на одлежување на затворската казна во затворот Скопје во Шуто Оризари, денеска најави дека ќе бара одложување, заради здравствени причини. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стевчо Јакимовски треба да оди во затвор на 2. јули Тој е осуден за бесправно градење, а како што кажа денеска оваа бил прв и единствен случај во земјава некој да оди во затвор за ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој е на чело на партијата дури 24 години, во иднина, најави повлекување од лидерската позиција. Тоа го соопшти во говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, посочувајќи дека сакал да се приклучи на редовите на ветераните. Не кажа кога точно ќе го направи тоа, но рече дека немал намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сакал да го продолжи својот политички ангажман ...

Вчера започна Светското првенство во фудбал, кое за првпат се одржува во три земји – САД, Мексико и Канада. По тој повод „Форбс“ објави листа на најплатените фудбалери кои учестуваат на Првенството. Очекувано, најплатен е португалски фудбалер Кристијано Роналдо (41). Неговиот годишен приход во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година изнесувал 300 милиони долари. Од нив, 235 милиони долари се од плата и бонуси како фудбалер, а 65 милиони ...

Почетокот на јуни помина во знакот на модата во познатиот туристички регион Анталија. Меѓу бројните глобални и деловни настани што таму се одржуваат, внимание привлече и деветтото издание на Неделата на модата, кое од 2 до 4. јуни на едно место успеа да собере врвни дизајнери од повеќе земји, но и водечки турски модни креатори. Овој ексклузивен настан беше одлична прилика на посетителите да им се претстави Анталија како еден од центрите на ...

Од вчера на плажата „Акротири“ во Пефкохори, на првиот крак на Халкидики во Грција, има забрана за капење откако во морето се излеаја фекалии откако пукнала канализациска цевка, пренесуваат грчките медиуми. Пефкохори е едно од најпосетуваните места од македонските туристи на Халкидики, а засега е непознато до кога ќе трае забраната. Истата се однесува за зона од 200 метри. Од Општината Касандра било извршено миење и хлорирање. Причината за ...

Македонското Собрание вчера во прво читање ги изгласа измените на Законот за игри на среќа. За нив „за„ гласаа 59 пратеници, а девет беа „против“. Со измените меѓу друго казината повеќе не смеат да бифат лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата. Исто така се забранува рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и на рекламите со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или за брза заработка. Секој апарат ќе ...

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и поттикнување ...

Македонската радио телевизија (МРТ) за првпат од независноста на земјава нема да го пренесува Светското првенство во фудбал, кое почнува денеска. Телевизиските права за оваа првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада, и за македонскиот пазар ги обезбеди Арена спорт на српски Телеком. Натпреварите ќе се пренесуваат само на премиум каналите кои кај операторите се вклучени во дополнителните пакети. Во основните Арена спорт 1, 2 и 3 нема ...

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни мeдали во тимските кумите-натпревари. Машкиот тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде што со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во ...

Информацијата дека неименувана членка на Европската унија (ЕУ) ја блокирала бугарската монета од 2 евра посветена на бугарската азбука, предизвика голем интерес и во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Вето од членка на ЕУ за Бугарија за монетата од 2 евра посветена на бугарската азбука Истата требаше да биде пуштена во промет периодов, а како што пишуваат европските медиуми, причината е што кирилицата ја преставува како бугарска азбука. На ...

За пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Најголем дел од 73. милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 ...

Училишниот базен во Чаир вреден 890 илјади евра – шест месеци бил завршен само на хартија, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Иако Општина Чаир на 21. ноември 2025 година до Електронскиот систем за јавни набавки доставила известување дека договорот за изградба на затворен базен во О.У. „Исмаил Ќемали” е 100 % реализиран, објектот беше свечено ...

Летовите за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток во вредност од 1 милион евра, биле платени однапред, над законскиот лимит, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). „Евакуациските летови од Дубаи и Ријад во март 2026 година се платени авансно, што е спротивно на Законот за јавните набавки, кој предвидува дека максималниот износ на авансот ...

Како што веќе објави еМагазин, паневропски дисконтен ланец Pepco влегува на македонскиот пазар. Својата прва продавница во Македонија ќе ја отвори на 18. јуни во Капитол мол во Скопје. Засега е планирана и продавница и во Рамстор мол. Станува збор за дисконтен ланец за разновидни производи, кој е присутен во 19 земји со повеќе од 4.000 продавници и опслужува 36 милиони потрошувачи секој месец. Повеќе инфо ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Pepco доаѓа во ...

Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Висината на дивидендата по акција е 42 денари нето дивиденда или 46,6662 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се најголеми акционери во Адинг Адинг ги објави платите на менаџментот Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на ...

На издавачот Вабтек МЗТ АД Скопје и на издавачот Неметали Огражден АД Струмица, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачите не постапија согласно член 39, став 5 од Правилата за ...

На седница на Централниот комитет (ЦК) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беа избрани нови членови на ЦК. Како што информираа од таму за нови членови на ЦК се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Лефков и Јованчев се актуелни пратеници на партијата, Стефковски е пак актуелен градоначалник на скопската општина Гази Баба. Повеќе детали за ЦК на партијата ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се старо-новите претседатели на општинските комитети ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повикува поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици за организирано учество во гаснењето на претстојните пожари на отворен простор и шумски пожари. Потребни се кандидати со најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на нивната возраст, независно дали се во пензија или од други причини ја ...

Синоќа во македонското Собрание, како и што се очекуваше, не помина интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Со интерпелацијата се бараше и негова оставка. За истата „за„ гласаа само 21 пратеник, а “против“ беа 62. Истата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, предводена од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Интерпелацијата за мене е неиздржана, вели ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96