Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката, како што информираат од таму, се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. „Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши најавија дека турската компанија „Џаво отомотив“ ќе инвестира 20 милиони евра во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, при што ќе бидат отворени 500 работни места. Компанијата произведува безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители во автомобилскиот сектор. „Станува збор за браунфилд инвестиција, односно ...
„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности, информираат од таму. -За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во ...
Од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп преку Македонската берза информираа дека по претходно поднесена отставка и донесена одлука од страна на органот на надзор за констатирање на истата, престанува функцијата на Озрен Марјановиќ како член на Управниот одбор (УО) на Друштвото. Според официјалната страна на Друштвото во УО остануваат Бошко Андов, кој е претседател на УО и генерален менаџер, Весна Ѓорчева, член, и Татјана Димов, член. ...
Во годишниот извештај за работењето лани, ПроКредит банка АД Скопје, објавен преку Македонската берза, меѓу друго, информира дека на Управниот одбор (УО) му се исплатени вкупно 33.78 милиони денари по основ на бруто плати од кои сите се со фиксен надоместок, а дополнително се исплатени и 15 илјади денари како варијабилен надоместок. На вкупно 28 лица со посебни права и одговорности им исплатени вкупно 60.83 милиони денари за бруто плати, а ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, предупреди на тоа што веќе извесен период е и тема на Фејсбук, дека портали поврзани со Бугарија, водат хибридна кампања и шират дезинформации на социјалните мрежи со цел да се поткопи довербата во македонските институции, да се поткопе македонскиот идентитет и да се создаваат поделби во македонското општество. -Во изминатиот период се соочуваме со засилени и ...
44-годишниот И.Д., кој е осомничен за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, во пластично шише, наполнил бензин на бензинска пумпа во близина на Амбасадата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР До булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, каде се наоѓа Амбасадата, дошол со автобус. Овие информации ги соопши Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара ...
Антимакедонската фондација “Македонија“, чиј претседател, Виктор Стојанов, има доживотна забрана за влез во Македонија за во недела (21. јуни) најавува блокади на граничните премини со Бугарија. Од таму тврдат дека блокадите кои ќе траеле два часа биле кординирани со бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР). Причината е опожарувањето на двата автомобили на бугарската Амбасада, а обвинуваат и за наводен прогон на Бугарите во ...
Репрезентативецот на Македонија, Вукашин Јовановиќ (-67 кг.). оствари историски успех, освојувајќи златен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Јовановиќ патот до ...
САД и Иран постигнаа прелиминарен мировен договор, а информацијата ја потврдија и двете земји, како и медијаторот – Пакистан. Сите детали од договорот за кој се најавува дека ќе биде потпишан во петок во Женева, Швајцарија, засега не се официјално познати, а тоа што го потврдуваат трите страни е дека целосно ќе се отвори Ормускиот теснец, чие нефункционирање донесе голема штета за земјите од Блискиот Исток, но и за целиот свет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Binance е вклучен во категоријата за централизираните финансии на првата Fortune Crypto 100 листа, признание што ја позиционира компанијата меѓу највлијателните играчи кои денес го обликуваат екосистемот на дигиталните средства. Ова признание доаѓа во момент кога Binance сè повеќе ја шири својата улога надвор од класичното тргување со криптовалути и се поставува како поширока финансиска платформа изградена врз обем, безбедност и доверба од ...
По информацијата дека САД и Иран постигнале прелиминарен договор за завршување на војната, очекувано цената на нафтата падна. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД и Иран постигнаа мировен договор Цената на нафтата брент, по која се одредува цената на горивата и во Македонија, забележа пад од 4% на 84 долари за барел. Договорот, кој треба да биде потпишен во петок во Женева, Швајцарија, меѓу друго предвидува и целосно отварање на Ормускиот теснец, кој не ...
Украина и Молдавија денеска ги почнаа преговорите со Европската унија (ЕУ) по кластери, што значи формален почеток. Двете земји го отвораат првиот кластер „основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми. Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година. Фото: Игор Бансколиев Украина и Молдавија денеска ги почнаа ...
Откако привлече повеќе од 1 милион посетители во 2025 година, проектот „Ноќни музеи“ и годинава, во периодот од 1 јуни до 1. октомври, ќе им овозможи на посетителите на Туркије да посетат 20 музеи и археолошки локалитети во вечерните часови. Овој проект има цел да го направи богатото културно наследство на земјата достапно и надвор од редовното работно време и да им понуди на посетителите уникатен начин да ги доживеат нејзините историски ...
Општина Охрид склучи договор за реализација на основен проект за мониторинг и управување со СКАДА системот за водоснабдитениот систем на град Охрид и изработка на ГИС системот, за интеграција на двата системи, со трговското друштво за производство, промет и услуги ГДИ експорт-импорт ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 60.903.290 денари или 990.297 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 611 илјади евра склучи Општина Охрид со „Илинден“ Договор ...
Од денеска на М-ТАГ лентите на патарините ќе може да поминуваат само корисниците со електронски тагови за плаќање. Со измените се укинува можноста за плаќање со М-КАРД на лентите наменети за М-ТАГ. Корисниците кои плаќаат со М-КАРД ќе треба да ги користат останатите ленти на наплатните станици, согласно нивната намена. Фото: Влада Од денеска на М-ТАГ лентите на патарините ќе може да поминуваат само корисниците со електронски тагови за ...
Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата, информираат од таму. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16. јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар ...
Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари, на бензинот Еуросупер БС-98 за 2 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена Еуросупер БС-95 ќе биде 87,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 90 денари за литар, а на дизелот 87,50 денари за литар. Цената на Екстра лесното ...
Општина Охрид склучи договор за санација и реконструкција на постојни улици и пристапни патишта на подрачје на Општина Охрид (урбан дел), со трговското друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство Илинден АД Струга. Договорот е во вредност од 34.606.686 денари или 562.710 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 611 илјади евра склучи Општина Охрид со „Илинден“ Договор од 731,7 илјади евра склучи Општина Охрид со Фабрика Карпош ...
Во индустриската зона Жабени во Битола почна со работа „Брејнчајлд“, фабрика за производство на опрема за спортови на вода и ветер. Станува збор за инвестиција од околу 11 милиони евра, а во фабриката се планира вработување за 230 лица. Фабриката располага со современа производствена хала со површина од 3.500 квадратни метри, изградена според современи еколошки стандарди. Компанијата пред пет години во Битола отвори Центар за истражување и ...
Две возила со дипломатски регистарски таблички кои биле паркирани пред бугарската Амбасада во Скопје, биле опожарени денеска околу пладне. Засега нема многу официјални информации, а според првичните неофицијални информации било опожарено едно возило, по што огнот го зафатил и тоа паркирано до него, и дека возилото било намерно запалено. Осуда за вандалскиот чин стигна и од Владата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Објавена снимка од палењето на ...
Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, информираат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје -Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. ...
Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) потврдија дека двете опожарени возила пред бугарската Амбасада се во нејзина сопственост. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје Од таму најостро го осудува инцидентот и велат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. -Министерството за ...
Бугарската агенција БГНЕС објави снимка од надзорните камери на бугарската Амбасада во Скопје, на која јасно се гледа како маж ги полива и го пали едно од дипломатските возила на Амбасадата и бега. Огнот од првото запалено возило го опожари и другото, се гледа на снимката. Опожарувањето се случи денеска околу пладне, а станува збор за возила „киа“ и „сузуки“, кои се делумно оштетени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарените возила се во сопственост на ...
Министерство за надворешни работи (МНР) на Бугарија остро го осуди палењето на два автомобили, соственост на Амбасадата во Скопје, оценувајќи дека станува збор за „демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животот на вработените во дипломатското претставништво“. Од таму нагласуваат дека овој напад не е изолиран инцидент, туку резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза. Во соопштението се вели дека штетата ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето за деветте полицајци, обвинети во еден од предметите за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани. Сите се изјаснија за невини, а се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинети се Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко Илиев, Александар Темелков, Влатко Наумов, Гоце Ристов, Боби Гидиоски и Гоце Иванов. Според Основното јавно обвинителство за ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека веднаш по пријавата за пожар на две службени возила, сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје во 12.13 часот, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презел интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. „Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение ...
Информацијата за инцидентот со опожарување на дватата автомобили на бугарската Амбасада во Скопје го обиколи регионот. Очекувано инцидентот е топ тема во бугарските медиуми кои детално ги пренесуваат сите информации – од реакциите на македонските власти до апсењето на сторителот. Голем интерес има и кај српските, албанските и медиумите во регионов. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска ...
Вчера полицијата експресно неколку часови откако беа опожари две возила на бугарската Амбасада го уапси И.Д. од Скопје, но засега нема официјална информација кој бил мотивот за да го направи тоа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР Инцидентот дополнително ги влоши и така веќе заострените односи помеѓу Македонија и Бугарија, а за среќа немаше поголема штета и повредени ...
Во Грција кампување е дозволено само во бројните регистрирани и организирани кампови, а доколку кампувате на диво може да заработе казна и до 300 евра по лице, шатор или возило, но и да Ве уапсат, пренесува порталот greekreporter.com. Во посериозни случаи, можни се и кривични санкции, кои вклучуваат затворска казна до шест месеци или дополнителна парична казна од судот, која може да достигне и до 3.000 евра. Порталот пренесува и дека на ...