Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Нов директор на Фондот за здравствено осигурување е Златко Перински. На новата функција дојде откако беше сменет од министерското место во Министерството за локална самоуправа. Доаѓа на местото на Сашо Клековски, кој пак стана министер за здравство. еМагазин разгледа каков имот пријавил Перински до Антикорупциската комисија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Златко Перински, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување Каков имот пријавил На свое ...
Нов министер без ресор е Зулфиќар Зејнула. Тој е претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога бил заменик директор во Дирекцијата за заштита и спасување. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор Каков имот пријавил На свое име пријавил имот во Горна Бањница, ...
Секоја позитивна промена започнува со идеја и со луѓе кои веруваат дека можат да направат разлика во заедницата. Токму затоа dm, преку платформата „Иднина која инспирира“, ги повикува здруженијата, организациите, институциите, училиштата и единиците на локалната самоуправа да ги пријават своите проекти и да добијат поддршка за нивна реализација. Конкурсот е отворен до 31. јули, а најмалку три проекти ќе добијат поддршка од dm за да станат ...
Во првата половина од годинава друштвото за производство и промет винарска визба Попова Кула АД Демир Капија остварило добивка од 1.033 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза. Споредено со претходната година, добивката на Друштвото е намалена за 692 илјади денари. Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи од 14.829 илјади денари. Споредено со истиот период лани, овие приходи се зголемени за 697 илјади денари. ...
Од државното акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје преку Македонската берза информираа за промени во Управниот одбор (УО) на друштвото. Заменик генерален директор на ЕСМ не е повеќе Реџеп Асани. На негово место е именуван Агим Садику. Исто така за нов член на УО на Друштвото е избран Никола Ѓошевски, кој ќе биде директор за правни и општи работи. Од државното акционерско ...
Благој Митров доби согласност од Комисијата за хартии од вредност да биде именуван за извршен директор и член на Одборот на директори на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал. Тој ќе има мандат од четири години. Прајм Капитал е новото име на Иново Статус. Промената дојде откако Иново Статус го презеде финансискиот едукатор Иван Ивановски. Митров и по промената на сопственоста, останува на ...
Аутомакедонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава има консолидирани оперативни приходи од 298 милиони денари, што претставува раст од 5% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите од продажба изнесуваат 296 милиони денари и се зголемени за 17%, како резултат на повисокиот обем на деловни активности на ниво на Групацијата. Во поединечниот извештај оперативните приходи ...
Македонија доби уште пет години од Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО, за да ги спроведе забелешките на Организацијата, за да Охридскиот регион не заврши на Листата на светско наследство во опасност. Одлуката е донесена на сесија на УНЕСКО што се одржува во Бусан, Јужна Кореја. За истата „за“ гласале 16 земји од вкупно 21. членка на Комитетот, а е донесена врз основа ...
Претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Зулфиќар Зејнула, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер без ресор. За него гласаа 67 пратеници, а 13 беа „против„. Немаше „воздржани„. Оваа следи откако неговата партија неодамна стана дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Фото: Фејсбук/Зејнула ...
EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања, информираат од таму. Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и доби златен медал од ...
Во периодот од 2020 до 2024, општините акумулирале речиси 3 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, како резултат на слабости во правната рамка, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни административни капацитети кои не обезбедуваат ефикасно фискално управување на локално ниво, се вели меѓудругото во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема „Ефикасноста на мерките и ...
Од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) информираа дека вонредните надзори спроведени во вторник покажале дека кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата од градскиот водовод. Од таму велат дека биле извршени 70 вонредни надзори со кои биле опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување ...
На повторениот тендер за набавка на 150. електрични автобуси и 75 станици за нивно полнење за најповолна понуда повторно е избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Икарус електрик зрт“ (Ikarus Electric ZRT) и австриската ЕВН. Како што информираа од Министерството за транспорт, електронската аукција се одржала пред околу две недели, а Комисијата за јавни набавки извршила евалуација на доставената документација. На тендерот освен ...
Водата во водоводниот систем во Општина Гостивар, каде е прогласена епидемија на заразна болест, и која моментално не е ни за пиење, ни за техничка употреба, секојдневно ќе се тестира од три различни институции, се додека резултатите не покажат дека е исправна. Претходно ќе се прави хиперхлорирање на системот за водоснабдување. Анализата на водата ќе ја прават Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата согласно закон и пракса ќе интервенира и ќе ги обесштети граѓаните кои што ќе пријават штета, како последица од невремето. Граѓаните најпрво треба да ги пријават штетите до комисиите формирани од општините. „Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме,“ рече ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар ќе истражува четири случаи на заеми на унгарската Ексим банка, меѓу кои и оној на македонската влада. Одлуката била донесена на владина седница, а Маѓар подетално образложи на прес-конференција, на која, за заемот за македонската влада истакнал дека „е многу поповолен од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат заеми, но и од стапката по која унгарската држава зема заеми“. Според Маѓар, ...
Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...
Повеќе од 82.000 одговори од 138 земји беа доставени во јавната консултација на Европската комисија за ревизија на Директивата за тутунски производи, што ја потврдува чувствителноста и значењето на ова прашање за граѓаните, експертите, бизнис-заедницата и организациите кои работат во областа на јавното здравје и регулативата. Според анализата објавена од независната експертска мрежа „Ние сме иновација“, над 90 проценти од пристигнатите ...
Државниот завод за статистикаа соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 49.544 денари, а во однос на мај лани истата е повисока за 8,2 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, по расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Предложените измени ќе биде доставен во Собранието на усвојување. Со измените се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, ...
Министерството за внатрешни работи склучи договор за услуги за одржување на хигиена со друштвото за производство, трговија и услуги Серта ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 125.437.540 денари или 2.039.635 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 940,1 илјади евра склучи МВР со „Сетек„ Договор од 2,3 милиони евра склучи МВР со “Квантум“ Договор од 1,1 милион евра склучи МВР со „Технокооп“ Министерството за внатрешни работи склучи ...
Агенцијата за катастар на недвижности склучи договор за набавка на хардверска инфраструктура за потребите на софтверот за електронски катастар со графички едитор со друштвото за производство, трговија и услуги Латрон солушнс ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 64.158.552 денари или 1.043.228 евра. Фото: Унсплеш Агенцијата за катастар на недвижности склучи договор за набавка на хардверска инфраструктура за потребите на ...
Силното невреме проследено со ветер, дожд и локални поројни врнежи предизвика материјални штети во повеќе региони низ државата. Регистрирани се паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на штетите и нормализирање на состојбата. Во Скопскиот регион, по 17 часот преку ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за брзината на ветрот во Штип, Скопје и Струмица, а според класификацијата имало урагански удар. „На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со ...
Во вчерашното невреме во Скопје биле повредени 33 лица, информираа од Министерството за здравство. Во „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22 лица, од кои двајца се задржани на болничко лекување. Во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) биле примени 11 лица, од кои тројца со скршеници. Сите повредени се во ...
Владата на седница донесе одлука за намалување на акцизите на бензините и дизел-горивото. Според проценките на Владата мерката треба да придонесе за помало поскапување на горивата во однос на цените што би се формирале без интервенцијата. Од таму посочуваат дека во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари, а со одлуката како што велат од таму, ќе се овозможи да се ...
На предлог на Владата, македонското Собрание, синоќа ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20. октомври. За одлуката „за„ гласаа 88 пратеници. Немаше пратениции кои гласаа „против“ или воздржано. На 17. јули Владата побара продолжување на кризната состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. На предлог на Владата, македонското Собрание, синоќа ја продолжи кризната состојба за нафта ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации, информираат од таму. Средбата била посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на заеднички иницијативи во областа ...
Податоците на Народната банка покажуваат дека анализирано на годишно ниво, вкупните депозити во јуни бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити пак забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Повеќе инфо ОВДЕ. Податоците на Народната банка ...
Семос Едукација стана официјален партнер на Anthropic и се приклучи на Claude Partner Network (CPN), глобалната партнерска мрежа на компанијата што стои зад Claude, една од најнапредните платформи за вештачка интелигенција во светот, информираат од компанијата. Од таму оценуваат дека ова партнерство претставува значајна пресвртница за Семос Едукација и потврда за нејзината долгогодишна посветеност на развојот на дигиталните вештини, AI ...