Пекабеско АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил вкупна сеопфатна добивка од 131.413 илјади денари соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во овој период Друштвото имало добивка од 123.162 илјади денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 3.011 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 5%. -Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат ...

Оилко КДА Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка по оданочување од 33,19 милиони денари и истата е намалена за 42% во однос на истиот период од 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Ваквиот резултат се должи на намалување на приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар со истовремено зголемување на оперативните расходи, велат од таму. Друштвото остварило вкупни приходи од 348,16 ...

Стартува процедурата за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија, која е дел од железничкиот Коридор 8. Истата предвидува и изградба на прекуграничен железнички тунел кој почнува од Крива Паланка и влегува на територијата на Бугарија. Во овој дел ќе се гради пруга во должина од 22 километри. Пругата ќе биде едноколосечна железничка линија којашто ќе биде за мешан сообраќај – и за патнички и за товарен транспорт. На истата ќе има 21 ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 268.993.7 милиони денари и бележи пораст од 8% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 377.116.5 милиони денари, што е за 7.69% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена по ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3% во јуни 2026 во однос на јуни 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.1%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%. Според главните индустриски групи, ...

Вкупните увезени количества на нафтени деривати во Македонија во 2025 година изнесуваат 1.311.942 тони, што е за 0,133% помалку во однос на увезените количества во 2024 година (1.313.694 тони), покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Најголем увозник и оваа година е ОКТА АД Скопје, којашто учествува со 71,722%. Следуваат Супертрејд Скопје ...

Од ЗК Пелагонија АД Битола преку Македонската берза информираа дека Дејан Панделески не е повеќе акционер со над 5% од акциите во Комбинатот. Нов акционер со над 5% од акциите е друштво за производство, трговија и услуги Канди инвест ДООЕЛ Скопје. Тоа сега поседува 14.233 акции, односно 7,02% од вкупниот број акции на Комбинатот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан 4,1 ...

Во учебната 2026/2027 се запишани 4.900 првачиња помалку од лани, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4.900 првачиња помалку оваа ...

За поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, и по речиси шест месеци откако се предаде на македонските власти по 14-месечното бегство, се уште нема обвинение за случајот со Државна лотарија, во кој е осомничен заедно со Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија, кој се уште е бегство. Доколку до 22. август не биде покренето обвинение за овој случај од страна на Основното јавно ...

Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...

Приходите во државниот Буџетот до 31. јули изнесуваат 204,553 милијарди денари и истите бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период од седум месеци од претходната година, информираа од Министерството за финансии. Приходите од даноци изнесуваат 117,963 милијарди денари и бележат раст од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација има кај Данокот на добивка – 16,687 милијарди денари, што е раст од 20,6%. Од Данок на додадена вредност ...

Кожувчанка од Кавадарци го добила договорот за бесплатната вода за жителите на Општина Гостивар, откако таму беше прогласена епидемија по загадувањето на водата во градскиот водовод. Договорот со компанијата како што информираа од Владата бил склучен преку тендер, со договарање со Службата за општи и заеднички работи при Владата. Од таму информираа и дека Владата платила 12,5 денари за едно шише вода од 1,5 литри, кое како што велат од таму ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели, информираат од таму. -Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и ...

Царинската управа во јули остварила наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, информираа од таму. Споредено со јули лани истата е поголема за 1,5 милијарди денари или за 11,8%, а од таму велат дека станува збор за историски највисокa месечна наплата на приходи. Зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот ...

Макпетрол лани има најголем удел на пазарот на нафтени деривати преку бензински станици од страна на трговците на големо покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Уделот на компанијата е 39,19%. По неа следуваат следуваат Лукоил со 14,50%, Дади Оил со 13,36%, Супертрејд со 8,47%, ОКТА со 6,69%, Детоил со 4,16%, Црна Река Петрол со 3,62%, ...

Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На школата учествуваа ученици од сите краеви на ...

Туркије продолжува да биде една од водечките туристички дестинации во светот, откако во првото полугодие од 2026 година привлече 25,8 милиони странски туристи. Во истиот период, приходите од туризмот достигнаа 25,8 милијарди американски долари, што е на исто ниво со минатата година. Податоците ги презентираше министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, на прес-конференција неодамна одржана во Истанбул. Според него, ...

Жито лукс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 579 илјади денари, што претставува намалување од 5 милиони денари во споредба со истиот период од минатата година, соопштија од таму преку Македонската берза. -Бруто-добивката изнесуваше 189 милиони денари, при што Друштвото реализираше бруто профитна маржа од близу 32%, велат од таму. Приходите од продажба изнесуваа 595,4 милиони денари, што ...

Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период имало 977 продажби на недвижности од инвеститор. Од нив 943 се станови, а 34 куќи. Во однос на првиот квартал има раст за 236 продадени новоградби. Бројот на продадени станови во вториот кавртал е зголемен за 37%, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 43%. Бројот ...

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови, информираат од компанијата. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа ...

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер Б-98 се намалува за два денари, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 93 денари за литар. Цената на дизелот ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното ...

Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза. На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев. Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од ...

Фабрика Карпош АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила бруто добивка од 43,696 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни приходи во износ од 620 милиони денари. -Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативното работење, кои учествуваат со повеќе од 98% од вкупните приходи и во најголем дел се остварени на домашниот пазар. Финансиските приходи имаат мало учество ...

ПИ Кристал 1923 АД Велес во првите шест месеци остварил нето загуба од 8.862 илјади денари, а во истиот период лани имаше добивка од 607 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни оперативни приходи изнесуваат 432.747 илјада денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,6% -Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 3%, ...

Хотели Метропол АД Охрид во првите шест месеци од годинава остварил нето загуба од 23.327 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Приходите на Друштвото изнесуваат 61.253 илјади денари и истите споредено со истиот период лани се намалени за 1%. -Од овие приходи најголем дел отпаѓаат на основната дејност на фирмата, односно 59.798 илјади денари, и истите се зголемени за 1% во однос на 2025 година. Останатите приходи во износ ...

Лотарија на Македонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 3.802 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените вкупни приходи изнесуваат 14.775 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2025 година бележат зголемување. Оперативните приходи изнесуваат 14.173 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2025 година. ...

Од ГД Тиквеш АД Кавадарци преку Македонската берза информираа дека доминантниот акционер Ристо Милев, го намалил своето учество во акционерскиот капитал на Друштвото. Тој моментално поседува 41,43% или 28.173 обични акции. По договор за подарок направен е пренос на 41,32% или 28.100 обични акции (сите со право на глас) на Миле Милев. Фото: Унсплеш Од ГД Тиквеш АД Кавадарци преку Македонската берза информираа дека доминантниот акционер Ристо ...

Ваљон Бела и Бекир Халими од Македонија се прогласени за „персона нон грата“ во Албанија од страна на тамошното Министерство за внатрешни работи, пренесуваат локалните медиуми. И двајцата имаат забрана за влез во Албанија во траење од 10 години, а за Бела е издадена наредба и за депортација. Како што јави албански „Топ ченел“ тие се прогласени за непожелни поради сомнителни активности против албанската држава. Наводно за нив постоеле докази ...

Маж на возраст од 52 години од Струга е приведен затоа што на обележувањето на Илинден на 2. август во струшкото село Ташмаруништа вербално нападнал јавни лица. Станува збор за С.Г., а тој како што информираа Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга заработил кривична пријава за „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Фото: Влада Маж на возраст од 52 години од Струга е приведен затоа што на обележувањето на Илинден на 2. ...

ТТК Банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила нето-оперативен приход пред исправки на вредност во износ од 37,5 милиони денари, како резултат на реализирани оперативни приходи од 279,5 милиони денари и оперативни трошоци од 242 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза -Во текот на анализираниот период, издвоени се исправки на вредност на финансиски и на нефинансиски средства во износ од 17,5 милиони денари. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76