Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Контролата на летање на аеродромот Скопје доби нов систем за менаџирање на авиосообраќајот – АТМ. Новиот АТМ систем е од исклучително значење за работењето на акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје, затоа што со него се создава стабилна и современа основа врз која треба да се развива целиот систем во воздухопловната навигација. Со новиот ...
На 30. септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи 7. Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“. Конференцијата ја организираат Германската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет – Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, ...
Во првото полугодие од годинава Витаминка АД Прилеп и нејзините поврзани правни лица оствариле консолидирана добивка по оданочување во износ од 49.529 илјади денари, што претставува раст од 2% во однос на истиот период од 2025 година, соопшти компанијата преку Македонската берза. -Позитивниот финансиски резултат е постигнат и покрај растот на производните трошоци, што укажува на успешно управување со оперативните активности, финансиските ...
Прилепска пиварница АД Прилеп повторно купи сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 18 сопствени акции. Сега поседува 1.255 акции, што претставува 3.14% од вкупниот број акции на Прилепска пиварница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница 34.5 милони денари за менаџментот на Прилепска Пиварница лани Прилепска пиварница ...
Макпромет АД Штип во првото полугодие од годинава остварил добивка од 1,906 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените оперативни приходи изнесуваат 138.043 илјадa денари. -Се состојат од приход од продажба на производи и услуги на домашен пазар во износ од 51.267 илјади денари и приход од продажба на странски пазар – 86.776 илјади денари, велат од таму. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 136.137 илјади денари. ...
До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи. ...
Вчера бил најтежок ден во борбата со пожарите оваа лето, информираше денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Најтешка била ситуацијата во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрозил селата Ивањевци, Лозани и Новоселани. „Доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева и се движеше кон ...
Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25. септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.363.610 илјади денари, што е за 31% повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6%) се ...
Македонското друштво за трговија на мало Тинекс маркет ДООЕЛ Скопје може да добие нов сопственик. Имено, како што информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), Проекс интернационал Л.Л.Ц. од Приштина, Косово, има намера да стекe контрола врз македонскиот ланец на маркети. За преземањето зелено светло треба да даде КЗК. Од таму објаснуваат дека врз основа на писмо за намери и рамка за трансакцијата од 2. јули склучена помеѓу ...
Јасмин ДОО Белград, Србија, има намера да стекe контрола врз друштвото за трговија и услуги Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје преку купопродажба на удели, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Јасмин ДОО Белград работи во трговија на мало со козметички и тоалетни производи во специјализирани продавници. Мнозински содружник во Јасмин Белград, со удел од 75%, е Радикс ДОО Белград. Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје работи во ...
Од акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Татјана Бошков е избрана за претседател на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото. Во НО се и Бесир Шабани и Снежана Филиповска-Павлеска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Горан Јандреоски, кој не е повеќе член на НО на М-НАВ Горан Јандреоски не е повеќе во НО ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и уште седум други лица, за злоупотреби во Државна лотарија. Освен Груби со обвинението се опфатени и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, генералниот секретар на поранешната Влада, Методија Димовски, сопственикот на „Ритрон копи“, Артан ...
Оперативниот директор на телевизијата Алсат-М, Лирим Хајредини, денеска утринава е пронајден мртов. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, неговото тело било пронајдено пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде се наоѓа и седиштето на телевизијата. Како што велат од таму на неговото тело имало повреди, поради кои починал. Нема конкретни информации од полицијата за какви повреди се работи. Хајредини беше 16 години ...
Судењето во кое еден од обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија ќе стартува на 24. август, информираа денеска од Кривичниот суд. Обвинети во случајот се и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, генералниот секретар на поранешната Влада, Методија Димовски, сопственикот на „Ритрон копи“, ...
Со гаранција во недвижен имот од 508 илјади евра поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излезе од притвор. Основниот кривичен суд Скопје, ја донел одлуката по позитивното мислење на Основното јавно обвинителство, и му определил мерки на претпазливост, одземање на пасош и да се јавува во суд. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дал гаранција од над 1,1 милион евра: Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ ...
Од уредувањето и користењето на плажите на Охридското Езеро, Општината Охрид и Јавното претпријатие “Охридски комуналец“ годишно заработуваат околу 700.000 евра. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општината, Кирил Пецаков за поткастот „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ на Скопје1.мк. Пецаков вели дека овие пари Општината не ги заработува од класична концесија на плажите, туку од закуп на простор на кој се поставува урбана опрема. ...
На друштвото ЗК Пелагонија АД Битола, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачот не постапи согласно член 39, став 5 од Правилата за котација, информираат од Берзата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дејан ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. -Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, градежни вештаци од Градежниот факултет, сведоци на Основното јавно обвинителство, меѓу друго посочија дека „Пулс“ била нелегално пренаменета од индустриски објект во дискотека, информација што беше позната уште пред да стартува судењето, а беше спомната и во текот на судењето. Како што посочија тие пред Судот, но и во направеното градежно вештачење пренамената на објектот била ...
Додека новиот филм „Одисеја“ ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Туркије, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во Долниот град се откриваат улици со колонади и продавници од римскиот период, кои ...
Општина Центар склучи договор за набавка на електрична енергија (групна набавка) за потребите на Општината со друштвото за производство, промет и услуги Тера веј енерџи ДООЕЛ експорт-импорт Скопје. Договорот е во вредност од 59.000.000 денари или 959.350 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 579,8 илјади евра склучи Општина Центар со „Дамјан Силјановски и др.“ Фото: Унсплеш Општина Центар склучи договор за набавка на електрична енергија (групна ...
Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра. Во однос на претходниот месец тие бележат зголемување за 74,4 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 71,1%, по што следуваат монетарното злато со 15,6% и валутите и депозитите со 13,2%. Фото: Унсплеш Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија ...
Државниот завод за статистика соопшти дека во јуни 113.436 туристи во Македонија оствариле 221.608 ноќевања. Од вкупниот број, 22.8% се домашни, а 77.2% се странски туристи. 29.2% од ноќевањата се од домашните туристи, а 70.8% од странските туристи. Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е намален за 0.5%, односно кај домашните туристи има намалување за 3.1%, а кај ...
Иако имаше бројни најави, проблемот за престојот на професионалните возачи од Западен Балкан во Шенген зоната се уште не е решен. Денеска во Скопје нивните преставниции имаа регионален состанок на кој се договорија дека ќе чекаат до 1. септември, за кога во Брисел, Белгија, е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија (ЕК). Од исходот на овој состанок ќе зависат нивните следни чекори и дали ќе протестираат, ...
Арлинда Хасани Синани од Тетово е предлогот кој до македонското Собрание го испратил гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за нов вицегувернер на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Арлинда Хасани Синани, која е предложена за вицегувернер на Народната банка Таа треба да дојде на местото на Фадил Бајрами, кој на оваа позиција е над 20 години. Предлогот на Славески треба да биде изгласан во Собранието. Хасани Синани според нејзината ...
Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор за изработка на проектна документација за рехабилитација и поправка на автопатот А2, обиколница на Скопје (двата коловози), со Градежен институт АД Скопје. Договорот е во вредност од 49.430.200 денари или 803.743 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тендер за експерти за коридорите 8 и 10-д: ЈП за државни патишта ќе плаќа за 13 експерти исто колку за 92 вработени Договор од 1,9 милион евра склучи ЈП за ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата официјална Фејсбук-страница, информираат од таму. -ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено загрижува фактот што дел од коментарите содржат експлицитни повици за ...
Македонија денеска се сеќава на осумте македонски бранители кои пред 25 години беа убиени при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила. Животот го загубија припадниците на резервниот состав на македонската Армија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Вечна им слава! Фото: Николоски/Фејсбук Македонија денеска се сеќава на осумте ...
Од Охрид стартуваше караванот „Силно светнал ден“ со што и официјално започна обележувањето на 35 години од независноста на Македонија. На стадионот „Билјанини извори“ се одржа првиот концерт на кој настапија бројни македонски музичари и актери, а караванот ќе има настапи во 11 градови низ државата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Караванот „Силно светнал ден” за 35 години независност вечерва започнува во Охрид Но, наместо музичкиот настан и обележувањето на ...