Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека најскапо продадениот стан за тој период во Македонија е во скопски Центар. Тој е продаден за 206.640 денари или 3.360 евра за метар квадратен. Истиот бил 50 метри квадратни и бил продаден за 168.000 евра. Од стари станови, пак најголема цена е постигната за стан во Охрид. Истиот се продал за ...

Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6.5% во однос на јуни 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 3.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.2%. Зголемувањето во ...

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се врати во Битола откако беше во Србија. За него во тек е судски процес за набавки во РЕК Битола, а како што изјави неговиот адвокат Марјан Николоски бил во Србија по работа. Таму има фирми и имот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работат фирмите на Борче Марковски во Србија и Македонија Тој е во фокусот на јавноста откако од страна на Основниот суд Струга го доби назад пасошот со гаранција од над 5 милиони евра во ...

ЗК Пелагонија АД Битола во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 53.237 илјади денари и иста е зголемена за 17% во однос на истиот период минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото остварило оперативни приходи од 306.970 илјади денари и истите се намалени за 9% во однос на истиот период лани. -Во структурата на оперативните приходи најголемо е учеството на приходите од продажба кои што учествуваат со ...

Фершпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил оперативна добивка од 50.637 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи на Друштвото изнесуваат 2.187.063 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2025 година се зголемени за 15%. -Оперативните приходи во износ 2.177.713 илјади денари учествуваат со 99.6% во вкупните приходи и истите се зголемени за 14% во споредба со ...

Нов заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е Бесник Џемаили. Тој е член на Комисијата, во која работи од 2010 година, а доаѓа на местото на Софија Спасова Медарска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бесник Џемаили избран за заменик-претседател на Антикорупциска На позицијата ќе биде шест месеци. Каков имот пријавил На свое име и на име на родителите пријавил имот во Групчин. Најголем дел од пријавениот имот е од ...

Во првите шест месеци од годинава Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје остварил добивка од 4.092 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Добивката е минимална поради каматирањето на трошоците за топлинската енергија за задоцнето плаќање за претходната 2025 година и исплатата на јубилејните награди на вработените кои се законска обврска според Колективниот договор на Друштвото, а се однесуваат за 2023, 2024 и 2025 годна, ...

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) во Комерцијална банка АД Скопје во првото полугодие од годинава изнесуваат 169.055,6 милиони денари, соопшти Банката во финансискиот извештај за тој период. Истите бележат зголемување од 2,6% во однос на декември 2025 година. Тоа во најголем обем се должи на зголемените депозити на нерезидентите и домаќинствата. -Планот е остварен со 100,1%, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој, информираат од таму. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација ...

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки ...

Алта банка АД Битола во првите шест месеци од годинава остварила нето-загуба во износ од 20,42 милиони денари, наспроти добивката од 33,62 милиони денари остварена во истиот период од минатата година, соопшти Банката преку Македонската берза. -И покрај тоа што станува збор за остварена загуба, Банката е во рамките на планот за 2026, односно Банката остварила значително помала загуба од планираната за 73%, односно 54,45 милиони денари. ...

Мермерен комбинат АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварил приходи од продажба од 500.924 илјади денари, што претставува намалување за 37% споредено со истиот период од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Намалувањето на обемот на продажба е директна последица на неповолните геополитички и глобални макроекономски случувања кои значително ги нарушија клучните пазари на кои настапува компанијата. ...

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, за кого во тек е судски процес за набавки во РЕК Битола е во фокусот на јавноста откако му беше вратен пасошот по што замина за Србија каде има фирми и имот. Од таму како што изјави неговиот адвокат треба да се врати денеска, а заминал за Србија поради работа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бизнисменот Борче Марковски не избегал од Македонија, отишол по работа во Србија Како што е познато таму има две фирми – Хаза ...

Хакиран е службениот мејл на главниот државен ревизор Максим Ацевски. Информацијата со јавноста ја споделија од Државниот завод за ревизија, од каде велат дека електронска адреса – [email protected] била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испратени неовластени пораки. -Ве молам да ги игнорирате и избришете сите сомнителни пораки испратени од оваа адреса во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи ...

Жито Полог АД Тетово во првите шест месеци од годинава остварил загуба пред оданочување од 17.576 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените единечни вкупни приходи на Друштвото изнесуваат 86.920 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување за 2%. -Во структурата на приходи најголемо учество – 96% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со ...

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2026 година продажбите на Алкалоид АД Скопје достигнуваат 6.870.366.274 денари, што претставува раст од 2% во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.337.103.798 денари, што претставува раст од 2% во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за 2024 година. -Ревизијата утврди дека и понатаму има недоследности во начинот на обезбедување и следење на ефикасноста на следење на лекувањето во странство, начинот на финансирање/купување на услугите од јавните здравствени установи и ажурирање ...

Вкупно 147 пензионери во Македонија остваруваат исплата од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно од вториот пензиски столб, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) со пресек на 30. јуни 2026 година, информираат од таму. Според анализата, за овие корисници е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, а просечната месечна нето исплата изнесува ...

Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 2.798,2 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Лани во истиот период имала добивка од 2.960,1 милион денари, што претставува намалување за 5,5%. -И покрај ваквото намалување, сепак планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 110,9%. Позитивниот финансиски резултат е остварен во услови на зголемени ризици од ...

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, е во фокусот на јавноста откако му беше вратен пасошот. За него во тек е судски процес, а пасошот го доби назад откако даде гаранција од над 5 милиони евра во недвижности. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски Откако му беше вратен пасошот тој напушти Македонија, а неговиот адвокат Марјан Николоски ...

Стопанска банка АД Скопје го објави финансискиот извештај за работењето во првите шест месеци од годинава, а во него меѓу друго сподели информација за вкупните депозити. -Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 122.878.919 илјади денари и бележат зголемување од 3% споредено со крајот на минатата година, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стопанска банка со намалена добивка за 30% во првото полугодие Владимир Тренески именуван за член на УО ...

Бесник Џемаили, кој е член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е новиот заменик-претседател на Антикорупциска. На позицијата ќе остане шест месеци, а на истата дојде согласно принципот на ротација, со кој редоследот е утврден според азбучниот ред на презимињата на членовите на Антикорупциската комисија. Беше избран едногласно од страна на членовите на ДКСК. Мандатот на актуелната заменик-претседателка Софија Спасова ...

Откако вчера за уставен судија беше избрана претседателката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, денеска Судскиот совет на седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должност (в.д.) претседател на Судот. За изборот на Герасимовски гласаа девет членови на Советот. За позицијата беше предложена и судијката Тања Милева, која доби два гласа. Герасимовски во 2005 година станал судија во Основниот суд Тетово, а од 2017 ...

Електронскиот систем за прекршоци „Безбеден град“ почна да функционира во дел од Општина Деберца, на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа. Информацијата ја соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека камерите на “Безбеден град“ наскоро ќе почнат да работат и на сообраќајниците во Охрид и регионот. Таму уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Група пратеници во македонското Собрание поднеле Предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот. Во предлогот меѓу друго стои дека “за набавките на стоки, услуги и работи ...

Т Арена официјално го започнува своето ново поглавје. Од денеска, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата, информираат од Македонски Телеком. Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички ...

Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје, информираат од таму. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија, посочуваат од таму. ...

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на Марковски компани, кој го доби назад пасошот од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра, ја напуштил Македонија, објави порталот 360 степени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски Како што е познато тој има компании и имот во Србија, а порталот објави дека земјава ја напуштил на граничниот ...

Стопанска банка АД Скопје во првите шест месеци од година остварила добивка пред оданочување од 1.408.503 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Во однос на истиот период од минатата година таа е пониска за 30%, а како што велат од таму тоа е резултат првенствено на регулаторните и пазарните услови, односно глобално намалените каматни стапки и каматни приходи, провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и ...

Коста Котески, членот на Управниот одбор (УО) на Реплек АД Скопје купи нови акции на компанијата. Како што информираа од таму преку Македонската берза, тој купил 10 акции. Сега поседува вкупно 450 или 0,17% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Коста Котески купи, Настел повторно продаде акции на Реплек Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек Коста Котески и Сава пензиски фонд купија нови акции на Реплек, Настел повторно ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.12
20%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
2.68
36%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.19
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.68
22%
1012
weather icon

Љубљана

38ᴼ / 37ᴼ
0.89
25%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
6.71
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.35
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.74
33%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.92
30%
1013
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 39ᴼ
0.45
19%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
5.44
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36