Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип ја искористиле ...

Поранешниот заменик министер за здравство Јовица Андовски, кој неодамна поднесе оставка, е назначен за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако Оливер Миланов поднесе оставка. Андоновски како главни приоритети во работите најавува напредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите, заштита на безбедноста на храната, како и здравјето и благосостојбата на ...

Возачите научија каде се камерите и тоа е добро, но во 2027 година и возила на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема системот „Безбеден град“, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова смета дека е нетипично да има медијатор помеѓу земја членка на Европската Унија и земја кандидат за членство за договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво. БГНЕС го пренесе одговорот на Петрова -Чамова на пратеничко прашање во врска со инсистирањето на Скопје во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за надминување на спорните ...

Кога нецелосни или методолошки проблематични истражувања почнуваат да ја креираат јавната политика, најголемата цена ја плаќаат граѓаните. Наместо пристап заснован на докази и проценка на реалниот ризик, одлуките се носат врз основа на заклучоци кои подоцна често се покажуваат како неточни или претерани. Во областа на намалување на штетата од тутунот, ова може директно да влијае врз милиони возрасни пушачи кои бараат подобри алтернативи од ...

Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“. Новата ...

Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда World Business Leader, која му беше доделена во рамките на The Bizz Awards 2026, глобален настан организиран од Светската конфедерација на бизниси – Worldcob. Престижниот настан се одржа од 24 до 27 август 2026 година во Виена, Австрија, и на едно место собра успешни компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји. Наградата World Business Leader претставува признание за ...

По повеќе од 20 години, почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 20. август компанијата го потпишала договорот за изведување на работи со Јавното претпријатие за државни патишта за проектот – изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово. Истиот се состои од: дел А: изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово и дел Б: 5-годишно одржување на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово. Вкупна вредност на договорот изнесува ...

Прв случај со западнонилска треска е регистриран во Куманово, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. 65-годишниот човек од Куманово е во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. „Здравствената состојба на пациентот е тешка. Покрај инфекцијата со вирусот западен нил, кај него се присутни и хронични заболувања, вклучително и дијабетес, кои можат да влијаат врз текот и тежината на болеста,“ ...

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.08.2026 година, разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот ...

Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста за западнонилска треска, подготвена е нова веб-страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. „Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Во моментот се направени вонредни прскања против ...

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека целата оваа состојба со горивата „за жал ќе потрае малку подолго од тоа што се предвидуваше, односно може да потрае и неколку години.“ Прашан дали владата ќе ја намали стапката на ДДВ за горивата, откакао дизелот надмина 100 денари, тој рече дека планирале. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае, може да потрае и неколку години оваа состојба што се случува во ...

Семос Едукација и Кариера.мк потпишаа Меморандум за соработка со кој воспоставуваат долгорочно партнерство насочено кон подобро поврзување на образованието со потребите на пазарот на труд и создавање повеќе можности за професионален развој и вработување. Соработката ќе им овозможи на слушателите и алумните на Семос Едукација полесен пристап до професионалната мрежа, огласите за работа и услугите за кариерен развој на Кариера.мк. Истовремено, ...

Годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно, а се затвораат и 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат од пет до осум деца, информираше министерката за образовани Весна Јаневска. „Она што успеавме да го направиме, во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи ...

На денешното судско рочиште за „Пулс“, тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, одговараа на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев. На прашање кои се надлежностите и дали градежен инспектор може да дејствува и самостојно и откако објектот е ставен во ...

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски за преживеаните во пожарот во Кочани синоќа беше прикажан во рамки на фестивалот „МакеДокс“. Проекција за која се бараше карта плус, и за која Куршумли Ан беше исполнет до последно место. Тоа што насетував дека филмот ќе биде тежок, немаше никаква врска со реалноста. И не, не е ништо од она што сте го читале за таа трагедија. Филмот покажа дека, реалноста всушност е ...

Македонската универзитетска карате репрезентација ги одбројува последните денови до настапот на Европското универзитетско карате првенство во Тирана, кое ќе се одржи од 7 до 12 септември. Во пресрет на европскиот шампионат, репрезентативците ги одржуваат завршните подготовки, а најголемиот дел од составот го сочинуваат каратистите на карате клубот „Макпетрол – Скопје“. За Македонија ќе настапат: Вукашин Јовановиќ-67 кг, Петар Заборски-75кг, ...

Во Хатуша, некогашната престолнина на Хетитската Империја, лоцирана во Чорум, Туркије, неодамна беа пронајдени три досега непознати гробници, кои датираат од крајот на IV до III век пр.н.е. Овие нови археолошки наоди нудат вредни сознанија за подоцнежната историја на древниот град и потврдуваат дека Хатуша останала населена и долго по завршувањето на хетитскиот период. Новите наоди се особено значајни, бидејќи подоцнежната историја на Хатуша ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%. Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, цената на дизелот се зголемува за 3,50 ден/лит. „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 93 денари, „Еуросупер БС-98“ за 95 денари, а дизелот ...

Зоран Петровски, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Адинг АД Скопје купил нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 50 акции и сега поседува 35.250 обични акции или 9,12% од вкупниот број на акции на Адинг. Нови акции на Адинг купил и Љупчо Атанасовски. Тој се стекнал со дополнителни 26 обични акции, и сега поседува 22.118 обични акции или 5,72% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета од над 507 милиони денари. На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и ...

Повеќе од една година Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство. Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на видеолотариски терминали за коцкање во државната компанија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Денеска треба да почне судењето на Груби: За што е обвинет? За него Министерството за ...

На 39. Охридски пливачки маратон во Охрид, престижната меѓународна спортска манифестација, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец е аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција ги освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својство на ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) во државна сопственост Скопје склучи договор за набавка на светли деривати за сопствените бензиски пумпи (РЕК Битола) со друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Вредноста на договорот е 118.000.000 денари или 1.918.699 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 2,3 милиони евра склучи Македонски железници – Транспорт ...

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија Скопје склучи договор за надградба и модернизација на патни премини – втор пат, со Искра електро Ин системске решитве ДОО Љубљана, Словенија. Договорот е во вредност од 137.527.407 денари или 2.236.218 евра. Фото: Унсплеш Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија Скопје склучи договор за надградба и ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. „Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да започне судењето на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Конечно обвинение за Груби за злоупотреби во Државна лотарија, останува во куќен притвор Тој моментално е во куќен притвор во неговиот стан во скопски Чаир. Во случајот се обвинети и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим ...

Контролите на надлежните институции во Косово, утврдија неправилности кај дел од млечните приозводи, но карактеристочно е тоа што зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Оттука има разлика меѓу компанијата Abrazen, млекарницата Vita и производите што на пазарот се продаваат под различни трговски марки. Четири анализирани примероци од производи што се продавале како млеко биле оценети како неусогласени, ...

Хрватската полиција објави дека е исчезната Бојана Пешевска (33) родена во Штип, а е поврзана со прикривање на убиство. Пешевска е обвинета во случај поврзан со бруталното убиство на А.С. (34). Ј.У. (25), кој според обвинението го омалаксал А.С., го претепал и го фрлил во реката Купа. Пешевска знаела за ова убиство, но со фалсификуван договор го презела сопствеништвото врз неговиот автомобил. Според потерницата, таа живеела во Карловац. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76