Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, информираше премиерот Христијан Мицкоски. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14. е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на ...
Откако пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска учествуваше на промоцијата на платформата „Разговори за иднината во 12.05“, лидерот Венко Филипче најави дека органите и телата на партијата ќе дискутирале за нејзиното учество. Оттука, во јавноста се постави и прашањето, дали таа ќе биде исклучена од партијата. Денеска, Петровска преку Фејсбук се огласи за учеството во формирањето на платформата, истакнувајќи дека изминативе денови добила ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека новиот систем за контрола на границите на ЕУ (ЕЕС) се соочува со технички проблеми и дека се работи со земјите-членки за истите да се решат. „Сè уште има многу работа за овие технички прашања да се решат заедно со земјите-членки“, изјави Фон дер Лајен од Ирска, која го презема ротирачкото претседателство. Таа нагласи дека воведувањето на системот за влез/излез не ја ...
Акционерското друштво во државна сопственост за производство на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје склучи договор за набавка на гумени транспортни ленти со челични сајли за РЕК Битола, со друштвото за производство, трговија и услуги Мај комерц-леaр ДООЕЛ извоз-увоз Скопје. Договорот е во вредност од 54.091.200 денари или 879.532 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ со „Спектартермо“ Договор од 673,5 ...
Цената на становите во Скопје, продолжува да расте, покажаа и најновите податоци на Народната банка. Трендот на раст забавува, а во вториот квартал од годинава растот изнесува 5,5%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цената на становите во Скопје продолжува да расте На годишно ниво пак растот е 13,3%, а претходниот квартал бил 16,6%. Најскапи се становите во Општина Центар. Таму просечната цена според спецјализираниот портал cenakvadrat.com се движи и до 2.500 ...
На неодамнешната промоција на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти, присуствуваше и пратеничката на партијата, Славјанка Петровска. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека органите и телата на партијата следната недела ќе дискутирале за нејзиното учество. За Филипче, како што кажа претходно и од неговата партија, новата платформа е уште „еден проект на Христијан Мицкоски“, а од ...
На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент има одговорот „нема да гласам“ (28%) покажува анкетата на МКД.мк, направена од Маркет Вижн. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5%, за СДСМ 6,2%, Левица 2,9%.. Кај албанските гласачи за ДУИ би гласале 12,1%, за ВЛЕН 10,7%. Христијан Мицкоски ужива најголема доверба од лидерите на партиите 23,3%, Али Ахмети 5,5%, Венко Филипче 5,1%. Анкетата била направена на ...
Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека членот на Надзорниот одбор, Виолета Божиноска, купила нови акции на компанијата. Таа купила 807 акции и сега поседува 1,61 од вкупниот број на акции на компанијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е компанијата “Гранит“, која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот Директорот на Гранит повторно купи акции на компанијата Од Гранит АД ...
Од акционерското друштво за управување со воздушниот сообраќај и давање на услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ АД Скопје, во државна сопственост, преку Македонската берза информираа за промени во Надзорниот одбор (НО). Имено, со Одлука на Владата, Милорад Милановиќ, независен член на НО, предложен од синдикална организација, е отповикан од должноста. За нов независен член на НО е избрана Татјана Бошков, предложена од страна на ...
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6% во мај 2026 во однос на мај 2025 година, соопшти државниот завод за статистика. Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%. Според главните индустриски групи, ...
Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигнала 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани, информираа од Управата за јавни приходи (УЈП). Во периодот јануари–јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Како што велат од УЈП, особено се истакнува јуни, во кој е ...
Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека цената на становите во Скопје и понатаму расте. Трендот на раст на цената на становите започна во 2022 година, а во вториот квартал од годинава тој изнесува 5,5%. Како што покажуваат податоците, трендот забававува. Во вториот квартал на годишно ниво истиот изнесувал 13,3%, а претходниот квартал бил 16,6%. Народна банка индексот го пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за ...
На јавна аукција за 1.350.000 денари или околу 22 илјади евра, било продадено службеното возило на Општина Струга, „ауди 6„, за чија набавка поранешниот градоначалник на Општината, Рамиз Мерко, заврши на суд. Информацијата ја објави телевизијата Алсат, а според неа купувачот бил од битолско. Парите од продажбата на возилото ќе биле искористени за отплата на долг на Општината, потврдил актуелниот градоначалник Менди Ќура. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Рамиз ...
Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани поднесе кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата овозможиле дискотеката „Пулс“ во Кочани со години да работи без инспекциски надзор. Кривични, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), заработија С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје, З.М. (64), С.З. (61), Т.К. ...
Продажбата на лусузното „ауди А6„, кое го набави Општина Струга, е уште еден школски пример за тоа како се арчат парите на граѓаните. Имено, истото Општината го купи во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко за 67.000 евра, а сега на јавна аукција се продаде за околу 22.000 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Продадено аудито на Општина Струга, за кое му се судеше на Мерко Тоа беше купено во време кога Општината, туристички регион, имаше блокирана ...
Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите минатата година изнесувале 1,3 милијарда денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Добивката пред оданочување исто така бележи зголемување, и лани таа изнесувала 18,3 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување. Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните ...
Државата преку Управата за заштита на културното наследство, не прифатила да го купи хотелот “Јадран“ во Скопје, познат и како Арапска куќа, кој е во сопственост на Македонијатурист АД Скопје, објави БИРН. Македонијатурист кој го продава хотелот, според Законот за заштита на културното наследство мораше прво да го понуди хотелот на државата, бидејќи истиот е прогласен за историски споменик на културата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе го купи ли државата ...
Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка. Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба. Тој е Магистер на економски науки. Стоилов поседува 1 обична акција на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани ...
Електронскиот систем за казнување “Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци и до странски државјани кои возат низ земјава. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И за нив ќе важат истите казни, како и за македонските граѓани. Во текот на летната сезона значително е зголемен транзитот на странски државјани по коридорите 8 и 10, а и многу македонски ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека ќе го номинира Горан Герасимовски, градоначалникот на скопската општина Центар, за нов потпретседател на партијата. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Конечниот ревизорски извештај за работењето на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, за 2024 година, информираа од таму. Истиот регистрира бројни слабости во работењето, пред се во менаџирањето со залихите, јавните набавки, сметководството, како и оптоварувањето на кадарот поради големиот број итни прегледи. Ревизорите констатирале ...
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче вчера соопшти дека ќе го предложи Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата. Герасимовски е актуелен градоначалник на скопската Општина Центар и оваа му е втор мандат, што за Филипче е една од причините зошто го предлага за оваа функција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ Секако предлогот според процедурата треба да помине и пред органите на ...
Азир Алиу од Вреди, повеќе нема да биде министер за здравство. На негово место доаѓа Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелн директор на Фондот за здравствено осигурување. еМагазин разгледа каков имот пријавил Алиу до Антикорупциската комисија. Каков имот пријавил? На свое име пријавил недвижен имот во скопски Чаир и Бањица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите министри Кои ќе бидат новите министри за правда, култура и односи меѓу ...
Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции, информираат од Народна банка. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. „Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се ...
Прометот во трговијата на мало во мај годинава бележи раст во повеќето категории во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување е регистрирано кај продажбата на автомобилски горива, додека позитивен тренд е забележан и кај храната, пијалаците и тутунот. Реалната стапка на прометот во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е повисока за 9,1 процент во однос ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 проценти во однос на мај минатата година, додека во периодот јануари – мај годинава бележи пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Во мај годинава, во однос на мај лани, индустриското производство бележи пораст од 6,1 проценти во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека опаѓање има во рударство и ...
Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава, информираат од таму. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија, посочуваат од таму. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, ...
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП инвестираше еден милион евра во два нови уреди за напреден безбедносен преглед на рачен багаж со компјутерска томографија, заедно со две нови автоматизирани ленти, производство на британската компанија Смитс Детекшн, информираа од таму. Оваа најсовремена опрема ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на ...
Мнозинскиот сопственик на Алта банка АД Битола, Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на македонската банка, информираа од таму преку Македонската берза. Српската банка купи нови 40 обични акции и сега поседува вкупно 372.114 обични акции односно 95,1754% од вкупниот број на обични акции издадени од Алата банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор Кој е Давор Мацура, ...