Рудници Бањани АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка по оданочување од 3.093.00 денари, информираа од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 38.544.000 денари, од кои приходите од продажба изнесува 37.423.000 денари. -Во споредба со истиот компаративен период во 2025 година, приходите од продажба и на домашниот и на странските пазар се зголемени, поради зголемениот обем на ...

На сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски, кој е еден од обвинетите во случајот со злоупотреби со јавните набавки во РЕК Битола, му е вратен пасошот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола Истиот како што објави Независен му е вратен од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра. -Според законот ...

Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје продолжува да работи со загуба и се уште е со блокирана сметка од извршител. Како што информираа од таму преку Македонската берза во првите шест месеци од годинава Друштвото остварило загуба од 34.778 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 42.645 денари и истите во однос на претходниот период бележат пoраст. -Истите се остварени со наплата по Решение од извршител, велат од ...

Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна ...

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети, информираат од таму. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и ...

Откако во медиумите се отвори прашањето што се случува со проектот за реновирање на градскиот водовод во Општина Гостивар, се огласија од јавното претпријатие ЈП “Комуналец“ Гостивар. Од таму тврдат дека проектот бил околу 98% готов. -Според документацијата и информациите со кои располага ЈП “Комуналец“, околу 98 проценти од предвидените работи се реализирани и тестирани. За изведените активности постојат технички записи, извештаи и видео ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 4,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на дизелот ќе изнесува 98,50 денари за литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 93 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 95 денари за литар. Цената на Екстра лесното ...

Од 1. август поскапува парното во Скопје, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Цената се зголемува за 5,96% за граѓаните кои се греат на парното со кое управува ЕСМ Снабдување, за тие што се греат на ЕСМ Еенергетика поскапувањето е 5,18%, а за корисниците на Енерго Еколог (поранешно Скопје Север), цената се зголемува за 3,65%. Според пресметките на РКЕ за просечен стан од ...

Од Универзална Инвестициона (УНИ) Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Извршниот одбор на Народна банка со решение издала претходна согласност Орлин Георгиев Ваташки повторно да се именува за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Согласноста ја добил за период од две години, сметано од денот на приемот на Решението. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани членови на НО на Уни Банка Акцијата на УНИ Банка стана дел од МБИ10 Орлин ...

По загадувањето на водата од градскиот водовод и прогласувањето на епидемија на заразна болест, ќе се прави и финансиско вештачење на документи од Општина Гостивар и ЈП Комуналец Гостивар, објави телевизијата ТВ 24. Ќе се проверуваат тендерите за набававка на хлор распишани пред јавноста да дознае за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП Комуналец, документите на јавното претпријатие, одлуките за поставување водни пумпи… ...

Заради примање мито „паднаа“ и двајца стоматолози за аферата со ботоксот. Имено, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), поведе истрага против доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците и претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата. Првоосомничениот сторил кривично дело „Примање ...

Вандализирани се просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово. Има оштетување на просториите, а вандали на ѕидовите испишале графити, меѓу кои и натписот „УЧК“. Случајот е пријавен во полиција, а од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово информираа дека е направен увид и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот. За истиот на социјалните мрежи реагираше претседател на Демократската партија на Србите во ...

Од невремето со ветер од 130 километри на час во Скопје бил оштетен и еден од ер тракторите за гасење пожари. Сега Македонија остана со два ер трактори. Информацијата за телевизијата Сител ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој информираше дека е контактирана фирмата Титан која ги сервисира ер тракторите и од ДЗС побарале да испратат нивни механичари. Штетата не била голема, но тој е вон ...

Реџеп Асани не е повеќе заменик директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје. На негово место е именуван Агим Садику. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ доби нов заменик генерален директор еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал заменик директор. Каков имот пријавил На свое име пријавил имот во Мала Речица. Како и во Каваја, Албанија. Пријавил и четири возила. Како и неговата плата. Реџеп Асани не е ...

Од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Бесим Небиу е запишан во трговскиот регистар како член на Управниот одбор (УО) – главен оперативен директор. Со именувањето на Небиу, престанува функцијата на досегашниот член на УО – главен оперативан директор – Фарук Исмаили. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ариф Муса нов член на НО на Развојна банка Ефимија Димовска нов главен извршен директор на Развојна банка Каков ...

Во првите шест месеци од годинава Адинг АД Скопје остварил вкупен приход од 347.752 илјади денари, кој е поголем од минатогодишниот за 26.679 илјади денари, односно има зголемување за 8,3%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 344.271 илјади денари или 99% од вкупниот приход, од кои 63,2% се приходи од продажба на домашен пазар и 36,8% приходи од ...

Тетекс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 29.912 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 29.347 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги од царински терминал и продажба на материјали, готови производи и стоки. Останати оперативни приходи изнесуваат 85.008 илјади денари и ...

Жителите на Општина Кочани ќе плаќаат повисок данок на имот за дури 40%. Имено, како што пренесе државната агенција МИА, Советот на Општината усвоил Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот за подрачјето на Општината, со што овој данок се зголемува. Одлуката била донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. За неа гласало мнозинството – советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајцата ...

Владата позајми пари од Македонска навигација (М-НАВ), МЕПСО и Државна лотарија за да го враќа кредитот на Јавното претпријатие за државни патишта кон кинеската Ексим банка за автопатите. Информацијата денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека парите ќе им бидат вратени следниот месец. -Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите. И истите тие средства во август ќе бидат вратени ...

Коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден пратеник. Станува збор за Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТ). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби пратеник плус Оваа следи откако ДПТ стана дел од коалицијата “Твоја Македонија“. Претходно ДПТ беше дел од коалицијата “Европски фронт“ предводена од ДУИ. еМагазин разгледа каков имот пријавил до ...

Важна информација за сите што утре планираат да патуваат за Грција. Имено, грчките царински службеници ќе штрајкуваат на трите гранични премини со Македонија – „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“). Штрајкот ќе започне од 5 часот по македонско време и ќе трае до 9 часот наутро или по грчко време од 6 до 10 часот. Додека ќе трае штрајкот патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот ...

Технокомерц АД Скопје во првите шест месеци од годинава има оперативни приходи од 289.772 илјади денари и истите се зголемени за 51% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите од продажба достигнаа 288.006 илјади денари, при што растот е резултат на поголемиот обем на продажба и стекнување нови купувачи. Оперативните расходи изнесуваат 294.978 илјади денари и бележат пораст од 43%, ...

Две галерии од автопатот Охрид – Кичево се целосно завршени, а третата се гради. Информацијата ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој посочи дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земјиштето, што беше еден од проблемите при изградбата на автопатот. Тој информираше и дека паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на ...

Штета од најмалку 5 милиони евра е направена на железничка инфраструктура со кражба во електровлечната подстаница Драчево, меѓу железничките станици Лисиче и Драчево. Како што информираа од Македонски железници – Инфраструктура, крадците таму насилно превртеле два трансформатори тешки повеќе од 30 тони. Потоа го истуриле трансформаторското масло и ги украле бакарните намотки и жици, шини и друга опрема неопходна за функционирање на ...

Жителите на скопските општини Карпош и Центар се уште не добиле решенија за данок на имот за годинава, а поголем број од граѓаните низ другите општини добија во електронска верзија. Од Град Скопје нема официјално објаснување зошто доцнат решенијата, а во меѓувреме медиуми објавија дека е можно жителите на овие две општини да бидат првите кои ќе добијат повисоки сметки за данок на имот. Во истите како што е познато цената на становите е меѓу ...

Откако Демократската партија на Турците во Македонија стана дел од коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, истата доби пратеник плус во македонското Собрание. Имено коалицијата сега брои 59 пратеници. Нов пратеник на коалицијата е Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците. Претходно Демократската партија на Турците беше дел од коалицијата “Европски фронт“ предводена од ДУИ. Вчера пак претседателот на ...

Муамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе од притвор и ќе се брани од слобода. За да излезе од притвор дал гаранција од над 1,15 милион евра, информираа од Основниот кривичен суд. Истата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот. Како дополнителна мерка на претпазливост му е одземена патната исправа. Тој беше во притвор од 24. април 2026 година. Сејдини е осомничен за кривичното дело ...

Владата ја одобри имплементацијата на системот за заеднички гранични проверки „one stop shop“ со Албанија, со што се заокружува процесот на воспоставување ваков модел на гранична контрола со трите соседни земји кои не се дел од Шенген-зоната. Системот веќе функционира на граничните премини со Србија и Косово, а за негово целосно ставање во функција со Албанија останува да биде потпишан договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете ...

И албанската Влада го одобри ситемот “one stop shop“ со Македонија, пренесуваат албанските медиуми. Системот првично ќе се воведе на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе се проширува и на останатите гранични премини со Албанија. Со пуштањето на овој систем, Македонија го заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната. Истиот веќе функционира со Србија и Косово. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Артана Асани, в.д. директорката на јавното претпријатие за комунална дејност ЈП „Комуналец“ – Гостивар е во фокусот на јавноста откако беше приведена вчера, а од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштија дека таа заедно со уште двајца раководители од претпријатието, ќе одговараат за “Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“. Оваа следи откако поради труење на водата во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07