Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице. Надлежен јавен обвинител, по спроведена ...

Истрагата на Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) за полицаецот од Куманово, кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме, не утврдила дека тој прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамките на полицијата, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. -Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, рече Тошковски. Поради сквернавење на ...

Ски-центарот Попова Шапка апелира автомобилите да не се паркираат на патот. „Апелираме за време на викендот да не ги паркирате возилата на коловозна лента бидејќи пајак службата на општина Тетово во соработка со СВР – Тетово ќе бидат присутни за регулирање на сообраќајот. Возилата што ќе бидат непрописно паркирани на коловозна лента ќе бидат отстранети и ќе се превземат соодветни законски мерки,“ информираат од таму. Фото/Ски-центар Попова Шапка ...

Беровчанецот Звонко Цонкински пред престојните празници подарува месо од неговата фарма и лекови на сите што не можат да си купат, а за тоа информираше на неговиот Фејсбук. За штипската телевизија ТВ Стар вели дека нема да одбие никој, без разлика колку луѓе ќе го контактираат. Како што вели веќе се јавиле двасетина лица. Цонкински трета години по ред јавно им помага со месо и лекови на тие што тоа не можат да си го дозволат сами. Видео: ТВ ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за тврдењето на премиерот Христијан Мицкоски дека тој, неговата сопруга и синовите, биле следени додека неговата партија беше во опзоција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителство оформи предмет за тврдењето на Мицкоски дека со семејството биле следени Тој пак во меѓувреме откри дека не бил следен само во 2020 и 2021 година, како што изјави претходно од говорницата во македонското Собрание, туку и ...

Поранешниот музичар, а сега бизнисмен Дарко Гелев Брејк објави нова песна “Оваа песна не знаев да ја напишам”. Музиката и аранжманот се на Никола Перевски Пере од Нокаут, а текстот е на Игор Џамбазов, Перевски и Брејк. Спотот е снимен во Драмски театар Скопје, во продукција на 3D Project Studio. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Скопје-Барселона“, нов хит од Брејк и Нокаут (Видео) Брејк отвара ново радио (Фото) Брејк стана татко по трет пат, Драгана по ...

Кривичен суд во Скопје не може да одреди мерки на претпазливост за Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ, кој е осомничен за злоупотреби во случајот „Адитив“, бидејќи е недостапен за органите на прогонот. „Судијата на претходна постапка може да донесе одлука за одобрување на предлог на јавниот обвинител само кога се бара притвор за осомничениот. Во ситуации како оваа, кога се предлагаат мерки на претпазливост, задолжително е лицето да ...

Јавното обвинителство оформило предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, дека бил следен. „Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите,“ соопштија попладнево од Јавното Обвинителство. Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања во македонското Собрание, сподели информации зошто бил следен, кога неговата партија беше во опозиција. Следени биле и неговата ...

Во скопски Аеродром и скопското село Средно Коњари вчера во оделни случаи се пронајдени три починати жени. Најмладата има 37 години. Станува збор за В.Ц. (37) од Скопје, која била пронајдена почината во куќа во Средно Коњари, каде престојувала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Во скопски Аеродром во семејниот дом била пронајдена почината М.А. (61). Во истата скопска Општина во службени простории ...

Компанијата „Завар“ продолжува да го зацврстува својот статус како еден од најуспешните македонски брендови во Европа и пошироко. Годинава беше особено значајна за компанијата, исполнета со бројни награди и признанија кои го истакнуваат нејзиниот придонес во индустријата и иновациите. Марта Наумовска Грнарова, основачка и претседателка на Управниот одбор на „Завар“, ја доби престижната европска награда „Создавач на столетието“ за развој на идеи, ...

Општина Центар ги поканува сите граѓани на најдобрата новогодишна прослава во градот, вечера во 20 часот часот, на Боемска 1. Забавата ќе започне со легендарниот диџеј Александар Јорданов, а Никола Перевски – Пере и Нокаут ќе ја кренат атмосферата до максимум со своите незаборавни хитови. „Ве чекаме сите вечерва на Боемска 1 на добра журка, заеднички да ја испратиме 2024-та година. Овој концерт е одлична можност да се собереме, да се забавуваме ...

На самиот крај од успешната 2024 година, македонската компанија за здрава храна, Виталиа, го објави отворањето на новиот, современ погон за производство на барови, информираат од таму. Свеченото отворање беше организирано на христијанскиот празник Св. Никола, во чест на именденот на директорот и основачот на компанијата, Никола Ветаџокоски. Новиот погон претставува значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот ...

Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат ...

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во третиот квартал од 2024 година, информираат од таму. „Исто така, Советот донесе нова Одлука за методологијата за идентификување системски значајни банки со која се унапредува постојната методологија врз основа на која Народната банкa ги идентификува системски значајните банки во земјава и за нив го утврдува заштитниот слој на капиталот. Ова претставува ...

Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини. ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја користат опремата и го изразија своето задоволство ...

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“ од авторите проф. д-р Ванчо Чифлиганец, проф. д-р Михаил Гаревски и м-р Гуте Младеновски, синоќа во Скопје, Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години развој како успешна македонска градителска приказна. Книгата „Планетата Земја – Нашиот немирен дом“ е прва популарна научно-стручна публикација на македонски јазик, наменета за популација од 7 до 77 години, со цел читателите да се запознаат со ...

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучи договор за набавка на заби за рото багери и ЕШ-багери за РЕК Битола, со Челичен лив и гранулат железник АД Сопотница Демир Хисар. Договорот е во вредност од 96.760.000 денари или 1.573.333 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор вреден 1,3 милион евра со „Агроиндустрија-агис“ ЕСМ склучи договор со „Графо пром“ вреден 601,1 илјади евра ЕСМ склучи договор со Марковски ...

Од 1. јануари компаниите ќе плаќаат за 100% повисоки надоместоци за експлоатација на природните ресурси во Македонија. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата го прифатила новиот тарифник на Министерството, кој како што посочуваат од таму, ќе послужи за воведување ред во користењето на националните богатства. „Со измените во тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања во македонското Собрание, сподели информации зошто бил следен, кога неговата партија беше во опозиција. Следени биле и неговата сопруга и синовите. Не сподели многу детали, поради како што кажа, сензитивноста, но кажа дека бил физички следен од лице именувано како „Цилиндар“. Тоа се случувало на почеток во 2020 година, во време на избори. -Ме следеле под изговор дека ...

Миликије Халими не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на државното акционерско друштво „Аеродроми“ и генерален директор, соопштија од таму преку Македонската берза. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавила Миликијe Халими, која стана директорка на АД „Аеродроми„ Таа е отповикана од функцијата, а за нов в.д. претседател на УО е назначен Игор Трајановски. Член на УО повеќе не е и Златко Ивановски, а за нов в.д. член и заменик претседател на УО е ...

Се уште нема никаква официјална информација каде е поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, осомничен за случајот „Адитив“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Медиумите изминатиов период шпекулираа дека е во Србија, Австрија, Нов Зеленд…., а од институциите не соопштија ниедна нова информација за него или за другите осомничени за предметот ...

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрани, кој е во бегство, доби нова кривична пријава. Овојпат за фиктивни набавки тендери за набавки на телевизори и принтери. Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Соизвршителство за сторено кривично дело ...

И вработен во Финансиската полиција е осомничен за криминалот во Државна лотарија. Информацијата за државната агенција МИА, ја потврди директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски. Тој е уапсен и треба да биде спроведен на распит во Основното јавно обвинителство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Осомничени за криминалот во Државна лотарија за криминалот вреден над ...

Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека е уапсен сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Артан Ајрули, во рамки на друга истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија. Станува збор за добиени тендери за набавка на телевизори за државното акционерско друштво. Се работи за фирма на млад кумановец, кој склучил договор за набавка на терминали за коцкање за потребите на Државна лотарија, пишува РСЕ. ...

Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше над 45 активности кои беа насочени кон зајакнување на човечкиот капитал во Македонија како основа за развој во сите сфери на општеството и економијата, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон поттикнување и поддршка на ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија, информираат од Нејзиниот Кабинет. За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а членови се: проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој избега од Македонија, немал албански пасош, како што деновиве се шпекулираше, откако се појавија информации дека е во Албанија. Оваа за БИРН го вели Арта Сакја, советник за медиуми на албанскиот претседател Бајрам Бегај. Новинарите на БИРН во Албанија не нашле и никаков запис во тамошниот „Службен весник“ дека Груби добил албанско ...

И покрај сите предизвици со кои се носеше Алкалоид АД Скопје во текот на годината која изминува, компанијата презентираше успешни резултати во работењето, вели во обраќањето до јавноста и вработените во Алкалоид, генералниот директор на компанијата и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов. -Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. Во февруари ...

Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот – 80 години. „Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: ...

Советот на Општина Битола го прифати барањето на Здружението на лиценцирани такси превозници со кое се зголемуваат цените на услугите за такси превоз во овој град. Одлуката ќе стапи во сила со објавување во општинскиот Службен гласник, со што ќе се овозможи сите такси превозници на старт да наплаќаат по 60 денари, а потоа во прва тарифа ќе се наплаќаат по 35 денари од изминат километар. Во втора тарифа 40, а тарифата за трета ноќна смена, како и ...

Повик

23 часа - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.09
84%
1027
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
95%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
54%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Алуминиум

2.87

Злато

138408.99

Платина

58054.69

Бакар

10.87

Сребро

2060.60

Цинк

3.13

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Калај

41.30

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

50058.71