Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот ДНК, а лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите. Тошковски го потенцираше и наодот од обвинителот Љупчо Коцевски дека дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство, и во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека во Полициски станици на подрачје на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, се обавуваат службени разговори, меѓу кои и поранешен министер. Во СВР Штип приведени се 13 лица, неформален сопственик на дикотека, продавач на влезници, лица од обезбедување, сопственик на објект на дискотека, три лица од Државен пазарен инспекторат, едно лице од трудов инспекторат, и уште едно лице ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој денеска преку Фејсбук информираше дека поднесува оставка, а не на прес-конференција, која ја вети, вчера бил на распит во полицијата, по налог на Јавното обвинителство, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот на Кочани си поднесе оставка, откако го притисна јавноста Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, си поднесе оставка, а за тоа информираше на Фејсбук. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски Вчера не сакаше да коментира кога за оставка го прашаа новинарите. Најави и прес-конференција која не се случи. Оставката ја даде под големиот притисок на јавноста и ни по 24 часа по трагедијата ...
Пациентите во болниците се во стабилна состојба, но има нов момент пациенти кои иако се чувствувале добро подоцна почувствувале симптоми, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Тој апелираше сите што биле во дискотеката за време на пожарот и ако немаат симптоми да се консултираат со матичните лекари. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски појасни дека можни се вдишувачки изгореници на дишните органи. И ...
Кочани утрово го потресе нова трагедија. Починал Иле Гоцевски, долгогодишен возач во службата на Итната медицинска помош. Вчера, како и секој ден, извршувал свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица од пожарот во дискотеката. По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на ...
Тројца спортисти загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, голманот Дамјан Танески (18) од Штип кој бранел во Мал Ајакс. Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров (25) и кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски (20). Спортските активности неделава ќе бидат ставени на минимум. „Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека ...
Соседните земји посебно сочувствуваат со болката на македонскиот народ, па така поддршка пристигнуваат насекаде од регионот. Во Црна Гора денеска е прогласен Ден на жалост, а во Србија утре. Во Србија се испратени повредени на лекување, а денеска пристигнува и тим на лекари специјалисти во Македонија. Кулата во Белград синоќа беше обоена во боите на македонското знаме, со натпис „Србија е со Македонија“. Поддршка дадоа и голем број познати ...
Денеска во Кочани со почеток во 13 часот во Градскиот парк ќе се одржи протест за трагедијата во т.н. дискотека, каде во пожар загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници и речиси целиот состав на групата ДНК, која таму имаше концерт. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало Протестот се организира на социјалните мрежи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кочани го потресе нова трагедија: Почина ...
Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани. Воедно, во листата на контакти вклучени се и претставништвата во земјите кои понудиле помош за хоспитализација и лекување. Целата листа ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тешко повредените се ...
Студентите на УКИМ ќе организираат заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан. „Денеска со почеток од 12 ч. на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе. Воедно, ве известуваме дека ...
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани животот го загубија најмалку 59 лица. Меѓу загинатите е и момчето Виктор Јорданов од Кочани, кој како што споделуваат на социјалните мрежи, останало да спасува настрадани во пожарот. „Во моментот кога пламенот се закануваше да проголта се, Виктор Јорданов не се повлече. Тој застана храбро, исправен пред стихијата, решен да спаси што повеќе животи, додека самиот остануваше зад сите. Виктор, твоето срце ...
Меѓу 59. загинати во пожарот во т.н. дискотеката во Кочани се и седум членови на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреј Ѓорѓиески, кој успеал да излезе од објектот, но се вратил да спасува настрадани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани Загина и професорката – придружниот вокал Сара Пројковска, музичарите Филип Стевковски, Андреј Коларов и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тонецот Игор Велков и ...
Јавното обвинителство соопшти дека до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. „Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за осум лица, додека останатите тројца се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од ОЈО. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Македонската амбасада во Софија е во контакт со Министерството за здравство на Република Бугарија и болницата Пирогов во Софија, болниците во Варна и Пловдив во врска со повредените лица кои се згрижени во здравствените капацитети таму. „На сите семејства и блиски на згрижените, Амбасадата им стои на располагање за секаков вид помош и поддршка која може да им биде потребна. Телефонските броеви на Амбасадата се достапни во секое време: ...
Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. „Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински ...
Братството на Свештената Бигорска Обител упати сочувство до семејствата и ближните на трагично загинатите и повредените во катастрофалниот пожар во Кочани. „Оваа невидена трагедија кај нас, којашто одзеде десетици млади животи, смртно ја рани и онака измачената народна душа. Болката од овие загуби е неизмерна, а ние, како браќа и сестри во Христа, како граѓани на Македонија, неизбежно ја чувствуваме како своја. Со тешко воздивнување се молиме ...
Не можеме да најдеме зборови со кои може да ја изразиме нашата тага за тоа што им се случи на нашите драги колеги од ДНК, велат од Авалон продукција. „Никој на овој свет не заслужува ваква смрт, а не пак професионалци какви што на своето работно место се Андреј, Сара, Ѓорги, Мартин, Филип, Александар Коларов, Александар Ефремов, Жучко… Почивајте во мир. Сочувство до фамилиите и најблиските. Ако за нешто може да се каже дека е повеќе од ...
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ги објави првичните резултати од истрагата, откривајќи сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“. Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа: – Објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант; – Немал доволен број на ППЕ Апарати, односно само два; -Немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека Обвинителството ќе препорача притвор за 10 лица, од 48 часа, а под истрага се околу 20 лица. „За десет лица ќе препорачаме притвор од 48 часа, со тоа што истиот може да се продолжи и до 30 дена ако има потреба“, изјави Коцевски. Тој додаде дека за оваа несреќа ќе се стават на располагање сите капацитети на Обвинителството. „Ќе ги ангажираме сите вештаци, ќе се истражи чија е ...
За трагедијата во Кочани, во која при пожар во т.н. дискотека загинаа 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, а 155 лица се повредени, вечерва на распи во полициската станица во скопски Карпош е поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, јавија повеќе медиуми. Тој е на распит поради лиценцата за т.н. дискотеката како кабаре. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција откри дека фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека е ...
Рано наутро во пожар во т.н. дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, од кои тројца се малолетници. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете Повредени се 155 лица, од кои дел се во критична состојба, а дел се испратени во соседните земји. Пожарот се случи за време на концерт на ДНК, а меѓу загинатите се речиси сите членови на групата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И Андреј од ДНК загина во ...
Проследете го во живо обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за трагедијата која утрово се случи во Кочани: Во пожарот во т.н. дискотека загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, и речиси целиот состав на групата ДНК, која таму имаше концерт. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани (Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа ...
Министерот за здравство Арбер Таравари информираше дека 47 повредени од пожарот во дискотека во Кочани ќе се лекуваат во странство, станува збор за најкритичните. „Во Солун веќе се пристигнати тројца, во Бугарија се заминати и сместени 14 пациенти од кои во Софија ќе се лекуваат осумина, а во Пловдив и Варна по тројца. Во Србија веќе се отидени двајца повредени, по еден во Белград и во Ниш, а во Турција се тројца. Во Истанбул вечерва ќе ...
Во Клиниката Жан Митрев се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани, информираат од таму. „Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната. „Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и ...
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и три малолетници, но и речиси целата група ДНК, која имаше концерт во истата. Меѓу загинатите е и пејачот Андреј Ѓорѓиески. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И Андреј од ДНК загина во пожарот во Кочани Како што соопшти градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на Фејсбук, тој првично излегол од т.н. дискотека, но се вратил да спасува настрадни во пожарот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И ...
И гитаристот на ДНК, Александар Коларов е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Тој е петтиот член од музичкиот состав кој беше на сцената, во кобната вечер. Загинаа пејачот Андреј Ѓоргиески, пратечкиот вокал Сара Пројкоска, музичарите Филип Стевановски и Горги Горгиев. Панчо има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И пратечкиот вокал на ДНК, Сара Пројковска помеѓу загинатите во пожарот ...
Владата денеска на вонредна седница донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор) и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата. ...